Радмила Шеќеринска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radmila-shekjerinska/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радмила Шеќеринска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radmila-shekjerinska/ 32 32 Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-shekerinska-chestitav-za-izborot-za-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-za-nas-natsionalnoto-edinstvo-i-interesite-se-pred-partiskite-interesi/ Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=839919

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.

 

 

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.
Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.
   

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>
Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-chestitki-do-shekerinska-idniot-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-i-do-premierot-mitskoski-i-vladata-shto-ja-poddrzhaa-nejzinata-kandidatura/ Tue, 19 Nov 2024 14:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=839650

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.

Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.

Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.

Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година.

Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.

 

The post Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати честитка за изборот на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО.
Честитки до Радмила Шеќеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД, напиша Агелер на мрежата Х.
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка.
Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.
Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година. Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.  

The post Агелер: Честитки до Шеќеринска, идниот заменик-генерален секретар на НАТО и до премиерот Мицкоски и Владата што ја поддржаа нејзината кандидатура appeared first on Република.

]]>
Шеќеринска: Земјите кандидати за ЕУ ја научија македонската лекција – држава која има проблем може да блокира https://arhiva3.republika.mk/vesti/shekerinska-zemjite-kandidati-za-eu-ja-nauchija-makedonskata-lektsija-drzhava-koja-ima-problem-mozhe-da-blokira/ Thu, 14 Nov 2024 15:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=837670

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, во „праудкаст“ кој заеднички ја организираше МИНА и фондацијата Фридрих Еберт, зборуваше за членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

„Внатрешните поделби и отворените прашања на Западен Балкан се арена за проширување на странското влијание, особено Русија, која не го прифаќа фактот дека Балканот избра западна ориентација“, изјави Шеќеринска.

Таа додаде дека не зависи сè од земјите од Западен Балкан, но дека во ЕУ мора да преовладува ставот дека проширувањето е геополитички важно и дека не може да се одложува бескрајно за да не дојде до колапс на процесот.

Факт е, изјави Шекеринска, дека поради Украина и настаните во Молдавија и Грузија, на проширувањето за првпат се гледа низ геополитичка призма, по околу 20 години, оценувајќи дека тоа е добра работа.

„Ние не бараме од нив да не ги гледаат нашите маани, туку бараме проширувањето да биде реално и политичката волја на земјите-членки да не биде променлива. Лекцијата што многумина ја научија од македонскиот пример е дека ако некоја од земјите има некаков проблем може да го блокира процесот“, изјави Шекеринска.

The post Шеќеринска: Земјите кандидати за ЕУ ја научија македонската лекција – држава која има проблем може да блокира appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, во „праудкаст“ кој заеднички ја организираше МИНА и фондацијата Фридрих Еберт, зборуваше за членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан.
„Внатрешните поделби и отворените прашања на Западен Балкан се арена за проширување на странското влијание, особено Русија, која не го прифаќа фактот дека Балканот избра западна ориентација“, изјави Шеќеринска.
Таа додаде дека не зависи сè од земјите од Западен Балкан, но дека во ЕУ мора да преовладува ставот дека проширувањето е геополитички важно и дека не може да се одложува бескрајно за да не дојде до колапс на процесот. Факт е, изјави Шекеринска, дека поради Украина и настаните во Молдавија и Грузија, на проширувањето за првпат се гледа низ геополитичка призма, по околу 20 години, оценувајќи дека тоа е добра работа. „Ние не бараме од нив да не ги гледаат нашите маани, туку бараме проширувањето да биде реално и политичката волја на земјите-членки да не биде променлива. Лекцијата што многумина ја научија од македонскиот пример е дека ако некоја од земјите има некаков проблем може да го блокира процесот“, изјави Шекеринска.

The post Шеќеринска: Земјите кандидати за ЕУ ја научија македонската лекција – држава која има проблем може да блокира appeared first on Република.

]]>
Драма во авион во кој била и Шекеринска, се огласи и таа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drama-vo-avion-vo-koj-bila-i-shekerinska-se-oglasi-i-taa/ Wed, 05 Jul 2023 15:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=658444

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска имала проблеми синоќа да слета во Скопје, а тоа утрово го потврди и преку нејзиниот профил на фејсбук.

Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија.

Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

The post Драма во авион во кој била и Шекеринска, се огласи и таа appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска имала проблеми синоќа да слета во Скопје, а тоа утрово го потврди и преку нејзиниот профил на фејсбук. Авионот кој летал од Виена кон Скопје се соочил со сериозни проблеми поради невремето и морал да врти неколку круга, по што бил пренасочен кон Софија. Потоа од Софија, откако се создале услови, авионот се упатил кон Македонија и безбедно слетал на скопскиот аеродром.

The post Драма во авион во кој била и Шекеринска, се огласи и таа appeared first on Република.

]]>
Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-vrshela-mobing-vrz-vraboteni-vo-mo-utvrdi-komisijata-za-sprechuvanje-na-diskriminacija/ Fri, 01 Apr 2022 16:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=482055

Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, по поднесени претставки од вработени во Министерството за одбрана, донела решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска како министерка за одбрана вршела мобинг врз овие вработени. За ова решение извести Левица, која соопштува дека мобингот врз овие офицери продолжува и со новата министерка Славјанка Петровска.

До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска.

„На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум.

Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица.

Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг.

Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините.
Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица

The post Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување на дискриминација, иако со пробивање на законскиот рок и со големо задоцнување, по поднесени претставки од вработени во Министерството за одбрана, донела решение со кое утврдила дека Радмила Шеќеринска како министерка за одбрана вршела мобинг врз овие вработени. За ова решение извести Левица, која соопштува дека мобингот врз овие офицери продолжува и со новата министерка Славјанка Петровска. До Левица се обратија вработени од Министерството за одбрана, кои биле жртви на мобинг од поранешната министерка Шекеринска. „На овие вработени, иако се долгогодишни докажани кадри во одбраната, Шекеринска континуирано им вршела мобинг, ги деградирала, не дозволила да напредуваат во кариерата, незаконски им давала решенија за прекоманда и работните задачи им биле сведени на минимум. Офицерите се обратиле до сите надлежни институции но, сите, освен Комисијата за спречување на дискриминација, останале глуви на жалбите на овие лица. Дека се работи за партиско диктирано самоволие на корумпираните структури на СДСМ, говори фактот што голготата на овие офицери продолжува и по смената на Шекеринска, затоа што и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска, продолжува со вршење мобинг. Ваквото малициозно самоволие, со кршење на законите заради партиски и лични хирови, е само дел од комплетната девалвација на македонската Армија, која Шекеринска, како најистурен НАТО-пулен, доследно ја реализира низ годините. Слабеењето на безбедносните сили, деградирање на нивниот морал, поткопувањето на безбедносната структура ја доведе Македонија во целосна потчинета состојба, со изгубен суверенитет и територијален интегритет – каде странски авиони го чуваат воздушниот простор, благодарение токму на Радмила Шекеринска“, соопшти Левица

The post Шекеринска вршела мобинг врз вработени во МО, утврди Комисијата за спречување на дискриминација appeared first on Република.

]]>