рака на простата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raka-na-prostata/ За подобро да се разбереме Sat, 18 May 2024 06:48:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рака на простата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raka-na-prostata/ 32 32 Скопје деветта година дел од светската иницијатива „The Distinguished Gentlmens Ride“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-devetta-godina-del-od-svetskata-initsijativa-the-distinguished-gentlmens-ride/ Sat, 18 May 2024 06:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=779370

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле низ скопските улици со намера да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ што се одржува во 959 градови низ светот. Годинава, на светско ниво ќе учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година, а еден од организаторите Игор Стефановски во изјава за МИА, вели дека се горди што веќе девет години ова движење опстојува во нашата држава. Годинава, се очекува низ скопските улици да продефилираат околу 170 учесници, меѓу нив и доктори, професори, личности од јавниот живот, кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

Форматот на овогодинешното Скопско издание на „The Distinguished Gentlmens Ride“, останува истоветен како и претходните едиции, односно 170-те учесници за стартна позиција повторно ќе го имаат строгиот центар на градот (точната локација ја знаат само учесниците и организаторот поради безбедносни причини). Блескавиот караван и оваа година ќе се движи по улиците и булеварите низ централното градско подрачје, со обид да ја пренесе пораката за преглед и превенција од ракот на простата. Овогодинешното Скопско издание повторно предизвика огромна заинтересираност кај учесниците, а бројката од близу 170 дотерани мотоциклисти го собори минатогодишниот рекорд. Оваа година, Скопската едиција на „The Distinguished Gentlmens Ride“ ги надмина градските и државните граници, па така на Скопските џентлмени им се придружуваат Господа и Дами и од останатите градови од Македонија, а повторно ги очекуваме и гостите од Косово, вели Стефановски за МИА.

Урбаните моторџии облечени во елегантни костими и со своите уникатни мотори денеска петта година по ред ќе возат низ скопските улици во име на машкото здравје и борбата против ракот на проста

Учесниците на дефилето ќе бидат облечени во елегантен дрес код - палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и кацига за безбедност.

Глобалното движење почна во Сиднеј во 2012 година на иницијатива на Марк Хава кој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува секоја година помасовно.

Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата.

The post Скопје деветта година дел од светската иницијатива „The Distinguished Gentlmens Ride“ appeared first on Република.

]]>

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле низ скопските улици со намера да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ што се одржува во 959 градови низ светот. Годинава, на светско ниво ќе учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави. Скопје е дел од ова движење од 2016 година, а еден од организаторите Игор Стефановски во изјава за МИА, вели дека се горди што веќе девет години ова движење опстојува во нашата држава. Годинава, се очекува низ скопските улици да продефилираат околу 170 учесници, меѓу нив и доктори, професори, личности од јавниот живот, кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.
Форматот на овогодинешното Скопско издание на „The Distinguished Gentlmens Ride“, останува истоветен како и претходните едиции, односно 170-те учесници за стартна позиција повторно ќе го имаат строгиот центар на градот (точната локација ја знаат само учесниците и организаторот поради безбедносни причини). Блескавиот караван и оваа година ќе се движи по улиците и булеварите низ централното градско подрачје, со обид да ја пренесе пораката за преглед и превенција од ракот на простата. Овогодинешното Скопско издание повторно предизвика огромна заинтересираност кај учесниците, а бројката од близу 170 дотерани мотоциклисти го собори минатогодишниот рекорд. Оваа година, Скопската едиција на „The Distinguished Gentlmens Ride“ ги надмина градските и државните граници, па така на Скопските џентлмени им се придружуваат Господа и Дами и од останатите градови од Македонија, а повторно ги очекуваме и гостите од Косово, вели Стефановски за МИА.
Урбаните моторџии облечени во елегантни костими и со своите уникатни мотори денеска петта година по ред ќе возат низ скопските улици во име на машкото здравје и борбата против ракот на проста Учесниците на дефилето ќе бидат облечени во елегантен дрес код - палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и кацига за безбедност. Глобалното движење почна во Сиднеј во 2012 година на иницијатива на Марк Хава кој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува секоја година помасовно. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата.

The post Скопје деветта година дел од светската иницијатива „The Distinguished Gentlmens Ride“ appeared first on Република.

]]>