ракетен систем Патриот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raketen-sistem-patriot/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 06:07:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ракетен систем Патриот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raketen-sistem-patriot/ 32 32 Украина ќе добие ракетни системи Патриот од Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ke-dobie-raketni-sistemi-patriot-od-germanija/ Thu, 10 Aug 2023 06:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=670551

Германија и Украина се договорија Киев да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.

„Денеска дојде добрата вест од Германија - токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот.Ова е неопходно за заштита на нашиот народ од рускиот терор“, рече Зеленски.

Претходно вчера Германија објави дека е подготвена да испрати уште два система Патриот во Украина.

Копнените системи за ПВО како што се системите Патриотсе дизајнирани да соборуваат проектили во воздухот.

Но, тие во моментов се во ограничен број во НАТО бидејќи по завршувањето на Студената војна, многу од сојузниците во алијансата одлучија да ги намалат своите сили за воздушна одбрана, јавија германски медиуми

The post Украина ќе добие ракетни системи Патриот од Германија appeared first on Република.

]]>

Германија и Украина се договорија Киев да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање. „Денеска дојде добрата вест од Германија - токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот.Ова е неопходно за заштита на нашиот народ од рускиот терор“, рече Зеленски. Претходно вчера Германија објави дека е подготвена да испрати уште два система Патриот во Украина. Копнените системи за ПВО како што се системите Патриотсе дизајнирани да соборуваат проектили во воздухот. Но, тие во моментов се во ограничен број во НАТО бидејќи по завршувањето на Студената војна, многу од сојузниците во алијансата одлучија да ги намалат своите сили за воздушна одбрана, јавија германски медиуми

The post Украина ќе добие ракетни системи Патриот од Германија appeared first on Република.

]]>
Зеленски во посета на САД, очекува да добие противракетен систем „Патриот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-vo-poseta-na-sad-ochekuva-da-dobie-protivraketen-sistem-patriot/ Wed, 21 Dec 2022 07:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=588202

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе зборува пред Конгресот. Во фокусот на разговорите е нова помош за Украина.

Украинскиот претседател на своето прво патување во странство од почетокот на руската инвазија во Украина, ќе ги посети САД. Вашингтон утрово ја потврди информацијата. Володимир Зеленски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и ќе се обрати пред Конгресот. Централна тема на разговорите на украинскиот претседател ќе бидат можностите за одбрана на Украина. Од извори на Белата куќа се вели дека Бајден при средбата со Зеленски ќе ја соопшти одлуката за испорачување на американските системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина.

Од почетокот на руската агресорска војна против Украина на 24 февруари годинава, Зеленски не ја напушти својата земја. За настапи на светската политичка бина, како на пример на самитот на Г7 во германскиот Елмау, тој беше вклучуван преку видео врска. Зеленски во повеќе наврати беше во посета на завојуваните области, за разлика од рускиот претседател Владимир Путин,кој ниеднаш не беше на фронтот.

САД од почетокот на војната, пружијавоена поддршка на Украинаво обем од повеќе милијарди. Денеска се очекува соопштување на нов пакет воена помош од две милијарди долари, изјави висок американски функционер, вклучувајќи ги и системите Патриот. Според експертите, испораката на овој противвоздушен антиракетен систем ќе значи ново мешање на картите во војната во Украина, тој е способен да врши одбрана од авиони, ракети и дронови и на голема далечина. Американски претставник соопшти дека обуката на украинските војници за системот Патриот ќе се врши во трета земја, без да дава подетални податоци.

Москва неодамна го предупреди Вашингтон од лиферување на системот Патриот на Киев, со закана дека како и останатото тешко оружје, ќе биде примарна мета на руската војска.

„САД не се во директна војна со Русија“, подвлече во меѓувреме претставник на американската влада, а тоа нема да се промени ни со посетата на Зеленски и испораката на системот Патриот. „Станува збор за тоа да се упати порака до Путин и до светот дека САД ќе ја поддржуваат Украина толку долго колку што ќе биде потребно“, истакна американскиот претставник.

