рак на дојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rak-na-dojka/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 07:39:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рак на дојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rak-na-dojka/ 32 32 Во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка одржа ас. др. Гордана Петковска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-prostoriite-na-tsentralniot-komitet-na-vmro-dpmne-predavane-za-vazhnosta-na-ranoto-otkrivane-na-rakot-na-dojka-odrzha-as-dr-gordana-petkovska/ Sat, 26 Oct 2024 07:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=831169

Во рамки на одлежување на месецот посветен за борба против рак на дојка, под мотото „Заедно против ракот на дојка“, во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, свое предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка имаше ас. др. Гордана Петковска.

Д-р Петковска е специјалист онколог, кој има богато искуство токму со пациенти со рак на дојка и се осврна на онколошкиот третман на пациентите и искуството со кое се стекнала во работата на овој оддел. Таа споделувајќи ја статистиката која говори дека секоја осма жена заболува од ова заболување која не бира ни етничка припадност,ни по опшествен статус искажа поддршка за ширење на пораката за важноста за рано откривање на оваа болест и важноста на превентивниот преглед кој е овозможен преку скрининг програмата на Министерство за здравство.

Клучна е соработката со невладиниот сектор кој дава несебична поддршка за психолошка поддршка жените кои се заболени од рак на дојка, заклучи д-р  Петковска.

The post Во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка одржа ас. др. Гордана Петковска appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одлежување на месецот посветен за борба против рак на дојка, под мотото „Заедно против ракот на дојка“, во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, свое предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка имаше ас. др. Гордана Петковска. Д-р Петковска е специјалист онколог, кој има богато искуство токму со пациенти со рак на дојка и се осврна на онколошкиот третман на пациентите и искуството со кое се стекнала во работата на овој оддел. Таа споделувајќи ја статистиката која говори дека секоја осма жена заболува од ова заболување која не бира ни етничка припадност,ни по опшествен статус искажа поддршка за ширење на пораката за важноста за рано откривање на оваа болест и важноста на превентивниот преглед кој е овозможен преку скрининг програмата на Министерство за здравство.
Клучна е соработката со невладиниот сектор кој дава несебична поддршка за психолошка поддршка жените кои се заболени од рак на дојка, заклучи д-р  Петковска.

The post Во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка одржа ас. др. Гордана Петковска appeared first on Република.

]]>
Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-igor-nikolov-spodeli-lichno-iskustvo-so-bolen-od-rak-na-dojka-vo-familijata-i-predizvitsite-so-koi-se-soochuvaat/ Fri, 25 Oct 2024 08:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=830779

Под мотото „Заедно против ракот на дојка“  во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка.

На предвањето се обрати претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Игор Николов, кој сподели свое лично искуство со болен од рак на дојка во својата фамилијата и предизвиците со кои се соочува цела фамилија.

д-р Николов се осврна на активностите кои се реализираат на ова поле.

-Заедно со директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски во Букурешт потпишавме декларација за подигнување на свесноста кај ова заболување и важноста од зајакнат скрининг, посочи проф.д-р Николов.

Тој исто така информираше дека активно се работи на децентрализирање во оваа област преку регионални центри. Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.

The post Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Заедно против ракот на дојка“  во просториите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се одржа предавање за важноста на раното откривање на ракот на дојка. На предвањето се обрати претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Игор Николов, кој сподели свое лично искуство со болен од рак на дојка во својата фамилијата и предизвиците со кои се соочува цела фамилија. д-р Николов се осврна на активностите кои се реализираат на ова поле.
-Заедно со директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски во Букурешт потпишавме декларација за подигнување на свесноста кај ова заболување и важноста од зајакнат скрининг, посочи проф.д-р Николов.
Тој исто така информираше дека активно се работи на децентрализирање во оваа област преку регионални центри. Д-р Николов упати порака за важноста за прегледот и самопрегледот, зашто навремената детекција на ова заболување може да спаси живот.

The post Д-р Игор Николов сподели лично искуство со болен од рак на дојка во фамилијата и предизвиците со кои се соочуваат appeared first on Република.

]]>
Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stotina-zheni-se-iskachija-na-titov-vrv-nastan-za-podigane-na-svesnosta-za-rakot-na-dojka/ Sun, 20 Oct 2024 13:47:59 +0000 https://republika.mk/?p=829133

Успешно се одржа планинарската тура „Титов Врв со панделка“ наменета само за жени до највисоката точка на Шар Планина, каде се искачија стотина припаднички на понежниот пол, информираат организаторките од планинарскиот клуб Х20 од Скопје и повеќе клубови низ државата.

Оваа акција која се спроведе во саботата, беше организирана по повод месец октомври кога се одбележуваат настани за подигање на свесноста за ракот на дојка. Жените планинарски водичи, на овој начин во нивниот домен, се одлучиле да придонесат за оваа кампања.

Акцијата ја започнавме во услови на намалена видливост и иако во одредени моменти помислувавме дека можеби треба да се откажеме и вратиме, надежта и истрајноста ни покажаа дека кога нешто сакате силно и искрено, целиот универзум се сплотува и соработува во ваша корист. Штом ја надминавме границата од 2.000 м.н.в. не дочека долго очекуваното сонце кое не затопли и ни ги врати ведрината и насмевките и уживањето можеше да започне, изјави Сибел Јакуповиќ планинарски водич од планинарскиот клуб Х20-Скопје.

На турата, највозрасна учесничка била жена на 74 годишна возраст. Меѓу нив имало самохрани мајки, некои мајки биле со нивните бебиња, а имало и ќерки со нивните мајки.

Нашата највозрасна учесничка нè научи дека не постои пречка која не може да се совлада, ни покажа пример за следење и почитување. Особено ни е мило кога некој ќе одлучи за првпат да се искачи на Титов Врв токму на оваа акција и такви жени и овој пат имавме многу. Секоја со своја приказна и секоја со своја мотивација и одлучност да истрае во целта. И целта не беше Титов Врв, целта беше истрајноста низ сите предизвици, низ маглите и темнините кои секоја од нас ги поминала или поминува. Имаше жени кои покрај сите здравствени и животни предизвици извојуваа уште една борба со себе. Имавме жени кои извојувале победа над ракот на дојка, имавме жена која со вештачки колк ни одржа лекција за тоа што значи да си жена и да си борец, посочи Јакуповиќ.

Турата ја организирал тим составен планинарските водичи Сибел Јакуповиќ, Славица Јованоска, Снежана Новаковска, Јасмина Антиќ, Розе Настоска, Билјана Донева, Елена Ванчоска Секулоска, Јасмина Ристовска, Ирена Савевска, Катерина Станковиќ, со логистичка поддршка од Марина Стоиловска и Екатерина Лукарова.

За жал тие што дојдоа да истрчаат трка до врвот (какви што секогаш има) немаат и нема да имаат можност да ги слушнат овие приказни, оние кои се „ладеа“ и немаа трпение да почекаат групата да се собере – исто. Ова го пишуваме со цел да ја подигнеме и свесноста што значи движење во група и каква е целта на оваа наша акција. За сите наши борки огромна благодарност, за сите вас што не се откажавте, за сите вас што покажавте трпение, емпатија, разбирање, за сите што се грижевте за вашите другарки, пријателки, сестри, ќерки, мајки, ви благодариме за учеството. Вие сте ни мотивацијата за овие акции, порача Јакуповиќ.

Акцијата e поддржанa и од Федерацијата за планинарски спортови.

The post Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>

Успешно се одржа планинарската тура „Титов Врв со панделка“ наменета само за жени до највисоката точка на Шар Планина, каде се искачија стотина припаднички на понежниот пол, информираат организаторките од планинарскиот клуб Х20 од Скопје и повеќе клубови низ државата. Оваа акција која се спроведе во саботата, беше организирана по повод месец октомври кога се одбележуваат настани за подигање на свесноста за ракот на дојка. Жените планинарски водичи, на овој начин во нивниот домен, се одлучиле да придонесат за оваа кампања.
Акцијата ја започнавме во услови на намалена видливост и иако во одредени моменти помислувавме дека можеби треба да се откажеме и вратиме, надежта и истрајноста ни покажаа дека кога нешто сакате силно и искрено, целиот универзум се сплотува и соработува во ваша корист. Штом ја надминавме границата од 2.000 м.н.в. не дочека долго очекуваното сонце кое не затопли и ни ги врати ведрината и насмевките и уживањето можеше да започне, изјави Сибел Јакуповиќ планинарски водич од планинарскиот клуб Х20-Скопје.
На турата, највозрасна учесничка била жена на 74 годишна возраст. Меѓу нив имало самохрани мајки, некои мајки биле со нивните бебиња, а имало и ќерки со нивните мајки.
Нашата највозрасна учесничка нè научи дека не постои пречка која не може да се совлада, ни покажа пример за следење и почитување. Особено ни е мило кога некој ќе одлучи за првпат да се искачи на Титов Врв токму на оваа акција и такви жени и овој пат имавме многу. Секоја со своја приказна и секоја со своја мотивација и одлучност да истрае во целта. И целта не беше Титов Врв, целта беше истрајноста низ сите предизвици, низ маглите и темнините кои секоја од нас ги поминала или поминува. Имаше жени кои покрај сите здравствени и животни предизвици извојуваа уште една борба со себе. Имавме жени кои извојувале победа над ракот на дојка, имавме жена која со вештачки колк ни одржа лекција за тоа што значи да си жена и да си борец, посочи Јакуповиќ.
Турата ја организирал тим составен планинарските водичи Сибел Јакуповиќ, Славица Јованоска, Снежана Новаковска, Јасмина Антиќ, Розе Настоска, Билјана Донева, Елена Ванчоска Секулоска, Јасмина Ристовска, Ирена Савевска, Катерина Станковиќ, со логистичка поддршка од Марина Стоиловска и Екатерина Лукарова.
За жал тие што дојдоа да истрчаат трка до врвот (какви што секогаш има) немаат и нема да имаат можност да ги слушнат овие приказни, оние кои се „ладеа“ и немаа трпение да почекаат групата да се собере – исто. Ова го пишуваме со цел да ја подигнеме и свесноста што значи движење во група и каква е целта на оваа наша акција. За сите наши борки огромна благодарност, за сите вас што не се откажавте, за сите вас што покажавте трпение, емпатија, разбирање, за сите што се грижевте за вашите другарки, пријателки, сестри, ќерки, мајки, ви благодариме за учеството. Вие сте ни мотивацијата за овие акции, порача Јакуповиќ.
Акцијата e поддржанa и од Федерацијата за планинарски спортови.  

The post Стотина жени се искачија на Титов Врв, настан за подигање на свесноста за ракот на дојка appeared first on Република.

]]>
Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ima-golemi-problemi-so-skrining-programata-i-naogane-termini-novodijagnostitsiranite-ne-mozhat-da-zakazhat-eho-na-dojka-i-mamografija-apeliraat-patsientite-i-zdruzhenijata/ Sat, 19 Oct 2024 16:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=828859

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка.

Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени.

Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален.

-Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска.

Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“.

-Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова.

Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест.

-Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак.

Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти.

-Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ.

Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман.

-Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ.

Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест.

-Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска.

Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст.

-Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска.

