рамковен договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramkoven-dogovor/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Aug 2023 11:19:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамковен договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramkoven-dogovor/ 32 32 Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ohridskiot-dogovor-ovozmozhi-kontinuiran-razvoj-na-opshtestvenata-kohezija/ Sun, 13 Aug 2023 11:19:22 +0000 https://republika.mk/?p=671624

Денеска одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа и посветеност. Нашата татковина е Европа во мало, а почитувањето на различностите е нашата предност, на што сме особено горди, објави Ковачевски.

Република Македонија, пишува Ковачевски, денес е членка на НАТО, со цврсто втемелен и меѓународно признат македонски јазик и култура, која цврсто чекори со визијата што поскоро да стане дел од европското семејство на народи, каде и припаѓа.

The post Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија appeared first on Република.

]]>

Ангелов по повод 22 години Рамковен договор: Победивме во секој битка, но политичарите загубија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-po-povod-22-godini-ramkoven-dogovor-pobedivme-vo-sekoj-bitka-no-politicharite-zagubija/ Sun, 13 Aug 2023 10:35:20 +0000 https://republika.mk/?p=671615

Денеска се одбележуваат 22 години од потпишувањето на Охридскиот мировен рамковен договор, а по тој повод се огласи и лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој вели дека македонските бранители победиле во сите битки во конфликтот со финален пораз на политичарите.

„Со комуникето број 4 од 23 јануари 2001 година, издадено ден по вооружениот напад врз ПС Теарце во кој еден полицаец загина а тројца беа ранети, УЧК побара од “славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа. Наместо повлекување, ние, припадниците на македонските безбедносни сили со наредба на тогашниот државен врв, тргнавме во напад. Војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија не дозволувајќи да биде отцепена ниту педа македонска земја. Откако раководството на УЧК увиде дека не можат да се спротивстават на надмоќните македонски безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката, и наместо борба за територија преку ослободување на “вековните албански огништа”, почнаа да зборуваат за борба за “човекови права”. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници, како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

The post Ангелов по повод 22 години Рамковен договор: Победивме во секој битка, но политичарите загубија appeared first on Република.

Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-za-da-go-zavrshime-protsesot-na-ednakvost-i-integratsija-mora-da-go-napravime-posledniot-chekor-od-ustavnite-izmeni/ Sun, 13 Aug 2023 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=671582

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт.

Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени.

Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација.

-Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок. Работите никогаш не се завршени исто како што нашите задачи никогаш не се завршени. Потребна е нашата секојдневна посветеност да ги усогласиме нашите стандарди со европските, затоа не застануваме, туку се обновуваме во секој предизвик и се соочуваме со него, наведува Ахмети во пораката.

Тој се осврнува и на уставните измени во 2001 година.

-Денес, 13 август, ја одбележуваме 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор. По војната на ОВК и одобрувањето на уставните измени во 2001 година, ги надминуваме последните бариери кон долго бараната и негирана еднаквост. Денес, албанскиот јазик е службен јазик како и државното знаме заедно со три универзитети на албански јазик. Денес, Албанците можат да се најдат во сите ресори, но дури и со одговорно водење на институциите во земјата, тие го покажуваат својот лидерски капацитет. Денес се сеќавам и на сите маченици и инвалиди, бранители и маченици и нивните семејства со највисоки почести. Денес несомнено сме подобри од вчера, но работиме утре да биде подобро од денес. Секогаш заедно, затоа на оваа годишнина од Охридскиот рамковен договор повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт како историска потреба и одговорност на времето и неопходен чекор за обезбедување на иднината. Само обединети сме посилни, пишува Ахмети во пораката

