Радман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radman/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 11:45:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Радман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radman/ 32 32 Маричиќ-Радман: Ќе биде штета ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса за почеток на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-radman-kje-bide-shteta-eu-da-ne-ja-iskoristi-ovaa-istoriska-shansa-za-pochetok-na-pregovorite/ Wed, 15 Jun 2022 11:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=515533

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Вицепремиерот Маричиќ и министерот Радман разговараа актуелните политички случувања и иднината на регионот и потврдија дека секое одолговлекување на интеграцијата на регионот во ЕУ отвора можност Западен Балкан да се насочи во друг правец.

За нас е клучно што сме видливи од страна на ЕУ во спроведувањето на реформската агенда и што продолжуваме да управуваме со процесите. Од интерес е и на ЕУ отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, што ќе се даде поттик и на другите земји од Западен Балкан да останат фокусирани на европските реформи за постигнување на демократските стандарди. Штета ќе биде ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса, рече Маричиќ на средбата.

Притоа, вицепремиерот Маричиќ истакна дека европските реформи и имплементацијата на европските стандарди во земјава продолжува со цел да им се овозможи подобар живот на граѓаните.

Маричиќ се заблагодари на Шефот на хрватската дипломатија,Радман, што Хрватска покажува европско лидерство и што дава целосна поддршка за напредок во проширувањето на ЕУ и нашите евроинтеграции.

Хрватска е наш искрен пријател и партнер со кој имаме традиционално добра соработка,која уште повеќе ќе ја зајакнеме во процесот на преговарање, бидејќи хрватското искуство за нас ќе биде од голема корист, истакна Маричиќ.

На средбата соговорниците разговараа за отворање нови можности за зајакнување на соработката во спроведувањето на европските програми, како и Интеррег програмата за транснационална соработка кои се финансираат од ИПА фондовите на Европската Унија.

The post Маричиќ-Радман: Ќе биде штета ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса за почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман. Вицепремиерот Маричиќ и министерот Радман разговараа актуелните политички случувања и иднината на регионот и потврдија дека секое одолговлекување на интеграцијата на регионот во ЕУ отвора можност Западен Балкан да се насочи во друг правец.
За нас е клучно што сме видливи од страна на ЕУ во спроведувањето на реформската агенда и што продолжуваме да управуваме со процесите. Од интерес е и на ЕУ отворањето на преговорите со Македонија и Албанија, што ќе се даде поттик и на другите земји од Западен Балкан да останат фокусирани на европските реформи за постигнување на демократските стандарди. Штета ќе биде ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса, рече Маричиќ на средбата.
Притоа, вицепремиерот Маричиќ истакна дека европските реформи и имплементацијата на европските стандарди во земјава продолжува со цел да им се овозможи подобар живот на граѓаните. Маричиќ се заблагодари на Шефот на хрватската дипломатија,Радман, што Хрватска покажува европско лидерство и што дава целосна поддршка за напредок во проширувањето на ЕУ и нашите евроинтеграции.
Хрватска е наш искрен пријател и партнер со кој имаме традиционално добра соработка,која уште повеќе ќе ја зајакнеме во процесот на преговарање, бидејќи хрватското искуство за нас ќе биде од голема корист, истакна Маричиќ.
На средбата соговорниците разговараа за отворање нови можности за зајакнување на соработката во спроведувањето на европските програми, како и Интеррег програмата за транснационална соработка кои се финансираат од ИПА фондовите на Европската Унија.

The post Маричиќ-Радман: Ќе биде штета ЕУ да не ја искористи оваа историска шанса за почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>
Средба Османи-Радман: Одличните политички односи не се доволно следени со трговска размена и бизнис соработка меѓу двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-osmani-radman-odlichnite-politichki-odnosi-ne-se-dovolno-sledeni-so-trgovska-razmena-i-biznis-sorabotka-megju-dvete-zemji/ Wed, 15 Jun 2022 09:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=515424

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

На тет-а-тет средбата и за време на пленарните разговори на двете делегации, беше изразено заемно задоволство од одличните односи и соработка, меѓу Македонија и Хрватска, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи во 1992 година.

Министрите разменија мислења за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и потребата од неодложиво официјализирање на одлуката за почеток на преговори за членство за Македонија и Албанија. Таквиот развој, беше нагласено, добива на значај со геополитичките импликации на украинската криза и потребата од обезбедување на политичка стабилност и предвидлив развој на регионот.

Хрватска е непосреден сосед на Западен Балкан и освен нашето взаемно пријателство, напредокот на целиот регион претставува интерес и на Хрватска и нејзините граѓани, дотолку повеќе што Хрватска има и длабоки познавања за состојбите и односи во регионот“, истакна Османи по средбата. Во тој контекст, Македонија ја има цврстата и безрезервна поддршка на Хрватска, за што сме особено благодарни.

Се разговараше и за економската соработка, при што беше нагласено дека одличните политички односи не се доволно следени со трговска размена и бизнис соработка меѓу двете земји. Вкупната размена минатата година изнесувала нешто над 220 милиони долари, што е околу 20% повеќе од претходната 2020 година, но недоволно во однос на нашите потенцијали. Како тој процес не би застанал, се прават напори за институционална поддршка, како неодамнешното формирање на Македонско- Хрватскиот бизнис клуб во Загреб.

Во рамките на посетата, двајцата министри потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете министерства во областа на дипломатската едукација, кој дополнително ќе овозможи размена на знаење и искуства меѓу двете институции.

Во вечерните часови во Филхармонија ќе се одржи свечен настан, со концерт на кој ќе учествуваат Мешовитата клапа Филип Девиќ од Хрватска и фолклорни друштва од Македонија - Танец и Албански ансамбл, по што ќе се одржи и прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

На вториот ден од посетата, министерот Радман ќе учествува на втората меѓународна конференција во рамките на Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16-18 во Охрид.

The post Средба Османи-Радман: Одличните политички односи не се доволно следени со трговска размена и бизнис соработка меѓу двете земји appeared first on Република.