рак на кожа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rak-na-koza/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 11:59:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рак на кожа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rak-na-koza/ 32 32 На војвотката од Јорк ѝ е дијагностициран рак на кожата https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/na-vojvotkata-od-jork-e-dijagnostitsiran-rak-na-kozhata/ Mon, 22 Jan 2024 11:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=735467

На војвотката од Јорк, Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство.

Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.

Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази…Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.

Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка.

Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица.

Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.

The post На војвотката од Јорк ѝ е дијагностициран рак на кожата appeared first on Република.

]]>

На војвотката од Јорк, Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство. Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.
Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази…Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.
Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка. Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица. Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.  

The post На војвотката од Јорк ѝ е дијагностициран рак на кожата appeared first on Република.

]]>
Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vojvotkata-sara-ferguson-koja-se-izlekuva-od-rak-na-dojka-sega-ima-rak-na-kozhata/ Sun, 21 Jan 2024 20:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=735233

На војвотката од Јорк Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство.

Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.

„Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази… Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.

Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка.

Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица.

Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.

The post Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата appeared first on Република.

]]>

На војвотката од Јорк Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство. Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.
„Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази… Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.
Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка. Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица. Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.

The post Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата appeared first on Република.

]]>
Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sonchaneto-vo-solarium-e-24-pati-poshtetno-za-razvoj-na-kozha-otkolku-sontseto-podobro-odete-na-plazha-i-zashtitete-se-so-krema-za-sonchane/ Tue, 09 May 2023 10:37:00 +0000 https://republika.mk/?p=638748

Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организира бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа.

Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров во изјава за медиумите истакна дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочи дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа.

– Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома инситу, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е стопроцентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори – рече Петров.

Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните.

– Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува. Така што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“ – рече тој.

Тој потенцира дека сонцето е еден од најсилните канцерогени ризик фактори, ултравиолетовите зраци, но и генетската диспозиција.

– Ризик фактори тоа е мулти факторијална патогенезата на сите тумори. Генетиката не можеме ние да ја промениме. Таа е сепак еден ризик фактор од генетска диспозиција, меѓутоа можеме да влијаеме на оние ризик фактори кои можеме да ги избегнеме. Сонцето е еден од најсилните канцерогени, ултравиолетовите зраци, меѓутоа другите видови на зрачење, експозиција на одредени токсични материи, супстанци, има теории денес дека различните загадувачи на воздухот исто така може да влијаат во сето ова. Значи треба да има една поширока активност на заедницата. Но сепак фактор број еден кога треба да се избегне рак за заштита на кожа тоа е заштита од сончевото зрачење – рече тој.

Петров вели дека ова болест на повозрасната популација, меѓутоа, како што посочува, тоа не е исклучок, туку може да се јави во која било возраст.

– Сакам да ги успокојам оние коишто често доаѓаат со дечиња во амбулантите до десетгодишна возраст практично не постои или е екстремно редок во светската литература најопасниот тумор на кожата меланом. Оваа болест е сепак болест на повозрасната популација, меѓутоа тоа не е исклучок, не е само ексклузивно право на возрасните луѓе, туку може да се јави кај млади луѓе, може да се јави во средна возраст, може да се јави во било која возраст. А кај луѓето што имале една личност во домот кој што заболувал од оваа болест треба да се знае дека секогаш треба да се мисли дека може да се јави уште кај еден почесто отколку кај целокупната популација. Заради тоа треба да се води многу сметка. И секоја промена која ни е чудна да не си играме и да ја провериме – изјави Петров.

Тој препорачува граѓаните дома да направат самопреглед според АБЦД правилото, односно да ја проверат секоја промена во формата, бојата, границата на бемките. Упати совет до граѓаните да не одат во солариуми, бидејќи, како што рече, сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење.