The post Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт. Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени. Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација.
-Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме скринингот. За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени. За големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација, потребна е визија, а не кратковидост, потребна е склоност и неприкривање, не се осмелуваме да ја изгубиме шансата и да ја згаснеме надежта на граѓаните за европска држава и поредок. Работите никогаш не се завршени исто како што нашите задачи никогаш не се завршени. Потребна е нашата секојдневна посветеност да ги усогласиме нашите стандарди со европските, затоа не застануваме, туку се обновуваме во секој предизвик и се соочуваме со него, наведува Ахмети во пораката.
Тој се осврнува и на уставните измени во 2001 година.
-Денес, 13 август, ја одбележуваме 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор. По војната на ОВК и одобрувањето на уставните измени во 2001 година, ги надминуваме последните бариери кон долго бараната и негирана еднаквост. Денес, албанскиот јазик е службен јазик како и државното знаме заедно со три универзитети на албански јазик. Денес, Албанците можат да се најдат во сите ресори, но дури и со одговорно водење на институциите во земјата, тие го покажуваат својот лидерски капацитет. Денес се сеќавам и на сите маченици и инвалиди, бранители и маченици и нивните семејства со највисоки почести. Денес несомнено сме подобри од вчера, но работиме утре да биде подобро од денес. Секогаш заедно, затоа на оваа годишнина од Охридскиот рамковен договор повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт како историска потреба и одговорност на времето и неопходен чекор за обезбедување на иднината. Само обединети сме посилни, пишува Ахмети во пораката

The post Ахмети: За да го завршиме процесот на еднаквост и интеграција, мора да го направиме последниот чекор од уставните измени appeared first on Република.

]]>
Годишнина од Рамковниот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/godishnina-od-ramkovniot-dogovor/ Sun, 13 Aug 2023 07:08:09 +0000 https://republika.mk/vesti/makedonija/godishnina-od-ramkovniot-dogovor/

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти.

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.

За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за
политички систем и односи меѓу заедниците.

Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. – Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација.

Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.

The post Годишнина од Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. – Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.

The post Годишнина од Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izgor-praznik-ministerstvoto-na-grubi-ja-pochesti-arberia-dizajn-so-100-000-evra-za-proslava-na-ramkovniot/ Tue, 01 Aug 2023 11:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=667615

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“

Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

„Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра.

Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра.

Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Над половина милион евра ќе чини прославата на државните празници и посебно Охридскиот раковен договор.Тендерите ги добија две фирми, на јавни набавки на кои немале конкуренција. Тетовската фирма „Арбериа дизајн“ повторно ќе ја организира годишнината од Рамковниот договор, за која што е задолжено Министерството за политички систем, на чие чело е вицепремиерот од редовите на ДУИ, Артан Груби, анализира „Дојче Веле“ Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги организира прославите за останатите државни празници, како и за настан од Отворен Балкан, за што Владата ќе треба да плати околу половина милион евра.

За четири државни празници - 350 илјади евра

Според договорите коишто се објавени на Бирото за јавни набавки, станува збор за активности поврзани со празниците 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски. „Скопје Филм Студио“ ќе треба да „осмисли и реализира активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на овие четири празници, за што ќе ѝ бидат исплатени околу 350.000 евра. За осмислување и реализација на активности кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настан - Отворен Балкан се планирани околу 150.000 евра. Договорите се склучени во јули, а се на сила до крајот на годината. Како критериум за доделување на договорот се наведува најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот. Највисока добиена понуда била 19.991.554 денари, додека најниска добиена понуда е 9.999.224 денари.

Стихотворби и спотови за Рамковниот договор

Што се однесува до договорот со „Арбериа дизајн“, фирмата за 100 илјади евра ќе треба да ја организира манифестацијата по повод 22-годишнината од Рамковниот договор. Покрај хотелски, кетеринг и други услуги, на тетовската фирма ќе ѝ бидат исплатени 300 илјади денари за концепт за организирање на настанот, како и 290 илјади денари за стихотворба од реномиран поет, музички аранжман и аудио запис на песна по повод годишнината. За продукција на спот за песната се предвидени околу 4.000 евра. Додека продукцијата на аудио-визулен спот за постигнувањата на Охридскиот договор ќе чини околу 6.000 евра. Извор Дојче Веле

The post Изгор Рамковен: Министерството на Груби ја почести „Арбериа дизајн“ со 100.000 евра за прослава на Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Рангеловиќ: Стравувам дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rangelovikj-stravuvam-deka-ako-gi-stavime-bugarite-vo-ustavot-kje-ima-nov-ramkoven-dogovor-za-niv/ Thu, 06 Oct 2022 20:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=558153

Аналитичарот Иво Рангеловиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека стравува оти ако се внесат Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив.

