рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramka/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Jul 2022 06:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramka/ 32 32 Што содржи Протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Смена на учебници, историја, јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-sodrzi-protokolot-koj-sega-vo-ramkata-se-vika-godishen-izveshtaj-smena-na-uchebnici-istorija-jazik/ Fri, 01 Jul 2022 19:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=522331

Од моментот кога беше објавен првичниот француски предлог за надминување на бугарската блокада на Македонија во ЕУ, ткн. Протокол односно записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија стана една од клучните точки во анализите за (не)прифатливоста на предлогот. Во последната верзија на францускиот предлог која ја објави и македонската влада, Протоколот повеќе не се споменува директно во Преговарачката рамка. На негово место сега се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. Членот 12 алудира на Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа во 2017 година.

Во недостаток на официјален документ од македонска страна, Дојче Веле го презема и преведе Протоколот кој бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија, во пресрет на нејзиниот настап пред истата на 23 јуни годинава.

Османи притоа рече дека засега нема да ја обелоденува содржината на Протоколот пред македонската јавност, објаснувајќи дека сака најпрво самиот да ја објасни неговата содржина.

ДВ пишува дека Членот 12 има два става. Првиот го регулира формирањето на заедничка меѓувладина комисија. Вториот предвидува таа комисија да одржува редовни годишни средби со цел „ефективна примена на Договорот“, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на спорни прашања.

Но, Протоколот и натаму си наоѓа место во документите на ЕУ поврзани со интеграцијата на Македонија. Најпрво, тој се споменува во Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи каде, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(...) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“. Протоколот се споменува и во предлог-заклучоците до Советот на ЕУ со истата формулација како и во Изјавата цитирана погоре.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на петочниот брифинг со медиумите потврди дека Протоколот, или Записникот од состанокот кој тој го имаше со бугарската колешка Теодора Генчовска во Скопје на 4 јуни, се уште не е потпишан од македонска страна. Засега нема информации кога тоа ќе се случи, но извесно е дека ќе биде набрзо со оглед на фактот што неговата верификација од двете земји веќе се наведува како завршена работа во документите на ЕУ. Поточно, неговото потпишување е наведено како услов за одржување на првата (политичка) меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел.

Целиот текст тука

The post Што содржи Протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Смена на учебници, историја, јазик appeared first on Република.

]]>

Од моментот кога беше објавен првичниот француски предлог за надминување на бугарската блокада на Македонија во ЕУ, ткн. Протокол односно записникот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија стана една од клучните точки во анализите за (не)прифатливоста на предлогот. Во последната верзија на францускиот предлог која ја објави и македонската влада, Протоколот повеќе не се споменува директно во Преговарачката рамка. На негово место сега се зборува за „годишни прегледи и мерки за ефективна имплементација според Членот 12“. Членот 12 алудира на Договорот за добрососедство кој Македонија и Бугарија го потпишаа во 2017 година. Во недостаток на официјален документ од македонска страна, Дојче Веле го презема и преведе Протоколот кој бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска го испрати до Комисијата за надворешна политика во Софија, во пресрет на нејзиниот настап пред истата на 23 јуни годинава. Османи притоа рече дека засега нема да ја обелоденува содржината на Протоколот пред македонската јавност, објаснувајќи дека сака најпрво самиот да ја објасни неговата содржина. ДВ пишува дека Членот 12 има два става. Првиот го регулира формирањето на заедничка меѓувладина комисија. Вториот предвидува таа комисија да одржува редовни годишни средби со цел „ефективна примена на Договорот“, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на спорни прашања. Но, Протоколот и натаму си наоѓа место во документите на ЕУ поврзани со интеграцијата на Македонија. Најпрво, тој се споменува во Изјавата за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, во делот посветен на регионалната соработка и добрососедските односи каде, во точката 14, се поздравува „договорот за Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија(...) Овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионалната соработка, кои остануваат главни елементи на процесот на проширување како и на процесот за Стабилизација и асоцијација“. Протоколот се споменува и во предлог-заклучоците до Советот на ЕУ со истата формулација како и во Изјавата цитирана погоре. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на петочниот брифинг со медиумите потврди дека Протоколот, или Записникот од состанокот кој тој го имаше со бугарската колешка Теодора Генчовска во Скопје на 4 јуни, се уште не е потпишан од македонска страна. Засега нема информации кога тоа ќе се случи, но извесно е дека ќе биде набрзо со оглед на фактот што неговата верификација од двете земји веќе се наведува како завршена работа во документите на ЕУ. Поточно, неговото потпишување е наведено како услов за одржување на првата (политичка) меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел. Целиот текст тука

The post Што содржи Протоколот кој сега во рамката се вика годишен извештај: Смена на учебници, историја, јазик appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-imame-ramka-za-reshavanje-na-razlikite-so-bugarija-bez-da-bide-formalen-kriterium-vo-pregovorite/ Fri, 01 Jul 2022 17:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=522307

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска беше гостин во вестите на „Канал 5“ каде изјави дека во никој случај историските прашања, кои се споменуваат во делот на добрососедските односи, не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка.