-Сакаме да препорачаме да се заштитиме сонцето, бидејќи денес сонцето по дефиниција на СЗО е докажан канцероген. И во Македонија земја каде што сонцето пече со многу сончеви денови треба да се употребуваат високи фактори за заштита од сонце, фактор 50 плус за заштита од сонце и тоа е многу важно да се прави кај сите луѓе особено кај луѓето со светла кожа и со светла боја на очите, кај луѓето кои имаат историја за рак на кожа во семејството. И она на што на сите им го советувам не одете во солариум, може колку сакаат да се лутат сопствениците на солариумот, не одете во солариуми, штетно сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. Подобро отидете на плажа, заштитете се со фактор за сонце отколку да одите во солариум.

The post Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Да се заштитиме од сонцето, да спречиме рак на кожа”, Здружението на дерматовенеролози на Македонија денеска во Скопје организира бесплатни дермоскопски прегледи на бемки за граѓаните заради превенција на рак на кожа. Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, Андреј Петров во изјава за медиумите истакна дека употребата на методата дермоскопија, со која се проверуваат бемки и други промени на кожата, за 60 проценти го подобрило раното откривање на некои типови на рак на кожа. Посочи дека од особена важност е да се детектира во рана фаза ракот на кожа. – Прегледите кои се помасовно се прават во институциите. Само јас можам да споделам личен пример оваа година пет луѓе со меланома инситу, со најопасниот рак на кожата во мулти стадиум се откриени благодарение што дошле на време. Затоа што излекувањето е стопроцентно како да немале болест. Заради тоа сакаме да го свртиме вниманието на јавноста и на медиумите и на сите вас кои помагате во тоа да имаме што поголем број на дермоскопски прегледи на пациентите за да може да ги откриеме рано, во рана фаза овие опасни тумори – рече Петров. Доктор Петров истакна дека секоја година расте бројот на заболени со рак на кожа, но посочи дека се зголеми и здравствената култура кај граѓаните. – Процентот на заболени со рак на кожа расте од година во година. Но, она што е добро е дека процентот на луѓето фатени во првичните стадиуми или на нулти стадиум или прв стадиум на болеста е се повисок. Што значи дека здравствената култура расте, методите со кои медицината напредува одат напред и сигурно дека знаењето на колегите дерматолози напредува. Така што, сплет на тие фактори помага да имаме толку голема заштита на пациентите, да не се дозволи луѓето да доаѓаат во напреднати фази каде што веќе болеста е од метастатски тип и каде што може да се помогне. Медицината има современи средства, ама секогаш може да се помогне подобро во првите фази на болеста. Што би рекол „народот подобро е работите да ги спречиме, отколку да ги лечиме“ – рече тој. Тој потенцира дека сонцето е еден од најсилните канцерогени ризик фактори, ултравиолетовите зраци, но и генетската диспозиција. – Ризик фактори тоа е мулти факторијална патогенезата на сите тумори. Генетиката не можеме ние да ја промениме. Таа е сепак еден ризик фактор од генетска диспозиција, меѓутоа можеме да влијаеме на оние ризик фактори кои можеме да ги избегнеме. Сонцето е еден од најсилните канцерогени, ултравиолетовите зраци, меѓутоа другите видови на зрачење, експозиција на одредени токсични материи, супстанци, има теории денес дека различните загадувачи на воздухот исто така може да влијаат во сето ова. Значи треба да има една поширока активност на заедницата. Но сепак фактор број еден кога треба да се избегне рак за заштита на кожа тоа е заштита од сончевото зрачење – рече тој. Петров вели дека ова болест на повозрасната популација, меѓутоа, како што посочува, тоа не е исклучок, туку може да се јави во која било возраст. – Сакам да ги успокојам оние коишто често доаѓаат со дечиња во амбулантите до десетгодишна возраст практично не постои или е екстремно редок во светската литература најопасниот тумор на кожата меланом. Оваа болест е сепак болест на повозрасната популација, меѓутоа тоа не е исклучок, не е само ексклузивно право на возрасните луѓе, туку може да се јави кај млади луѓе, може да се јави во средна возраст, може да се јави во било која возраст. А кај луѓето што имале една личност во домот кој што заболувал од оваа болест треба да се знае дека секогаш треба да се мисли дека може да се јави уште кај еден почесто отколку кај целокупната популација. Заради тоа треба да се води многу сметка. И секоја промена која ни е чудна да не си играме и да ја провериме – изјави Петров. Тој препорачува граѓаните дома да направат самопреглед според АБЦД правилото, односно да ја проверат секоја промена во формата, бојата, границата на бемките. Упати совет до граѓаните да не одат во солариуми, бидејќи, како што рече, сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. -Сакаме да препорачаме да се заштитиме сонцето, бидејќи денес сонцето по дефиниција на СЗО е докажан канцероген. И во Македонија земја каде што сонцето пече со многу сончеви денови треба да се употребуваат високи фактори за заштита од сонце, фактор 50 плус за заштита од сонце и тоа е многу важно да се прави кај сите луѓе особено кај луѓето со светла кожа и со светла боја на очите, кај луѓето кои имаат историја за рак на кожа во семејството. И она на што на сите им го советувам не одете во солариум, може колку сакаат да се лутат сопствениците на солариумот, не одете во солариуми, штетно сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на кожа отколку сончево зрачење. Подобро отидете на плажа, заштитете се со фактор за сонце отколку да одите во солариум.

