Рафаел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 17:31:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рафаел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael/ 32 32 Откриена непозната слика на Рафаел од 16 век https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkriena-nepoznata-slika-na-rafael-od-16-vek/ Sun, 17 Sep 2023 20:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=682672

Неодамна е откриена нова, досега непозната слика на италијанскиот ренесансен сликар Рафаел Санти, на која е претставена Марија Магдалена, објавија експертите денеска на меѓународна конференција во Пергола, град во централната италијанска провинција Пезаро и Урбино.

Од Анса наведуваат дека се работи за уметничко дело за кое модел била Кјара Фанчели, насликана на плоча од топола со димензии 46 на 34 сантиметри и датира од 1504 година. Тoa е во сопственост на приватен колекционер и експертите проценуваат дека навистина е насликанo од Рафаело.

Анса наведува дека верзијата на овој портрет на Марија Магдалена ја насликал сликарот Перуџино, учителот на Рафаел, но новите информации покажуваат дека новооткриениот портрет на Рафаел е уште постар од оној што го насликал неговиот учител.

Верзијата на Рафаел се смета за стилски и технички супериорна и на неа може да се забележат суптилни влијанија на Леонардо да Винчи. Исто така, се вели дека употребата на пропорции во портретот сугерира дека Рафаело „конечно го пронашол својот јазик“ и го надминал својот учител.

Експертите веста за откривањето на новата слика ја објавија за време на конференцијата „Визијата за совршенството на Рафаел Санти“, пред објавувањето на студијата за неговиот придонес во уметноста, која ќе биде насловена „Рафаеловата Магдалена, кога ученикот ќе го надмине учителот“.

The post Откриена непозната слика на Рафаел од 16 век appeared first on Република.

]]>

Неодамна е откриена нова, досега непозната слика на италијанскиот ренесансен сликар Рафаел Санти, на која е претставена Марија Магдалена, објавија експертите денеска на меѓународна конференција во Пергола, град во централната италијанска провинција Пезаро и Урбино. Од Анса наведуваат дека се работи за уметничко дело за кое модел била Кјара Фанчели, насликана на плоча од топола со димензии 46 на 34 сантиметри и датира од 1504 година. Тoa е во сопственост на приватен колекционер и експертите проценуваат дека навистина е насликанo од Рафаело. Анса наведува дека верзијата на овој портрет на Марија Магдалена ја насликал сликарот Перуџино, учителот на Рафаел, но новите информации покажуваат дека новооткриениот портрет на Рафаел е уште постар од оној што го насликал неговиот учител. Верзијата на Рафаел се смета за стилски и технички супериорна и на неа може да се забележат суптилни влијанија на Леонардо да Винчи. Исто така, се вели дека употребата на пропорции во портретот сугерира дека Рафаело „конечно го пронашол својот јазик“ и го надминал својот учител. Експертите веста за откривањето на новата слика ја објавија за време на конференцијата „Визијата за совршенството на Рафаел Санти“, пред објавувањето на студијата за неговиот придонес во уметноста, која ќе биде насловена „Рафаеловата Магдалена, кога ученикот ќе го надмине учителот“.

The post Откриена непозната слика на Рафаел од 16 век appeared first on Република.

]]>