рака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raka/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 10:11:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raka/ 32 32 Состојбата на тројцата повредени во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, на двајца им се ампутирани нозете, на еден раката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sostojbata-na-trojtsata-povredeni-vo-nesrekata-vo-novi-sad-e-mnogu-seriozna-na-dvajtsa-im-se-amputirani-nozete-na-eden-rakata/ Sun, 03 Nov 2024 10:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=833669

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. Во Војводина е втор ден на жалост. Поради трагедијата во Нови Сад во Црна Гора денеска е Ден на жалост, јави дописникот на МИА од Белград.

Само тројца од 17-те кои беа под настрешницата преживеаја и повредите им се тешки, на еден од нив, момче родено 2006 година, му беа ампутирани нозете до глуждовите, на девојката родена 2000 или 2001 година и беа ампутирани нозете, додека на втората девојка и е ампутирана рака, изјави Дачиќ за РТС.

Тој посочи дека за виновниците за несреќата ќе биде утврдена кривична и политичка одговорност и наведе дека вчера по наредба на обвинител во новосадската полициска управа биле на распит 26 лица, меѓу кои и лица од Министерството за транспорт предводено од министерот Весиќ, но дека никој не е приведен затоа што само се собираат информации.

The post Состојбата на тројцата повредени во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, на двајца им се ампутирани нозете, на еден раката appeared first on Република.

]]>

Д-р Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-jovanovska-bebeto-so-povreda-na-rakata-e-vo-dobra-sostojba-se-raboti-za-lesna-pareza/ Tue, 02 Jan 2024 13:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=729025

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.

Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата.

Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик.

Во случајов, како што рече Јовановска, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.

Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза. Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа, нагласи Јовановска.

Денеска се состанала и Комисијата формирана од страна на ГАК, која ја разгледувала историјата и првично е проценето дека нема стручна грешка.

Бебето беше родено во саботата, на 30 декември. Родителите се од Скопје.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-edna-nedela-tri-skandali-na-gak-potrebno-e-restart-na-zdravstvoto-vednash/

The post Д-р Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза appeared first on Република.

]]>

Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа. Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата. Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик. Во случајов, како што рече Јовановска, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.
Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза. Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа, нагласи Јовановска.
Денеска се состанала и Комисијата формирана од страна на ГАК, која ја разгледувала историјата и првично е проценето дека нема стручна грешка. Бебето беше родено во саботата, на 30 декември. Родителите се од Скопје. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-edna-nedela-tri-skandali-na-gak-potrebno-e-restart-na-zdravstvoto-vednash/

The post Д-р Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза appeared first on Република.

]]>
На ТОАРИЛУЦ извршена коплицирана операција на рака кај 44-годишен маж повреден од огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-toariluts-izvrshena-koplitsirana-operatsija-na-raka-kaj-44-godishen-mazh-povreden-od-ogneno-oruzhje/ Wed, 18 Oct 2023 19:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=692612

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ минатата недела е изведен комплициран оперативен зафат - реконструкција на горен екстермитет на 44-годишен маж кој бил повреден со огнено оружје. Како што соопшти Клиниката, направена е трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Притоа е оштетена една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот, користена е фибула од починат донор и е фиксирана со плочки и шрафови, објаснува д-р Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој, заедно со д-р Александар Савески, учествуваше во транспланатацијата.

Клиниката соопшти дека пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и целосно враќање на функцијата на раката.

Ова е трета транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22-ра во последниве три години откако на Клиниката за ортопедија почна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор, се наведува во соопштението.

The post На ТОАРИЛУЦ извршена коплицирана операција на рака кај 44-годишен маж повреден од огнено оружје appeared first on Република.

Снимката на која се гледа неконтролираното тресење на раката на Путин ја вознемири јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimkata-na-koja-se-gleda-nekontroliranoto-tresenje-na-rakata-na-putin-ja-voznemiri-javnosta/ Wed, 27 Apr 2022 20:00:15 +0000 https://republika.mk/?p=494450

Снимка од Владимир Путин повторно ги разгоре сомнежите дека рускиот претедател има големи здравствени проблеми. Станува збор за видео кое се прошири во јавноста деновиве, а е направено при посетата на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ во февруари.

Камерите го забележаа неконтролираното тресење на раката на Путин, пред да ја пружи за поздрав. Ова уште толку ги подгреа гласините дека има Паркинсонова болест или рак.

https://youtu.be/Jh3I2jNM27E

Неодамна беше објавено видео на кое се гледа како Путин ги гризе усните за време на црковната служба во неделата. Тоа видео дополнително ги поттикна тврдењата дека рускиот претседател боледува од некоја потешка болест.

The post Снимката на која се гледа неконтролираното тресење на раката на Путин ја вознемири јавноста appeared first on Република.

]]>

Снимка од Владимир Путин повторно ги разгоре сомнежите дека рускиот претедател има големи здравствени проблеми. Станува збор за видео кое се прошири во јавноста деновиве, а е направено при посетата на белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ во февруари. Камерите го забележаа неконтролираното тресење на раката на Путин, пред да ја пружи за поздрав. Ова уште толку ги подгреа гласините дека има Паркинсонова болест или рак. https://youtu.be/Jh3I2jNM27E Неодамна беше објавено видео на кое се гледа како Путин ги гризе усните за време на црковната служба во неделата. Тоа видео дополнително ги поттикна тврдењата дека рускиот претседател боледува од некоја потешка болест.

