рамбо амадеус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rambo-amadeus/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 09:46:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамбо амадеус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rambo-amadeus/ 32 32 Медиумите во Хрватска, Националниот џез оркестар го нарекоа „најлудиот оркестар на Балканот“: Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/mediumite-vo-hrvatska-natsionalniot-dhez-orkestar-go-narekoa-najludiot-orkestar-na-balkanot-dolgo-ke-se-pameti-nivniot-kontsert-vo-hrvatskiot-naroden-teatar-vo-split/ Tue, 09 Jul 2024 09:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=794855

По завршувањето на настапите од мини турнејата на Националниот џез оркестар со Рамбо Амадеус, овој високо професионален музичко театарски концепт ги надмина границите на класичната концертна изведба и како што пишува „Слободна Далмација“ и останатите медиуми, „кога ќе се додадат сите епитети во прилог на ова концертно доживување кое не може да има ригидна дефиниција во припадноста на жанрот и видот, фактички тоа уметничко дело добива епско значење“.

Хрватската турнеја на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус ја запали публиката и медиумите во Хрватска. 

„Делириум во Сплит,” “Еуфорија во Шибеник,” “НЏО и Рамбо го разбудија Вис,” “Вис веќе нема да биде ист по настапот на НЏО И Рамбо Амадеус”, „Јавни нереди “ за време на концертот на Националниот Џез Оркестар и Рамбо Амадеус во Шибеник“, се само дел од насловите кои ги објавија медиумите во Хрватска за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој  го нарекоа и “најлудиот оркестар на Балканот.“

Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи како и бројни осврти и написи во хрватските медиуми, ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со Рамбо Амадеус на три престижни концертни сцени на хрватското приморје. Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, која ретко и инцидентно ја отстапува сцената за жанр, поинаков од класичниот. Видеата сведочат за неколкуминутни стоечки овации на публиката која во Сплит ги повикува музичарите на бис а музичката критика овој настап го оцени како ексклузивен кој можеби никогаш не се случил на оваа сцена.

Уште сме под импресии иако има веќе неколку дена откако ја завршивме нашата турнеја низ Хрватска во рамки на која беа реализирани три концерти на кои со нас настапи нашиот пријател, извонредниот уметник Рамбо Амадеус.  Уште еднаш, оваа наша соработка се покажа како исклучително успешна, а пред публиката се претставивме со биг бенд аранжманите на композициите на Рамбо, подготвени од нашите членови, кои македонската публика имаше можност да ги чуе пред година и пол на концертот кој се одржа на сцената на Филхармонија, сметаат од Националниот џез оркестар.

Овој пат трите концерти обединија три различни контексти и хронотопи при што првиот настап беше на 25 јуни во Шибеник, во Тврдината Св. Миховила, следеше концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, и концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, кој се одржа на 1 јули.

Изведбите на толку различни сцени бараат различен фокус при изведбата по што дојдовме назад со богато искуство, но и со полни срца бидејќи настапите беа одлично прифатени од страна на публиката, се изродија безброј нови можности за нови соработки, а концертите беа комплетно распродадени во рекорден рок, велат од Националниот џез оркестар.

Концертот  во Шибеник почна во релативно мирна концертна атмосфера и кон средината на концертот веќе цела публика беше на нозе и се случи голема концертна еуфорија со скандирање од страна на оубликата…” – вака го опишаа медиумите концертот во Шибеник, во Тврдината Св. Миховила, додека настапот во Хрватскиот народен театар во Сплит беше опишан како “редок вид на театарско музички перформанс креиран од НЏО И Рамбо”.  “Помеѓу НЏО и Рамбо имаше ретко видена и слушната интеракција каде целиот концерт повеќе наликуваше на музичка драмска претстава со високо креативна нарација на Рамбо Амадеус.”  Критиката имаше најпофални зборови за настапот на Оркестарот и сите музичари оценувајќи дека “Оркестарот се претстави на хрватската публика на највисоко професионално ниво и воедно прикажа вистинска непосредност во комуникацијата со Рамбо. Солистите блескаа во сите солистички делници”.

