рафаел надал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael-nadal/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 06:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рафаел надал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael-nadal/ 32 32 Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ: „Ти благодарам Ноле…“ https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-na-srpski-mu-se-zablagodari-na-gokovik-ti-blagodaram-nole/ Sun, 20 Oct 2024 06:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=828957

Новак Ѓоковиќ на „Слемот на шесте кралеви“ во Саудиска Арабија стави крај на ривалството со Рафаел Надал одигрувајќи го последниот меч меѓу едни од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт.

Ѓоковиќ победи, но она што ја одбележа средбата сигурно се емотивните сцени по мечот по кои на крај српскиот тенисер се огласи и преку социјалните мрежи.

На објавата на Новак и Надал, преку социјалните мрежи му се заблагодари на Ѓоковиќ на српски.

„Ти благодарам, Ноле“ – напиша Надал.

The post Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ: „Ти благодарам Ноле…“ appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ на „Слемот на шесте кралеви“ во Саудиска Арабија стави крај на ривалството со Рафаел Надал одигрувајќи го последниот меч меѓу едни од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт. Ѓоковиќ победи, но она што ја одбележа средбата сигурно се емотивните сцени по мечот по кои на крај српскиот тенисер се огласи и преку социјалните мрежи. На објавата на Новак и Надал, преку социјалните мрежи му се заблагодари на Ѓоковиќ на српски. „Ти благодарам, Ноле“ – напиша Надал.

The post Надал на српски му се заблагодари на Ѓоковиќ: „Ти благодарам Ноле…“ appeared first on Република.

]]>
Гвардиола: Новак, Рафа и Роџер за мене се генијалци https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gvardiola-novak-rafa-i-rodher-za-mene-se-genijaltsi/ Sat, 19 Oct 2024 18:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=828902

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за пензионирањето на Рафаел Надал.

Гвардиола истакна дека има вистинска стравопочит кон големата тројка на тенисот: Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Мислам дека Надал реши да се пензионира бидејќи виде дека повеќе не може да се натпреварува на највисокото ниво на кое беше две децении“, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“.

„Им се восхитувам. Се восхитувам на константноста што ја покажуваше големата тројка во секоја сезона што ја играа. Никогаш не се откажаа, се враќаа од тешки ситуации“.

„За мене сите тројца се генијалци. Секогаш се трудев да учам од нивниот говор на телото, од тоа како се однесуваат во одредени моменти кога им е тешко, колку се психички силни и секако од нивниот талент и вештина“, заклучи Пеп.

The post Гвардиола: Новак, Рафа и Роџер за мене се генијалци appeared first on Република.

]]>

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за пензионирањето на Рафаел Надал. Гвардиола истакна дека има вистинска стравопочит кон големата тројка на тенисот: Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. „Мислам дека Надал реши да се пензионира бидејќи виде дека повеќе не може да се натпреварува на највисокото ниво на кое беше две децении“, изјави Гвардиола за „Скај Спортс“. „Им се восхитувам. Се восхитувам на константноста што ја покажуваше големата тројка во секоја сезона што ја играа. Никогаш не се откажаа, се враќаа од тешки ситуации“. „За мене сите тројца се генијалци. Секогаш се трудев да учам од нивниот говор на телото, од тоа како се однесуваат во одредени моменти кога им е тешко, колку се психички силни и секако од нивниот талент и вештина“, заклучи Пеп.

The post Гвардиола: Новак, Рафа и Роџер за мене се генијалци appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ го победи Надал https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-go-pobedi-nadal/ Sat, 19 Oct 2024 18:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=828915

Новак Ѓоковиќ беше подобар од Рафаел Надал со 6-2, 7-6 и го освои третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад.

Ова беше последен 61-ви меѓусебен дуел на овие славни тенисери, и 32-ра победа за Србинот кој ја оправда фаворитската улога и без загубен сет го совлада својот долгогодишен ривал кој ќе се пензионира на крајот на годинава.

The post Ѓоковиќ го победи Надал appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ беше подобар од Рафаел Надал со 6-2, 7-6 и го освои третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад. Ова беше последен 61-ви меѓусебен дуел на овие славни тенисери, и 32-ра победа за Србинот кој ја оправда фаворитската улога и без загубен сет го совлада својот долгогодишен ривал кој ќе се пензионира на крајот на годинава.