На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка. Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени. Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален. -Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска. Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“. -Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова. Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест. -Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак. Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти. -Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ. Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман. -Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ. Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест. -Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска. Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст. -Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска. На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>
Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edukativni-nastani-vo-skopje-za-preventsija-i-lekuvane-na-rakot-na-dojka/ Sat, 19 Oct 2024 07:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=828683

Во „Скопје Сити Мол“ денеска од од 12 до 16 часот ќе биде поставен информативен штанд и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка.

Овој настан е дел од националната  кампања под мотото „Октомвриски розов караван - превенцијата е најдобра заштита“ на Министерството за здравство, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош  и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол" и „Синеплекс".

Здружението ХЕМА-ОНКО - Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели во рамки на Октомври - месец за подигнување на свесноста за рак на дојка денеска на „Школка“ во Градски парк организира настан „Појадок со ХЕМА-ОНКО“.

Како што информираат од Здружението, присустните ќе имаат можност да слушнат едукативни предавања од доктори, да слушнат дел од приказните на нивните Пеперутки-жени со рак, но и активно да учествуваат во практично применливите содржини кои ги подготвиле.

The post Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка appeared first on Република.

]]>

Во „Скопје Сити Мол“ денеска од од 12 до 16 часот ќе биде поставен информативен штанд и заинтересираните граѓани ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка. Овој настан е дел од националната  кампања под мотото „Октомвриски розов караван - превенцијата е најдобра заштита“ на Министерството за здравство, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош  и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол" и „Синеплекс". Здружението ХЕМА-ОНКО - Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели во рамки на Октомври - месец за подигнување на свесноста за рак на дојка денеска на „Школка“ во Градски парк организира настан „Појадок со ХЕМА-ОНКО“. Како што информираат од Здружението, присустните ќе имаат можност да слушнат едукативни предавања од доктори, да слушнат дел од приказните на нивните Пеперутки-жени со рак, но и активно да учествуваат во практично применливите содржини кои ги подготвиле.

The post Едукативни настани во Скопје за превенција и лекување на ракот на дојка appeared first on Република.

]]>
ПЕТ центар: По повод месецот на борба против рак на дојка за првпат во неработни денови отвораме нови термини на 11-ти и 23-ти Октомври за да ја доближуваме дијагностиката за пациентките https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-tsentar-po-povod-mesetsot-na-borba-protiv-rak-na-dojka-za-prvpat-vo-nerabotni-denovi-otvorame-novi-termini-na-11-ti-i-23-ti-oktomvri-za-da-ja-doblizhuvame-dijagnostikata-za-patsientkite/ Fri, 11 Oct 2024 13:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=825559

Во рамки на месец октомври, посветен на борба против рак на дојка кај женската популација, ја афирмираме пораката за важноста за превенција зашто тоа е клучно за спасување животи.

Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, како институција со најсовремена опрема за ПЕТ/КТ дијагностика ги потсетува жените за вршење самопреглед, редовен преглед кај лекар, како и скрининг прегледи за да се превенира болеста, рано дијагностицира и навремено лекува.

Во насока на доближување на дијагностиката, Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија во соработка со Клиниката за онлологија и радиотерапија се солидаризира со сите жени кои се соочуваат со ова заболување за првпат на овој Институт за PET/KT скен се отвораат нови термини во неработните денови 11.10 и 23.10 со фокус на пациентките со карцином на дојка.

За потсетување, на светско ниво ракот на дојката е најчест карцином кај жената, афектирајќи околу 10% од женската популација, во секоја етапа од нивниот живот.

The post ПЕТ центар: По повод месецот на борба против рак на дојка за првпат во неработни денови отвораме нови термини на 11-ти и 23-ти Октомври за да ја доближуваме дијагностиката за пациентките appeared first on Република.

]]>

Во рамки на месец октомври, посветен на борба против рак на дојка кај женската популација, ја афирмираме пораката за важноста за превенција зашто тоа е клучно за спасување животи. Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, како институција со најсовремена опрема за ПЕТ/КТ дијагностика ги потсетува жените за вршење самопреглед, редовен преглед кај лекар, како и скрининг прегледи за да се превенира болеста, рано дијагностицира и навремено лекува. Во насока на доближување на дијагностиката, Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија во соработка со Клиниката за онлологија и радиотерапија се солидаризира со сите жени кои се соочуваат со ова заболување за првпат на овој Институт за PET/KT скен се отвораат нови термини во неработните денови 11.10 и 23.10 со фокус на пациентките со карцином на дојка. За потсетување, на светско ниво ракот на дојката е најчест карцином кај жената, афектирајќи околу 10% од женската популација, во секоја етапа од нивниот живот.

The post ПЕТ центар: По повод месецот на борба против рак на дојка за првпат во неработни денови отвораме нови термини на 11-ти и 23-ти Октомври за да ја доближуваме дијагностиката за пациентките appeared first on Република.

]]>
Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/peshevska-predupredi-na-opasnosta-od-rakot-na-dojka-najdete-vreme-da-se-grizhite-za-sebe-sekoj-pregled-e-vazhen/ Sun, 06 Oct 2024 10:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=823395

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка, една од најчесто дијагностицираните болести кај жените, но и кај мажите иако во помал процент.

-Ова е болест која може да погоди секого од нас. Без оглед на возраста, општествениот статус или етничката припадност. Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жените. Статистиките покажуваат дека честотата на болеста, во послениве 30 години расте на глобално ниво и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира. Истражувањата покажуваат дека 1 во 8 жени, во својот живот, ќе развијат рак на дојка, рече таа.

Пратеничката сподели статистика дека околу две третини се на возраст над 55 години, додека останатите се меѓу 35-54 години.

-На светско ниво, бројот на новодијагностицирани случаи достигнува 2,1 милион новодијагностицирани. Иако оваа болест е една од најсмртоносните видови на рак кај жените, оваа болест ги погодува и мажите со учество од 1-2%, истакна Пешевска нагласувајќи дека потребата за рана дијагностика беше нагласена како клучна за лекување на оваа болест.