The post Медиумите во Хрватска, Националниот џез оркестар го нарекоа „најлудиот оркестар на Балканот“: Долго ќе се памети нивниот концерт во Хрватскиот народен театар во Сплит appeared first on Република.

]]>

Три концерти на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tri-kontserti-na-natsionalniot-dhez-orkestar-i-rambo-amadeus-vo-hrvatska/ Mon, 24 Jun 2024 17:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=790420

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.

Оваа мини турнеја низ Хрватска започнува на 25 јуни кога Оркестарот ќе настапи во Тврдината Св. Миховила, Шибеник. По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово во Хрватска. Третиот концерт ќе се одржи во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, на 1 јули.

Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по остри и сатирични текстови и виртуозност на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж кој вклучува фанк, рок, хип-хоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика. Рамбо пред се е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор.

Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремег дела.

Рамбо Амадеус и Националниот џез оркестар, тогашно Здружние на џез музичари (ЗЏМ) имаа заеднички концерт во Скопје во декември 2022 година.

The post Три концерти на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус. Оваа мини турнеја низ Хрватска започнува на 25 јуни кога Оркестарот ќе настапи во Тврдината Св. Миховила, Шибеник. По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово во Хрватска. Третиот концерт ќе се одржи во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, на 1 јули. Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по остри и сатирични текстови и виртуозност на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж кој вклучува фанк, рок, хип-хоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика. Рамбо пред се е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор. Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремег дела. Рамбо Амадеус и Националниот џез оркестар, тогашно Здружние на џез музичари (ЗЏМ) имаа заеднички концерт во Скопје во декември 2022 година.

The post Три концерти на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус во Хрватска appeared first on Република.

]]>
По обвинувања за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со Рамбо Амадеус https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-obvinuvana-za-seksualno-voznemiruvane-unitsef-go-prekina-angazhmanot-so-rambo-amadeus/ Mon, 13 Mar 2023 09:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=619012

УНИЦЕФ до дополнително известување го суспендираше ангажманот со уметникот Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, откако Лејла Кашиќ, водителката и продуцентка на емисијата „Дневница“ што се емитува на црногорскиот Јавен сервис, го обвини за сексуално вознемирување.

УНИЦЕФ синоќа реагираше преку соопштение и информираше дека се запознаени со обвинувањата против Пушиќ, пренесува РТЦГ.

УНИЦЕФ има политика на нулта толеранција кон каква било форма на сексуално несоодветно однесување, бидејќи тоа е спротивно на основните вредности на УНИЦЕФ, се наведува во соопштението.

Пушиќ беше ангажиран како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и учествуваше во кампањата за медиумска писменост во Црна Гора.

Кашиќ вчера, на социјалната мрежа Инстаграм јавно го обвини Пушиќ за сексуално вознемирување.

Вчера на снимањето на епизодата на „Дневница“ доживеав сексуално вознемирување од нашиот гостин, големата интелектуална, регионално призната и влијателна личност, амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Антоније Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус, напиша Кашиќ во својата објава.

Кашиќ наведе дека за целиот случај го известила УНИЦЕФ и дека „ќе бидат информирани и надлежните органи“.

Како што наведе Кашиќ на својот профил, непријатностите ги доживеала во Херцег Нови, каде екипата на РТЦГ снимала епизода од шоуто „Дневница“ со Рамбо Амадеус.

Кашиќ во својата објава на Инстаграм напиша и дека „страшно, опасно, проблематично е некој склон кон девијантно однесување преку вклучување во УНИЦЕФ да има пристап до најранливите категории на општеството“.

Тоа е неприфатливо. Секако дека ме нарекоа лудача и глупача. По вербалниот конфликт и крајот на се, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека имам лош впечаток за него дека можеме да бидеме добри пријатели, напиша Кашиќ.

Таа апелираше до сите жени да не молчат за сексуалното вознемирување, како и да не се плашат од оние кои сакаат да ја искористат својата позиција на моќ.