The post Ѓоковиќ го победи Надал appeared first on Република.

]]>
Надал: Подготвен сум за крај на кариерата https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-podgotven-sum-za-kraj-na-karierata/ Fri, 18 Oct 2024 20:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=828647

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но дека ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа.

Освојувачот на 22 грен слем титули минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот што се игра од 19 до 24 ноември во Малага.

Емотивно сигурно ќе бидам подготвен. Физички и во однос на нивото на игра, ми преостанува уште еден месец за подготовка. Ќе се обидам да бидам во добра форма за да му помогнам на тимот да победи. Ако не сум подготвен за сингл, јас ќе бидам првиот што ќе го каже тоа. Бидете 100 проценти сигурни дека нема да бидам на теренот ако мислам дека не можам да победам на тој меч“, рече Надал, пренесе Би-Би-Си.

Надал вчера загуби од сонародникот Карлос Алкараз со 3:6, 3:6 на ревијалниот турнир во Ријад, а за третото место в сабота ќе игра против големиот ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше поразен од Јаник Синер со 2:6, 7:6, 4:6.

The post Надал: Подготвен сум за крај на кариерата appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека емотивно е подготвен да ја заврши кариерата на претстојното финале на Дејвис купот, но дека ќе настапи само во сингл доколку е целосно подготвен за победа. Освојувачот на 22 грен слем титули минатата недела објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот за шпанската репрезентација на финалето на Дејвис купот што се игра од 19 до 24 ноември во Малага.
Емотивно сигурно ќе бидам подготвен. Физички и во однос на нивото на игра, ми преостанува уште еден месец за подготовка. Ќе се обидам да бидам во добра форма за да му помогнам на тимот да победи. Ако не сум подготвен за сингл, јас ќе бидам првиот што ќе го каже тоа. Бидете 100 проценти сигурни дека нема да бидам на теренот ако мислам дека не можам да победам на тој меч“, рече Надал, пренесе Би-Би-Си.
Надал вчера загуби од сонародникот Карлос Алкараз со 3:6, 3:6 на ревијалниот турнир во Ријад, а за третото место в сабота ќе игра против големиот ривал Новак Ѓоковиќ, кој беше поразен од Јаник Синер со 2:6, 7:6, 4:6.

The post Надал: Подготвен сум за крај на кариерата appeared first on Република.

]]>
Влезниците за последниот меч на Рафаел Надал достигнуваат цена до 141.000 евра https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vleznitsite-za-posledniot-mech-na-rafael-nadal-dostignuvaat-tsena-do-141-000-evra/ Tue, 15 Oct 2024 15:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=827234

Минатата недела, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, го најави своето пензионирање од активното играње. Надал најави дека следниот месец за последен пат ќе се појави на тенискиот терен и тоа во рамките од Дејвис купот.

Ова натпреварување ќе биде во период од 19 до 24 ноември, а сите влезници за сите средби веќе се распродадени. Јасно е дека Надал ќе биде на теренот на 19 ноември во репрезентативниот дрес на Шпанија против Холандија. Тоа може да биде и негов последен меч. Ако Црвената фурија победи, ќе игра во полуфиналето кое ќе се игра на 22 ноември, додека финалето ќе биде на 24 истиот месец.

Бидејќи веќе нема билети во слободна продажба, тоа скапо парче хартија може да се најде на платформата за препродажба „Viagogo“. Најефтината влезница за најодалечените места се продава по 2.000 евра, а влезници за најскапите места се продаваат и по 141.000 евра.

Надал во неверојатната кариера освои дури 22 гренд слем титули, а само Новак Ѓоковиќ има повеќе од него (24). Дури 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, четири титули има на САД опен и по две титули на Австралија опен и Вимблдон. Шпанецот има и олимписко злато од Игрите во Пекинг во 2008 година, како и 36 Мастерс титули.

The post Влезниците за последниот меч на Рафаел Надал достигнуваат цена до 141.000 евра appeared first on Република.