Откако ќе постојат, формално може да се повикате и да добиете некој нов Рамковен договор, овојпат за Бугарите и да ги добиете истите права, вели Рангеловиќ.

The post Рангеловиќ: Стравувам дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, ќе има нов Рамковен договор за нив appeared first on Република.

Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ete-zoshto-ne-se-pi-kaat-narodni-pari-na-etnichki-zurki/ Mon, 15 Aug 2022 09:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=540455

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија.
Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација.
Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија.
Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>

Било која институција финасирана со буџетски средства нема право да го користи името Македонија. Било кој министер или банда на државен или етнички настан платен со буџетски средства има право да ја негира придавката “македонски” и да уринира врз македонскиот јазик или националните чувства, идентитетот и меморијата на македонскиот народ и нација. Би рекле дека поприлично труло ни се подвоени работите дома и овие контрадикции за обичниот народ ќе бидат извор само на дополнителен национализам, фрустрација, шовинизам и ксенофобија. Ете зошто не се пичкаат народни пари на етнички журки и зошто министри од друга етничка припадност не треба да решаваат политички и историски спорови со трета страна, особено кога станува збор за злонамерно насочен етникум и нација, коментира Ивор Мицковски.

The post Ете зошто не се пи*каат народни пари на етнички журки appeared first on Република.

]]>
Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-tenderi-za-nabavka-na-skapa-hrana-proslava-na-ramkovniot-dogovor-shtedi-li-vladata-poradi-ekonomskata-kriza/ Sun, 14 Aug 2022 19:47:46 +0000 https://republika.mk/?p=540329

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, цените се повеќе растат, платите не го следат трендот на рстење на ценита, а трошоците за живот стануваат се поголеми. Прашање е што прави власта за да ги заштити граѓаните и државата и колку штеди.

Иако првично најавија препораки за штедење, сепак може да се забележи дека тие препораки останаа на хартија.

Така, видовме во криза власта потроши стотици илјади евра за прослава за Рамковниот договор, за што реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска рече дека додека младите ја напуштаат државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните.

Премиерот Ковачевски уште во март повика да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари.

По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра, објави ТВ24.

Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари.

Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.

The post Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, цените се повеќе растат, платите не го следат трендот на рстење на ценита, а трошоците за живот стануваат се поголеми. Прашање е што прави власта за да ги заштити граѓаните и државата и колку штеди. Иако првично најавија препораки за штедење, сепак може да се забележи дека тие препораки останаа на хартија. Така, видовме во криза власта потроши стотици илјади евра за прослава за Рамковниот договор, за што реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски денеска рече дека додека младите ја напуштаат државата, градовите се празнат власта троши пари на граѓаните расфрлувајќи се со прослави како таа вчера за која се потрошени речиси 100.000 евра, пари на граѓаните. Премиерот Ковачевски уште во март повика да се намали користењето на службените возила и картичките за репрезентации, но и тоа дека сите функционери кои се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари. По ваквата изјава на премиерот, следеа низа тендери со кои се трошеа и се уште се трошат буџетски пари, 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, се бараа ф’стаци и лешници од прва класа, и останати тендери како и тие за вчерашната прослава која заврши а граѓаните платија речиси 100.000 евра, објави ТВ24. Од буџетските пари, Министерството за одбрана преку 4 јавни набавки ќе троши над 70 илјади евра на сушени модри сливи, маслинки топено сирење, пастеризиран зеленчук, ајвар, кондиторски производи, чоколадо и сушено овошје. Но и ќе организира манифестација по повод 30 годишнината од македонската армија. Од Министерството за одбрана велат дека целта е припадниците на Армијата да добијат оброк согласно сите правила и нутриционистички стандарди, а изведувачите кои ќе настапат со свои песни ќе пејат без пари. Во време на економска криза, општина Чаир распиша тендер, без да ја наведе планираната сума на пари што ќе ја потроши за сувенири. На тендерот се бараат леени фигури од Скендербег, Мајка Терза, Саат кула и Хасан Приштина, плакети со гравура, стаклени и керамички чаши, стаклени шишиња, дрвени привезоци, изработка на дизајн, печатење на моден картон боите да се персонализирани и со златок отисок на логото на општината. Колку пари ќе бидат потрошени од парите на граѓаните во општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу не одговори, од општината велат дека утре ќе одговорат.

