радикализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radikalizatsija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Feb 2023 12:06:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png радикализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radikalizatsija/ 32 32 Ангелов: Доколку Таравари смета дека пратеничкиот состав не е репрезент на народната воља, да се прифати предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-dokolku-taravari-smeta-deka-pratenichkiot-sostav-ne-e-reprezent-na-narodnata-vola-da-se-prifati-predlogot-na-mitskoski-za-vonredni-parlamentarni-izbori/ Mon, 13 Feb 2023 12:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=608397

Под наслов „Изјасни се д-р Таравари!“, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој воедно е и член на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, ја коментираше изјавата на лидерот на Алијанса, Арбен Таравари.

Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата". Ваква заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Да ја слушнев оваа изјава пред 20 години, без да му ја мислам ќе одговорев, ајде, ве чекаме, обидете се да ги реализирате вашите големи идеи за реорганизација на Македонија! Само, да не излезе како во 2001-та кога од "борци за ослободување на вековните албански огништа", притиснати од македонските безбедносни сили, преку ноќ станавте "борци за човекови права" а потоа опкружени од нас, македонските бранители, молевте да бидете извлечени од опколеното Арачиново.

Но денес, 22 години после воениот конфликт од 2001-та, 15 години откако сум на чело на Достоинство, помудар и потрпелив, но и со значително политичко искуство од нашата валкана политичка сцена, малку подостарен но сеуште во одлична форма за одбрана на Македонија, сепак ќе кажам нешто сосем друго.

За судбината на Македонија одлучуваат сите нејзини граѓани, вклучително и Албанците, преку свои демократски избрани претставници во македонското Собрание. Оттука, Бугарите ќе станат дел од македонскиот Устав само тогаш кога најмалку 80 пратеници, како репрезент на македонските граѓани, ќе гласаат "за".

Доколку Таравари смета дека актуелниот пратенички состав не е соодветен репрезент на народната воља тогаш останува можноста да се прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, веднаш да се излезе на вонредни парламентарни избори, да се формира нов собраниски состав и повторно, преку обид за обезбедување на најмалку 80 пратеници, да се разгледа делегираната народна воља на сите македонски граѓани вклучително и на Албанците. Многу едноставно. Доколку ниту тогаш нема најмалку 80 пратеници кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот, Бугарите ќе мора да почекаат.

Ќе чекаат Бугарите, но ќе чекаат и Македонците, и Албанците, и сите останати македонски граѓани. Првите за влез во Уставот, останатите за влез во ЕУ. Се додека не дојде до промена на политичката воља во Бугарија или во Македонија, нешто за што постојат најразлични методи, од најдемократски па до не толку демократски.

Најдемократскиот метод за реална проверка на граѓанската воља е организирање на демократски референдум со едно единствено и едноставно прашање, дали сте за или против влез на Бугарите во македонскиот Устав?

Притоа, за да ја избегнам опасноста и моите зборови да звучат популистички и распалувачки, "да", јас ќе одговорам "да" за влез на Бугарите во Уставот и со разумни и издржани факти, без притисок, уцени и закани, ќе се обидам да убедам што повеќе граѓани да гласаат "за".

"За", бидејки со влезот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна уставна разлика помеѓу двата народа, Македонците и Бугарите, а воедно ќе продолжат и преговорите со ЕУ и европскиот пат на Македонија.

Истата оваа формално правна процедура важи и за било каква реорганизација на државата. Мнозинството македонски граѓани, а не Арбен Таравари или радикализирани Албанци, одлучуваат за организацијата или реорганизацијата на Македонија.

Оттука неговите зборови може да се толкуваат во две насоки. Најпрво како искрена но несмасно дадена изјава со која укажува дека лично тој има сомнежи или информации за постоење на Албанци кои би се радикализирале доколку Бугарите не влезат во Уставот, а со тоа би се закочил и европскиот пат на Македонија. Но, за да ја толкуваме неговата изјава во оваа насока требало да нагласи дека ниту тој лично, ниту луѓето кои ги предводи не се согласуваат со ваква радикализација.

Во вториот случај неговата изјава може да се толкува како евтин популизам и обид за добивање лесни политички поени кај дел од македонските Албанци без притоа да води сметка како се чувствуваат Македонците па и сите останати, вклучително и голем дел од македонските Албанци на кои одамна им е дојдена преку глава ваквата распалувачка и заканувачка реторика.

Сакам да верувам дека д-р Арбен Таравари мислел на првата можност, но за секој случај му укажувам дека во Македонија одлуките треба да се носат со почитување на народната воља, а не со провокации, уцени и закани кои ги креваат меѓуетнички тензии и го нарушуваат ионака кревкиот меѓуетнички мир, а со тоа и процесот на понатамошното меѓуетничко помирување, процес на кој некои од нас макотрпно работат со години наназад трпејки притоа голем јавен притисок и штета.