]]>

Минатата недела, еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал, го најави своето пензионирање од активното играње. Надал најави дека следниот месец за последен пат ќе се појави на тенискиот терен и тоа во рамките од Дејвис купот. Ова натпреварување ќе биде во период од 19 до 24 ноември, а сите влезници за сите средби веќе се распродадени. Јасно е дека Надал ќе биде на теренот на 19 ноември во репрезентативниот дрес на Шпанија против Холандија. Тоа може да биде и негов последен меч. Ако Црвената фурија победи, ќе игра во полуфиналето кое ќе се игра на 22 ноември, додека финалето ќе биде на 24 истиот месец. Бидејќи веќе нема билети во слободна продажба, тоа скапо парче хартија може да се најде на платформата за препродажба „Viagogo“. Најефтината влезница за најодалечените места се продава по 2.000 евра, а влезници за најскапите места се продаваат и по 141.000 евра. Надал во неверојатната кариера освои дури 22 гренд слем титули, а само Новак Ѓоковиќ има повеќе од него (24). Дури 14 пати го освојуваше Ролан Гарос, четири титули има на САД опен и по две титули на Австралија опен и Вимблдон. Шпанецот има и олимписко злато од Игрите во Пекинг во 2008 година, како и 36 Мастерс титули.

The post Влезниците за последниот меч на Рафаел Надал достигнуваат цена до 141.000 евра appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-ke-prisustvuva-na-posledniot-turnir-na-nadal/ Fri, 11 Oct 2024 18:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=825705

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал.

-Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи.

Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во 2024 година, кое ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага.

Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето на екипниот турнир ќе игра со Холандија.

Ѓоковиќ нема да игра во Малага бидејќи српската екипа испадна во групната фаза на натпреварувањето.

The post Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал.
-Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи.
Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во 2024 година, кое ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага. Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето на екипниот турнир ќе игра со Холандија. Ѓоковиќ нема да игра во Малага бидејќи српската екипа испадна во групната фаза на натпреварувањето.

The post Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал appeared first on Република.

]]>
Надал објави крај на својата тениска кариера по финалето на Дејвис купот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-objavi-kraj-na-svojata-teniska-kariera-po-finaleto-na-dejvis-kupot/ Thu, 10 Oct 2024 16:31:13 +0000 https://republika.mk/?p=825319

Еден од најдобрите тенисери на сите времинња Рафаел Надал објави крај на својата кариера, пренесува Сител.

Тој одигра само 23 натпревари во изминативе две години, а колку е далеку од својата препознатлива форма се потврди и на мечот против Ѓоковиќ на Олимписките игри.

Заминува како великан на тенисот со 22 Гренд слема и еден куп други успеси и тениски лекции, посебно на земја.

The post Надал објави крај на својата тениска кариера по финалето на Дејвис купот appeared first on Република.

]]>

Еден од најдобрите тенисери на сите времинња Рафаел Надал објави крај на својата кариера, пренесува Сител. Тој одигра само 23 натпревари во изминативе две години, а колку е далеку од својата препознатлива форма се потврди и на мечот против Ѓоковиќ на Олимписките игри. Заминува како великан на тенисот со 22 Гренд слема и еден куп други успеси и тениски лекции, посебно на земја.

The post Надал објави крај на својата тениска кариера по финалето на Дејвис купот appeared first on Република.

]]>
Федерер за можното пензионирање на Надал: Кога ќе донесете одлука во одреден момент тогаш можете само да се опуштите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/federer-za-mozhnoto-penzionirane-na-nadal-koga-ke-donesete-odluka-vo-odreden-moment-togash-mozhete-samo-da-se-opushtite/ Sat, 21 Sep 2024 10:13:06 +0000 https://republika.mk/?p=818442

Поранешниот швајцарски тенисер Роже Федерер проговори за повлекувањето на Рафаел Надал од Лејвер купот.

Навистина се надевав дека тој сепак ќе може да го игра натпреварот, но тој рече дека е подобро да не се случи и дека не е подготвен. Сега треба да одлучи што да прави понатаму, и мислам дека тоа е она за што размислува во моментов. Направи многу за тенисот и за спортот воопшто. Би било неверојатно кога би можел да игра уште една сезона, но само самиот Рафа може да одговори на ова прашање. На крајот на краиштата, ќе биде соодветно да се донесе одлука да се пензионира во одреден момент. И тогаш можете само да се опуштите, изјави Федерер.

