ракометарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rakometarki/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 18:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ракометарки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rakometarki/ 32 32 Ракометарките со убедлива победа го заокружија пласманот на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometarkite-so-ubedliva-pobeda-go-zaokruzhija-plasmanot-na-ep/ Sun, 07 Apr 2024 18:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=763553

Женската сениорска ракометна репрезентација го завери пласманот на Европското првенство на едно коло пред крајот на квалификациите, но избраничките на Грчевски денеска покажаа дека неслучајно местото им е на завршниот турнир.

Нашите девојки со стил го заверија пласманот на континенталното натпреварување во меч во кој немаше голем императив за победа, но факт е дека сите покажаа максимално залагање и огромна желба за победа.

Македонија ја надигра Литванија и со 34:24 запиша четвртата победа во квалификациите, а триумфот е уште поважен ако се знае дека не играше Сара Ристовска.

Девојките на Грчевски ги контролираа случувањата на теренот во текот на целиот меч и беа за неколку класи подобри од ривалките, за што сведочи и двоцифрениот триумф остварен на крајот.

Ризоска и Седлоска беа најефикасни во нашиот табор со по шест постигнати гола, додека најдобра ракометарка на теренот беше Арчишевскаја од противничкиот тим која постигна дури десет погодоци.

The post Ракометарките со убедлива победа го заокружија пласманот на ЕП appeared first on Република.

]]>

Женската сениорска ракометна репрезентација го завери пласманот на Европското првенство на едно коло пред крајот на квалификациите, но избраничките на Грчевски денеска покажаа дека неслучајно местото им е на завршниот турнир. Нашите девојки со стил го заверија пласманот на континенталното натпреварување во меч во кој немаше голем императив за победа, но факт е дека сите покажаа максимално залагање и огромна желба за победа. Македонија ја надигра Литванија и со 34:24 запиша четвртата победа во квалификациите, а триумфот е уште поважен ако се знае дека не играше Сара Ристовска. Девојките на Грчевски ги контролираа случувањата на теренот во текот на целиот меч и беа за неколку класи подобри од ривалките, за што сведочи и двоцифрениот триумф остварен на крајот. Ризоска и Седлоска беа најефикасни во нашиот табор со по шест постигнати гола, додека најдобра ракометарка на теренот беше Арчишевскаја од противничкиот тим која постигна дури десет погодоци.

The post Ракометарките со убедлива победа го заокружија пласманот на ЕП appeared first on Република.

]]>
Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/danska-i-shvedska-izborija-polufinale-na-mundijalot-za-rakometarki/ Wed, 13 Dec 2023 21:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=722708

Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска.

Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот.

Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24.

Во полуфиналето ќе се соочат:

Шведска – Франција

Данска – Норвешка.

 

The post Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки appeared first on Република.

]]>

Репрезентациите на Шведска и на Данска ќе играат во полуфиналето на Светското ракометно првенство за жени. Ова е епилогот по вечерашните полуфинални средби на Мундијалот во Данска, Норвешка и Шведска. Во првото денешно полуфинале во Хернинг, Шведска ја победи Германија со 27:20. Победникот беше решен уште по првите 30 минути кои Швеѓанките ги добија со 16:6. Во второто полувреме Германија успеа само да го ублажи поразот. Во второто полуфинале играно исто така во Хернинг, домашната репрезентација на Данска беше поуспешна од Црна Гора со 26:24. Во полуфиналето ќе се соочат: Шведска – Франција Данска – Норвешка.  

The post Данска и Шведска изборија полуфинале на Мундијалот за ракометарки appeared first on Република.

]]>
Исчезнаа две ракометарки на Светското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/ischeznaa-dve-rakometarki-na-svetskoto-prvenstvo/ Fri, 08 Dec 2023 16:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=721074

Во Данска, Шведска и Норвешка се игра женското ракометно Светско првенство, а шведските медиуми откриваат скандал поврзан со селекцијата на Камерун. На последниот натпревар претставникот на Африка имаше “скратен“ ростер од само 14 ракометарки, иако во Шведска допатувале со 16 репрезентативки.

По победата над Парагвај 26:23, Камерун се пласираше во втората фаза од натпреварувањето, но оваа селекција има само 14 ракометарки на располагање за второто коло. Причината за ова е што две ракометарки на оваа екипа исчезнаа пред почетокот на натпреварувањето.

Бенедикте Манга Амбаса и Маријана Бутамаг помеѓу пријателскиот натпревар во Кан на 26 ноември и првиот дуел на Светското првенаство со Црна Гора ја напуштија репрезентацијата на 30 ноември и оттогаш никој не ги видел.

