ракета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raketa/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ракета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raketa/ 32 32 Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-rusija-isprati-avtomatsko-predupreduvane-do-sad-za-lansiraneto-na-orevokrshachka-30-minuti-porano/ Fri, 22 Nov 2024 12:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=840827

Русија испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел - објасни Песков.

Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим.

Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање.

Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.

The post Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано appeared first on Република.

]]>

Русија испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел - објасни Песков. Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим. Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање. Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.

The post Песков: Русија испрати автоматско предупредување до САД за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано appeared first on Република.

]]>
Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-za-lansiraneto-nova-raketa-kon-ukraina-go-dobivte-toa-shto-go-pobaravte/ Fri, 22 Nov 2024 08:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=840668

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“.

„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

The post Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во својата објава на социјалната мрежа Х, во врска со рускиот напад врз Украина со хиперсонична балистичка ракета, рече „го добивте тоа што го побаравте“. „Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев со објавеното видео од нападот, пренесува N1. Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрелала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, која, како што рече, современите системи немаат начин да се спротивстават. „Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран удар врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин. Тој објасни дека станува збор за тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

The post Медведев за лансирањето нова ракета кон Украина: Го добивте тоа што го побаравте appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја истрела ракета со краток дострел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-istrela-raketa-so-kratok-dostrel/ Tue, 05 Nov 2024 08:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=834243

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.

Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“. 

 

The post Северна Кореја истрела ракета со краток дострел appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја утринава истрела балистичка ракета со краток дострел кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската војска.

Пет дена пред денешното лансирање, Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета.

Во очекување на нови лансирања, нашите вооружени сили го засилија надзорот, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека споделува информации со Јапонија и САД.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба пред новинарите во Токио потврди лансирање на „неколку балистички ракети“. 

 

The post Северна Кореја истрела ракета со краток дострел appeared first on Република.

]]>
Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kakva-raketa-e-jehrion-3-so-koja-izrael-planira-da-go-gaga-iran/ Tue, 08 Oct 2024 19:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=823862

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“.

Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“. Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>
Ракета од Јемен истрелана кон Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raketa-od-jemen-istrelana-kon-izrael/ Sun, 15 Sep 2024 07:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=816448

Сирените за воздушна тревога синоќа се огласија во централниот дел на Израел поради ракета истрелана од Јемен.

Ракетата земја-земја беше истрелана кон централниот дел на Израел и падна во ненаселен регион. Во нападот нема човечки жртви и причинета материјална штета.

Израелската армија соопшти дека ракетата била пресретната.

Јеменските бунтовници Хути во јули истрелаа беспилотно летало со долг дострел врз Тел Авив, при што едно лице загина, а четворица беа повредени.

Израел возврати и го рекетираше на јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа три лица, а 87 беа повредени.

The post Ракета од Јемен истрелана кон Израел appeared first on Република.

]]>

Сирените за воздушна тревога синоќа се огласија во централниот дел на Израел поради ракета истрелана од Јемен. Ракетата земја-земја беше истрелана кон централниот дел на Израел и падна во ненаселен регион. Во нападот нема човечки жртви и причинета материјална штета. Израелската армија соопшти дека ракетата била пресретната. Јеменските бунтовници Хути во јули истрелаа беспилотно летало со долг дострел врз Тел Авив, при што едно лице загина, а четворица беа повредени. Израел возврати и го рекетираше на јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа три лица, а 87 беа повредени.

The post Ракета од Јемен истрелана кон Израел appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-testirashe-taktichki-balistichki-raketi-so-nov-sistem-za-naveduvane/ Sat, 18 May 2024 09:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=779430

Cеверна Кореја објави дека тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Cеверна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух.

The post Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја објави дека тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Cеверна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море. Тестирањето се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух.

The post Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување appeared first on Република.

]]>
Русите се засилија со моќната интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-se-zasilija-so-moknata-interkontinentalna-balistichka-raketa-bulava/ Tue, 14 May 2024 17:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=778026

Руската интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, која ја разви Московскиот институт за топлинска технологија, влезе во служба на вооружените сили на Русија, соопшти денеска главниот конструктор на институтот Јуриј Соломонов.

