радикали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radikali/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Mar 2022 18:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png радикали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/radikali/ 32 32 Шешељ и радикалите ќе го поддржат Вучиќ за претседател на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sheshelj-i-radikalite-kje-go-poddrzat-vuchikj-za-pretsedatel-na-srbija/ Tue, 08 Mar 2022 18:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=469769

Претседателот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3 април. Како што истакна Шешељ, таквиот потег е „во интерес на народот, што значи и во интерес на СРС“.

Шешељ во писмена изјава наведува дека СРС вообичаено има свој кандидат на претседателските избори, но дека „националните интереси понекогаш бараат отстапување од воспоставената пракса“.

Доколку подлегнеме на некои лични интереси, суета или инает, ние всушност само ќе ја загрозиме шансата Александар Вучиќ да победи во првиот круг, што мора да се случи. Сите патриоти мора да разберат дека победата на Вучиќ во првиот изборен круг е од национален интерес - изјави Шешељ.

Според него, „би било погубно за Србија“ доколку во вториот изборен круг се „мобилизираат сите антисрпски кругови“ и за претседател биде избран прозападен кандидат.

Се што постигна Александар Вучиќ во заштита на националните интереси, што ние постојано го поддржувавме, бидејќи се поклопува со нашата програма, ќе падне во вода. Ние, српските радикали, тоа нема да го дозволиме бидејќи нашата поддршка за кандидатурата на Александар Вучиќ ќе биде клучна за неговата победа во првиот изборен круг - изјави Шешељ.

The post Шешељ и радикалите ќе го поддржат Вучиќ за претседател на Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ, најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ за претседател на Србија на изборите на 3 април. Како што истакна Шешељ, таквиот потег е „во интерес на народот, што значи и во интерес на СРС“. Шешељ во писмена изјава наведува дека СРС вообичаено има свој кандидат на претседателските избори, но дека „националните интереси понекогаш бараат отстапување од воспоставената пракса“.