Четири ракометарки од репрезентацијата на Камерун исчезнаа и во Србија уште пред Светското првенство во 2021 година. Тогаш тоа беа Јасмин Јухум, Клариса Маџуфанг, Мишел Екобена и Амелија Мвуа. Исчезнаа во групната фаза кога Камерун меѓу другото играше со Србија, а потоа си замина петтата Жисела Нколо и Камерун остана со 11 играчи за трите бараж натпревари.

 

The post Исчезнаа две ракометарки на Светското првенство appeared first on Република.

]]>

Во Данска, Шведска и Норвешка се игра женското ракометно Светско првенство, а шведските медиуми откриваат скандал поврзан со селекцијата на Камерун. На последниот натпревар претставникот на Африка имаше “скратен“ ростер од само 14 ракометарки, иако во Шведска допатувале со 16 репрезентативки. По победата над Парагвај 26:23, Камерун се пласираше во втората фаза од натпреварувањето, но оваа селекција има само 14 ракометарки на располагање за второто коло. Причината за ова е што две ракометарки на оваа екипа исчезнаа пред почетокот на натпреварувањето. Бенедикте Манга Амбаса и Маријана Бутамаг помеѓу пријателскиот натпревар во Кан на 26 ноември и првиот дуел на Светското првенаство со Црна Гора ја напуштија репрезентацијата на 30 ноември и оттогаш никој не ги видел. Четири ракометарки од репрезентацијата на Камерун исчезнаа и во Србија уште пред Светското првенство во 2021 година. Тогаш тоа беа Јасмин Јухум, Клариса Маџуфанг, Мишел Екобена и Амелија Мвуа. Исчезнаа во групната фаза кога Камерун меѓу другото играше со Србија, а потоа си замина петтата Жисела Нколо и Камерун остана со 11 играчи за трите бараж натпревари.  

The post Исчезнаа две ракометарки на Светското првенство appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-zabelezhaa-vazhna-pobeda-na-gostuvaneto-kaj-litvanija/ Sun, 15 Oct 2023 16:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=691458

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2024, откако денес забележа значајна победа на гостувањето кај Литванија со 31:28.

На полувреме Македонките водеа со 17:15, на петнаесетина минути пред крајот резултатот беше нерешен 23:23, но на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Капитенот Сара Ристовски со девет голови беше најефикасна во победничкиот состав, Андреа Седлоска постигна осум погодоци без промашување.

Македонската и шпанската репрезентација со по две победи се на првите две места во Групата-5, Литванија и Азербејџан се без бодови по двете одиграни кола.

Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани, а шанса има и третопласираната.

The post Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2024, откако денес забележа значајна победа на гостувањето кај Литванија со 31:28. На полувреме Македонките водеа со 17:15, на петнаесетина минути пред крајот резултатот беше нерешен 23:23, но на крајот заслужено ги освоија бодовите. Капитенот Сара Ристовски со девет голови беше најефикасна во победничкиот состав, Андреа Седлоска постигна осум погодоци без промашување. Македонската и шпанската репрезентација со по две победи се на првите две места во Групата-5, Литванија и Азербејџан се без бодови по двете одиграни кола. Пласман на Европското првенство обезбедуваат двете првопласирани, а шанса има и третопласираната.

The post Македонските ракометарки забележаа важна победа на гостувањето кај Литванија appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-pretposledni-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo/ Sat, 15 Jul 2023 13:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=661684

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.

По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство.

Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир.

На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).

The post Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада попладнево Хрватска со 31-26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место. По шесте последователни порази, македонските ракометарки денеска во Миовени за противник ја имаа Хрватска во натпревар во кој двете репрезентации посакуваа со победа да го избегнат последното место на Европското првенство. Македонските ракометарки беа поквалитетни на паркетот и до полувремето стекнаа двоцифрена предност од 18-8. Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28-25, но избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска го издржаа притисокот и со победа го завршија настапот на континенталниот собир. На денешниот триумф претходеа поразите од Црна Гора (33-29), Данска (39-27), Чешка (29-24), Норвешка (29-23), Србија (30-19) и Исланд (35-29).

The post Македонските ракометарки претпоследни на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>
Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/nov-poraz-na-makedonskite-rakometarki-na-evropskoto-juniorsko-prvenstvo/ Fri, 14 Jul 2023 13:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=661399

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место.