The post Снимката на која се гледа неконтролираното тресење на раката на Путин ја вознемири јавноста appeared first on Република.

]]>
Сирија се обрати до ОН: САД треба да одговараат за целосното уништување на градовите под чии урнатини останаа мртви илјадници луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sirija-se-obrati-do-on-sad-treba-da-odgovaraat-za-celosnoto-unishtuvanje-na-gradovite-pod-chii-urnatini-ostanaa-mrtvi-iljadnici-lugje/ Thu, 21 Apr 2022 05:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=491363

Сирија соопшти дека прашањето за уништувањето на градот Рака и убиството на илјадници невини луѓе од страна на нелегитимната коалиција предводена од САД не го добило потребното меѓународно внимание.

Како што порачуваат од официјален Дамаск, овие акции биле и ќе останат едно од најлошите злосторства што некогаш се случиле, меѓународната заедница не е запознаена со нив.

Дојде време да се расветли ова хуманитарно, политичко и правно прашање - се наведува во официјалната порака испратена до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност за воените злосторства извршени од таканаречената меѓународна коалиција во Рака во 2017 година.

Од сириското министерство додаваат дека американската воена операција, помогната од нелегитимна меѓународна коалиција, во градот Рака извршена меѓу јуни и октомври 2017 година, довела до целосно уништување на овој град и убиство на илјадници цивили чии тела биле затрупани под урнатините.

Сирија истакнува дека верува оти истата оценка ќе се примени и за воените злосторства извршени од меѓународната коалиција и милициите на КСД поврзани со САД во селото Ал-Багуз во Деир ез-Зор во 2018 и 2019 година, бидејќи ова село беше целосно уништено при што воени авиони на нелегитимна коалиција на 18 март 2019 годинаизвршија масакр на конвој од 80 жители кои се обидувале да побегнат на безбедно.

Американски официјални извори го признаа убиството и ранувањето на 240 цивили во Рака од 38 различни инциденти предизвикани од американските воени операции, додека невладините организации ги проценија жртвите во Рака на 774 убиени - се вели во пораката, јави САНА.

Тие бројки потврдуваат дека САД и нивните сојузници извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото.

Министерството соопшти дека ќе продолжи да го покренува прашањето за Рака, Ал-Багуз и браната Еуфрат, како и другите сириски региони кои беа целосно или делумно уништени и во кои цивилите беа намерно цел на меѓународната коалиција предводена од САД.

Сирија го задржува правото да верува дека владите на земјите кои беа вклучени во „меѓународната коалиција“ имаат политичка, морална и правна одговорност за злосторствата извршени од воените сили и за загубите и штетите што влијаеле на приватниот и јавниот имот - се наведува во пораката.

The post Сирија се обрати до ОН: САД треба да одговараат за целосното уништување на градовите под чии урнатини останаа мртви илјадници луѓе appeared first on Република.

]]>

Сирија соопшти дека прашањето за уништувањето на градот Рака и убиството на илјадници невини луѓе од страна на нелегитимната коалиција предводена од САД не го добило потребното меѓународно внимание. Како што порачуваат од официјален Дамаск, овие акции биле и ќе останат едно од најлошите злосторства што некогаш се случиле, меѓународната заедница не е запознаена со нив.
Дојде време да се расветли ова хуманитарно, политичко и правно прашање - се наведува во официјалната порака испратена до генералниот секретар на ОН и претседателот на Советот за безбедност за воените злосторства извршени од таканаречената меѓународна коалиција во Рака во 2017 година.
Од сириското министерство додаваат дека американската воена операција, помогната од нелегитимна меѓународна коалиција, во градот Рака извршена меѓу јуни и октомври 2017 година, довела до целосно уништување на овој град и убиство на илјадници цивили чии тела биле затрупани под урнатините. Сирија истакнува дека верува оти истата оценка ќе се примени и за воените злосторства извршени од меѓународната коалиција и милициите на КСД поврзани со САД во селото Ал-Багуз во Деир ез-Зор во 2018 и 2019 година, бидејќи ова село беше целосно уништено при што воени авиони на нелегитимна коалиција на 18 март 2019 годинаизвршија масакр на конвој од 80 жители кои се обидувале да побегнат на безбедно.
Американски официјални извори го признаа убиството и ранувањето на 240 цивили во Рака од 38 различни инциденти предизвикани од американските воени операции, додека невладините организации ги проценија жртвите во Рака на 774 убиени - се вели во пораката, јави САНА.
Тие бројки потврдуваат дека САД и нивните сојузници извршиле воени злосторства и злосторства против човештвото. Министерството соопшти дека ќе продолжи да го покренува прашањето за Рака, Ал-Багуз и браната Еуфрат, како и другите сириски региони кои беа целосно или делумно уништени и во кои цивилите беа намерно цел на меѓународната коалиција предводена од САД.