Раде Шербеџија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rade-sherbedzija/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 16:06:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Раде Шербеџија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rade-sherbedzija/ 32 32 Раде Шербеџија опериран https://arhiva3.republika.mk/scena/rade-sherbedhija-operiran/ Fri, 25 Oct 2024 16:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=831047

Раде Шербеџија објави дека е опериран. Тој во своето обраќање преку Инстаграм им објави на следбениците дека неодамна направил операција на колкот.

-Еве ме утрово во Шибеник пред оваа прекрасна и позната шибеничка катедрала, по премиерата на Данило на филмот за Дражен Петровиќ, недалеку од оваа позната улица каде што пораснаа моите пријатели Арсен Дедиќ, Мишо Ковач, Вице Вуков, Игор Мандиќ, започна Шербеџија.

Потоа покажа на патерицата и објасни:

-Имав операција на колкот пред еден месец. Кога дојдов на операција на 24 септември во болницата во Загреб, му реков на мојот лекар Томислав Ченгиќ: „Ама докторе, заборавив дека имам концерт во Белград во Домот на синдикатот – вели на крајот Шербеџија, чиј концерт во белградската сала МТС е закажан за 26 октомври.

The post Раде Шербеџија опериран appeared first on Република.

]]>

Раде Шербеџија открива детали од животот на Анџелина Џоли: Воопшто не ѝ завидувам https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/rade-sherbedhija-otkriva-detali-od-zhivotot-na-andhelina-dholi-voopshto-ne-zaviduvam/ Wed, 04 Sep 2024 17:37:59 +0000 https://republika.mk/?p=813206

Актерот, режисер, поет и музичар Радет Шербеџија го најави неговиот концерт што во октомври ќе се одржи во Белград и истакна дека тој „не е класичен пејач“ и дека „не се заработува за живот од тоа“.

„Моите концерти ми се хоби. Во театар играм само во претстави во режија на мојата сопруга. Тоа е специјална мисија. Во текот на летото глумам месец и пол. Ме исцрпува, но и ме исполнува. Снимам само филмови и серии. Оваа година два ипол месеци снимав серија во Америка. Бев во три од шесте епизоди, како гостин“, изјави Шербеџија, пренесе Мондо.

Тој се пофали и дека во текот на јули снимал филм во Бугарија со таткото на Анџелина Џоли.

„Работев со Џон Војт, таткото на Анџелина. Интересен актер и човек. Одличен“, го пофалил Шербеџија холивудскиот колега.

Во минатото Шербеџија соработувал и со Анџелина, за време на нејзиното режисерксо деби, воената драма „Во земјата на крвта и медот“, филм што се снимаше во Босна и Херцеговина.

За Анџелина и нејзиниот живот, Шербеџија изјавил дека токму тоа е тоа што воопшто не го сака, притоа алудирајќи на Холивуд и сето тоа што ѝ го носи нејзината слава.

„Воопшто не ѝ завидувам. Тоа е страшен живот, без вистински мир“ – изјави Шербеџија за Анџелина.

The post Раде Шербеџија открива детали од животот на Анџелина Џоли: Воопшто не ѝ завидувам appeared first on Република.

]]>

Актерот, режисер, поет и музичар Радет Шербеџија го најави неговиот концерт што во октомври ќе се одржи во Белград и истакна дека тој „не е класичен пејач“ и дека „не се заработува за живот од тоа“.
„Моите концерти ми се хоби. