рамиз мерко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramiz-merko/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 09:53:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамиз мерко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramiz-merko/ 32 32 Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-obrazovanie-mu-gi-odzede-ingerentsiite-na-merko-za-dve-shkoli-vo-draslajtsa-i-podgortsi/ Sat, 16 Nov 2024 09:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=838410

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование и наука (МОН).

Одземени се ингеренциите на Мерко на училиштата ‘Св. Климент Охридски’ во Драслајца и ‘Гоце Делчев’ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. Во двете училишта поставени се нови в. д. директори“, велат од МОН за САКАМДАКАЖАМ.МК..

На нашето прашање дали има процедура за одземање на ингеренциите на други школи, оттаму велат дека надзори се спроведуваат во повеќе училишта, но постапките се во тек.

Во Основниот суд во Струга се водат две судски постапки против струшкиот градоначалник, за незаконско поставување на директори во основни училишта. Едната постапка е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење.

The post Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци appeared first on Република.

]]>

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование и наука (МОН).
Одземени се ингеренциите на Мерко на училиштата ‘Св. Климент Охридски’ во Драслајца и ‘Гоце Делчев’ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. Во двете училишта поставени се нови в. д. директори“, велат од МОН за САКАМДАКАЖАМ.МК..
На нашето прашање дали има процедура за одземање на ингеренциите на други школи, оттаму велат дека надзори се спроведуваат во повеќе училишта, но постапките се во тек. Во Основниот суд во Струга се водат две судски постапки против струшкиот градоначалник, за незаконско поставување на директори во основни училишта. Едната постапка е за трите предмети кои се споени, за Подгорци, Лабуништа и Основното училиште (ОУ) „Браќа Миладиновци“ во Струга, а другата за училиштето во Велешта каде има повеќе обвинети кои се товарат за „Несовесно работење во службата“, а дел од нив се гонат и за кривичното дело „Фалсификување исправи“. Основното јавно обвинителство Струга го товари струшкиот градоначалник за несовесно работење.

The post Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци appeared first on Република.

]]>
Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-ni-kade-da-sednat-ama-merko-predizborno-vrabotuva-73-litsa-struga-so-duplo-poveke-administratsija-od-bitola/ Sat, 12 Oct 2024 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=825763

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.

Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.

Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година.

Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.

Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.

Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ.

Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

The post Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола appeared first on Република.

]]>

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.
Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.
Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година. Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.
Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ. Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

The post Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола appeared first on Република.

]]>
Мерко доби ново обвинение, за директор ставил лице кое не ги исполнувало условите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/merko-dobi-novo-obvinenie-za-direktor-stavil-litse-koe-ne-gi-ispolnuvalo-uslovite/ Wed, 02 Oct 2024 07:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=821575

Основното јавно обвинителство Струга поднесе уште еден Обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Овој пат ќе се гони за несовесно работење во службата.

Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта, велат од Јавното обвинителство.

Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа.

Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето.

Ова е осмо обвинение кое е поднесено за Рамиз Мерко.

The post Мерко доби ново обвинение, за директор ставил лице кое не ги исполнувало условите appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе уште еден Обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Овој пат ќе се гони за несовесно работење во службата. Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта, велат од Јавното обвинителство. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, обвинетиот на 12.01.2022 година за вршител на функцијата во училиштето во Радолишта именувал лице кое не ги исполнувало таквите услови, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа. Именуваната ја вршела функцијата директор на училиштето во периодот од 12.01.2022 до 31.07.2023 година, за кој период и биле исплатени плата и придонеси како в.д. директор со што му била нанесена штета на училиштето. Ова е осмо обвинение кое е поднесено за Рамиз Мерко.

The post Мерко доби ново обвинение, за директор ставил лице кое не ги исполнувало условите appeared first on Република.

]]>
Обвинение за Мерко, за инвеститорот и за уште 10 лица за бесправно градење во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-merko-za-investitorot-i-za-ushte-10-litsa-za-bespravno-gradene-vo-struga/ Fri, 12 Jul 2024 08:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=796057

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против 11 физички и едно правно лице во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот “Дрим”.

Правното лице и неговиот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година.

Градоначалникот на Општина Струга, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра. Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист.

Четвртиот и петтиот обвинет се исто така службени лица – референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба со што несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности.

Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, какои дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот. Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект спротивен на одобрението за градење изнесува 1.630 м2.

Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење. Имено, Основното јавно обвинителство Струга, водејќи ја истрагата за овој предмет наредило три вештачења – во 2021, 2022 и 2023 година од различни стручни лица од наведените области кои во наодите тврделе дека бесправно изградениот објект според своите габарити, внатрешна површина и висина одговара на техничката документација од основниот проект. Тие не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење.

Првообвинетото правно лице и управителот се обвинети за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а, градоначалникот за – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, двајцата други службеници во Општината како соизвршители за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, а вештаците се обвинети за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 од Кривичниот законик.

The post Обвинение за Мерко, за инвеститорот и за уште 10 лица за бесправно градење во Струга appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против 11 физички и едно правно лице во врска со бесправно градење на објект кај базенот на хотелот “Дрим”. Правното лице и неговиот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот врз основа на основен проект изготвен во 2016 година. Градоначалникот на Општина Струга, третообвинет во предметот, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист – недвижност, односно дополнителен кат на објектот со отворена галерија и тераса, со вкупна бруто површина од 513 м2 и проценета вредност од 781.527 евра. Со ова тој ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапил надвор од барањето за реконструкција и спротивно на постапките пропишани во Законот за градба, а со цел за друг да прибави имотна корист. Четвртиот и петтиот обвинет се исто така службени лица – референт и раководител од Секторот за урбанизам и просторно планирање на Општина Струга, кои го изготвиле и одобриле одобрението за градба со што несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности. Врз основа на вака незаконски издадено одобрение, инвеститорот – обвинетото правно лице и управителот започнале градба на објектот и наместо одобрениот кат – отворена галерија со тераса извеле целосно затворен кат со хотелски апартмани и спа-центар и уште една надградба – кат со затворен ресторански дел и помошни простории, какои дополнително изградена спојница – депанданс со стариот дел на хотелот. Вкупната површина на вака бесправно изградениот објект спротивен на одобрението за градење изнесува 1.630 м2. Останатите седум обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење. Имено, Основното јавно обвинителство Струга, водејќи ја истрагата за овој предмет наредило три вештачења – во 2021, 2022 и 2023 година од различни стручни лица од наведените области кои во наодите тврделе дека бесправно изградениот објект според своите габарити, внатрешна површина и висина одговара на техничката документација од основниот проект. Тие не навеле дополнителни забелешки за реалната состојба на лице место, а сите отстапувања ги констатирале како законски уредени измени при градење. Првообвинетото правно лице и управителот се обвинети за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а, градоначалникот за – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, двајцата други службеници во Општината како соизвршители за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, а вештаците се обвинети за кривично дело – Давање лажен исказ според член 367 од Кривичниот законик.  

The post Обвинение за Мерко, за инвеститорот и за уште 10 лица за бесправно градење во Струга appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Јаневска: Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-janevska-ponishtena-e-odlukata-megunarodniot-univerzitet-vo-struga-ne-mozhe-da-osnova-fakultet-za-zdravstveni-nauki/ Fri, 28 Jun 2024 15:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=791612

Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки, информира министерката за образование у наука, Проф д-р Весна Јаневска.

Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законските услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира.

Одлучни сме да го унапредиме квалитетот на образованието во Македонија. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, порачува проф. д-р Јаневска.

The post Проф. д-р Јаневска: Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>

Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки, информира министерката за образование у наука, Проф д-р Весна Јаневска.
Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законските услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира.   Одлучни сме да го унапредиме квалитетот на образованието во Македонија. Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите, порачува проф. д-р Јаневска.

The post Проф. д-р Јаневска: Поништена е одлуката, Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки appeared first on Република.

]]>
Владата одлучи: Универзитетот на Рамиз Мерко не може да основа медицински факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-odluchi-univerzitetot-na-ramiz-merko-ne-mozhe-da-osnova-meditsinski-fakultet/ Fri, 28 Jun 2024 14:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=791586

На својата прва седница, Владата одлучи дека Меѓународниот универзитет во Струга, на градоначалникот Рамиз Мерко, не може да основа Факултет за здравствени науки.