Надал заедно со Федерер и со Новак Ѓоковиќ ги одбележаа првите две децении на овој век.

The post Федерер за можното пензионирање на Надал: Кога ќе донесете одлука во одреден момент тогаш можете само да се опуштите appeared first on Република.

Надал нема да игра за тимот на Европа против тимот на светот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-nema-da-igra-za-timot-na-evropa-protiv-timot-na-svetot/ Fri, 13 Sep 2024 08:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=815909

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од „Лејвер купот“ иако пред три недели најави дека ќе игра на егзибицискиот турнир што следната недела ќе се игра во Берлин.

Како причина за ваквата одлука искусниот тенисер ги наведе неговата здравствена состојба и желбата на теренот да има некој кој може повеќе од него да придонесе за победата на европската селекција, а организаторите одлучија тоа да биде Григор Димитров.

-Навистина сум разочаран што можам да кажам дека нема да можам да се натпреварувам во „Лејвер купот“ во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за нив и во моментов има други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи“, рече шпанскиот тенисер.

Надал нема одиграно ниту еден натпревар од Олимписките игри во Париз, каде веќе беше елиминиран во второто коло од Новак Ѓоковиќ, а во конкуренција на двојки со Карлос Алкараз испадна во четвртфиналето.

„Лејвер купот“ е меч меѓу тенисери од Европа и остатокот од светот. Европа ќе ја претставуваат Александар Зверев, Даниил Медведев, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Стефанос Циципас и Димитров.

Тимот на Светот ќе го претставуваат Тејлор Фриц, Франциско Серундоло, Френсис Тиафо, Бен Шелтон, Алехандро Табиљо и Танасис Кокинакис

The post Надал нема да игра за тимот на Европа против тимот на светот appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од „Лејвер купот“ иако пред три недели најави дека ќе игра на егзибицискиот турнир што следната недела ќе се игра во Берлин. Како причина за ваквата одлука искусниот тенисер ги наведе неговата здравствена состојба и желбата на теренот да има некој кој може повеќе од него да придонесе за победата на европската селекција, а организаторите одлучија тоа да биде Григор Димитров. -Навистина сум разочаран што можам да кажам дека нема да можам да се натпреварувам во „Лејвер купот“ во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за нив и во моментов има други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи“, рече шпанскиот тенисер. Надал нема одиграно ниту еден натпревар од Олимписките игри во Париз, каде веќе беше елиминиран во второто коло од Новак Ѓоковиќ, а во конкуренција на двојки со Карлос Алкараз испадна во четвртфиналето. „Лејвер купот“ е меч меѓу тенисери од Европа и остатокот од светот. Европа ќе ја претставуваат Александар Зверев, Даниил Медведев, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Стефанос Циципас и Димитров. Тимот на Светот ќе го претставуваат Тејлор Фриц, Франциско Серундоло, Френсис Тиафо, Бен Шелтон, Алехандро Табиљо и Танасис Кокинакис

The post Надал нема да игра за тимот на Европа против тимот на светот appeared first on Република.

]]>
Надал не верува дека Синер се допингувал намерно https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-ne-veruva-deka-siner-se-dopinguval-namerno/ Tue, 03 Sep 2024 10:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=812647

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал застана во одбрана на колегата Јаник Синер во врска со неговите два позитивни теста на допинг проверка.

-Го познавам Јаник и убеден сум дека тој не направил ништо за намерно да се допингува - истакна Шпанецот кој многупати беше обвинуван дека земал нешто незаконско, но тоа никогаш не се докажа.

Дури и кога беше јавно обвинет за тоа од поранешната министерка за спорт на Франција, тој доби судски процес против неа на суд, и тоа во Франција.

- Исто така не верувам дека правдата треба да ни се допаѓа само кога работите се случуваат онака како што мислиме дека треба, изјави Надал при гостување во една емисија во Шпанија.

Убеден е дека Јаник не бил суспендиран бидејќи луѓето што одлучувале за овој случај јасно увиделе дека тој не направи ништо зошто треба да биде казнет.