The post Сончањето во солариум е 24 пати поштетно за развој на рак на кожа отколку сонцето, подобро одете на плажа и заштитете се со крема за сончање appeared first on Република.

]]>
Најмладиот пациент со рак на кожа на Клиниката за дерматологија имал 11 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najmladiot-pacient-so-rak-na-koza-na-klinikata-za-dermatologija-imal-11-godini/ Sun, 15 May 2022 11:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=502505

Ракот на кожа во земјава е со растечка инциденца. Најмладиот пациент со рак на кожа – меланома на Клиниката за дерматологија имал 11 години, а се почесто се дијагностицира и кај помладата популација. Заштитете се од Сонцето, не ги игнорирајте промените на кожата. За жал карциномот на кожата не боли, а најдобри резултати во негово лечење се постигнуваат при рана фаза на детекција.

Тоа е пораката од Здружението на дерматовенеролози на Македонија, кое денеска во Градскиот парк во Скопје заедно со Клиниката за дерматовенерологија и приватното здравство, организираше бесплатни дерматолошки прегледи под мотото „Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!”. Со ова Здружението се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенција од ракот на кожа.

Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски истакна дека кампањата претставува дел од европската кампања „Еуромеланома”, чија цел е да се подигне јавната свест кај населението за раното откривање на сите типови рак на кожа, на преканцерозни состојби и особено на малигниот меланом кој е еден од најмалигните тумори.

За жал овој тумор е еден од се поприсутните и кај помладата генерација. Статистичките податоци говорат дека еден од пет пациенти за жал се детектира во една подоцна фаза. Со глобалните климатски промени и со зголемувањето на УВ зраците кои што претставуваат еден од главните ризик фактори за појава на овој карцином, но и другите преканцерози, рече Рендевски кој од име на Министерство го поздрави овој собир.

Претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија, проф. д-р Андреј Петров истакна дека со оваа кампања, која е дел од една заедничка европска кампања, заедно со претседатели на дерматолошки здруженија од Европа алармираат на се поголемото присуство на ракот на кожа, како на меланомот како најопасен тумор, така и на останатите типови.

До овој момент околу 200 граѓани поминаа на овие бесплатни дермоскопски прегледи каде се обединивме и државното и приватното здравство сите заедно да направиме нешто во интерес на граѓаните и ова е модел како и во иднина да имаме се повеќе вакви настани во интерес на јавното здравје. Мотото е да се заштитиме од Сонцето, кое е докажан канцероген – УВ зраците, да користиме фактори за Сонце, да превенираме рак на кожа и апелираме на што почести посети на дерматолог од страна на граѓаните за да ставиме крај на растечката инциденца на овие тумори. Македонија веќе влегува во делот на земјите 4+ според инциденцата ако се гледа мапата на меланом во светот. Ако некогаш сме гледале по еден меланом на неколку недели сега гледаме практично секоја недела и тоа секој од нас поединечно. И затоа треба да алармираме и да имаме прецизни податоци кои ќе ги користиме да ја сфатиме сериозно ситуацијата и да се бориме против неа, вели Петров.