Изминатата ноќ се чувствував збунето, немоќно и незаштитено. А потоа се претвори во гнев и бес. Конечно, одвратност и нервен слом. Што треба да се случи за да се чувствуваме безбедно додека ги извршуваме нашите секојдневни активности? Колку се потребни засрамени жртви за да ни биде јасно дека нема оправдување?До кога ќе слушаме што НИЕ требало да направиме?До кога мажите ќе мислат дека ги почитуваат жените, ако реагираат само на малтретирање и насилство врз нивните ќерки/сестри. Значи до кога, уште колку?, напиша Кашиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Lejla Kašić (@lejlakasic)

Владан Оташевиќ, авторот и уредник на емисијата „Дневница“ за медиумите изјави дека е непријатно изненаден од однесувањето на Рамбо Амадеус и дека осудува секакви општествено девијантни однесувања, невоспитување и непочитување.

На крајот од снимањто сите од тимот дознаа што се случило. Непријатно сум изненаден од однесувањето на Рамбо. Ваквите постапки не доликуваат на личност на неговата возраст и углед. Ја разбирам колешката Лејла и многу ми е жал што и се случи ова. Ги осудувам сите видови на социјално девијантно однесување, невоспитување и непочитување. Особено кон жените. Секој треба да одговара за своите постапки, а јавните личности имаат посебна јавна одговорност, рече Оташевиќ.

Тој рече дека како уредник и автор на емисијата, која е препознаена како црногорски бренд од значење за јавното добро, има обврска јавно да каже дека го осудува тоа што се случи и смета дека на ниту една жена не треба да и се случи нешто слично.

Се надевам дека и Рамбо се покаја за своите постапки и искрено и се извини на Лејла. А за она што следува понатаму, постојат институции и судот на јавноста, заклучи Оташевиќ.

The post По обвинувања за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со Рамбо Амадеус appeared first on Република.

]]>

УНИЦЕФ до дополнително известување го суспендираше ангажманот со уметникот Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, откако Лејла Кашиќ, водителката и продуцентка на емисијата „Дневница“ што се емитува на црногорскиот Јавен сервис, го обвини за сексуално вознемирување. УНИЦЕФ синоќа реагираше преку соопштение и информираше дека се запознаени со обвинувањата против Пушиќ, пренесува РТЦГ.
УНИЦЕФ има политика на нулта толеранција кон каква било форма на сексуално несоодветно однесување, бидејќи тоа е спротивно на основните вредности на УНИЦЕФ, се наведува во соопштението.
Пушиќ беше ангажиран како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и учествуваше во кампањата за медиумска писменост во Црна Гора. Кашиќ вчера, на социјалната мрежа Инстаграм јавно го обвини Пушиќ за сексуално вознемирување.
Вчера на снимањето на епизодата на „Дневница“ доживеав сексуално вознемирување од нашиот гостин, големата интелектуална, регионално призната и влијателна личност, амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Антоније Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус, напиша Кашиќ во својата објава.
Кашиќ наведе дека за целиот случај го известила УНИЦЕФ и дека „ќе бидат информирани и надлежните органи“. Како што наведе Кашиќ на својот профил, непријатностите ги доживеала во Херцег Нови, каде екипата на РТЦГ снимала епизода од шоуто „Дневница“ со Рамбо Амадеус. Кашиќ во својата објава на Инстаграм напиша и дека „страшно, опасно, проблематично е некој склон кон девијантно однесување преку вклучување во УНИЦЕФ да има пристап до најранливите категории на општеството“.
Тоа е неприфатливо. Секако дека ме нарекоа лудача и глупача. По вербалниот конфликт и крајот на се, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека имам лош впечаток за него дека можеме да бидеме добри пријатели, напиша Кашиќ.
Таа апелираше до сите жени да не молчат за сексуалното вознемирување, како и да не се плашат од оние кои сакаат да ја искористат својата позиција на моќ.
Изминатата ноќ се чувствував збунето, немоќно и незаштитено. А потоа се претвори во гнев и бес. Конечно, одвратност и нервен слом. Што треба да се случи за да се чувствуваме безбедно додека ги извршуваме нашите секојдневни активности? Колку се потребни засрамени жртви за да ни биде јасно дека нема оправдување?До кога ќе слушаме што НИЕ требало да направиме?До кога мажите ќе мислат дека ги почитуваат жените, ако реагираат само на малтретирање и насилство врз нивните ќерки/сестри. Значи до кога, уште колку?, напиша Кашиќ.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lejla Kašić (@lejlakasic)