„Кралот на земја“ не ни помислува дека Синер бил занемарен поради неговиот статус на најдобар тенисер во светот. Иако има неколку примери како други тенисери во слични ситуации биле строго казнети и на тој начин оштетени бидејќи не можеле да играат додека не се докаже дека не се виновни.

-Не верувам дека не е казнет затоа што е Синер, додека некој друг во таа ситуација ќе беше казнет. Убеден сум во тоа - објасни тој.

The post Надал не верува дека Синер се допингувал намерно appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал застана во одбрана на колегата Јаник Синер во врска со неговите два позитивни теста на допинг проверка.
-Го познавам Јаник и убеден сум дека тој не направил ништо за намерно да се допингува - истакна Шпанецот кој многупати беше обвинуван дека земал нешто незаконско, но тоа никогаш не се докажа.
Дури и кога беше јавно обвинет за тоа од поранешната министерка за спорт на Франција, тој доби судски процес против неа на суд, и тоа во Франција.
- Исто така не верувам дека правдата треба да ни се допаѓа само кога работите се случуваат онака како што мислиме дека треба, изјави Надал при гостување во една емисија во Шпанија.
Убеден е дека Јаник не бил суспендиран бидејќи луѓето што одлучувале за овој случај јасно увиделе дека тој не направи ништо зошто треба да биде казнет. „Кралот на земја“ не ни помислува дека Синер бил занемарен поради неговиот статус на најдобар тенисер во светот. Иако има неколку примери како други тенисери во слични ситуации биле строго казнети и на тој начин оштетени бидејќи не можеле да играат додека не се докаже дека не се виновни. -Не верувам дека не е казнет затоа што е Синер, додека некој друг во таа ситуација ќе беше казнет. Убеден сум во тоа - објасни тој.

The post Надал не верува дека Синер се допингувал намерно appeared first on Република.

]]>
Крајот се ближи: Надал нема да игра на УС опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/krajot-se-blizhi-nadal-nema-da-igra-na-us-open/ Thu, 08 Aug 2024 09:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=804504

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024.

- Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе, информира Надал преку социјалните мрежи.

Триесет и осумгодишниот Шпанец истакна дека неговиот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин.

УС Опен ќе се игра од 26 август до 8 септември во Њујорк. Надал четири пати го освои трофејот - во 2010, 2013, 2017 и 2019 година. Вкупно има 22 победи на Грен слем турнирите.

На Олимпијадата во Париз, Надал и Карлос Алкараз стигнаа до четвртфиналето на турнирот во двојки, каде шпанското дуо загуби од Американците Остин Крајичек и Ражив Рам (2:6, 4:6).

The post Крајот се ближи: Надал нема да игра на УС опен appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024.
- Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе, информира Надал преку социјалните мрежи.
Триесет и осумгодишниот Шпанец истакна дека неговиот следен турнир ќе биде Лејвер купот во Берлин. УС Опен ќе се игра од 26 август до 8 септември во Њујорк. Надал четири пати го освои трофејот - во 2010, 2013, 2017 и 2019 година. Вкупно има 22 победи на Грен слем турнирите. На Олимпијадата во Париз, Надал и Карлос Алкараз стигнаа до четвртфиналето на турнирот во двојки, каде шпанското дуо загуби од Американците Остин Крајичек и Ражив Рам (2:6, 4:6).

The post Крајот се ближи: Надал нема да игра на УС опен appeared first on Република.

]]>
Крајот на кариерата се ближи: Откако испадна од Олимпијадата Надал нема да игра ниту на УС опен https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/krajot-na-karierata-se-blizhi-otkako-ispadna-od-olimpijadata-nadal-nema-da-igra-nitu-na-us-open/ Thu, 01 Aug 2024 08:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=802183

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен - слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши.

Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе замине за Њујорк каде од 26 август до 6 септември на програмата е УС Опен, 38-годишниот Надал рече: „Изгледа дека не, но наскоро ќе ве известам. Засега не можам да ви дадам јасен одговор, ми треба малку време, но ми изгледа тешко“.