Добрососедските односи генерално се критериум, но не се причина за блокада во вака предложениот предлог. Имаме една рамка за решавање на разликите со Бугарија тоа се годишни прегледи, но ништо од тоа не е формален критериум на Европската Комисија, ниту пак се прави ниту според нив се прави какво било влијание на преговорите во кое било Поглавје, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека Протоколот како таков веќе го нема во преговарачката рамка, а она што се споменува се годишните прегледи, и објасни дека истите не се содржина, туку се механизам за имплементација на Договорот, којшто се базира на годишни средби од кои произлегуваат резултати.

На тие годишни средби, на паритетна основа, подеднакво учествува и нашата Влада и бугарската Влада и ни таму ништо не може да ни се наметне. Сето она што ќе биде договорено, договорено е и со наша согласност и тоа е еден вид на гаранција дека никој ништо не може да ни наметне во овој процес, туку дека со билатерален механизам ќе ги решаваме разликите, додаде Маричиќ.

Маричиќ кажа дека гаранциите за овој и за Преспанскиот договор се ставени во добрососедските односи коишто се таму како критериум уште од 2009 година и дека тоа не е ништо ново, потенцирајќи дека билатералните договори со соседите треба да ги почитуваме, кои впрочем се ратификувани во нашето Собрание и сме ги имплементирале.

The post Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска беше гостин во вестите на „Канал 5“ каде изјави дека во никој случај историските прашања, кои се споменуваат во делот на добрососедските односи, не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка.
Добрососедските односи генерално се критериум, но не се причина за блокада во вака предложениот предлог. Имаме една рамка за решавање на разликите со Бугарија тоа се годишни прегледи, но ништо од тоа не е формален критериум на Европската Комисија, ниту пак се прави ниту според нив се прави какво било влијание на преговорите во кое било Поглавје, изјави Маричиќ.
Вицепремиерот рече дека Протоколот како таков веќе го нема во преговарачката рамка, а она што се споменува се годишните прегледи, и објасни дека истите не се содржина, туку се механизам за имплементација на Договорот, којшто се базира на годишни средби од кои произлегуваат резултати.
На тие годишни средби, на паритетна основа, подеднакво учествува и нашата Влада и бугарската Влада и ни таму ништо не може да ни се наметне. Сето она што ќе биде договорено, договорено е и со наша согласност и тоа е еден вид на гаранција дека никој ништо не може да ни наметне во овој процес, туку дека со билатерален механизам ќе ги решаваме разликите, додаде Маричиќ.
Маричиќ кажа дека гаранциите за овој и за Преспанскиот договор се ставени во добрососедските односи коишто се таму како критериум уште од 2009 година и дека тоа не е ништо ново, потенцирајќи дека билатералните договори со соседите треба да ги почитуваме, кои впрочем се ратификувани во нашето Собрание и сме ги имплементирале.

The post Маричиќ: Имаме рамка за решавање на разликите со Бугарија без да биде формален критериум во преговорите appeared first on Република.

]]>
Од Франција нема информација за нова предлог-рамка, Софија и Скопје молчат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-francija-nema-informacija-za-nova-predlog-ramka-sofija-i-skopje-molchat/ Wed, 29 Jun 2022 11:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=521096

Француските дипломати во седиштето на ЕУ не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според информациите на МИА, процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија.

Македонската влада ги истакна своите црвени линии: јазикот, Уставот, протоколот, историјата, и рече дека е подготвена да разгледа нов предлог, доколку таков биде ставен на маса.

Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија вчера, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите.

Франција претседава со ЕУ до крајот на овој месец, уште два дена. Денеска се одржува состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел, но нема информација дека Бугарија и  Македонија се на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог.

Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека остануваат само два дена, а напредок меѓу двете страни нема според официјалните ставови.

Доколку до крајот на јуни нема напредок, прашањето се префрла кај следното претседателство, а тоа е Чешка, од први јули до 31 декември.

Албанија најверојатно ќе се обиде да издејствува одвојување од Македонија, доколку нема напредок во преговорите со македонската страна, но никој не може во овој момент да гарантира дека Тирана ќе успее да добие такво одвојување, со оглед на инсистирањето на некои земји членки Албанија и  Македонија да одат во пакет.

The post Од Франција нема информација за нова предлог-рамка, Софија и Скопје молчат appeared first on Република.

]]>

Француските дипломати во седиштето на ЕУ не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Според информациите на МИА, процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија. Македонската влада ги истакна своите црвени линии: јазикот, Уставот, протоколот, историјата, и рече дека е подготвена да разгледа нов предлог, доколку таков биде ставен на маса. Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија вчера, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите. Франција претседава со ЕУ до крајот на овој месец, уште два дена. Денеска се одржува состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел, но нема информација дека Бугарија и  Македонија се на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог. Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека остануваат само два дена, а напредок меѓу двете страни нема според официјалните ставови. Доколку до крајот на јуни нема напредок, прашањето се префрла кај следното претседателство, а тоа е Чешка, од први јули до 31 декември. Албанија најверојатно ќе се обиде да издејствува одвојување од Македонија, доколку нема напредок во преговорите со македонската страна, но никој не може во овој момент да гарантира дека Тирана ќе успее да добие такво одвојување, со оглед на инсистирањето на некои земји членки Албанија и  Македонија да одат во пакет.

The post Од Франција нема информација за нова предлог-рамка, Софија и Скопје молчат appeared first on Република.

]]>