Како што информираат од Владината прес-служба, донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата е потврдена на денешната седница.

The post Владата одлучи: Универзитетот на Рамиз Мерко не може да основа медицински факултет appeared first on Република.

]]>

На својата прва седница, Владата одлучи дека Меѓународниот универзитет во Струга, на градоначалникот Рамиз Мерко, не може да основа Факултет за здравствени науки. Како што информираат од Владината прес-служба, донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата е потврдена на денешната седница.

The post Владата одлучи: Универзитетот на Рамиз Мерко не може да основа медицински факултет appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-merko-za-nezakonsko-naznachuvane-direktori-vo-uchilishtata-toj-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Thu, 20 Jun 2024 11:28:00 +0000 https://republika.mk/?p=789321

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.

Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.

Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.

Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.

Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените.

Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка.

Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа, Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга. Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е инволвиран само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта ќе се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност направено е и кривично дело фалсификување, и обвинети се четири лица. Рочиштето за предметот во Велешта беше одложено.
Моментално за училиштето во Велешта се води одвоен предмет затоа што таму се четворица обвинети, а за другите три училишта се води споен предмет. Три постапки во еден предмет. Покрај кривично дело несовесно работење во службата во Велешта, дел од обвинетите се гонат и за кривично дело фалсификување исправа. Значи во тој предмет се две кривични дела, изјави Јованов.
Мерко пак, рече дека не чуствува вина за делата, кои го товари Јавното обвинителство. За незаконското поставување директори, тој истакна дека разбира за што е обвинет, но не се чуствувал виновен за кривичните дела, бидејќи, како што рече, направил континуитет во работата на основните училишта.
Ние имаме докази и ќе докажеме дека тој сторил кривични дела за кои се терети. Судот ќе одлучи колку ќе го осуди, ќе видиме во текот на постапката. Ако не се согласиме со пресудата што ќе ја донесе судот ќе поднесеме жалба до Апелациониот суд во Битола, рече јавниот обвинител Џемал Лога.
Адем Ајдароски, кој три мандати како в.д. директор раководел со основното училиште „Гоце Делчев“ во селото Подгорци даде исказ во својство на сведок. Тој кажа дека си поднел оставка поради лични причини, но и на барање на Антикорупциска комисија. Ајдароски не исполнувал услови за директор во училиштето, бидејќи немал пет годишно работно искуство и како дипломиран економист не бил од редот на вработените. Државниот просветен инспекторат извршил надзор во училиштето во Подгорци и му кажал на директорот дека незаконски е именуван, но не повел постапка. Судскиот процес против Мерко за четирите предмети ќе продолжи на 5 јули.  

The post Почна судењето против Мерко за незаконско назначување директори во училиштата, тој не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Влен: Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби aкредитација за Медицински факултет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlen-univerzitetot-na-ramiz-merko-koj-e-na-amerikanskata-tsrna-lista-dobi-akreditatsija-za-meditsinski-fakultet/ Thu, 13 Jun 2024 13:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=787247

Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш  од министерот на Рамиз, Јетон Шаќири, Акредитација за Медицински факултет!, обвини Влен

Овој Универзитет, познат како „Универзитет на Мерко“, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по „производството“ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ,  како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на  различни работни места.

Ова е ДУИ, овие се функсионери кои се на Црната листа на САД, на кои криминалот им нема граници. За овој скандал министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања.

Но, оваа дејство на ДУИ на Али Ахмети и Рамиз Мерко, го докажува фактот дека зелените кои станаа Фронт, се главната причина зошто албанскиот мозок ја напушта земјата и работи во Европа и на други места, зошто кај нас вистинските  интелектуалци и професионалци ја напуштат  државата, а Албанците се претставени со незнаење кое ги осиромашува и ги протерува од татковината.

Но, бизнисот на ДУИ и Рамиз, кој функционираше во стилот: земи ја „картичката“ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на  дипломите и функционирањето на Универзитетите како што е Универзитетот „Мерко

The post Влен: Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби aкредитација за Медицински факултет appeared first on Република.