The post Нови тендери за набавка на скапа храна, прослава на Рамковниот договор: Штеди ли владата поради економската криза? appeared first on Република.

]]>
Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-tv-alsat-na-koncertotpo-na-dui-za-ramkovniot-dojdov-od-tetovo-no-ova-ne-ni-treba-ova-e-dzabe-troshenje-100-000-evra-vo-kriza/ Sun, 14 Aug 2022 18:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=540313

Телевизија Алсат направи анкета со граѓаните кои беа присутни на концертот по повод 21-годишнината од Рамковниот договор. Некои првпат слушаат за ваквото случување, други сметаат дека е скапо задоволство за граѓани во сиромашна држава.

Прашањето до граѓаните за „журката на ДУИ“ на ТВ Алсат е: Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?

Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра - вели еден граѓанин.

Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов - вели еден друг граѓанин.

Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не! - додава друг граѓанин.

Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде - вели друг граѓанин.

Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто - вели една граѓанка.

Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично - додава друг граѓанин.

100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади?? - вели граѓанин.

Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу - вели еден граѓанин.

Има и нема, ситуацијата не е како што треба - додава друг граѓанин.

Извор: ТВ Алсат

The post Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза appeared first on Република.

]]>

Телевизија Алсат направи анкета со граѓаните кои беа присутни на концертот по повод 21-годишнината од Рамковниот договор. Некои првпат слушаат за ваквото случување, други сметаат дека е скапо задоволство за граѓани во сиромашна држава. Прашањето до граѓаните за „журката на ДУИ“ на ТВ Алсат е: Знаете ли зошто вечерва беше организиран концертот?
Не, не знам, дојдов од Тетово. Дојдов од Тетово кога слушнав дека има концерт и не знам за што се работи. Значи, не ни треба концерт, ни треба работа бе брат. Ова не ни треба за концерти, гледате и самите дека има големо поскапување, ова за мене е џабе трошење. 100.000 евра се доволни да се изгради училиште за да образува ученици, а каде се градинките, училиштата, џамиите, каде е сè друго? Има и такви кои немаат леб да јадат. За мене ова воопшто не вреди, не е разумно бидејќи има голема невработеност, а да се дадат 100.000 евра - вели еден граѓанин.
 
Да ви кажам право, вечерва дојдов од странство, ми рекоа дека имало концерт и дојдов - вели еден друг граѓанин.
 
Јас сега полнам 20 години, брат. Добро, дали знаеш за што е потпишан Охридскиот договор? Не! - додава друг граѓанин.
 
Не знам дали вреди или не, не знам кој плаќа, атмосферата е добра за иселениците, мислам дека не е грешка, но 100 илјади евра подобро да се инвестираа на друго место отколку овде - вели друг граѓанин.
 
Се организира за печалбарите дојдени од печалба! За што? Се организира поради 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор… Аааа, ништо не е завршено, ништо не е направено 21 година. Дали е завршено нешто? Не! 100.000 евра вредат за нашата младина, зарем не вреди за Договорот, за доброто на младите, нека се забавуваат малку, нека го испуштат стресот од невидената невработеност, а утре пак ќе биде исто - вели една граѓанка.
 
Верувам дека е многу подобро отколку што беше, вроди со плод, особено за Албанците, почнувајќи од вработувањата, учеството на Албанците во институциите, раководењето со институциите и слично - додава друг граѓанин.
 
100 илјади евра! Повеќе од 200 илјади?? - вели граѓанин.
 