Владан Оташевиќ, авторот и уредник на емисијата „Дневница“ за медиумите изјави дека е непријатно изненаден од однесувањето на Рамбо Амадеус и дека осудува секакви општествено девијантни однесувања, невоспитување и непочитување.
На крајот од снимањто сите од тимот дознаа што се случило. Непријатно сум изненаден од однесувањето на Рамбо. Ваквите постапки не доликуваат на личност на неговата возраст и углед. Ја разбирам колешката Лејла и многу ми е жал што и се случи ова. Ги осудувам сите видови на социјално девијантно однесување, невоспитување и непочитување. Особено кон жените. Секој треба да одговара за своите постапки, а јавните личности имаат посебна јавна одговорност, рече Оташевиќ.
Тој рече дека како уредник и автор на емисијата, која е препознаена како црногорски бренд од значење за јавното добро, има обврска јавно да каже дека го осудува тоа што се случи и смета дека на ниту една жена не треба да и се случи нешто слично.
Се надевам дека и Рамбо се покаја за своите постапки и искрено и се извини на Лејла. А за она што следува понатаму, постојат институции и судот на јавноста, заклучи Оташевиќ.

The post По обвинувања за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со Рамбо Амадеус appeared first on Република.

]]>
Рамбо Амадеус: Кога бараш жена, пушти го „него“ да бира https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rambo-amadeus-koga-barash-zena-pushti-go-nego-da-bira/ Sun, 11 Dec 2022 15:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=584335

Како неисцрпен извор на филозофии околу животот, црногорскиот музичар Рамбо Амадеус во новата „Еден на Еден“ со Жаре го сподели советот кој како дете го добил од рибарите од неговиот крај во врска со жените.

Кога ќе се жениш немој ти да бираш, пушти го „него“ да одбира, советува Рамбо.

Тој зборува и за тоа зошто сите југословенски народи заостануваат зад Словенија, за глобалното затоплување и електричните автомобили, за едрењето, музиката и дека треба да се апдејтира онаа негова позната изрека дека „национализмот е тема за разговор на лица со до 300 евра месечен приход...“.

https://republika.mk/scena/muzika/rambo-amadeus-nekoi-moi-pesni-bea-prorochki/

Епизодата почнува од 18.30 на Канал 5.

The post Рамбо Амадеус: Кога бараш жена, пушти го „него“ да бира appeared first on Република.

]]>

Како неисцрпен извор на филозофии околу животот, црногорскиот музичар Рамбо Амадеус во новата „Еден на Еден“ со Жаре го сподели советот кој како дете го добил од рибарите од неговиот крај во врска со жените.
Кога ќе се жениш немој ти да бираш, пушти го „него“ да одбира, советува Рамбо.
Тој зборува и за тоа зошто сите југословенски народи заостануваат зад Словенија, за глобалното затоплување и електричните автомобили, за едрењето, музиката и дека треба да се апдејтира онаа негова позната изрека дека „национализмот е тема за разговор на лица со до 300 евра месечен приход...“. https://republika.mk/scena/muzika/rambo-amadeus-nekoi-moi-pesni-bea-prorochki/ Епизодата почнува од 18.30 на Канал 5.

The post Рамбо Амадеус: Кога бараш жена, пушти го „него“ да бира appeared first on Република.

]]>
Рамбо Амадеус: Некои мои песни беа пророчки https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rambo-amadeus-nekoi-moi-pesni-bea-prorochki/ Fri, 09 Dec 2022 07:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=583472

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус синоќа одржа одличен концерт во Македонската филхармонија. Придружуван од ЗЏМ БИГ БЕНД популарниот „Рамбо царе“ не врати во минатато со нумерите кои имаа џез аранжмани и звучеа совршено.

