рамазански пост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramazanski-post/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 07:47:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рамазански пост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ramazanski-post/ 32 32 Почнува Рамазанскиот пост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-ramazanskiot-post/ Mon, 11 Mar 2024 07:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=753479

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 10 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи, со желби и молејќи се на Семоќниот Алах да ги

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот. Со ова, посочува Фетаи, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.

Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање, вели Фетаи во пораката.

Поглаварот на ИВЗ на сите верници од исламска вероисповед им го честита почетокот на светиот месец Рамазан посакувајќи им силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела.

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 9 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 10 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник. По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи, со желби и молејќи се на Семоќниот Алах да ги Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот. Со ова, посочува Фетаи, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.
Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање, вели Фетаи во пораката.
Поглаварот на ИВЗ на сите верници од исламска вероисповед им го честита почетокот на светиот месец Рамазан посакувајќи им силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела.  

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>
Почнува Рамазанскиот пост https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochnuva-ramazanskiot-post-4/ Thu, 23 Mar 2023 08:32:49 +0000 https://republika.mk/?p=622711

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 20 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 21 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најнеопходна порака за времето во кое живееме, што Рамазан му ја пренесува на нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака, посочува тој во честитката, се рефлектира преку солидарност и милосрдие кон луѓето на кои им е потребна, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде мразен и да се биде сиромашен.

-Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните, а во срцата на луѓето буди љубов и сочувство. Пораката за зближување исто така е порака којашто ни ја пренесува овој благословен месец. Динамиката на модерното време, како и различните човечки потреби предизвикаа луѓето да се оддалечат едни од други, се оддалечат дури и најблиските членови на семејството. Преку семејните ифтари и суфири, Рамазан го обновува семејното единство, вертикално и хоризонтално.

Друга многу важна порака што ни ја пренесува овој благословен месец е подигнувањето на моралот во општеството бидејќи Рамазан, го подобрува однесувањето на тој што пости со тоа што го отстранува од лошите дела, бидејќи постот не е дијета, или едноставно воздржување од храна, пијалок и страст, иако овие елементи го сочинуваат правниот аспект на валидноста на постот, но суштинската цел на постот е да го подигне моралот и побожноста на човекот, вели тој.

Фетаи потенцира дека Рамазан во општеството ја пренесува пораката за учење, школување и образование, бидејќи во овој месец се објави величествениот Куран. Во овој аспект, Рамазан со право може да се смета за месец на науката, образованието, книгата, моливот, писмата и пишувањето. Правилното и суштинско разбирање на овој карактер на Рамазан, според Фетаи, носи придобивки не само за нас, туку и за целото човештво, бидејќи научните достигнувања не се монопол на одредени народи, туку се општи вредности од кои имаат корист сите луѓе.

-Дозволете ми, на крајот во име на Исламската верска заедница на Република Македонија, нејзините органи и образовни и едукативни институции, како и од мое лично име, вам и на нашите сонародници кои живеат и дејствуваат во западните земји, Ви посакувам лесен пост. Нека преовладува мир насекаде во светот, љубов еден кон друг, кон нашите семејства, кон пријателите, кон соседите, но и почит и толеранција кон нашите сограѓани без разлика на етничка и верска припадност, вели во честитката Реисул-Улема Фетаи.

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 20 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 21 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник. Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најнеопходна порака за времето во кое живееме, што Рамазан му ја пренесува на нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака, посочува тој во честитката, се рефлектира преку солидарност и милосрдие кон луѓето на кои им е потребна, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде мразен и да се биде сиромашен. -Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните, а во срцата на луѓето буди љубов и сочувство. Пораката за зближување исто така е порака којашто ни ја пренесува овој благословен месец. Динамиката на модерното време, како и различните човечки потреби предизвикаа луѓето да се оддалечат едни од други, се оддалечат дури и најблиските членови на семејството. Преку семејните ифтари и суфири, Рамазан го обновува семејното единство, вертикално и хоризонтално. Друга многу важна порака што ни ја пренесува овој благословен месец е подигнувањето на моралот во општеството бидејќи Рамазан, го подобрува однесувањето на тој што пости со тоа што го отстранува од лошите дела, бидејќи постот не е дијета, или едноставно воздржување од храна, пијалок и страст, иако овие елементи го сочинуваат правниот аспект на валидноста на постот, но суштинската цел на постот е да го подигне моралот и побожноста на човекот, вели тој. Фетаи потенцира дека Рамазан во општеството ја пренесува пораката за учење, школување и образование, бидејќи во овој месец се објави величествениот Куран. Во овој аспект, Рамазан со право може да се смета за месец на науката, образованието, книгата, моливот, писмата и пишувањето. Правилното и суштинско разбирање на овој карактер на Рамазан, според Фетаи, носи придобивки не само за нас, туку и за целото човештво, бидејќи научните достигнувања не се монопол на одредени народи, туку се општи вредности од кои имаат корист сите луѓе. -Дозволете ми, на крајот во име на Исламската верска заедница на Република Македонија, нејзините органи и образовни и едукативни институции, како и од мое лично име, вам и на нашите сонародници кои живеат и дејствуваат во западните земји, Ви посакувам лесен пост. Нека преовладува мир насекаде во светот, љубов еден кон друг, кон нашите семејства, кон пријателите, кон соседите, но и почит и толеранција кон нашите сограѓани без разлика на етничка и верска припадност, вели во честитката Реисул-Улема Фетаи.  

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>
Почнува Рамазанскиот пост https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pochnuva-ramazanskiot-post-3/ Sat, 02 Apr 2022 06:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=482211

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа. По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник. Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.
Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.
Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.
Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.

The post Почнува Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>
Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/ Fri, 01 Apr 2022 08:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=481810

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.

The post Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.