The post Зеленски во посета на САД, очекува да добие противракетен систем „Патриот“ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе зборува пред Конгресот. Во фокусот на разговорите е нова помош за Украина. Украинскиот претседател на своето прво патување во странство од почетокот на руската инвазија во Украина, ќе ги посети САД. Вашингтон утрово ја потврди информацијата. Володимир Зеленски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и ќе се обрати пред Конгресот. Централна тема на разговорите на украинскиот претседател ќе бидат можностите за одбрана на Украина. Од извори на Белата куќа се вели дека Бајден при средбата со Зеленски ќе ја соопшти одлуката за испорачување на американските системи за противвоздушна одбрана Патриот на Украина. Од почетокот на руската агресорска војна против Украина на 24 февруари годинава, Зеленски не ја напушти својата земја. За настапи на светската политичка бина, како на пример на самитот на Г7 во германскиот Елмау, тој беше вклучуван преку видео врска. Зеленски во повеќе наврати беше во посета на завојуваните области, за разлика од рускиот претседател Владимир Путин,кој ниеднаш не беше на фронтот. САД од почетокот на војната, пружијавоена поддршка на Украинаво обем од повеќе милијарди. Денеска се очекува соопштување на нов пакет воена помош од две милијарди долари, изјави висок американски функционер, вклучувајќи ги и системите Патриот. Според експертите, испораката на овој противвоздушен антиракетен систем ќе значи ново мешање на картите во војната во Украина, тој е способен да врши одбрана од авиони, ракети и дронови и на голема далечина. Американски претставник соопшти дека обуката на украинските војници за системот Патриот ќе се врши во трета земја, без да дава подетални податоци. Москва неодамна го предупреди Вашингтон од лиферување на системот Патриот на Киев, со закана дека како и останатото тешко оружје, ќе биде примарна мета на руската војска. „САД не се во директна војна со Русија“, подвлече во меѓувреме претставник на американската влада, а тоа нема да се промени ни со посетата на Зеленски и испораката на системот Патриот. „Станува збор за тоа да се упати порака до Путин и до светот дека САД ќе ја поддржуваат Украина толку долго колку што ќе биде потребно“, истакна американскиот претставник.

The post Зеленски во посета на САД, очекува да добие противракетен систем „Патриот“ appeared first on Република.

]]>
САД испрќаат ракетен систем „Патриот“ во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-isprkjaat-raketen-sistem-patriot-vo-polska/ Wed, 09 Mar 2022 07:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=469859

САД испраќаат две ракетни батерии „Патриот“ во Полска како „одбранбено распоредување“ што ќе се спротивстави на каква било потенцијална закана за сојузниците на НАТО за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на Европската команда (ЕУКОМ).

„По инструкции на министерот за одбрана и на покана на нашите полски сојузници, генерал Волтерс, командант на европската команда, нареди на американската војска во Европа и Африка да префрли две батерии ‘Патриот’ во Полска“, наведе капетанот Адам Милер, портпарол на ЕУКОМ, јави Си-Ен-Ен.

„Ова е претпазлива мерка за заштита на силите за поддршка на нашата посветеност на член пет и на кој било начин нема да поддржи никакви офанзивни операции. Секој чекор што го преземаме има за цел да ја одврати агресијата и да ги убеди нашите сојузници“, се вели во соопштението, повикувајќи се на принципот дека нападот на една членка на НАТО е напад врз сите членки.

Ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ се наменети за спротивставување и уништување балистички ракети со краток дострел, модерни авиони и крстаречки ракети, наведува Си-Ен-Ен

The post САД испрќаат ракетен систем „Патриот“ во Полска appeared first on Република.

]]>

САД испраќаат две ракетни батерии „Патриот“ во Полска како „одбранбено распоредување“ што ќе се спротивстави на каква било потенцијална закана за сојузниците на НАТО за време на руската инвазија на Украина, изјави портпаролот на Европската команда (ЕУКОМ). „По инструкции на министерот за одбрана и на покана на нашите полски сојузници, генерал Волтерс, командант на европската команда, нареди на американската војска во Европа и Африка да префрли две батерии ‘Патриот’ во Полска“, наведе капетанот Адам Милер, портпарол на ЕУКОМ, јави Си-Ен-Ен. „Ова е претпазлива мерка за заштита на силите за поддршка на нашата посветеност на член пет и на кој било начин нема да поддржи никакви офанзивни операции. Секој чекор што го преземаме има за цел да ја одврати агресијата и да ги убеди нашите сојузници“, се вели во соопштението, повикувајќи се на принципот дека нападот на една членка на НАТО е напад врз сите членки. Ракетните системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ се наменети за спротивставување и уништување балистички ракети со краток дострел, модерни авиони и крстаречки ракети, наведува Си-Ен-Ен

The post САД испрќаат ракетен систем „Патриот“ во Полска appeared first on Република.

]]>