На 7 мај годинава беше потпишан указ за прифаќање на ракетниот систем „Булава“ за употреба во вооружените сили, изјави Соломонов за руските медиуми.

Во ноември минатата година руското Министерство за одбрана објави дека подморницата „Цар Александар III“ успешно тестираше балистичка ракета „Булава“.

The post Русите се засилија со моќната интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ appeared first on Република.

]]>

Руската интерконтинентална балистичка ракета „Булава“, која ја разви Московскиот институт за топлинска технологија, влезе во служба на вооружените сили на Русија, соопшти денеска главниот конструктор на институтот Јуриј Соломонов.
На 7 мај годинава беше потпишан указ за прифаќање на ракетниот систем „Булава“ за употреба во вооружените сили, изјави Соломонов за руските медиуми.
Во ноември минатата година руското Министерство за одбрана објави дека подморницата „Цар Александар III“ успешно тестираше балистичка ракета „Булава“.

The post Русите се засилија со моќната интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ appeared first on Република.

]]>
Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-na-11-april-ke-izvrshi-novo-probno-lansirane-na-teshkata-raketa-nosach-angara-a5/ Wed, 10 Apr 2024 13:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=764601

Уште еден обид за пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е закажан за 11 април, изјави денеска генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос, Јуриј Борисов.

Вчерашниот обид за лансирање беше неуспешен поради дефект на системот за надополнување на резервоарот со оксидатор на централната единица и пробното лансирање беше автоматски откажано две минути пред лансирањето, пренесоа руските медиуми.

Денешното лансирање, планирано да биде изведено во 9 часот по московско време, е одложено.

 

The post Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ appeared first on Република.

]]>

Уште еден обид за пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток е закажан за 11 април, изјави денеска генералниот директор на Државната вселенска корпорација Роскосмос, Јуриј Борисов. Вчерашниот обид за лансирање беше неуспешен поради дефект на системот за надополнување на резервоарот со оксидатор на централната единица и пробното лансирање беше автоматски откажано две минути пред лансирањето, пренесоа руските медиуми. Денешното лансирање, планирано да биде изведено во 9 часот по московско време, е одложено.  

The post Русија на 11 април ќе изврши ново пробно лансирање на тешката ракета-носач „Ангара-А5“ appeared first on Република.

]]>
Јапонија успешно лансираше нова ракета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-uspeshno-lansirashe-nova-raketa/ Sat, 17 Feb 2024 08:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=745054

Јапонија денеска успешно лансираше нова ракета Х3 од вселенскиот центар „Танегашима“ во префектурата Кагошима, една година по неуспешниот обид.

Ракетата H3 влезе во орбитата и постави сателит и два функционални микросателити, објави Јапонската агенција за истражување на воздухопловството, објави Кјодо.

Х3 конечно успеа, лансирањето беше успешно, рече менаџерот на проектот за лансирање на ракетата Масаши Окада.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го поздрави успешното лансирање на ракетата од домашно производство, наведувајќи на платформата „Икс“ дека сака да им оддаде почит на напорите на сите луѓе кои учествуваа во проектот во претходните години, додавајќи дека се надева оти ќе продолжи напредокот во таа област.

The post Јапонија успешно лансираше нова ракета appeared first on Република.

]]>

Јапонија денеска успешно лансираше нова ракета Х3 од вселенскиот центар „Танегашима“ во префектурата Кагошима, една година по неуспешниот обид. Ракетата H3 влезе во орбитата и постави сателит и два функционални микросателити, објави Јапонската агенција за истражување на воздухопловството, објави Кјодо.
Х3 конечно успеа, лансирањето беше успешно, рече менаџерот на проектот за лансирање на ракетата Масаши Окада.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида го поздрави успешното лансирање на ракетата од домашно производство, наведувајќи на платформата „Икс“ дека сака да им оддаде почит на напорите на сите луѓе кои учествуваа во проектот во претходните години, додавајќи дека се надева оти ќе продолжи напредокот во таа област.

