Рафаел Каро Кинтеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael-karo-kintero/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Jul 2022 06:52:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рафаел Каро Кинтеро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rafael-karo-kintero/ 32 32 Уапсен еден од најбараните мексикански нарко босови: САД го бараат за мачење и убиство на агент на ДЕА https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-eden-od-najbaranite-meksikanski-narko-bosovi-sad-go-baraat-za-machenje-i-ubistvo-na-agent-na-dea/ Sat, 16 Jul 2022 07:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=529640

Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица.

Рафаел Каро Кинтеро (69) е уапсен во северната држава Чивава.

Кинтеро беше на списокот од десет бегалци најбарани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА), „Кики“ Камарена, во Мексико, во 1985 година - соопштија од ФБИ.

САД понудија 20 милиони долари за негово апсење.

Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.

Тој го задржа влијанието во картелот Синалоа и во организацијата за трговија со дрога Каро Кинтеро - додаваат од ФБИ.

Кинтеро, првпат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање, тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

The post Уапсен еден од најбараните мексикански нарко босови: САД го бараат за мачење и убиство на агент на ДЕА appeared first on Република.

]]>

Мексикански нарко бос, кој се наоѓа на листата на најбарани во САД, е уапсен во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица. Рафаел Каро Кинтеро (69) е уапсен во северната држава Чивава.
Кинтеро беше на списокот од десет бегалци најбарани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата (ДЕА), „Кики“ Камарена, во Мексико, во 1985 година - соопштија од ФБИ.
САД понудија 20 милиони долари за негово апсење. Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.