]]>

Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш  од министерот на Рамиз, Јетон Шаќири, Акредитација за Медицински факултет!, обвини Влен Овој Универзитет, познат како „Универзитет на Мерко“, кој го води Арменд Кадриовски, е познат по „производството“ на итни дипломи, како Универзитет каде што низ годините, преку ноќ, дипломирале повеќе од половина од функционерите на ДУИ,  како и многу членови на семејствата на функционери кои потоа се вработиле на  различни работни места.
Ова е ДУИ, овие се функсионери кои се на Црната листа на САД, на кои криминалот им нема граници. За овој скандал министерот Јетон Шаќири мора да даде отчет пред јавноста и да ги покаже сите причини зошто го акредитирал Универзитетот на Мерко да има и Медицински факултет, да посведочи дали овој Универзитет има соодветни кабинети за изучување на предметите од медицината, но и рамка на академски барања.
Но, оваа дејство на ДУИ на Али Ахмети и Рамиз Мерко, го докажува фактот дека зелените кои станаа Фронт, се главната причина зошто албанскиот мозок ја напушта земјата и работи во Европа и на други места, зошто кај нас вистинските  интелектуалци и професионалци ја напуштат  државата, а Албанците се претставени со незнаење кое ги осиромашува и ги протерува од татковината. Но, бизнисот на ДУИ и Рамиз, кој функционираше во стилот: земи ја „картичката“ на ДУИ, купи диплома од Рамиз и работата ти е сигурна му доаѓа крајот затоа што новата Влада ќе ги истражува сите случаи на продажба на  дипломите и функционирањето на Универзитетите како што е Универзитетот „Мерко

The post Влен: Универзитетот на Рамиз Мерко, кој е на американската црна листа, доби aкредитација за Медицински факултет appeared first on Република.

]]>
Уште две обвиненија за Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-dve-obvinenija-za-ramiz-merko/ Fri, 17 May 2024 13:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=779211

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.

Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.

Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година.

Пред два месеци беше поднесена кривична пријава против Мерко, исто така поради незаконско назначување директори.

https://republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-obvinenie-protiv-ramiz-merko/

The post Уште две обвиненија за Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година. Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година. Пред два месеци беше поднесена кривична пријава против Мерко, исто така поради незаконско назначување директори. https://republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-obvinenie-protiv-ramiz-merko/

The post Уште две обвиненија за Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>
Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozheno-sudeneto-protiv-merko-za-nabavkata-na-luksuzen-avtomobil/ Fri, 26 Apr 2024 10:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=771359

Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава.

На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски.

Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на усб стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, во телефонски разговор за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на усб стик, но поради технички причини, Судот не можел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната.

Од тие причини побаравме одлагање, бидјеќи немавме докази, а воедно судијата уште на 18 април беше известен дека јас од претходно сум поканет во судница во Битола како бранител на друг клиент за постар предмет од овој. Целта не ни е да го одлагаме процесот, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите во обвинението да спротивставиме докази на одбраната со кој ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по оваа работа, рече тој.

Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески појасни дека се работи за обвинителен предлог поднесен од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд во Скопје. Поради процесни причини, појасни, обвинението е отстапено во надлежност пред Основниот суд во Струга.

Обвинителниот акт е злоупотреба на службена положба по член 353 став 4 во врска со став 1. Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, така што на крај Судот е тој којшто ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО ГОКК Скопје, изјави Јолески.

Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години.

The post Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил appeared first on Република.

]]>

Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава. На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски. Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на усб стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат. Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, во телефонски разговор за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на усб стик, но поради технички причини, Судот не можел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната. Од тие причини побаравме одлагање, бидјеќи немавме докази, а воедно судијата уште на 18 април беше известен дека јас од претходно сум поканет во судница во Битола како бранител на друг клиент за постар предмет од овој. Целта не ни е да го одлагаме процесот, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите во обвинението да спротивставиме докази на одбраната со кој ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по оваа работа, рече тој. Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески појасни дека се работи за обвинителен предлог поднесен од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд во Скопје. Поради процесни причини, појасни, обвинението е отстапено во надлежност пред Основниот суд во Струга. Обвинителниот акт е злоупотреба на службена положба по член 353 став 4 во врска со став 1. Ние ќе ја докажуваме нашата теорија на случај, одбраната нивната, така што на крај Судот е тој којшто ќе одлучи што навистина се случило. Ние сметаме дека има дело, ќе го поддржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО ГОКК Скопје, изјави Јолески. Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години.