The post Јапонија успешно лансираше нова ракета appeared first on Република.

]]>
САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-unishtile-protivbrodska-raketa-na-hutite-vo-jemen-nasochena-kon-tsrvenoto-more/ Sat, 27 Jan 2024 09:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=737404

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.

Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.

Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.
Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.
Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Јапонија ги предупреди жителите да најдат засолниште: Северна Кореја лансирала ракета, невидена драма https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-gi-predupredi-zhitelite-da-najdat-zasolnishte-severna-koreja-lansirala-raketa-nevidena-drama/ Tue, 21 Nov 2023 15:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=714859

Северна Кореја ја информирала Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 22 ноември и 1 декември, а Токио и Сеул сметаат дека тоа би можел да биде трет обид за поставување шпионски сателит во орбитата. Јапонската крајбрежна стража соопшти денес дека Северна Кореја испратила известување за лансирање во насока на Жолто и Источнокинеско Море.

Државната агенција за поморска безбедност на Јужна Кореја издала предупредување за бродовите за планираното лансирање за истите подрачја како и претходните лансирања. Северна Кореја претходно годинава веќе двапати се обид да лансира, како што соопшти, шпионски сателити, но неуспешно.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида ги осуди плановите на Пјонгјанг и кажа дека одбранбените системи на неговата земја, вклучувајќи ги разурнувачите и противвоздушната одбрана, се спремни за секоја неочекувана ситуација.

Дури и ако целта е лансирање сателит, користењето технологија на балистички проектили претставува кршење на низа резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тоа е прашање кое прилично влијае на националната безбедност, кажа Кишида.

Пјонгјанг своите вселенски и воени ракетни програми ги смета за суверено прави и планира да има флота сателити за следење на потезите на американските и јужнокорејските сили. Јакнењето на воената моќ е суверено право на Северна Кореја и тоа е одговор на системот за вселенски надзор предводен од САД, јави државната новинска агенција КЦНА.

Аналитичарите наведуваат дека шпионските сателити се клучни за унапредување на севернокорејското оружје.

Ова е прво лансирање од септември кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети рускиот космодром, каде рускиот претседател Владимир Путин му вети помош во развојот на сателитите. Јужна Кореја планира да го лансира својот прв набљудувачки сателит на 30 ноември од Калифорнија со помош од САД.

The post Јапонија ги предупреди жителите да најдат засолниште: Северна Кореја лансирала ракета, невидена драма appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја ја информирала Јапонија дека планира да лансира сателит меѓу 22 ноември и 1 декември, а Токио и Сеул сметаат дека тоа би можел да биде трет обид за поставување шпионски сателит во орбитата. Јапонската крајбрежна стража соопшти денес дека Северна Кореја испратила известување за лансирање во насока на Жолто и Источнокинеско Море. Државната агенција за поморска безбедност на Јужна Кореја издала предупредување за бродовите за планираното лансирање за истите подрачја како и претходните лансирања. Северна Кореја претходно годинава веќе двапати се обид да лансира, како што соопшти, шпионски сателити, но неуспешно. Јапонскиот премиер Фумио Кишида ги осуди плановите на Пјонгјанг и кажа дека одбранбените системи на неговата земја, вклучувајќи ги разурнувачите и противвоздушната одбрана, се спремни за секоја неочекувана ситуација. Дури и ако целта е лансирање сателит, користењето технологија на балистички проектили претставува кршење на низа резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тоа е прашање кое прилично влијае на националната безбедност, кажа Кишида. Пјонгјанг своите вселенски и воени ракетни програми ги смета за суверено прави и планира да има флота сателити за следење на потезите на американските и јужнокорејските сили. Јакнењето на воената моќ е суверено право на Северна Кореја и тоа е одговор на системот за вселенски надзор предводен од САД, јави државната новинска агенција КЦНА. Аналитичарите наведуваат дека шпионските сателити се клучни за унапредување на севернокорејското оружје. Ова е прво лансирање од септември кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети рускиот космодром, каде рускиот претседател Владимир Путин му вети помош во развојот на сателитите. Јужна Кореја планира да го лансира својот прв набљудувачки сателит на 30 ноември од Калифорнија со помош од САД.