Музичарот кој никој не го знае со неговото вистинско име Антоније Пушиќ, иако подостарен за своите речиси 60 години одлично се држи на сцената, ја има комуникацијата со публиката и го задржал својот препознатлив сарказам.

Па така публиката се смеше на неговите шеги дека „денеска не се дрогираат само музичарите туку и политичарите„ и оти не среќен што некои од неговите песни биле пророчки. Ја спомена и короната која едвај ја преживеал и оти сега има и „написмено“ од лекарите оти може да ги заборава текстовите од своите песни.

The post Рамбо Амадеус: Некои мои песни беа пророчки appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус синоќа одржа одличен концерт во Македонската филхармонија. Придружуван од ЗЏМ БИГ БЕНД популарниот „Рамбо царе“ не врати во минатато со нумерите кои имаа џез аранжмани и звучеа совршено. Музичарот кој никој не го знае со неговото вистинско име Антоније Пушиќ, иако подостарен за своите речиси 60 години одлично се држи на сцената, ја има комуникацијата со публиката и го задржал својот препознатлив сарказам. Па така публиката се смеше на неговите шеги дека „денеска не се дрогираат само музичарите туку и политичарите„ и оти не среќен што некои од неговите песни биле пророчки. Ја спомена и короната која едвај ја преживеал и оти сега има и „написмено“ од лекарите оти може да ги заборава текстовите од своите песни.

The post Рамбо Амадеус: Некои мои песни беа пророчки appeared first on Република.

]]>
Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-na-8-dekemvri-vo-filharmonija-2/ Tue, 15 Nov 2022 12:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=574052

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.

Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.

Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

На 8 декември, четврток во 20,30 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез музичари и слободни уметници на Македонија - ЗЏМ.
Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Здружението на џез музичари и слободни уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и дел од нашите најреномирани џез музичари, а во неговите рамки делува и ЗЏМ биг бендот чија репутација се должи на бројните успешно организирани настани изминативе години.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-zdzm-big-bend-i-rambo-amadeus-na-8-dekemvri-vo-filharmonija/ Thu, 10 Nov 2022 13:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=572335

Здружение на џез музичари го најавуваат новиот концерт „Чудо на Балканот“ на 8 декември во Филхармонија (20,30 часот) заедно со едно од најголемите музички имиња на Балканот, Рамбо Амадеус.

Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.  Секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.

Тема на првиот концерт на ЗЏМ беше музика од славните „Битлси“, а со оркестарот диригираше славниот Австриец Зиги Феигл. Потоа следеше настапот на манифестацијата под наслов „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!), беа придружба и на Виенскиот бал, а проектот „Radioheadjazz“ привлече голема публика во Филхармонија во 2019 година.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Здружение на џез музичари го најавуваат новиот концерт „Чудо на Балканот“ на 8 декември во Филхармонија (20,30 часот) заедно со едно од најголемите музички имиња на Балканот, Рамбо Амадеус.
Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат од ЗЏМ.
Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни.  Секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа. Тема на првиот концерт на ЗЏМ беше музика од славните „Битлси“, а со оркестарот диригираше славниот Австриец Зиги Феигл. Потоа следеше настапот на манифестацијата под наслов „Today it’s all about jazz!“ (Денес сѐ е џез!), беа придружба и на Виенскиот бал, а проектот „Radioheadjazz“ привлече голема публика во Филхармонија во 2019 година.

The post Концерт на ЗЏМ Биг Бенд и Рамбо Амадеус на 8 декември во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Рамбо Амадеус: Богатите држави конечно, без пардон, ги заклучија сиромашните во изолација користејќи ја короната https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rambo-amadeus-bogatite-drzavi-konechno-bez-pardon-gi-zakluchija-siromashnite-vo-izolacija-koristejkji-ja-koronata/ Sat, 08 Jan 2022 07:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=441875

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус едно неодамнешно интервју за „Време“ бил прашан што мисли за вирусот, дали го загрижува целава ситуација, дали сме на прагот на катаклизма на човештвото во секој поглед или сето ова е уште една цивилизациска шега?