Пратеничката истакна дека „самоконтролите и контролите во самите лекарски установи можат да ни го спасат животот, а животот не заслужува изговори“.

Нејзината пораката до присутните беше јасна: редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот.

-Драги жени, драги сестри, драги мајки, најдете време да се грижите за себе, исто како за вашите сакани, и не заборавајте дека секој преглед е важен, рече пратеничката Пешевска.

The post Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен! appeared first on Република.

]]>

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати во Собранието по повод Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка, една од најчесто дијагностицираните болести кај жените, но и кај мажите иако во помал процент.
-Ова е болест која може да погоди секого од нас. Без оглед на возраста, општествениот статус или етничката припадност. Ракот на дојка е втор најчесто дијагностициран рак кај жените. Статистиките покажуваат дека честотата на болеста, во послениве 30 години расте на глобално ниво и тој пораст изнесува 3,1% годишно, а морталитетот варира. Истражувањата покажуваат дека 1 во 8 жени, во својот живот, ќе развијат рак на дојка, рече таа.
Пратеничката сподели статистика дека околу две третини се на возраст над 55 години, додека останатите се меѓу 35-54 години.
-На светско ниво, бројот на новодијагностицирани случаи достигнува 2,1 милион новодијагностицирани. Иако оваа болест е една од најсмртоносните видови на рак кај жените, оваа болест ги погодува и мажите со учество од 1-2%, истакна Пешевска нагласувајќи дека потребата за рана дијагностика беше нагласена како клучна за лекување на оваа болест.
Пратеничката истакна дека „самоконтролите и контролите во самите лекарски установи можат да ни го спасат животот, а животот не заслужува изговори“. Нејзината пораката до присутните беше јасна: редовните лекарски контроли треба да станат дел од нашиот живот.
-Драги жени, драги сестри, драги мајки, најдете време да се грижите за себе, исто како за вашите сакани, и не заборавајте дека секој преглед е важен, рече пратеничката Пешевска.

The post Пешевска предупреди на опасноста од ракот на дојка: Најдете време да се грижите за себе, секој преглед е важен! appeared first on Република.

]]>
Изминативе четири години расте бројот на новорегистрирани случаи од рак на дојка кај жените https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izminative-chetiri-godini-raste-brojot-na-novoregistrirani-sluchai-od-rak-na-dojka-kaj-zhenite/ Thu, 03 Oct 2024 12:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=822203

Во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка, покажува најновиот извештај на Институт за јавно здравје, објавен по повод одбележвуањето на Октомври - Месец против рак на дојката.

Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени, се вели во извештајот.

[caption id="attachment_822206" align="alignnone" width="512"] Извор: Институт за јавно здравје[/caption]

Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жените во  Македонија во периодот 2017-2021 година.

Во 2017 година биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени.

[caption id="attachment_822207" align="alignnone" width="503"] Извор: Институт за јавно здравје[/caption]

[caption id="attachment_822210" align="alignnone" width="516"] Извор: Институт за јано здравје[/caption]

The post Изминативе четири години расте бројот на новорегистрирани случаи од рак на дојка кај жените appeared first on Република.

]]>

Во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2023 година е ракот на дојка, покажува најновиот извештај на Институт за јавно здравје, објавен по повод одбележвуањето на Октомври - Месец против рак на дојката. Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени, се вели во извештајот. [caption id="attachment_822206" align="alignnone" width="512"] Извор: Институт за јавно здравје[/caption] Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жените во  Македонија во периодот 2017-2021 година. Во 2017 година биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени. [caption id="attachment_822207" align="alignnone" width="503"] Извор: Институт за јавно здравје[/caption] [caption id="attachment_822210" align="alignnone" width="516"] Извор: Институт за јано здравје[/caption]

The post Изминативе четири години расте бројот на новорегистрирани случаи од рак на дојка кај жените appeared first on Република.

]]>
Актерката Весна Бејби има рак на дојката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/akterkata-vesna-bejbi-ima-rak-na-dojkata/ Sat, 07 Sep 2024 16:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=814182

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на „Инстаграм“ соопшти дека и дијагнотицирале рак.

Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.

Таа посочи дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.

Имав две операции, се работи за рак на дојка. Минатата година кога јас се оперирав и вадев жолчка, ми кажаа дека треба да ја следам состојбата. Како што спиев, едно ми скокна на десната града, што толку ме заболе, што јас се јавив на мојот д-р Огнен. Ме среди за 24 часа, со тоа што ми обезбеди торакалец, жена, Наташа Толевска, извонреден хирург, додава Петрушевска.

Посочува дека таа живее со дијагнозата и состојбата на телото.

Имам 30 сантиметри рез, кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, додава Петрушевска.

The post Актерката Весна Бејби има рак на дојката appeared first on Република.

Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vojvotkata-sara-ferguson-koja-se-izlekuva-od-rak-na-dojka-sega-ima-rak-na-kozhata/ Sun, 21 Jan 2024 20:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=735233

На војвотката од Јорк Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство.

Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.

„Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази… Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.

Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка.

Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица.

Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.

The post Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата appeared first on Република.