The post Јапонија ги предупреди жителите да најдат засолниште: Северна Кореја лансирала ракета, невидена драма appeared first on Република.

]]>
Најмоќнатра ракета на Елон Маск експлодираше по само 10 минути https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/najmoknatra-raketa-na-elon-mask-eksplodirashe-po-samo-10-minuti/ Sat, 18 Nov 2023 17:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=702962

„Спејс Икс“ (SpaceX) денеска соопшти дека биле принудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи џиновската ракета „Ѕвезден брод“ (Starship), со која беше изгубен контакт на осум минути по лансирањето, да скршне од курсот.Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата на компанијата која наведе дека не можеле да примаат податоци од втората фаза на „Ѕвездениот брод“ и затоа ја активирале функцијата за самоуништување, по што ракетата експлодирала.

Новата џиновска ракета на „Спејс Икс“ денеска беше ланирана од американската држава Тексас како дел од вториот пробен лет, седум месеци откако првиот обид заврши со експлозија.

Ракетата „Ѕвезден брод“ долга 121 метар полета над Мексиканскиот залив, а целта била да се одвои телото на ракетата од горивниот дел и да се испрати во вселената.

“Спејс Икс“ имаше за цел на височина од 150 милји (240 километри) за да го испрати леталото околу светот пред да се спушти во Пацификот, во близина на Хаваи, на околу час и половина по полетувањето, без да ја мине целата орбита, јавуваат американските меидуми.

„Ѕвездениот брод“ е најголемата и најмоќната ракета што некогаш била направена. Нејзиниот прв лет во април траеше само четири минути, а остатоците од авионот паднаа во морето. Оттогаш, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск направи десетици подобрувања на ракетата и нејзините 33 мотори, како и на лансирната рампа.

The post Најмоќнатра ракета на Елон Маск експлодираше по само 10 минути appeared first on Република.

]]>

„Спејс Икс“ (SpaceX) денеска соопшти дека биле принудени да го активираат системот за завршување на летот за да се спречи џиновската ракета „Ѕвезден брод“ (Starship), со која беше изгубен контакт на осум минути по лансирањето, да скршне од курсот.Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата на компанијата која наведе дека не можеле да примаат податоци од втората фаза на „Ѕвездениот брод“ и затоа ја активирале функцијата за самоуништување, по што ракетата експлодирала. Новата џиновска ракета на „Спејс Икс“ денеска беше ланирана од американската држава Тексас како дел од вториот пробен лет, седум месеци откако првиот обид заврши со експлозија. Ракетата „Ѕвезден брод“ долга 121 метар полета над Мексиканскиот залив, а целта била да се одвои телото на ракетата од горивниот дел и да се испрати во вселената. “Спејс Икс“ имаше за цел на височина од 150 милји (240 километри) за да го испрати леталото околу светот пред да се спушти во Пацификот, во близина на Хаваи, на околу час и половина по полетувањето, без да ја мине целата орбита, јавуваат американските меидуми. „Ѕвездениот брод“ е најголемата и најмоќната ракета што некогаш била направена. Нејзиниот прв лет во април траеше само четири минути, а остатоците од авионот паднаа во морето. Оттогаш, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск направи десетици подобрувања на ракетата и нејзините 33 мотори, како и на лансирната рампа.

The post Најмоќнатра ракета на Елон Маск експлодираше по само 10 минути appeared first on Република.

]]>
Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-uspeshno-lansirashe-raketa-treba-da-sleta-na-mesechinata-za-nekolku-mesetsi/ Thu, 07 Sep 2023 08:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=679579

Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци - со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта.

По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан.

Месечевата лабраторија наречена „СЛИМ“ би требало да слета на Месечината за четири до шест месеци. Целта е проучување на карпите на Месечината, како и внатрешноста којашто засега е слабо истражена.

The post Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци appeared first on Република.