Во продолжение е одговорот на Рамбо Амадеус во целост:

Мразам теории на заговор, но тие се појавуваат кога повеќе не може да им се верува на информациите, а тоа, за жал, се случи. Среде оние ужасни блокади и изолација, на 1 август, ми пратија видео од Херцег Нови. Времето е прекрасно, но нема никој, ниту по плажите, ниту на брегот, ниту на морето. Потполн блажен мир. Рај. Но некој морбиден рај во кој нема никој. Само милијардерската едрилица „Американ игл“ тивко се лизга низ Бока, а на неа, претпоставувам, лично Адам и Ева, овој пат милијардери, уживаат на палубата. Конечно не ги слушаат еуфоријата и бучавата на обичните смртници, кои во тој момент вообичаено би доаѓале од плажите. Уживаат во мирот.

Таа глетка страшно ме вознемири, ме налути, особено поради фактот што многу од нас не можеа да стигнат до сопствените домови, додека некои пребогати странци се однесуваа безгрижно пред нив. Збеснав и сфатив дека короната е искористена за богатите конечно да се ослободат од присуството на сиромашните. Зошто? Со автоматизацијата на производството исчезна потребата за работничка класа која од своите тешко заработени пари купува глупости. Станавме вишок.

Баш како и коњите по измислувањето на парната машина, каде што еден мотор замени и до 100 коњи. Одеднаш, преку ноќ, повеќе не биле потребни коњите, шталите, ниту сеното. Популацијата на коњи драстично се намали. Мал број се одгледуваат за трки, циркус и татарски бифтек.

Не ја оспорувам короната, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена за богатите држави конечно, без пардон, да ги заклучат сиромашните во изолација и дефинитивно да стават граница за да го спречат поминувањето на мигрантите. Ме загрижува и тоа што ние сме на оваа надворешната страна од бодликавата жица, а таа се чини дека ќе остане трајно.

Погледнете го бројот на луѓе што умираат од рак, излив на крв во мозокот, срцев удар. Кога во медиумите со овој интензитет би се зборувало за тие навистина застрашувачки бројки, светот колективно би почнал да се однесува како да се подготвува за Олимпијада, сите би џогирале, би внимавале што јадат и пијат, никој не би пушел, само би се вежбала гимнастика и би се јадела зелена салата. Како што реков, не сакам теории на заговор, но зошто не се зборува за тоа како да го зајакнеме имунитетот?

На превентивниве мерки гледам како на некој перверзно хуман начин да се забрза намалувањето на светското население. Со укинувањето на социјализацијата, шоу-бизнисот, забавата, туризмот, угостителството, журките, фестивалите, драстично се намалува шансата за човечка репродукција. Потешко е денес да се најде партнер, да се орасположи, прегрне, создаде желба за репродукција, за тоа е потребна близина, а не гледам како тоа е можно со изолација, ограничувања и маски.

Човекот сепак се разликува од мајмунот, потребно му е да ја поттикне имагинацијата за да сака да се размножува. Во спротивно, не би се произведувале ниту мрежните холахопки, ниту градниците, ниту потпетиците, не би се користеле парфемите, не би се пиело виното, не би се играло тангото.

Значи, со рестриктивните мерки се намалува бројот на заразени лица, но вистинското прашање е дали се намалува бројот на новородени лица? Секако, ме прашавте што мислам, ни самиот не сум сигурен, се потпирам на логиката, на информациите повеќе не може да им се верува, па и ова што го размислувам прифатете го со резерва. Збеснав бидејќи мојата основна работа беше укината со декрет, станав вишок како коњот во индустриската револуција.