Работата е катастрофа, за Македонците да, но за Албанците оди надолу - вели еден граѓанин.
 
Има и нема, ситуацијата не е како што треба - додава друг граѓанин.
Извор: ТВ Алсат

The post Анкета на ТВ Алсат на концертотпо на ДУИ за Рамковниот: Дојдов од Тетово, но ова не ни треба, ова е џабе трошење 100.000 евра во криза appeared first on Република.

]]>
Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/voditelkata-isvirkana-koga-prozbore-na-makedonski-na-proslavata-za-ramkoven/ Sun, 14 Aug 2022 18:16:33 +0000 https://republika.mk/?p=540310

Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што треба да биде еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.

Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=EBUlIkkyaug

Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите на првиот вицепремиер Артан Груби, се очекува во иднина да прерасне на нивото на Егзит.

The post Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен appeared first on Република.

]]>

Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што треба да биде еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата. Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик. https://www.youtube.com/watch?v=EBUlIkkyaug Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите на првиот вицепремиер Артан Груби, се очекува во иднина да прерасне на нивото на Егзит.

The post Водителката исвиркана кога прозборе на македонски на прославата за Рамковен appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-denes-i-zasekogash-go-slavime-denot-koga-go-dobivme-dui-megjuetnichkata-tender-koalicija/ Sat, 13 Aug 2022 16:20:43 +0000 https://republika.mk/?p=539951

Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција, 160 илјади и растеме партиска администрација, етничка партија со 11 пратеници и 50% власт, партија која беше сооучесник во режимот на ВМРО, која учествува во секој владин криминал и која држи најголем дел од криминалот во државата.
Да, секако и скапо купен мир, меѓуетничко игнорирање и мизерија за граѓаните кои не припаѓаат на ниедна етничка партија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски.

Денеска е годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

The post Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција appeared first on Република.

]]>

Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција, 160 илјади и растеме партиска администрација, етничка партија со 11 пратеници и 50% власт, партија која беше сооучесник во режимот на ВМРО, која учествува во секој владин криминал и која држи најголем дел од криминалот во државата. Да, секако и скапо купен мир, меѓуетничко игнорирање и мизерија за граѓаните кои не припаѓаат на ниедна етничка партија - коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Денеска е годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

The post Мицковски: Денес и засекогаш го славиме денот кога го добивме ДУИ, меѓуетничката тендер-коалиција appeared first on Република.

]]>
ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-ohridskiot-miroven-dogovor-reshavachki-chin-za-progresivnata-realnost-na-drzavata/ Sat, 13 Aug 2022 15:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=539930

Демократската унија за интеграција им честита на сите граѓани на државата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, правниот акт кој ги утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот.

Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година.

Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија.

Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.

The post ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција им честита на сите граѓани на државата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, правниот акт кој ги утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот. Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година. Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија. Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.

The post ДУИ: Охридскиот мировен договор, решавачки чин за прогресивната реалност на државата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ohridskiot-dogovor-gradi-splotuva-integrira-i-promovira-zaednishtvo/ Sat, 13 Aug 2022 12:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=539888

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека денеска се навршува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Македонија низ годините покажа дека успешно гради заедничка иднина за сите граѓани подеднакво. Ние сме мултикултурна, мултиетничка функционална демократија, земја на пријателства, соживот и заедништво. Тоа е нашата сила, нашиот темел за развивање на држава со еднакви услови за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом, наведува Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, Охридскиот договор се темели на принципите на инклузивност, тој гради, сплотува, интегрира, промовира заедништво.

Со овие вредности ние денес сме членка на НАТО и земја која ги отпочна преговорите со ЕУ. Нашата земја чекори по еден нов пат и одлучно и сигурно се приклучуваме на европското семејство, обединети во различностите, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво appeared first on Република.

Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-ohridskiot-dogovor-e-kamen-temelnik-na-site-demokratski-dostignuvanja/ Sat, 13 Aug 2022 12:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=539876

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.

Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.

Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија.

Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.