]]>

Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци - со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта. По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот во Танегашима на брегот на Тихиот Океан. Месечевата лабраторија наречена „СЛИМ“ би требало да слета на Месечината за четири до шест месеци. Целта е проучување на карпите на Месечината, како и внатрешноста којашто засега е слабо истражена.

The post Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци appeared first on Република.

]]>
Северна Кореја истрела две балистички ракети во Јапонското Море по пристигнувањето на американска подморница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-istrela-dve-balistichki-raketi-vo-japonskoto-more-po-pristignuvaneto-na-amerikanska-podmornitsa/ Mon, 24 Jul 2023 19:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=664889

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море, неколку часа откако американска подморница на нуклеарен погон пристигна во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.

Ова беше трето лансирање од страна на Северна Кореја во последните седум дена, во знак на протест поради тоа што САД испратија голема количина поморска опрема во Јужна Кореја.

Северна Кореја околу полноќ по локално време истрела две ракети од област во близина на главниот град Пјонгјанг, соопшти јужнокорејската војска. Во соопштението се наведува дека двата проектили летале околу 400 километри пред да паднат во Јапонското Море источно од Корејскиот Полуостров.

Војската на Јужна Кореја го осуди лансирањето на ракетата како „сериозна провокација“ која ги загрозува мирот и стабилноста и нагласи дека соработува со американската војска на заострување на надзорот над воените активности на Северна Кореја.

Неколку часа пред лансирањето на севернокорејската ракета, јужнокорејската морнарица соопшти дека американската подморница на нуклеарен погон „Анаполис“ пристигнала во пристаништето на островот Џеџу.

Минатата недела првата американска нуклеарна подморница Кентаки пристигна во Јужна Кореја, како прва од 1980-тите.

Северна Кореја одговори на нејзиното пристигнување со истрелување балистички и крстаречки ракети, што беше протолкувано како предупредување од Пјонгјанг дека може да изврши нуклеарни напади врз Јужна Кореја и американските бродови.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети во Јапонското Море по пристигнувањето на американска подморница appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја денеска истрела две балистички ракети со краток дострел во Јапонското Море, неколку часа откако американска подморница на нуклеарен погон пристигна во Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска. Ова беше трето лансирање од страна на Северна Кореја во последните седум дена, во знак на протест поради тоа што САД испратија голема количина поморска опрема во Јужна Кореја. Северна Кореја околу полноќ по локално време истрела две ракети од област во близина на главниот град Пјонгјанг, соопшти јужнокорејската војска. Во соопштението се наведува дека двата проектили летале околу 400 километри пред да паднат во Јапонското Море источно од Корејскиот Полуостров. Војската на Јужна Кореја го осуди лансирањето на ракетата како „сериозна провокација“ која ги загрозува мирот и стабилноста и нагласи дека соработува со американската војска на заострување на надзорот над воените активности на Северна Кореја. Неколку часа пред лансирањето на севернокорејската ракета, јужнокорејската морнарица соопшти дека американската подморница на нуклеарен погон „Анаполис“ пристигнала во пристаништето на островот Џеџу. Минатата недела првата американска нуклеарна подморница Кентаки пристигна во Јужна Кореја, како прва од 1980-тите. Северна Кореја одговори на нејзиното пристигнување со истрелување балистички и крстаречки ракети, што беше протолкувано како предупредување од Пјонгјанг дека може да изврши нуклеарни напади врз Јужна Кореја и американските бродови.

The post Северна Кореја истрела две балистички ракети во Јапонското Море по пристигнувањето на американска подморница appeared first on Република.

]]>
Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kim-severna-koreja-istrela-balistichka-raketa-za-da-predizvika-strav-kaj-neprijatelite/ Fri, 17 Mar 2023 08:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=620602

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“.

Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на севернокорејски нуклеарни закани.

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките.воени вежби на САД и Јужна Кореја.

Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, соопшти КЦНА.

 

The post Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“. Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на севернокорејски нуклеарни закани. Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките.воени вежби на САД и Јужна Кореја. Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, соопшти КЦНА.  

The post Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите appeared first on Република.