The post Рамбо Амадеус: Богатите држави конечно, без пардон, ги заклучија сиромашните во изолација користејќи ја короната appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус едно неодамнешно интервју за „Време“ бил прашан што мисли за вирусот, дали го загрижува целава ситуација, дали сме на прагот на катаклизма на човештвото во секој поглед или сето ова е уште една цивилизациска шега? Во продолжение е одговорот на Рамбо Амадеус во целост:
Мразам теории на заговор, но тие се појавуваат кога повеќе не може да им се верува на информациите, а тоа, за жал, се случи. Среде оние ужасни блокади и изолација, на 1 август, ми пратија видео од Херцег Нови. Времето е прекрасно, но нема никој, ниту по плажите, ниту на брегот, ниту на морето. Потполн блажен мир. Рај. Но некој морбиден рај во кој нема никој. Само милијардерската едрилица „Американ игл“ тивко се лизга низ Бока, а на неа, претпоставувам, лично Адам и Ева, овој пат милијардери, уживаат на палубата. Конечно не ги слушаат еуфоријата и бучавата на обичните смртници, кои во тој момент вообичаено би доаѓале од плажите. Уживаат во мирот.   Таа глетка страшно ме вознемири, ме налути, особено поради фактот што многу од нас не можеа да стигнат до сопствените домови, додека некои пребогати странци се однесуваа безгрижно пред нив. Збеснав и сфатив дека короната е искористена за богатите конечно да се ослободат од присуството на сиромашните. Зошто? Со автоматизацијата на производството исчезна потребата за работничка класа која од своите тешко заработени пари купува глупости. Станавме вишок.   Баш како и коњите по измислувањето на парната машина, каде што еден мотор замени и до 100 коњи. Одеднаш, преку ноќ, повеќе не биле потребни коњите, шталите, ниту сеното. Популацијата на коњи драстично се намали. Мал број се одгледуваат за трки, циркус и татарски бифтек.   Не ја оспорувам короната, умираат луѓе, лежат по болници, но таа е искористена за богатите држави конечно, без пардон, да ги заклучат сиромашните во изолација и дефинитивно да стават граница за да го спречат поминувањето на мигрантите. Ме загрижува и тоа што ние сме на оваа надворешната страна од бодликавата жица, а таа се чини дека ќе остане трајно.   Погледнете го бројот на луѓе што умираат од рак, излив на крв во мозокот, срцев удар. Кога во медиумите со овој интензитет би се зборувало за тие навистина застрашувачки бројки, светот колективно би почнал да се однесува како да се подготвува за Олимпијада, сите би џогирале, би внимавале што јадат и пијат, никој не би пушел, само би се вежбала гимнастика и би се јадела зелена салата. Како што реков, не сакам теории на заговор, но зошто не се зборува за тоа како да го зајакнеме имунитетот?   На превентивниве мерки гледам како на некој перверзно хуман начин да се забрза намалувањето на светското население. Со укинувањето на социјализацијата, шоу-бизнисот, забавата, туризмот, угостителството, журките, фестивалите, драстично се намалува шансата за човечка репродукција. Потешко е денес да се најде партнер, да се орасположи, прегрне, создаде желба за репродукција, за тоа е потребна близина, а не гледам како тоа е можно со изолација, ограничувања и маски.   Човекот сепак се разликува од мајмунот, потребно му е да ја поттикне имагинацијата за да сака да се размножува. Во спротивно, не би се произведувале ниту мрежните холахопки, ниту градниците, ниту потпетиците, не би се користеле парфемите, не би се пиело виното, не би се играло тангото.   Значи, со рестриктивните мерки се намалува бројот на заразени лица, но вистинското прашање е дали се намалува бројот на новородени лица? Секако, ме прашавте што мислам, ни самиот не сум сигурен, се потпирам на логиката, на информациите повеќе не може да им се верува, па и ова што го размислувам прифатете го со резерва. Збеснав бидејќи мојата основна работа беше укината со декрет, станав вишок како коњот во индустриската револуција.

The post Рамбо Амадеус: Богатите држави конечно, без пардон, ги заклучија сиромашните во изолација користејќи ја короната appeared first on Република.

]]>