На овој голем ден за историјата на земјата, доволно е да размислиме за реалноста за да го разбереме големото влијание на овој документ што не ни дозволи да потонеме во бездната. Никој не изгуби од еднаквоста, напротив, подобро ги запознавме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската унија со започнување на преговарачкиот процес. Нека бидат вечна инспирација годишнините од Охридскиот договор! Честитки за сите, посочува Груби.

The post Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.
Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.
Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија. Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.
На овој голем ден за историјата на земјата, доволно е да размислиме за реалноста за да го разбереме големото влијание на овој документ што не ни дозволи да потонеме во бездната. Никој не изгуби од еднаквоста, напротив, подобро ги запознавме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската унија со започнување на преговарачкиот процес. Нека бидат вечна инспирација годишнините од Охридскиот договор! Честитки за сите, посочува Груби.
 
The post Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања appeared first on Република.

]]>
Бесими: Со Рамковниот договор беше обезбедена демократска и евроатлантска иднина на нашата држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besimi-so-ramkovniot-dogovor-beshe-obezbedena-demokratska-i-evroatlantska-idnina-na-nashata-drzava/ Sat, 13 Aug 2022 11:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=539871

Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими.

Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.

Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање, напиша на ФБ Бесими.

The post Бесими: Со Рамковниот договор беше обезбедена демократска и евроатлантска иднина на нашата држава appeared first on Република.

]]>

Денеска одбележуваме 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше обезбедена мирна, демократска и евроатлантска иднина на нашата држава, со еднакво учество на сите етнички заедници, напиша на Фејсбук министерот за финансии Фатмир Бесими. Македонија, како што напиша Бесими, прерасна во единствена функционална мултиетничка демократија во регионот, земја за пример и рамноправен дел од меѓународната заедница.
Духот на Охридскиот рамковен договор е во согласност со современите европски вредности и претставува основа за остварување на правата на сите граѓани. Продолжуваме и понатаму заедно да работиме на неговото зачувување и имплементирање, напиша на ФБ Бесими.

The post Бесими: Со Рамковниот договор беше обезбедена демократска и евроатлантска иднина на нашата држава appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Приватните журки на Груби нема да донесат подобар живот меѓу Македонците и Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-privatnite-zurki-na-grubi-nema-da-donesat-podobar-zivot-megju-makedoncite-i-albancite/ Sat, 13 Aug 2022 11:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=539869

Рамковниот договор овозможи мир, но она што не можеше да го предвиди Рамковниот договор е криминалот на ДУИ кој се случи потоа. 20 години една иста политичка елита го краде сопствениот народ. Денес гледаме дека Албанците подеднакво живеат несреќно како и Македонците, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање во врска со прославата и трошоците за Рамковен договор во кризни времиња.

Македонија има Рамковен договор ама нема европска иднина. Има рамковен договор ама Тетово нема вода за пиење, Арачиново канализација. Македонија има рамковен договор ама младите Албанци и Македонци се иселуваат. Тоа е поразот на оваа власт. Ако тргнеме од ова нема простор за славје туку за одговорност, истакна тој.

Кога станува збор за прославата која ќе чини стотици илјади евра, Лефков посочи дека прославата која е приватна на ДУИ не ја чувствува како своја ниту Албанците ниту Македонците.

– Тоа е прослава на ДУИ во пресрет на изборите во Тетово. И никако приватните журки на Груби нема да донесат подобар живот. Оваа прослава каде што ќе бидат потрошени стотици илјади евра ќе ја организира фирма која е милионски донатор на ДУИ изминативе години, фирма се занимава се од печатење на свидетелства кои воедно се уште ги нема, печатење на книги, се до гледаме до организатор на партиски забави како оваа. Партиските забави на ДУИ и Груби нема да придонесат за подобар живот, нагласи Лефков.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Приватните журки на Груби нема да донесат подобар живот меѓу Македонците и Албанците appeared first on Република.