]]>
Русија од подморница лансираше крстаречка ракета „Калибр“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-od-podmornitsa-lansirashe-krstarechka-raketa-kalibr/ Fri, 03 Mar 2023 08:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=615344

Руското Министерство за одбрана соопшти дека на воените вежби во Јапонското Море, од подморница е лансирана крстаречка ракета „Калибр“ кон копнена цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, пренесоа британските медиуми.

Министерството објави и видео на кое се гледа како проектилот излегува од под водата, а потоа погодува цел во тренинг област во источниот дел на руската територија Хабаровск.

Москва, која имаше повеќедецениски територијален спор со Токио за Курилските острови во Тихиот Океан, соопшти дека во вежбата учествувале и неодреден број бродови, авиони и беспилотни летала.

Британските медиуми забележуваат дека Москва и во војната во Украина користеше ракети „Калибр“ за напад врз повеќе цели, вклучувајќи и електрани, лансирајќи ги од бродовите и подморниците во Црното Море.

The post Русија од подморница лансираше крстаречка ракета „Калибр“ appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека на воените вежби во Јапонското Море, од подморница е лансирана крстаречка ракета „Калибр“ кон копнена цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, пренесоа британските медиуми. Министерството објави и видео на кое се гледа како проектилот излегува од под водата, а потоа погодува цел во тренинг област во источниот дел на руската територија Хабаровск. Москва, која имаше повеќедецениски територијален спор со Токио за Курилските острови во Тихиот Океан, соопшти дека во вежбата учествувале и неодреден број бродови, авиони и беспилотни летала. Британските медиуми забележуваат дека Москва и во војната во Украина користеше ракети „Калибр“ за напад врз повеќе цели, вклучувајќи и електрани, лансирајќи ги од бродовите и подморниците во Црното Море.

The post Русија од подморница лансираше крстаречка ракета „Калибр“ appeared first on Република.

]]>
Пјонгјанг лансираше ракета која може да стигне до територијата на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pjongjang-lansirashe-raketa-koja-moze-da-stigne-do-teritorijata-na-sad/ Fri, 18 Nov 2022 08:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=575249

Северна Кореја повторно лансираше интерконтинентална ракета која теоретски може да стигне до САД. Демонстрацијата на моќ од страна на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун го засени Азиско-пацифичкиот самит во Бангкок, каде е најавена итна седница на САД, Јужна Кореја и други држави.

Интерконтиненталните ракети (ИЦБМ) се сметаат за најважни носачи на атомско оружје. Владите во Сеул и Токио денеска (18.11) ја обвинија Северна Кореја за сериозна провокација. Националниот совет за безбедност на Белата куќа во Вашингтон го осуди тестирањето на „балистичка ракета со долг дострел“ и го повика Пјонгјанг на сериозни преговори.

По лансирањето од регионот околу Пјонгјанг, ракетата летнала во насока на исток, кон морето, соопшти генералштабот на Јужна Кореја. Ракетата, како што соопшти јапонскиот премиер Фумио Кишида, најверојатно паднала во ексклузивната економска зона на Јапонија во морето, на околу 300 километри пред брегот.

Резолуциите на ОН ѝ забрануваат на Северна Кореја тестирање на секаков вид балистички ракети, кои, зависно од начинот на којшто се направени, може да имаат и нукеларна боева глава. Кон ИЦБМ ракетите се вбројуваат ракети кои имаат дострел од најмалку 5500 километри.

Развојот на стратешки ракети со голем дострел од страна на Северна Кореја е насочен особено против САД. Со последните ракетни тестови, според набљудувачите, Северна Кореја, освен што следи свои воено-технички цели, се обидува и да испрати јасен сигнал кон САД.