Надал потврди дека во септември ќе настапи на Лејвер купот во Берлин, каде пред две години од тенисот се прости легендарниот Швајцарец Роџер Федерер

The post Крајот на кариерата се ближи: Откако испадна од Олимпијадата Надал нема да игра ниту на УС опен appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен - слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши. Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло. Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе замине за Њујорк каде од 26 август до 6 септември на програмата е УС Опен, 38-годишниот Надал рече: „Изгледа дека не, но наскоро ќе ве известам. Засега не можам да ви дадам јасен одговор, ми треба малку време, но ми изгледа тешко“. Надал потврди дека во септември ќе настапи на Лејвер купот во Берлин, каде пред две години од тенисот се прости легендарниот Швајцарец Роџер Федерер

The post Крајот на кариерата се ближи: Откако испадна од Олимпијадата Надал нема да игра ниту на УС опен appeared first on Република.

]]>
Алкараз и Надал испаднаа во дубл https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkazar-i-nadal-ispadnaa-vo-dubl/ Wed, 31 Jul 2024 19:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=802090

Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот на Олимписките игри во Париз откако вечерва заедно со сонародникот Карлос Алкараз претрпеа пораз во четвртфиналето во машки двојки од американските тенисери Остин Крајчек и Раџив Рам.

Американската двојка се пласираше во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

Дуелот на централниот терен „Филип Шатрие“ траеше еден час и 39 минути.

Крајчек и Рам за противници во полуфиналето ќе ја имаат чешката двојка Томас Мацхач и Адам Павлашек.

Надал во поединечна конкуренција беше елиминиран во второто коло од Србинот Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз во утрешното четвртфинале ќе игра против американскиот тенисер Томи Пол

The post Алкараз и Надал испаднаа во дубл appeared first on Република.

]]>

Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот на Олимписките игри во Париз откако вечерва заедно со сонародникот Карлос Алкараз претрпеа пораз во четвртфиналето во машки двојки од американските тенисери Остин Крајчек и Раџив Рам. Американската двојка се пласираше во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-4). Дуелот на централниот терен „Филип Шатрие“ траеше еден час и 39 минути. Крајчек и Рам за противници во полуфиналето ќе ја имаат чешката двојка Томас Мацхач и Адам Павлашек. Надал во поединечна конкуренција беше елиминиран во второто коло од Србинот Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз во утрешното четвртфинале ќе игра против американскиот тенисер Томи Пол

The post Алкараз и Надал испаднаа во дубл appeared first on Република.

]]>
Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-i-alkaraz-se-plasiraa-vo-chetvrtfinaleto-vo-dvojki-na-olimpiskiot-teniski-turnir/ Tue, 30 Jul 2024 20:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=801840

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир во Париз.

Надал и Алкараз ги елиминираа во второто коло Холанѓаните Талон Грејкспор и Весли Колхоф со 6:4, 6:7(2), 10-2 за два часа и 24 минути игра пред преполните трибини на теренот „Сузан Ленглен“.

Следни противници на шпанската двојка ќе бидат Американците Остин Кричек и Раџив Рам, кои се четврти носители на турнирот.

Надал веќе испадна од сингл конкуренцијата по поразот од Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз утре во третото коло ќе игра со Русинот Роман Сафиулин.

The post Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир appeared first on Република.

]]>

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир во Париз. Надал и Алкараз ги елиминираа во второто коло Холанѓаните Талон Грејкспор и Весли Колхоф со 6:4, 6:7(2), 10-2 за два часа и 24 минути игра пред преполните трибини на теренот „Сузан Ленглен“. Следни противници на шпанската двојка ќе бидат Американците Остин Кричек и Раџив Рам, кои се четврти носители на турнирот. Надал веќе испадна од сингл конкуренцијата по поразот од Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз утре во третото коло ќе игра со Русинот Роман Сафиулин.

The post Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир appeared first on Република.

]]>
По поразот од Ноле, Надал се уште не одлучил дали продолжува со тенисот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/po-porazot-od-nole-nadal-se-ushte-ne-odluchil-dali-prodolzhuva-so-tenisot/ Tue, 30 Jul 2024 10:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=801622

Дваесет и двократниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање.

-Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.

Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата.

Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1:6, 4:6. Меѓусебниот биланс е  31:29 во корист на Ѓоковиќ.

Триесет и осумгодишниот Шпанец настапу и во двојки на Игрите, заедно со Карлос Алкараз.

The post По поразот од Ноле, Надал се уште не одлучил дали продолжува со тенисот appeared first on Република.

]]>

Дваесет и двократниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање.
-Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по поразот од Ѓоковиќ.
Шпанскиот тенисер истакна дека доколку почувствува дека повеќе не може да се натпреварува, ќе одлучи да стави крај на кариерата. Во второто коло на Олимпијадата 2024, Надал вчера загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 1:6, 4:6. Меѓусебниот биланс е  31:29 во корист на Ѓоковиќ. Триесет и осумгодишниот Шпанец настапу и во двојки на Игрите, заедно со Карлос Алкараз.

The post По поразот од Ноле, Надал се уште не одлучил дали продолжува со тенисот appeared first on Република.

]]>
Надал: Нема братство меѓу мене и Ноле https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-nema-bratstvo-megu-mene-i-nole/ Tue, 30 Jul 2024 05:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=801474

Рафаел Надал проговори за односот со Новак Ѓоковиќ. Тој е дециден дека не се пријатели со Ноле.

Не, нема братство. Ние сме повеќе ривали и колеги. Тешко е да се биде близок. Има многу класифицирани информации, на ова ниво не можете да се приближите премногу до вашиот ривал. Долго сме во овој спорт, се надевам дека ќе можеме да го подобриме нашиот однос во иднина - изјави Надал.

The post Надал: Нема братство меѓу мене и Ноле appeared first on Република.

Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-ubedlivo-protiv-nadal-se-izbori-za-osminafinale/ Mon, 29 Jul 2024 14:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=801359

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз.

Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1.

Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф.

Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале appeared first on Република.

]]>

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, попладнево го победи Шпанецот Рафаел Надал со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Во првиот сет, Србинот беше убедлив и го славеше со 6:1. Вториот сет почна со четири врзани гема на Ѓоковиќ, Надал се врати израмнувајќи на 4:4, но до крајот српскиот тенисер успеа да дојде до 6:4 за конечен триумф. Сега меѓусебниот биланс на двајцата тениски великани е 31:29 за Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ убедливо против Надал, се избори за осминафинале appeared first on Република.

]]>
Надал-Ѓоковиќ: Подгответе се за тениска класика во 13 и 30 часот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-gokovik-podgotvete-se-za-teniska-klasika-vo-13-i-30-chasot/ Mon, 29 Jul 2024 08:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=801237

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите размислувања во пресрет на денешниот меч од второто коло на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз против Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во натпреварот од првото коло, Шпанецот го совлада Унгарецот Мартон Фучович во три сета - 6:1, 4:6, 6:4.

- Очигледно е прекрасно да се игра против еден од двата најголеми противници што ги имав во кариерата, особено на овој терен. Но, ситуациите за Ѓоковиќ и за мене се сосема различни. Тој е многу силен. Не бев многу конкурентен во последните две години, така што тој е веројатно изразит фаворит. Ќе се обидам да го покажам најдоброто од себе на теренот и да видиме до каде можам да одам и колку проблеми можам да му создадам, рече Надал.

За Надал и Ѓоковиќ ова ќе биде 60. директна пресметка. Во моментов, резултатот во личните натпревари е во корист на Србинот – 30:29. Последен пат тенисерите се сретнаа на Отвореното првенство на Франција во 2022 година

The post Надал-Ѓоковиќ: Подгответе се за тениска класика во 13 и 30 часот appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги сподели своите размислувања во пресрет на денешниот меч од второто коло на тенискиот турнир на Олимпијадата во Париз против Србинот Новак Ѓоковиќ. Во натпреварот од првото коло, Шпанецот го совлада Унгарецот Мартон Фучович во три сета - 6:1, 4:6, 6:4.
- Очигледно е прекрасно да се игра против еден од двата најголеми противници што ги имав во кариерата, особено на овој терен. Но, ситуациите за Ѓоковиќ и за мене се сосема различни. Тој е многу силен. Не бев многу конкурентен во последните две години, така што тој е веројатно изразит фаворит. Ќе се обидам да го покажам најдоброто од себе на теренот и да видиме до каде можам да одам и колку проблеми можам да му создадам, рече Надал.
За Надал и Ѓоковиќ ова ќе биде 60. директна пресметка. Во моментов, резултатот во личните натпревари е во корист на Србинот – 30:29. Последен пат тенисерите се сретнаа на Отвореното првенство на Франција во 2022 година

The post Надал-Ѓоковиќ: Подгответе се за тениска класика во 13 и 30 часот appeared first on Република.