Пендаровски: Рамковниот договор донесе мир и стабилност, зачувувани беа суверенитетот и територијалниот интегритет на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ramkovniot-dogovor-donese-mir-i-stabilnost-zachuvuvani-bea-suverenitetot-i-teritorijalniot-integritet-na-drzavata/ Sat, 13 Aug 2022 09:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=539816

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на четирите тогашни најголеми политички партии заедно со претседателот Борис Трајковски и претставниците на ЕУ и на САД го потпишаа Рамковниот договор кој ја спречи натамошната ескалација на конфликтот и донесе мир и стабилност како предуслови за натамошен демократски развој на македонското општество - напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Како што посочува Пендаровски, клучните придобивки од договорот биле зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата. Со него, како што вели, се поставија и темелите за уставни и законодавни измени со кои се гарантираат правата на помалку бројните етнички заедници.

Во изминатите 21 година, меѓу другото и преку имплементација на Рамковниот договор станавме членка на НАТО, а, добивме статус на кандидат и ги отворивме преговорите со Европската Унија. Во тој процес изградивме модел на функционална мултиетничка демократија која ги зачува мирот и стабилноста и постави највисоки стандарди за правата на заедниците - пишува Пендаровски.

Тој посочува дека денес, кога сведочиме на војна на европско тло и кога живееме под притисокот на старите и новите безбедносни закани мораме секогаш пред очи да го имаме еден од основните принципи на Рамковниот договор со кој употребата на насилство заради постигнување на политички цели се отфрла целосно и безусловно, затоа што само политички решенија и дијалог можат да гарантираат стабилна и демократска иднина.

Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посилен економски развој, квалитетно образование и здравство, и здрава животна средина во која ќе постојат сите претпоставки за секој наш граѓанин да ги реализира своите амбиции и потенцијали - истакнува шефот на државата.

The post Пендаровски: Рамковниот договор донесе мир и стабилност, зачувувани беа суверенитетот и територијалниот интегритет на државата appeared first on Република.

Дваесет и една година Рамковен договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-i-edna-godina-ramkoven-dogovor/ Sat, 13 Aug 2022 08:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=539799

Со доделувањето на сертификати за учесниците на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера во Маврово, почна овогодишното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Во обраќањето на свеченоста Груби посочи дека придобивките од Охридскиот договор се видливи во концептот еднакво општество за сите.

Денеска после 21 година, државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја, ни се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива - истакна Груби.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Во разговорите што почнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој во тоа време ја предводеше ОНА.

Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“.

Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди,  коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците - се додава во документот.

Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација.

Договорот содржи и три Анекси: А. Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.

Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто подоцна прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

The post Дваесет и една година Рамковен договор appeared first on Република.

]]>

Со доделувањето на сертификати за учесниците на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ од страна на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби вчера во Маврово, почна овогодишното одбележување на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Во обраќањето на свеченоста Груби посочи дека придобивките од Охридскиот договор се видливи во концептот еднакво општество за сите.
Денеска после 21 година, државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја, ни се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива - истакна Груби.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што почнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој во тоа време ја предводеше ОНА. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“.
Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди,  коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците - се додава во документот.
Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А. Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби. Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто подоцна прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

The post Дваесет и една година Рамковен договор appeared first on Република.

]]>
Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-donator-na-dui-koja-treba-da-gi-nabavi-svidetelstvata-ja-mesti-scenata-za-utreshnata-proslava-za-ramkovniot-dogovor/ Fri, 12 Aug 2022 17:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=539763

„Арбериа“ пишува на повеќе комби-возила и камиони паркирани на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје. На фотографиите што ги објави порталот 360 степени на плоштадот веќе се поставува сцена и опрема и се уредува просторот за утрешниот настан насловен “PEACE FESTIVAL”. Мировниот фестивал, што по повод годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, го организира Министерството за политички систем и односи со заедниците на Артан Груби.

Според документите од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем потпишало два договора со „Арбериа дизајн“ за услуги поврзани со 21-годишнината од Охридскиот договор, за кои тетовската компанија има на располагање околу сто илјади евра од државниот буџет. Понудите на „Арбериа дизајн“ за двата договора се вкупно околу 80 илјади евра.