The post Пјонгјанг лансираше ракета која може да стигне до територијата на САД appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја повторно лансираше интерконтинентална ракета која теоретски може да стигне до САД. Демонстрацијата на моќ од страна на севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун го засени Азиско-пацифичкиот самит во Бангкок, каде е најавена итна седница на САД, Јужна Кореја и други држави. Интерконтиненталните ракети (ИЦБМ) се сметаат за најважни носачи на атомско оружје. Владите во Сеул и Токио денеска (18.11) ја обвинија Северна Кореја за сериозна провокација. Националниот совет за безбедност на Белата куќа во Вашингтон го осуди тестирањето на „балистичка ракета со долг дострел“ и го повика Пјонгјанг на сериозни преговори. По лансирањето од регионот околу Пјонгјанг, ракетата летнала во насока на исток, кон морето, соопшти генералштабот на Јужна Кореја. Ракетата, како што соопшти јапонскиот премиер Фумио Кишида, најверојатно паднала во ексклузивната економска зона на Јапонија во морето, на околу 300 километри пред брегот. Резолуциите на ОН ѝ забрануваат на Северна Кореја тестирање на секаков вид балистички ракети, кои, зависно од начинот на којшто се направени, може да имаат и нукеларна боева глава. Кон ИЦБМ ракетите се вбројуваат ракети кои имаат дострел од најмалку 5500 километри. Развојот на стратешки ракети со голем дострел од страна на Северна Кореја е насочен особено против САД. Со последните ракетни тестови, според набљудувачите, Северна Кореја, освен што следи свои воено-технички цели, се обидува и да испрати јасен сигнал кон САД.

The post Пјонгјанг лансираше ракета која може да стигне до територијата на САД appeared first on Република.

]]>
Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-gi-prasha-poljacite-nema-da-se-izvinite-za-antiruskata-histerija/ Thu, 17 Nov 2022 19:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=575123

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на ракетата на полска територија.

– Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат? – напиша Захарова на Телеграм.

Вечерта на 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.

Во инцидентот загинаа две лица.

После тоа, ноќта на 16 ноември, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, итно бил повикан во Министерството за надворешни работи на Полска.

Како што беше соопштено, рускиот амбасадор бил примен од полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау и по тој повод „се одржал многу краток разговор“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека официјални лица на голем број западни земји, вклучително и Полска, реагирале хистерично на ракетниот инцидент без вистински информации за настанот, посочувајќи дека тоа е уште една жестока русофобна реакција.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави денеска дека постои голема веројатност ракетата што паднала на територијата на Полска да припаѓа на силите за воздушна одбрана на Украина.

The post Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на ракетата на полска територија. – Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат? – напиша Захарова на Телеграм.
Вечерта на 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина. Во инцидентот загинаа две лица. После тоа, ноќта на 16 ноември, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, итно бил повикан во Министерството за надворешни работи на Полска. Како што беше соопштено, рускиот амбасадор бил примен од полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау и по тој повод „се одржал многу краток разговор“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека официјални лица на голем број западни земји, вклучително и Полска, реагирале хистерично на ракетниот инцидент без вистински информации за настанот, посочувајќи дека тоа е уште една жестока русофобна реакција. Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави денеска дека постои голема веројатност ракетата што паднала на територијата на Полска да припаѓа на силите за воздушна одбрана на Украина.

The post Захарова ги праша Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија? appeared first on Република.

]]>
Бајден го опомена Зеленски по изјавите за ракетата: Тоа не е доказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-go-opomena-zelenski-po-izjavite-za-raketata-toa-ne-e-dokaz/ Thu, 17 Nov 2022 19:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=575120

Коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека проектилот што падна на Полска не бил украински, не се доказ, смета американскиот претседател Џо Бајден.

„Тоа не е доказ“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа, откако се врати од самитот Г20 на Бали, Индонезија.

Пред два дена, на 15 ноември проектил падна во село во Источна Полска, близу границата со Украина. Во инцидентот загинаа две лица, а за тоа Зеленски ја обвини Русија и повика Западот да „преземе нешто во врска со тоа“.

Но, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека станува збор за проектил од украинскиот систем на противвоздушна одбрана. Според информациите, Полска знаела дека ќе падне проектил на нивна територија, но полската војска не можела да направи нешто за да го спречи тоа.

САД веруваат во процената на Варшава.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи како провокација ги осуди изјавите на Киев за инцидентот, а Министерството за одбрана соопшти дека станува збор за проектил од украинскиот ракетен систем С-300.