]]>

На војвотката од Јорк Сара Фергусон, ѝ е дијагностициран еден вид рак на кожата, објавија во неделата британските медиуми, уште еден здравствен проблем со кој се соочува британското кралско семејство. Сега 64-годишната Фергусон, кој беше во брак со принцот Ендрју, минатата година се лекуваше од рак на дојка, а сега ѝ е дијагностициран малигнен меланом откако му ѝ биле отстранети неколку бенки.
„Таа моментално е подложена на дополнителни тестови за да се осигура дека ова е откриено во раните фази… Јасно, втората дијагноза толку брзо по лекувањето на ракот на дојката е вознемирувачка, но војвотката е во добро расположение“, ја цитира Sky News изјавата на нејзиниот портпарол.
Фергусон, позната како Ферги, зборуваше за важноста на скринингот за рак по нејзината првична операција за рак на дојка. Нејзината нова дијагноза беше објавена речиси истовремено кога 75-годишниот крал Чарлс Трети се подготвува да оди на „корективна операција“ за зголемена простата оваа седмица. Во средата, претставници на кралското семејство објавија дека Кејт, сопругата на синот на Чарлс, принцот Вилијам, била подложена на успешна абдоминална операција и дека ќе остане во болница до две недели.

The post Војвотката Сара Фергусон, која се излекува од рак на дојка, сега има рак на кожата appeared first on Република.

]]>
Меџити: Над 3.000 жени годинава биле дел од скрининг мамографијата во рамки на програмата на Министерството https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-nad-3-000-zheni-godinava-bile-del-od-skrining-mamografijata-vo-ramki-na-programata-na-ministerstvoto/ Sun, 05 Nov 2023 12:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=698433

Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настан во Градскиот парк во организација на Здружението Езра и во соработка со најголемата европска алијанса на здруженија на пациенти.

-Бидејќи раното откривање е клучно кај ракот на дојка, Министерството за здравство, во насока на превенција, спроведува национална скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Годинава, со неа се опфатени жените од 45 до 69 години, кои не направиле мамографија последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор, рече Меџити.

Скрининг мамографијата, потсети тој, е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

-Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на овој скрининг. Имплементиравме и значајни новини во протоколот за преглед на
дојка. Жените со промени се упатуваат во посебен кабинет за дојка, каде радиологот ги издава потребните дополнителни упати за биопсија и други испитувања, рече министерот за здравство.

Со ова, според Меџити, значително се олеснува пристапот на жената до потребната здравствена услуга.

Тој апелираше за важноста на превентивните прегледи и грижата за сопственото здравје, имајќи предвид дека раното откривање, може да спаси живот.

The post Меџити: Над 3.000 жени годинава биле дел од скрининг мамографијата во рамки на програмата на Министерството appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присуствуваше на настан во Градскиот парк во организација на Здружението Езра и во соработка со најголемата европска алијанса на здруженија на пациенти. -Бидејќи раното откривање е клучно кај ракот на дојка, Министерството за здравство, во насока на превенција, спроведува национална скрининг програма за рано откривање рак на дојка. Годинава, со неа се опфатени жените од 45 до 69 години, кои не направиле мамографија последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор, рече Меџити. Скрининг мамографијата, потсети тој, е бесплатна за жените во програмата, односно партиципацијата ја покрива Министерството за здравство. -Од почетокот на годинава, досега се реализирани над три илјади прегледи во рамки на овој скрининг. Имплементиравме и значајни новини во протоколот за преглед на дојка. Жените со промени се упатуваат во посебен кабинет за дојка, каде радиологот ги издава потребните дополнителни упати за биопсија и други испитувања, рече министерот за здравство. Со ова, според Меџити, значително се олеснува пристапот на жената до потребната здравствена услуга. Тој апелираше за важноста на превентивните прегледи и грижата за сопственото здравје, имајќи предвид дека раното откривање, може да спаси живот.

The post Меџити: Над 3.000 жени годинава биле дел од скрининг мамографијата во рамки на програмата на Министерството appeared first on Република.

]]>
Проф. д-р Срцева: Важно е да се направи ехо преглед и мамографија, важно е да има термини за прегледи и интервенции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-d-r-srtseva-vazhno-e-da-se-napravi-eho-pregled-i-mamografija-vazhno-e-da-ima-termini-za-pregledi-i-interventsii/ Sun, 22 Oct 2023 09:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=693819

Проф. д-р Марија Јовановски Срцева во поддршка на сите борци кои го одат или го изодиле патот - Напред розово.

Како жена, како мајка, ќерка, потоа како докторка која работи токму на Торакално-васкуларна хирургија, каде се вршат интервенциите кај жените со рак на дојка, на настанот во Куманово во организација на Унијата на жени при ОК Куманово, проф. Срцева излезе со следните пораки:

❗️ #ВажноЕ да се направи ехо преглед и мамографија.

❗️ Важно е да се прави самопреглед.

❗️ Важно е да има термини за прегледи и интервенции.

❗️ Важно е зашто сликата која ја гледаме на торакална хирургија покажува дека голем процент жени доаѓаат во доцна фаза, иако важно е што порано да се открие ова заболување и важно е што порано да се започне со третман или интервенција.

Во овој #РозевОктомври освен за ракот на дојка потсетуваме и за грижата за целокупното женско здравје, вклучувајќи ги и редовните гинеколошки прегледи.

👉 За што подобра превенција и третман:

❗️ ВажноЕ да се инвестира во кадар и опрема

➡️ Даваме силна поддршка и во иднина ќе поддржиме иницијативи и настани како овој во организација на Унијата на жени при ОК Куманово.

➡️Наша заедничка цел е заеднички да ја подигнеме свесноста кај жените за ова заболување.

The post Проф. д-р Срцева: Важно е да се направи ехо преглед и мамографија, важно е да има термини за прегледи и интервенции appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Марија Јовановски Срцева во поддршка на сите борци кои го одат или го изодиле патот - Напред розово. Како жена, како мајка, ќерка, потоа како докторка која работи токму на Торакално-васкуларна хирургија, каде се вршат интервенциите кај жените со рак на дојка, на настанот во Куманово во организација на Унијата на жени при ОК Куманово, проф. Срцева излезе со следните пораки: ❗️ #ВажноЕ да се направи ехо преглед и мамографија. ❗️ Важно е да се прави самопреглед. ❗️ Важно е да има термини за прегледи и интервенции. ❗️ Важно е зашто сликата која ја гледаме на торакална хирургија покажува дека голем процент жени доаѓаат во доцна фаза, иако важно е што порано да се открие ова заболување и важно е што порано да се започне со третман или интервенција. Во овој #РозевОктомври освен за ракот на дојка потсетуваме и за грижата за целокупното женско здравје, вклучувајќи ги и редовните гинеколошки прегледи. 👉 За што подобра превенција и третман: ❗️ ВажноЕ да се инвестира во кадар и опрема ➡️ Даваме силна поддршка и во иднина ќе поддржиме иницијативи и настани како овој во организација на Унијата на жени при ОК Куманово. ➡️Наша заедничка цел е заеднички да ја подигнеме свесноста кај жените за ова заболување.

The post Проф. д-р Срцева: Важно е да се направи ехо преглед и мамографија, важно е да има термини за прегледи и интервенции appeared first on Република.

]]>
Најчеста причина за смрт кај жените во Македонија е рак на дојка, лани починале 365, најмногу во последните 22 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najchesta-prichina-za-smrt-kaj-zhenite-vo-makedonija-e-rak-na-dojka-lani-pochinale-365-najmnogu-vo-poslednite-22-godini/ Wed, 11 Oct 2023 11:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=690141

Во Македонија најчеста причина за смрт кај жените е рак на дојка, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2022 година е малигната неоплазма на дојка.

[caption id="attachment_690142" align="alignnone" width="1030"] извор: Институт за јавно здравје[/caption]

Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Октомври е месец на борба против рак на дојка, а пациентките со месеци, а некои и со години чекаат термин за ехо на дојка и мамографија. Лекарите пак постојано повторуваат дека откривањето на ракот на дојката во рана фаза може да спаси живот.

[caption id="attachment_690143" align="alignnone" width="1030"] извор: Институт за јавно здравје[/caption]

Од Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво, изјавија дека до Министерството за здравство ќе предложат да се воведе т. н. Сина дијагноза, или Син термин, за да може да им се олесни животот на пациентите кои се веќе детектирани со малигни болести.

https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-moj-termin-se-voveduva-pole-zhensko-zdravje-kade-shto-ke-gi-ima-izveshtaite-od-eho-mamografija-pregled-na-dojka/

The post Најчеста причина за смрт кај жените во Македонија е рак на дојка, лани починале 365, најмногу во последните 22 години appeared first on Република.

]]>

Во Македонија најчеста причина за смрт кај жените е рак на дојка, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, во Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2022 година е малигната неоплазма на дојка. [caption id="attachment_690142" align="alignnone" width="1030"] извор: Институт за јавно здравје[/caption]
Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Октомври е месец на борба против рак на дојка, а пациентките со месеци, а некои и со години чекаат термин за ехо на дојка и мамографија. Лекарите пак постојано повторуваат дека откривањето на ракот на дојката во рана фаза може да спаси живот. [caption id="attachment_690143" align="alignnone" width="1030"] извор: Институт за јавно здравје[/caption] Од Здружението за цервикална патологија и колпоскопија и на Македонското лекарско друштво, изјавија дека до Министерството за здравство ќе предложат да се воведе т. н. Сина дијагноза, или Син термин, за да може да им се олесни животот на пациентите кои се веќе детектирани со малигни болести. https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-moj-termin-se-voveduva-pole-zhensko-zdravje-kade-shto-ke-gi-ima-izveshtaite-od-eho-mamografija-pregled-na-dojka/    

The post Најчеста причина за смрт кај жените во Македонија е рак на дојка, лани починале 365, најмногу во последните 22 години appeared first on Република.

]]>
Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, вели Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-nekoj-ti-kazhe-deka-imash-rak-ne-treba-da-lezhish-i-da-boluvash-jas-gi-broev-hemoterapiite-veli-lila-filipovska-za-borbata-so-rakot-na-dojka/ Thu, 30 Mar 2023 08:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=625350

Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, чекав побргу да поминат. Сè што правев, правев за себе и успеав да направам луѓето да не веруваат. Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот ќе поместиш и планини , вели водителката Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка, пишува ММС.

Филиповска синоќа беше дел од промоцијата на автобиографска книга „Ти си таа“ на популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот.

Лила вели дека голем комплимент ѝ било тоа што целиот процес успеала да го помине на нозе.

Мене тоа ми беше комплимент, јас сум успеала изминатата година да ја поминам на нозе стандардно и јас сум доволен доказ дека никогаш болеста не смее да се доживува така. Молете се и имајте нешто свето, тоа е убаво. Тоа го научив на хемотерапија. Сите другари беа со мене, но на хемо јас сум таа што ја дава раката и ја прима терапијата. Таму сте ти и Бог. Мене тоа многу ми помогна, сподели Лила.

Првпат за оваа борба, Лила Филиповска прозборе во интервју на почетоков на месецов, кога откри дека има измешани емоции, но одлучила да раскаже за својот сериозен проблем бидејќи повеќе од две децении ја споделува својата интима со публиката.

Целиот текст тука

The post Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, вели Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка appeared first on Република.

]]>

Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, чекав побргу да поминат. Сè што правев, правев за себе и успеав да направам луѓето да не веруваат. Ова е сериозна дијагноза, но кога си силен во умот ќе поместиш и планини , вели водителката Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка, пишува ММС. Филиповска синоќа беше дел од промоцијата на автобиографска книга „Ти си таа“ на популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот. Лила вели дека голем комплимент ѝ било тоа што целиот процес успеала да го помине на нозе.
Мене тоа ми беше комплимент, јас сум успеала изминатата година да ја поминам на нозе стандардно и јас сум доволен доказ дека никогаш болеста не смее да се доживува така. Молете се и имајте нешто свето, тоа е убаво. Тоа го научив на хемотерапија. Сите другари беа со мене, но на хемо јас сум таа што ја дава раката и ја прима терапијата. Таму сте ти и Бог. Мене тоа многу ми помогна, сподели Лила.
Првпат за оваа борба, Лила Филиповска прозборе во интервју на почетоков на месецов, кога откри дека има измешани емоции, но одлучила да раскаже за својот сериозен проблем бидејќи повеќе од две децении ја споделува својата интима со публиката. Целиот текст тука

The post Ако некој ти каже дека имаш рак, не треба да лежиш и да болуваш, јас ги броев хемотерапиите, вели Лила Филиповска за борбата со ракот на дојка appeared first on Република.

]]>
Вештачка интелигенција открила рак на дојка четири години однапред https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veshtachka-inteligentsija-otkrila-rak-na-dojka-chetiri-godini-odnapred/ Wed, 29 Mar 2023 18:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=625153

Неверојатен успех на вештачката интелигенција која успеала да открие канцерогени клетки дури четири години пред нивниот развој, сподели д-р Лари Нортон од Центарот за истражување на рак на дојка „Лаудер“, пишува „UNILAD“.

Овој успех, според д-р Лари Нортон, е само едно во низата достигнувања на вештачката интелигенција во медицината. Како што наведе, оваа технологија во иднина уште повеќе ќе помогне во напредокот на медицината.

Според него, најголемата предност на вештачката интелигенција е тоа што е практична. Некои абнормалности ќе бидат игнорирани како помалку релевантни, додека лекарот би наредил биопсија за тоа.

The post Вештачка интелигенција открила рак на дојка четири години однапред appeared first on Република.

]]>

Неверојатен успех на вештачката интелигенција која успеала да открие канцерогени клетки дури четири години пред нивниот развој, сподели д-р Лари Нортон од Центарот за истражување на рак на дојка „Лаудер“, пишува „UNILAD“. Овој успех, според д-р Лари Нортон, е само едно во низата достигнувања на вештачката интелигенција во медицината. Како што наведе, оваа технологија во иднина уште повеќе ќе помогне во напредокот на медицината. Според него, најголемата предност на вештачката интелигенција е тоа што е практична. Некои абнормалности ќе бидат игнорирани како помалку релевантни, додека лекарот би наредил биопсија за тоа.

The post Вештачка интелигенција открила рак на дојка четири години однапред appeared first on Република.

]]>
Термин за ехо на дојка во следните денови има само во Македонски Брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-eho-na-dojka-vo-slednite-denovi-ima-samo-vo-makedonski-brod/ Fri, 25 Nov 2022 19:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=578377

Ако живеете во Скопје и имате потреба од Ехо на дојка во државна болница првиот слободен термин е наредната недела, но мора да одите во Македонски Брод, објавува „Сител“. Во иста ситуација се и пациентките од останатите градови. За вакво снимање на Радиологија на Клинички болни од рак мора да чекаат повеќе од еден месец или да си платат во приватна установа, но не секој може да си го дозволи тоа.

-Оперирана сум од рак, но имам болка под градата и на ехо не можат да ми најдат термин, треба да се чека 1 месец, вели пациентка со карцином.

-Најмалку месец дена се чека, но оваа болест не чека, вели друга пациентка.

Од Радиологија пак тврдат дека тешко болните пациенти имаат приоритет за потребните снимања.

Целата сторија на „Сител

The post Термин за ехо на дојка во следните денови има само во Македонски Брод appeared first on Република.

]]>

Ако живеете во Скопје и имате потреба од Ехо на дојка во државна болница првиот слободен термин е наредната недела, но мора да одите во Македонски Брод, објавува „Сител“. Во иста ситуација се и пациентките од останатите градови. За вакво снимање на Радиологија на Клинички болни од рак мора да чекаат повеќе од еден месец или да си платат во приватна установа, но не секој може да си го дозволи тоа.
-Оперирана сум од рак, но имам болка под градата и на ехо не можат да ми најдат термин, треба да се чека 1 месец, вели пациентка со карцином. -Најмалку месец дена се чека, но оваа болест не чека, вели друга пациентка.
Од Радиологија пак тврдат дека тешко болните пациенти имаат приоритет за потребните снимања. Целата сторија на „Сител

The post Термин за ехо на дојка во следните денови има само во Македонски Брод appeared first on Република.

]]>
Сали: Ќе се намали чекањето за прегледи и за дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-kje-se-namali-chekanjeto-za-pregledi-i-za-dopolnitelni-termini-za-mamografija-i-eho-na-dojka/ Fri, 04 Feb 2022 12:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=454112

Заедно со докторите, клиниките и невладиниот сектор ќе се преземат активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка, ќе направиме конкретни активности за да се олесни пристапот во дијагностиката и здравствените услуги кои се потребни за следење на болеста, но ќе продолжиме и со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да го спаси животот на многу пациенти.

Ова го истакна министерот за здравство Беким Сали на онлајн прес-конференција која ја организираше Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“, по повод Светскиот ден за борба против ракот.

Министерот посочи дека тие лекови, кои изминатиот период се набавуваа со посебен буџет ќе треба да станат дел од новата позитивна листа со цел да се подобри третманот на пациентите со малигни заболувања.

Сали потенцира дека нивната цел е да ја намалат стапката на морталитет и да овозможат секој да има право да се бори и да добие соодветна грижа во рамки на здравствениот систем, а тоа е една од основите за која треба да размислуваат во насока на имплементирање на првиот национален план за контрола на ракот во земјава.

Инвестициите во превенција на ракот, раното откривање и неговата контрола преку организирани програми и скрининзи е од клучно значење да се помогне и да се спаси животот. Да не заборавиме дека импликацијата на буџетот и на пациентите и на државата е многу помал доколку ракот се лекува во ран стадиум. Во Македонија пред четири години првпат беше овозможен пристап до нови 30 билошки имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат од посебен буџет, но овие лекови за жал се уште не се ставени на позитивната листа, а нивната достапност е неопходна за онколошките и хематолошките пациенти со малигни болести. Министерството за здравство ја продолжува соработката со сите релевантни фактори во овој процес - изјави Сали.

Доктор Нино Васев од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија рече дека набавиле нов апарат која може десет пати побрзо да прифати пациенти за зрачење и сега е во тек обука. Посочи дека на таа Клиника нема ред за зрачење, три недели е максималниот период меѓу давање и почнување со терапија.

Доктор Сања Трајкова од Клиниката за хематологија истакна дека Клиниката е комплетно реновирана, а со финансиска помош од европската команда на Армијата на САД обезбедени преку програмата за помош на Американската амбасада, ќе биде изграден уште еден спрат на Клиниката.

Новиот капацитет заедно со веќе воведените најсовремени методи за лекување ќе бидат можност Клиниката да се вброи во најсовремените центри за лекување на хематолошки заболувања. Изминатата година се реализирани 16 алогени трансплантации од несреден донор, четири од сроден донор и успеавме да обезбедиме повеќе од 30 нови лекови за третман на хематолошките малигни заболувања. Буџетот за 2022 ни е зголемен и најголем број од тие средства ќе бидат искористени за трансплантација и за една најсовремена терапија - додаде д-р Трајкова.

Претседателот на Здружение „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева порача дека неопходно да се имплементира национална стратегија за контрола на ракот, која ќе се фокусира и на донесување на скрининг програмите и за вклученоста на организациите во промената на позитивната листа, набавката на лекови, клиничките испитувања, дијагностичките процедури, следење и мониторинг на болеста.

Во пандемијата дојдоа до израз многу проблеми, прво и основно е дијагностиката, значи сите дијагностички процедури беа сопрени, луѓето не може да направат ниту контролни прегледи навреме бидејќи многу месеци се чекаше, а од друга страна како да зборуваме за рана детекција и превенција кога сите скрининг програми беа сопрени. Тоа е нешто на кое треба да сме фокусирани. Предлагам мултидисциплинарен пристап за сето тоа да се реши. Мора да се надминат овие проблеми. Немавме прекин на терапијата досега, но промената на законот, на позитивната листа беше стопирано во 2020 година кога почна пандемијата со КОВИД-19. Веќе е 2022 година и можат да се преземат активности, да се смени законот, комисиите кои се за имплементирање и сето тоа што е направено да може да опстои со цел да нема прекин во терапијата - посочи Додева.

Министерот Сали, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека одлуката за внесување на 30 нови биолошки имунолошки терапии направена пред четири години, во континуитет набавка на опрема која придонесува за рано детектирање на рак покажува дека Министерството за здравство има фокус во борбата против ракот.

Националниот план за контрола на ракот ќе биде еден од фокусите. Како нов министер за здравство ќе се фокусирам заедно со сите невладини организации и со клиниките за онкологија, хематологија, педијатрија, гинекологија, хирурзите, заеднички да создадеме план и за превенција, односно за рано детектирање и спроведување скрининг програми низ целата територија на државата. Утре во Неготино имаме примопредавање мобилен мамограф, кој е донација од бугарската Влада - додаде Сали.

The post Сали: Ќе се намали чекањето за прегледи и за дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка appeared first on Република.

]]>

Заедно со докторите, клиниките и невладиниот сектор ќе се преземат активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка, ќе направиме конкретни активности за да се олесни пристапот во дијагностиката и здравствените услуги кои се потребни за следење на болеста, но ќе продолжиме и со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да го спаси животот на многу пациенти. Ова го истакна министерот за здравство Беким Сали на онлајн прес-конференција која ја организираше Здружението за борба против рак „БОРКА – За секој нов ден“, по повод Светскиот ден за борба против ракот. Министерот посочи дека тие лекови, кои изминатиот период се набавуваа со посебен буџет ќе треба да станат дел од новата позитивна листа со цел да се подобри третманот на пациентите со малигни заболувања. Сали потенцира дека нивната цел е да ја намалат стапката на морталитет и да овозможат секој да има право да се бори и да добие соодветна грижа во рамки на здравствениот систем, а тоа е една од основите за која треба да размислуваат во насока на имплементирање на првиот национален план за контрола на ракот во земјава.
Инвестициите во превенција на ракот, раното откривање и неговата контрола преку организирани програми и скрининзи е од клучно значење да се помогне и да се спаси животот. Да не заборавиме дека импликацијата на буџетот и на пациентите и на државата е многу помал доколку ракот се лекува во ран стадиум. Во Македонија пред четири години првпат беше овозможен пристап до нови 30 билошки имунолошки терапии, нови иновативни лекови кои се набавуваат од посебен буџет, но овие лекови за жал се уште не се ставени на позитивната листа, а нивната достапност е неопходна за онколошките и хематолошките пациенти со малигни болести. Министерството за здравство ја продолжува соработката со сите релевантни фактори во овој процес - изјави Сали.
Доктор Нино Васев од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија рече дека набавиле нов апарат која може десет пати побрзо да прифати пациенти за зрачење и сега е во тек обука. Посочи дека на таа Клиника нема ред за зрачење, три недели е максималниот период меѓу давање и почнување со терапија. Доктор Сања Трајкова од Клиниката за хематологија истакна дека Клиниката е комплетно реновирана, а со финансиска помош од европската команда на Армијата на САД обезбедени преку програмата за помош на Американската амбасада, ќе биде изграден уште еден спрат на Клиниката.