Според едниот договор, за „организирање на манифестација по повод 21-годишнина од потпишување на Охридскиот рамковен договор“, на компанијата на располагање ѝ се околу 70 илјади евра. За тие пари „Арбериа“ треба да организира, изнајми, ангажира – конференциски сали, хотелски и ресторански услуги, кетеринзи, странски и домашни естрадни ѕвезди и бендови, како и опрема за озвучување и осветлување.

Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, пренесува Радио Слободна Европа, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.

Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, објави Радио Слободна Европа, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Само пејачите и бендовите ќе чинат 30 илјади евра, а за водителот на настанот се предвидени 700 евра.

Според вториот договор од околу 30 илјади евра „Арбериа дизајн“ треба да смисли концепт за организирање настани, да изработи и три видеоспота , да испечати промотивен материјал.

Инаку, „Арбериа“ во ноември лани ја доби и јавната набавка за прослава на Денот на албанската абука, исто така, во организација на Министерството со кое раководи Груби, која чинеше околу 30 илјади евра.

На утрешниот настан ќе настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б, а по Антониа Гиговска, настапот го прифати, па го откажа и Владо Јаневски.

The post Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>

„Арбериа“ пишува на повеќе комби-возила и камиони паркирани на плоштадот „Скендер бег“ во Скопје. На фотографиите што ги објави порталот 360 степени на плоштадот веќе се поставува сцена и опрема и се уредува просторот за утрешниот настан насловен “PEACE FESTIVAL”. Мировниот фестивал, што по повод годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, го организира Министерството за политички систем и односи со заедниците на Артан Груби. Според документите од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем потпишало два договора со „Арбериа дизајн“ за услуги поврзани со 21-годишнината од Охридскиот договор, за кои тетовската компанија има на располагање околу сто илјади евра од државниот буџет. Понудите на „Арбериа дизајн“ за двата договора се вкупно околу 80 илјади евра. Според едниот договор, за „организирање на манифестација по повод 21-годишнина од потпишување на Охридскиот рамковен договор“, на компанијата на располагање ѝ се околу 70 илјади евра. За тие пари „Арбериа“ треба да организира, изнајми, ангажира – конференциски сали, хотелски и ресторански услуги, кетеринзи, странски и домашни естрадни ѕвезди и бендови, како и опрема за озвучување и осветлување.
Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, пренесува Радио Слободна Европа, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ.
Фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, објави Радио Слободна Европа, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра. Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.
Само пејачите и бендовите ќе чинат 30 илјади евра, а за водителот на настанот се предвидени 700 евра. Според вториот договор од околу 30 илјади евра „Арбериа дизајн“ треба да смисли концепт за организирање настани, да изработи и три видеоспота , да испечати промотивен материјал. Инаку, „Арбериа“ во ноември лани ја доби и јавната набавка за прослава на Денот на албанската абука, исто така, во организација на Министерството со кое раководи Груби, која чинеше околу 30 илјади евра. На утрешниот настан ќе настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б, а по Антониа Гиговска, настапот го прифати, па го откажа и Владо Јаневски.

The post Фирмата-донатор на ДУИ, која треба да ги набави свидетелствата, ја мести сцената за утрешната прослава за Рамковниот договор appeared first on Република.

]]>
Антониа го откажа настапот за Рамковен, место неа ќе пее Владо Јаневски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antonia-go-otkaza-nastapot-za-ramkoven-mesto-nea-kje-pee-vlado-janevski/ Thu, 11 Aug 2022 11:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=539082

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се велеше на фејсбук-страницата на Министерството.

Оваа објава сега е избришана и на нејзиното место стои најава за настапот на Владо Јаневски.

Младата пејачка, пак, порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене, стои во пораката од Гиговска.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:

The post Антониа го откажа настапот за Рамковен, место неа ќе пее Владо Јаневски appeared first on Република.

]]>

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.
Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се велеше на фејсбук-страницата на Министерството.
Оваа објава сега е избришана и на нејзиното место стои најава за настапот на Владо Јаневски. Младата пејачка, пак, порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.