Скопје, 12.02.2023 година

Генерал Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство“, пишува на постот.

The post Ангелов: Доколку Таравари смета дека пратеничкиот состав не е репрезент на народната воља, да се прифати предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Под наслов „Изјасни се д-р Таравари!“, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој воедно е и член на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, ја коментираше изјавата на лидерот на Алијанса, Арбен Таравари.
Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата". Ваква заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари. Да ја слушнев оваа изјава пред 20 години, без да му ја мислам ќе одговорев, ајде, ве чекаме, обидете се да ги реализирате вашите големи идеи за реорганизација на Македонија! Само, да не излезе како во 2001-та кога од "борци за ослободување на вековните албански огништа", притиснати од македонските безбедносни сили, преку ноќ станавте "борци за човекови права" а потоа опкружени од нас, македонските бранители, молевте да бидете извлечени од опколеното Арачиново. Но денес, 22 години после воениот конфликт од 2001-та, 15 години откако сум на чело на Достоинство, помудар и потрпелив, но и со значително политичко искуство од нашата валкана политичка сцена, малку подостарен но сеуште во одлична форма за одбрана на Македонија, сепак ќе кажам нешто сосем друго. За судбината на Македонија одлучуваат сите нејзини граѓани, вклучително и Албанците, преку свои демократски избрани претставници во македонското Собрание. Оттука, Бугарите ќе станат дел од македонскиот Устав само тогаш кога најмалку 80 пратеници, како репрезент на македонските граѓани, ќе гласаат "за". Доколку Таравари смета дека актуелниот пратенички состав не е соодветен репрезент на народната воља тогаш останува можноста да се прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, веднаш да се излезе на вонредни парламентарни избори, да се формира нов собраниски состав и повторно, преку обид за обезбедување на најмалку 80 пратеници, да се разгледа делегираната народна воља на сите македонски граѓани вклучително и на Албанците. Многу едноставно. Доколку ниту тогаш нема најмалку 80 пратеници кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот, Бугарите ќе мора да почекаат. Ќе чекаат Бугарите, но ќе чекаат и Македонците, и Албанците, и сите останати македонски граѓани. Првите за влез во Уставот, останатите за влез во ЕУ. Се додека не дојде до промена на политичката воља во Бугарија или во Македонија, нешто за што постојат најразлични методи, од најдемократски па до не толку демократски. Најдемократскиот метод за реална проверка на граѓанската воља е организирање на демократски референдум со едно единствено и едноставно прашање, дали сте за или против влез на Бугарите во македонскиот Устав? Притоа, за да ја избегнам опасноста и моите зборови да звучат популистички и распалувачки, "да", јас ќе одговорам "да" за влез на Бугарите во Уставот и со разумни и издржани факти, без притисок, уцени и закани, ќе се обидам да убедам што повеќе граѓани да гласаат "за". "За", бидејки со влезот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна уставна разлика помеѓу двата народа, Македонците и Бугарите, а воедно ќе продолжат и преговорите со ЕУ и европскиот пат на Македонија. Истата оваа формално правна процедура важи и за било каква реорганизација на државата. Мнозинството македонски граѓани, а не Арбен Таравари или радикализирани Албанци, одлучуваат за организацијата или реорганизацијата на Македонија. Оттука неговите зборови може да се толкуваат во две насоки. Најпрво како искрена но несмасно дадена изјава со која укажува дека лично тој има сомнежи или информации за постоење на Албанци кои би се радикализирале доколку Бугарите не влезат во Уставот, а со тоа би се закочил и европскиот пат на Македонија. Но, за да ја толкуваме неговата изјава во оваа насока требало да нагласи дека ниту тој лично, ниту луѓето кои ги предводи не се согласуваат со ваква радикализација. Во вториот случај неговата изјава може да се толкува како евтин популизам и обид за добивање лесни политички поени кај дел од македонските Албанци без притоа да води сметка како се чувствуваат Македонците па и сите останати, вклучително и голем дел од македонските Албанци на кои одамна им е дојдена преку глава ваквата распалувачка и заканувачка реторика. Сакам да верувам дека д-р Арбен Таравари мислел на првата можност, но за секој случај му укажувам дека во Македонија одлуките треба да се носат со почитување на народната воља, а не со провокации, уцени и закани кои ги креваат меѓуетнички тензии и го нарушуваат ионака кревкиот меѓуетнички мир, а со тоа и процесот на понатамошното меѓуетничко помирување, процес на кој некои од нас макотрпно работат со години наназад трпејки притоа голем јавен притисок и штета. Скопје, 12.02.2023 година Генерал Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство“, пишува на постот.

The post Ангелов: Доколку Таравари смета дека пратеничкиот состав не е репрезент на народната воља, да се прифати предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори appeared first on Република.

]]>