]]>
Сепак ќе има спектакл во Париз, Надал против Ѓоковиќ по 60-ти пат https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sepak-ke-ima-spektakl-vo-pariz-nadal-protiv-gokovik-po-60-ti-pat/ Sun, 28 Jul 2024 17:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=801131

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Олимписките игри во Париз, попладнево го совлада Мартон Фучович и закажа епски дуел против Новак Ѓоковиќ.

По многу дилеми и неизвесност, Рафаел Надал реши да настапи во сингл конкуренција на тенискиот турнир во Париз и попладнево по голема борба го совлада Мартон Фучович од Унгарија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-4).

И покрај тоа што убедливо го доби првиот сет, Шпанецот имаше проблеми во играта во вториот сет и дозволи израмнување.

Третиот решавачки сет траеше еден час, Рафаел Надал направи брејк за предност од 3-2 и потоа умешно го бранеше својот сервис за победа и пласман во второто коло, каде го чека епски дуел.

Љубителите на тенисот ќе имаат прилика по 60-ти пат да уживаат во пресметка на Рафаел Надал против Новак Ѓоковиќ, едни од најголемите тенисери во историјата.

The post Сепак ќе има спектакл во Париз, Надал против Ѓоковиќ по 60-ти пат appeared first on Република.

]]>

Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Олимписките игри во Париз, попладнево го совлада Мартон Фучович и закажа епски дуел против Новак Ѓоковиќ. По многу дилеми и неизвесност, Рафаел Надал реши да настапи во сингл конкуренција на тенискиот турнир во Париз и попладнево по голема борба го совлада Мартон Фучович од Унгарија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-4). И покрај тоа што убедливо го доби првиот сет, Шпанецот имаше проблеми во играта во вториот сет и дозволи израмнување. Третиот решавачки сет траеше еден час, Рафаел Надал направи брејк за предност од 3-2 и потоа умешно го бранеше својот сервис за победа и пласман во второто коло, каде го чека епски дуел. Љубителите на тенисот ќе имаат прилика по 60-ти пат да уживаат во пресметка на Рафаел Надал против Новак Ѓоковиќ, едни од најголемите тенисери во историјата.

The post Сепак ќе има спектакл во Париз, Надал против Ѓоковиќ по 60-ти пат appeared first on Република.

]]>
Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nadal-i-alkaraz-go-dobija-prviot-natprevar-na-turnirot-vo-dvojki-na-olimpijadata-2024/ Sun, 28 Jul 2024 08:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=800936

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимписките игри во Париз.

Натпреварот заврши со резултат 7:6 (7:4), 6:4. Средбата траеше 1 час и 49 минути.

Надал и Алкараз реализираа 3 од 5 брејк топки. Гонзалес и Молтени - 2 од 5.

Во второто коло на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 година, Шпанците ќе играат со победниците од мечот Талон Грикспур/Весли Кулхоф (Холандија) - Мартон Фуцович/Фабијан Марожанд (Унгарија).

The post Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 appeared first on Република.

]]>

Шпанците Рафаел Надал и Карлос Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимписките игри во Париз. Натпреварот заврши со резултат 7:6 (7:4), 6:4. Средбата траеше 1 час и 49 минути. Надал и Алкараз реализираа 3 од 5 брејк топки. Гонзалес и Молтени - 2 од 5. Во второто коло на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 година, Шпанците ќе играат со победниците од мечот Талон Грикспур/Весли Кулхоф (Холандија) - Мартон Фуцович/Фабијан Марожанд (Унгарија).

The post Надал и Алкараз го добија првиот натпревар на турнирот во двојки на Олимпијадата 2024 appeared first on Република.

]]>