The post Одложено судењето против Мерко за набавката на луксузен автомобил appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинeние против Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podneseno-obvinenie-protiv-ramiz-merko/ Wed, 20 Mar 2024 08:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=756579

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Мерко, кој е член на ДУИ, е меѓу неколку македонски државјани кои завршија на црната листа на САД.

The post Поднесено обвинeние против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в, став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси. Мерко, кој е член на ДУИ, е меѓу неколку македонски државјани кои завршија на црната листа на САД.

The post Поднесено обвинeние против Рамиз Мерко appeared first on Република.

]]>
ОЈО поднесе обвинение против Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-podnese-obvinenie-protiv-merko/ Wed, 20 Mar 2024 08:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=756556

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот, информираат од Обвинителството.

Во соопштението се додава дека така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

The post ОЈО поднесе обвинение против Мерко appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот, информираат од Обвинителството. Во соопштението се додава дека така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

The post ОЈО поднесе обвинение против Мерко appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-akademijata-za-sudii-brza-da-gi-napravi-sudii-rodninite-na-ramiz-merko/ Mon, 18 Mar 2024 07:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=755709

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук ги коментира случувањата во Академијата за судии и изборот на судии .Тој вели дека задачата за „штелување“ испитни бодови има ја имаат доделено на Џелал Бајрами и на директорката Габер-Дамјановска.

Брзајќи да ги направаат судии роднините и соработниците на Рамиз Мерко (од ДУИ), раководството на Академијата за судии и обвинители (АСЈО) денес ќе одржи седница за да ги одреди датумите за полагање на квалификацискиот тест и на практичниот испит.

The post Милошоски: Академијата за судии брза да ги направи судии роднините на Рамиз Мерко appeared first on Република.

Има ли институции да го спречат Мерко? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ima-li-institutsii-da-go-sprechat-merko/ Mon, 11 Mar 2024 17:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=753751

Осум години после навидум наивната идеја водена од мотото „Нема правда, нема мир“, Македонија ги живее најбизарните години затоа што правдата е селективна, а мирот го плаќаме премногу скапо.Олицетворение на правосудниот колапс е Рамис Мерко, човек чии судски предмети чудесно застареа или беа сторнирани. Сенката што останува да виси врз неговото име е тоа што САД го ставија на црна листа, но тоа не го спречува да владее како што знае,непочитувајќи ни закон ни држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стружани не беа неми на хаосот кој го создаваше, напротив поднесоа низа претставки, меѓу кои и оние за бесправното узурпирање на зградата на старото општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и за бесправното подигање споменик (од страна на друга држава).

Со полно право народот вели дека немамедржава, бидејќи самоволието на Мерко оди дотаму што пред неколку дена, спротивно на законските одредби, постави ново спомен-обележје, оваа плоча не само што е поставена надвор од секаква законски пропишани процедури, туку е свесно и тенденциозно направено за да се повредат чувствата на сите, не само на македонскиот народ. На зграда заштитена од Управата за заштита на културното наследство во која се школувале генерации и генерации ученици во текотна речиси 80 години.

Надвор од секаква правна основа, без одлука од страна на Советот, без согласност од надлежните институции, целосно спротивно на она поради кое тој објект е заштитен како културно наследство. Поставувањето на оваа плоча е кривично дело согласно член 319 од Кривичниот законик. Сите овие наводи ги засегаат редица институции кои по сопствена иницијатива и службена должност веќе требаше да реагираат.

Доколку на следните парламентарни избори нема промени, кој знае што сѐ ќе изникне или засекогаш ќе исчезне.

Рефлексија на нефункционалноста на системот е тоа што Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, овластениот градежен инспектор при Општина Струга, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Министерството за култура, Инспекцискиот совет на Р. Македонија и Уставниот суд на Р. Македонија се огласија за ненадлежни. Како одговор на тоа, Мерко, охрабрен од таа нефункционалост и заробеност на системот, со ново самоволие и кршење на законите, прави нови кривични дела. Укажуваме на тоа и при реакцијата на претходните случаи, затоа што не смее да му се дозволи да ширии меѓуетничка тензија и да разгорува национална омраза, со поставувањето на плоча со која се слави настан кога окупаторските власти на Фашистичка Италија и Кралството Албанијаво 1941 година отворале окупаторски училишта со цел да денационализираат и асимилираат.