Најефикасна во македонските редови беше Анастасија Трпеска со шест голови, а еден помалку постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска.

Во завршниот натпревар на ЕП во Романија, избраничките на селекторот Јулија Дамчевска ќе се обидат да го избегнат последното место, а противник во натпреварот за 15 место ќе биде поразениот тим од дуелот меѓу Србија и Хрватска.

 

The post Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација го претрпе шестиот пораз во низа на ЕХФ Европското првенство, откако попладнево во романскиот град Миовени загуби од Исланд со 35-29 (20-15) во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место. Најефикасна во македонските редови беше Анастасија Трпеска со шест голови, а еден помалку постигнаа Сара Стефаноска и Марија Јанкуловска. Во завршниот натпревар на ЕП во Романија, избраничките на селекторот Јулија Дамчевска ќе се обидат да го избегнат последното место, а противник во натпреварот за 15 место ќе биде поразениот тим од дуелот меѓу Србија и Хрватска.  

The post Нов пораз на македонските ракометарки на Европското јуниорско првенство appeared first on Република.

]]>
Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rakometarkite-so-pesna-stignaa-vo-boris-trajkovski/ Sat, 05 Nov 2022 16:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=570121

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од 10 години повторно е на големите натпреварувања, откао во следните шеснаесет дена заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на Европското првенство.

„Црвено-жолтите“ девојки ги очекува натпревар против Франција на отворањето на шампионатот, а во СЦ „Борис Трајковски“ тие пристигнаа со песна. Натпреварот меѓу Македонија и Франција е со почеток во 18 часот.

Видеото од стигнувањето на нашите ракометарки можете да го проследите на следниот линк.

 

The post Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од 10 години повторно е на големите натпреварувања, откао во следните шеснаесет дена заедно со Словенија и Црна Гора ќе биде домаќин на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ девојки ги очекува натпревар против Франција на отворањето на шампионатот, а во СЦ „Борис Трајковски“ тие пристигнаа со песна. Натпреварот меѓу Македонија и Франција е со почеток во 18 часот. Видеото од стигнувањето на нашите ракометарки можете да го проследите на следниот линк.  

The post Ракометарките со песна стигнаа во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
Јужна Кореја го освои ракометниот Мундијал за девојки до 18 години одржан во Скопје https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/juzna-koreja-ja-osvoi-titulata-na-rakometniot-mundijal-za-devojki-do-18-godini-odrzan-vo-skopje/ Wed, 10 Aug 2022 21:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=538889

Ракометарките на Јужна Кореја ја освоија титулата на Светското првенство за девојки до 18 години што изминатите две недели се играше во Скопје.

Во СЦ „Борис Трајковски“, корејските јуниорки во финалето славеа победа над врсничките од Данска со 31:28.

Во предигра на големото финале, Унгарија ја победи Холандија со 27:26, со што го освои бронзениот медал.

На овој шампионат во добро издание се покажаа македонските ракометарки кои беа многу блиску до пласман во четвртфиналето, но на крајот го освоија 12. место.

The post Јужна Кореја го освои ракометниот Мундијал за девојки до 18 години одржан во Скопје appeared first on Република.

]]>

Ракометарките на Јужна Кореја ја освоија титулата на Светското првенство за девојки до 18 години што изминатите две недели се играше во Скопје. Во СЦ „Борис Трајковски“, корејските јуниорки во финалето славеа победа над врсничките од Данска со 31:28. Во предигра на големото финале, Унгарија ја победи Холандија со 27:26, со што го освои бронзениот медал. На овој шампионат во добро издание се покажаа македонските ракометарки кои беа многу блиску до пласман во четвртфиналето, но на крајот го освоија 12. место.

The post Јужна Кореја го освои ракометниот Мундијал за девојки до 18 години одржан во Скопје appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometarki-so-poraz-od-turcija-startuvaa-na-mediteranskite-igri/ Thu, 30 Jun 2022 15:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=521679

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови.

Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>

Македонската женска ракометна репрезентација загуби попладнево од Турција со 27:34 (16:19) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Најефикасна во македонските редови беше Јована Кипријановска со шест погодоци. Гол помалку постигна Ивана Џатевска, додека Теодора Дукоска и Борјана Коцева натпреварот го завршија со по четири голови. Втор противник на македонските ракометарки на Медитеранските игри ќе биде Србија, а натпреварот е закажан за утре со почеток во 13:15 по македонско време.

The post Македонските ракометарки со пораз од Турција стартуваа на Медитеранските игри appeared first on Република.

]]>