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија – Скопје, проф. д-р Сузана Николовска, нагласи дека кај нас, а и во Европа, почест е базоцелуларниот и сквамоцелуларниот карцином, што се должи на тоа што во минатото се обрнуваше помалку внимание на заштита од Сонцето и тоа не само за време кога се оди на одмор, туку и во секојдневните професионални активности како што е земјоделството, но и хобија како спортување надвор или работење во градина.

Не ги игнорирајте промените на кожата, можеби после 50-та година тие се многу почести и за среќа најголем дел од нив се некој нормален знак на стареење на кожата. Меѓутоа, за жал, кожниот карцином не боли. Промените кои што се како ранички што не заздравуваат, темна пигментирана промена која што е нова, бемка која што се променила по димензии и боја, некоја промена што ви прави непријатно чувство, се тоа знаци кога вие треба да се јавите на дерматолог. На Клиниката веќе 20 години користиме неинвазивни методи, дермоскопијата, но и последна технологија на неинвазивна дијагностика во оваа област тоа е фотофајндер, кој многу ја зголемува резолуцијата и им олеснува на докторите порано да го откријат карциномот. Тој апарат овозможува да ги следиме сите пациенти со висок ризик, затоа што тој ги памети нивните бенки и секое следно доаѓање ги споредува бенките и промените, рече Николовска.

Таа информира дека најмладиот пациент на Клиниката бил на 11 години, што значи дека и децата не се поштедени од меланомот, а гледаат и се повеќе млади луѓе кои се сончаат без заштита и нормално повозрасната популација 50+. Многу пациенти се дојдени, вели Николовска, во доцна фаза. Во Австралија 90 проценти од сите меланоми се откриваат во прв стадиум и тие луѓе имаат нормален век на живеење. Во Европа тој процент е 80. Проблемот кај нас е во стравот кај луѓето дека бенките не се чепкаат или пак одење на други алтернативни тераписки опции.

Користењето на солариумите во другите земји е забранет за лица под 18 години, рече Николовска и најави дека таква опција наскоро ќе биде разгледана и кај нас.

Ракот на кожата е меѓу најчестите и најоптоварувачките видови на рак во Европската Унија. Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак, се посочува во заедничката изјава на Европската академија на дерматовенеролози потпишана од претседателите на дерматолошките асоцијации од Европа, меѓу кои и од Здружението на дерматовенеролози на Македонија.

The post Најмладиот пациент со рак на кожа на Клиниката за дерматологија имал 11 години appeared first on Република.

]]>

Ракот на кожа во земјава е со растечка инциденца. Најмладиот пациент со рак на кожа – меланома на Клиниката за дерматологија имал 11 години, а се почесто се дијагностицира и кај помладата популација. Заштитете се од Сонцето, не ги игнорирајте промените на кожата. За жал карциномот на кожата не боли, а најдобри резултати во негово лечење се постигнуваат при рана фаза на детекција. Тоа е пораката од Здружението на дерматовенеролози на Македонија, кое денеска во Градскиот парк во Скопје заедно со Клиниката за дерматовенерологија и приватното здравство, организираше бесплатни дерматолошки прегледи под мотото „Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!”. Со ова Здружението се приклучи кон активностите на Европската академија на дерматовенеролози и дерматовенеролозите од ЕУ за превенција од ракот на кожа. Заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски истакна дека кампањата претставува дел од европската кампања „Еуромеланома”, чија цел е да се подигне јавната свест кај населението за раното откривање на сите типови рак на кожа, на преканцерозни состојби и особено на малигниот меланом кој е еден од најмалигните тумори.