Тоталната дезориентираност на владата предводена од СДС и ДУИ, ги урниса сите аспекти на државност. Се чини дека картели и кланови ја водат државава која бележи континуиран раст единствено на полето на енормно богатење на мал круг луѓе и емиграцијата на сѐ што е вредно. На Македонецот никогаш не му било полошо и потешко. Промената на власта е единствениот начин да си ја вратиме државата.

The post Има ли институции да го спречат Мерко? appeared first on Република.

]]>

Осум години после навидум наивната идеја водена од мотото „Нема правда, нема мир“, Македонија ги живее најбизарните години затоа што правдата е селективна, а мирот го плаќаме премногу скапо.Олицетворение на правосудниот колапс е Рамис Мерко, човек чии судски предмети чудесно застареа или беа сторнирани. Сенката што останува да виси врз неговото име е тоа што САД го ставија на црна листа, но тоа не го спречува да владее како што знае,непочитувајќи ни закон ни држава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Стружани не беа неми на хаосот кој го создаваше, напротив поднесоа низа претставки, меѓу кои и оние за бесправното узурпирање на зградата на старото општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ и за бесправното подигање споменик (од страна на друга држава).
Со полно право народот вели дека немамедржава, бидејќи самоволието на Мерко оди дотаму што пред неколку дена, спротивно на законските одредби, постави ново спомен-обележје, оваа плоча не само што е поставена надвор од секаква законски пропишани процедури, туку е свесно и тенденциозно направено за да се повредат чувствата на сите, не само на македонскиот народ. На зграда заштитена од Управата за заштита на културното наследство во која се школувале генерации и генерации ученици во текотна речиси 80 години.
Надвор од секаква правна основа, без одлука од страна на Советот, без согласност од надлежните институции, целосно спротивно на она поради кое тој објект е заштитен како културно наследство. Поставувањето на оваа плоча е кривично дело согласно член 319 од Кривичниот законик. Сите овие наводи ги засегаат редица институции кои по сопствена иницијатива и службена должност веќе требаше да реагираат.
Доколку на следните парламентарни избори нема промени, кој знае што сѐ ќе изникне или засекогаш ќе исчезне. Рефлексија на нефункционалноста на системот е тоа што Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, овластениот градежен инспектор при Општина Струга, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Министерството за култура, Инспекцискиот совет на Р. Македонија и Уставниот суд на Р. Македонија се огласија за ненадлежни. Како одговор на тоа, Мерко, охрабрен од таа нефункционалост и заробеност на системот, со ново самоволие и кршење на законите, прави нови кривични дела. Укажуваме на тоа и при реакцијата на претходните случаи, затоа што не смее да му се дозволи да ширии меѓуетничка тензија и да разгорува национална омраза, со поставувањето на плоча со која се слави настан кога окупаторските власти на Фашистичка Италија и Кралството Албанијаво 1941 година отворале окупаторски училишта со цел да денационализираат и асимилираат. Тоталната дезориентираност на владата предводена од СДС и ДУИ, ги урниса сите аспекти на државност. Се чини дека картели и кланови ја водат државава која бележи континуиран раст единствено на полето на енормно богатење на мал круг луѓе и емиграцијата на сѐ што е вредно. На Македонецот никогаш не му било полошо и потешко. Промената на власта е единствениот начин да си ја вратиме државата.

The post Има ли институции да го спречат Мерко? appeared first on Република.

]]>
Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spomen-plocha-na-albanski-jazik-so-koja-se-velicha-fashistichkata-okupatsija-postavena-vo-struga/ Thu, 07 Mar 2024 13:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=752294

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година.

Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко.

Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година. Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко. За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко. Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>
Кривичен се огласи ненадлежен за Мерко, предметот оди во струшкиот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-se-oglasi-nenadlezhen-za-merko-predmetot-odi-vo-strushkiot-sud/ Wed, 06 Mar 2024 11:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=751878

Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се огласува за ненадлежно по предметот против обвинетиот Рамиз Мерко од Струга за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и предметот ќе го достави за постапување во Основниот суд Струга.