The post Бајден го опомена Зеленски по изјавите за ракетата: Тоа не е доказ appeared first on Република.

]]>

Коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека проектилот што падна на Полска не бил украински, не се доказ, смета американскиот претседател Џо Бајден. „Тоа не е доказ“, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа, откако се врати од самитот Г20 на Бали, Индонезија. Пред два дена, на 15 ноември проектил падна во село во Источна Полска, близу границата со Украина. Во инцидентот загинаа две лица, а за тоа Зеленски ја обвини Русија и повика Западот да „преземе нешто во врска со тоа“. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека станува збор за проектил од украинскиот систем на противвоздушна одбрана. Според информациите, Полска знаела дека ќе падне проектил на нивна територија, но полската војска не можела да направи нешто за да го спречи тоа. САД веруваат во процената на Варшава. Претходно, руското Министерство за надворешни работи како провокација ги осуди изјавите на Киев за инцидентот, а Министерството за одбрана соопшти дека станува збор за проектил од украинскиот ракетен систем С-300.

The post Бајден го опомена Зеленски по изјавите за ракетата: Тоа не е доказ appeared first on Република.

]]>
Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/raketata-falkon-hevi-na-spejs-iks-rechisi-podgotvena-za-lansiranje/ Wed, 26 Oct 2022 08:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=565726

Ракетата „Фалкон хеви“, развиена од компанијата „Спејс-Икс“, е најмоќната ракета во светот, а сега се очекува нејзиното прво лансирање по одложување од над три години.

Огромната ракета се состои од три модифицирани засилувачи („бустери“) од првата фаза, а во мигов се случува крајното склопување, по што треба да биде поставена на лансирната рампа „Пад 39-А“ во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА. По тој повод, „Спејс-Икс“ објави фотографија на која се прикажани сите 27 ракетни мотори Мерлин.

Втората фаза е поврзана со централниот засилувач што го доставува товарот до орбитата. Само два бустери ќе се вратат на Земјата и ќе слетаат, додека централните ќе паднат во море.

Вкупно 27 ракетни мотори „Мерлин“ генерираат повеќе од 2,2 милиона килограми потисок при лансирањето, што ја прави „Фалкон хеви“ најмоќната оперативна ракета. Вселенската компанија работи и на ракетата „Старшип“, што ќе патува до Марс и ќе може повторно да се користи. Сепак, „Фалкон хеви“ е најмоќната оперативна ракета во светот, која може да достигне до 64 тони носивост во Земјината Орбита.

Иако сѐ уште нема официјален датум, лансирањето може да се случи и до крајот на месецов, или пак, на почетокот на ноември.

The post Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање appeared first on Република.

]]>

Ракетата „Фалкон хеви“, развиена од компанијата „Спејс-Икс“, е најмоќната ракета во светот, а сега се очекува нејзиното прво лансирање по одложување од над три години. Огромната ракета се состои од три модифицирани засилувачи („бустери“) од првата фаза, а во мигов се случува крајното склопување, по што треба да биде поставена на лансирната рампа „Пад 39-А“ во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА. По тој повод, „Спејс-Икс“ објави фотографија на која се прикажани сите 27 ракетни мотори Мерлин. Втората фаза е поврзана со централниот засилувач што го доставува товарот до орбитата. Само два бустери ќе се вратат на Земјата и ќе слетаат, додека централните ќе паднат во море. Вкупно 27 ракетни мотори „Мерлин“ генерираат повеќе од 2,2 милиона килограми потисок при лансирањето, што ја прави „Фалкон хеви“ најмоќната оперативна ракета. Вселенската компанија работи и на ракетата „Старшип“, што ќе патува до Марс и ќе може повторно да се користи. Сепак, „Фалкон хеви“ е најмоќната оперативна ракета во светот, која може да достигне до 64 тони носивост во Земјината Орбита. Иако сѐ уште нема официјален датум, лансирањето може да се случи и до крајот на месецов, или пак, на почетокот на ноември.

The post Ракетата „Фалкон хеви“ на Спејс-Икс речиси подготвена за лансирање appeared first on Република.

]]>