Радоичиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radoichik/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 08:59:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радоичиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radoichik/ 32 32 Милан Радоичиќ пуштен на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milan-radoichik-pushten-na-sloboda/ Wed, 04 Oct 2023 08:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=687750

Вишиот суд во Белград го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на поранешниот попретседател на партијата „Српска листа“, Милан Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.

Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот.

Наредено му е да се јавува во надлежната полициска станица на 1 и 15 секој месец, при што му е одземена патната исправа, односно српскиот пасош

The post Милан Радоичиќ пуштен на слобода appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на поранешниот попретседател на партијата „Српска листа“, Милан Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност. Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово. Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот. Наредено му е да се јавува во надлежната полициска станица на 1 и 15 секој месец, при што му е одземена патната исправа, односно српскиот пасош

The post Милан Радоичиќ пуштен на слобода appeared first on Република.

]]>
Во српското МВР изјава како граѓанин даде Милан Радоичиќ за настаните во селото Бањска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srpskoto-mvr-izjava-kako-graganin-dade-milan-radoichik-za-nastanite-vo-seloto-banska/ Sat, 30 Sep 2023 14:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=686628

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во с.Бањска на 24.09.2023 година. Тоа денеска го соопшти српското МВР.

За наведеното, како што се додава во соопштението, во форма на записник ќе биде известено Вишото јавно обвинителство Белград, кое ќе преземе натамошни процесни мерки и дејствија од негова надлежност.

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој во петокот поднесе оставка од таа функција, преку изјава што ја пренесе неговиот адвокат потврди дека бил со група Срби од Косово, кои се судрија со косовската полиција во близина на с. Бањска и дека тој стои зад логистиката, како и дека официјален Белград не бил информиран за тој план.

Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ рече дека смета оти нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби и дека нема „апсолутно никаква одговорност“ на нивна страна.

Во судиорт меѓу косовски Срби и косовската полиција во неделата на 24 септември во селото Бањска загина полицаец Албанец и најмалку тројца Срби.

The post Во српското МВР изјава како граѓанин даде Милан Радоичиќ за настаните во селото Бањска appeared first on Република.

]]>

Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, одговори на поканата на државните органи на Србија за настанот во селото Бањска во северниот дел од Косово и како граѓанин даде изјава за околностите на трагичниот настан во с.Бањска на 24.09.2023 година. Тоа денеска го соопшти српското МВР. За наведеното, како што се додава во соопштението, во форма на записник ќе биде известено Вишото јавно обвинителство Белград, кое ќе преземе натамошни процесни мерки и дејствија од негова надлежност. Поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ, кој во петокот поднесе оставка од таа функција, преку изјава што ја пренесе неговиот адвокат потврди дека бил со група Срби од Косово, кои се судрија со косовската полиција во близина на с. Бањска и дека тој стои зад логистиката, како и дека официјален Белград не бил информиран за тој план. Неговиот адвокат Горан Петронијевиќ рече дека смета оти нема простор за водење каква било постапка против Радоичиќ и другите Срби и дека нема „апсолутно никаква одговорност“ на нивна страна. Во судиорт меѓу косовски Срби и косовската полиција во неделата на 24 септември во селото Бањска загина полицаец Албанец и најмалку тројца Срби.

The post Во српското МВР изјава како граѓанин даде Милан Радоичиќ за настаните во селото Бањска appeared first on Република.

]]>