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во соопштението се појаснува дека согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.

Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член, се наведува во соопштението.

Со оглед на сето тоа, како што посочуваат од Основен кривичен суд Скопје, стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

The post Кривичен се огласи ненадлежен за Мерко, предметот оди во струшкиот суд appeared first on Република.

]]>

Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се огласува за ненадлежно по предметот против обвинетиот Рамиз Мерко од Струга за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и предметот ќе го достави за постапување во Основниот суд Струга.
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.
Во соопштението се појаснува дека согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.
Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член, се наведува во соопштението.
Со оглед на сето тоа, како што посочуваат од Основен кривичен суд Скопје, стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

The post Кривичен се огласи ненадлежен за Мерко, предметот оди во струшкиот суд appeared first on Република.

]]>
Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-za-organiziran-kriminal-podnese-obvinenie-za-ramiz-merko-za-audito/ Fri, 01 Mar 2024 14:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=750098

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Mерко за злоупотреба на службената положба според член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Обвинението е поднесено пред три дена во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението се однесува за контроверзната набавка на „аудито“ со што е нанесена значителна штета на општинскиот буџет.

Ова денеска го соопшти шефот на тоа обвинителство, Ислам Абази, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека обвинението е по иницијативата на Антикорупциската комисија. Максималната затворска казна за ова дело е пет години.

Рамиз Мерко се наоѓа на црната листа на САД поради корупција. Тоа е прво обвинение за луѓе кои се наоѓаат на црната листа.

The post Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“ appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднело обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Mерко за злоупотреба на службената положба според член 353 став 3 од Кривичниот законик. Обвинението е поднесено пред три дена во Кривичниот суд во Скопје. Обвинението се однесува за контроверзната набавка на „аудито“ со што е нанесена значителна штета на општинскиот буџет. Ова денеска го соопшти шефот на тоа обвинителство, Ислам Абази, на брифинг со новинарите. Тој нагласи дека обвинението е по иницијативата на Антикорупциската комисија. Максималната затворска казна за ова дело е пет години. Рамиз Мерко се наоѓа на црната листа на САД поради корупција. Тоа е прво обвинение за луѓе кои се наоѓаат на црната листа.  

The post Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение за Рамиз Мерко за „аудито“ appeared first on Република.

]]>
Предметите против Мерко магично застаруваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/predmetite-protiv-merko-magichno-zastaruvaat/ Fri, 10 Nov 2023 21:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=700410

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко пред пет месеци се најде на црната листа на САД поради корупција, но предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик.

Специјално формираната комисија на Јавното обвинителство по извршениот вонреден надзор над работата на обвинителството во Струга во Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во јули објави дека бил извршен увид во 30-тина заведени предмети во кои е поврзан струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, но изгледа дека по четири изминати месеци никој нема да биде одговорен за неспроведувањето.

„За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, рекоа тогаш од Обвинителството.
Веднаш по прогласувањето на Мерко за персона нон-грата од страна на Американскиот Стејт департмент, претставници на Судски совет беа во посета на Основниот суд во Струга за да проверат дали и какви пропусти се случувале. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Геoргиевски, сега за Алсат М открива дека не било најдено ништо спорно.

„Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во однос на влијанија и незански постапки од страна на судиите“,
„Видете, тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание, тоа е проблем за личноста како судија“, рекол Георгиевски.

The post Предметите против Мерко магично застаруваат appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко пред пет месеци се најде на црната листа на САД поради корупција, но предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик. Специјално формираната комисија на Јавното обвинителство по извршениот вонреден надзор над работата на обвинителството во Струга во Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во јули објави дека бил извршен увид во 30-тина заведени предмети во кои е поврзан струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, но изгледа дека по четири изминати месеци никој нема да биде одговорен за неспроведувањето.
„За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, рекоа тогаш од Обвинителството. Веднаш по прогласувањето на Мерко за персона нон-грата од страна на Американскиот Стејт департмент, претставници на Судски совет беа во посета на Основниот суд во Струга за да проверат дали и какви пропусти се случувале. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Геoргиевски, сега за Алсат М открива дека не било најдено ништо спорно.
„Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во однос на влијанија и незански постапки од страна на судиите“, „Видете, тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание, тоа е проблем за личноста како судија“, рекол Георгиевски.

The post Предметите против Мерко магично застаруваат appeared first on Република.

]]>
Треба да си Богданка Кузеска од СДС Струга и да зборуваш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/treba-da-si-bogdanka-kuzeska-od-sds-struga-i-da-zboruvash-za-lokalna-vlast-a-da-ne-smeesh-da-pisnesh-za-ramiz-merko-i-sostojbite-vo-gradot/ Mon, 30 Oct 2023 07:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=696106

Треба да си Богданка Кузеска од СДС -Струга за да излезеш и збориш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во Струга!, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Богданка е од Струга, Мерко градоначалникот во Струга, ставен на АМЕРИКАНСКА МЕЃУНАРОДНА ЦРНА ЛИСТА ЗА КРИМИНАЛ, ама Богданка- си ќути.

Молкот на Богданка стружанката од СДС за Мерко значи дека:
За Богданка, Мерко исполнил ветувања, работи за народот, се е законски, се полни касата од легални градби, сите директори на Мерко се примени согласно пропишаните услови, парите од буџетот Мерко ги троши наменски и домаќински!

А Мерко во Струга е сè, сликата за Македонија, од судство, криминал, корупција, дивоградби, злоупотреба на пари, злоупотреба на положба, до образование на дно, здравство на дно, судски предмети застарени во фиока, судии и обвинители на "ало", ставен на Црна Листа на САД, и уште е градоначалник, ништо не смее да му попречи, а СДС не смее да писне!!!

За Богданка стружанката Кузеска Рамиз Мерко е перфектен градоначалник за кого не може лош збор да каже и со тоа се согласува цело семејство во Струга!

И тоа веројатно и го мисли!
Толку од релевантноста на Богданка Кузевска од Струга во кампањата на СДС против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ!

Толку и од релевантноста на кампањата на СДС против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
А па и јас сум се распишал, демек некој уште и верува на СДС.
Туку, не поднесувам кич!, пишува Стоилковски.

The post Треба да си Богданка Кузеска од СДС Струга и да зборуваш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во градот appeared first on Република.

]]>

Треба да си Богданка Кузеска од СДС -Струга за да излезеш и збориш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во Струга!, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ. Богданка е од Струга, Мерко градоначалникот во Струга, ставен на АМЕРИКАНСКА МЕЃУНАРОДНА ЦРНА ЛИСТА ЗА КРИМИНАЛ, ама Богданка- си ќути. Молкот на Богданка стружанката од СДС за Мерко значи дека: За Богданка, Мерко исполнил ветувања, работи за народот, се е законски, се полни касата од легални градби, сите директори на Мерко се примени согласно пропишаните услови, парите од буџетот Мерко ги троши наменски и домаќински! А Мерко во Струга е сè, сликата за Македонија, од судство, криминал, корупција, дивоградби, злоупотреба на пари, злоупотреба на положба, до образование на дно, здравство на дно, судски предмети застарени во фиока, судии и обвинители на "ало", ставен на Црна Листа на САД, и уште е градоначалник, ништо не смее да му попречи, а СДС не смее да писне!!! За Богданка стружанката Кузеска Рамиз Мерко е перфектен градоначалник за кого не може лош збор да каже и со тоа се согласува цело семејство во Струга! И тоа веројатно и го мисли! Толку од релевантноста на Богданка Кузевска од Струга во кампањата на СДС против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ! Толку и од релевантноста на кампањата на СДС против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. А па и јас сум се распишал, демек некој уште и верува на СДС. Туку, не поднесувам кич!, пишува Стоилковски.

The post Треба да си Богданка Кузеска од СДС Струга и да зборуваш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во градот appeared first on Република.

]]>
За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-drugite-gradonachalnitsi-krivichni-za-merko-vtora-shansa-od-shakiri/ Sun, 17 Sep 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=682621

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.

Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.

Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.

Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.

Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат.

Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес.

Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис.

Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.
Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.
Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.
Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат. Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес. Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис. Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>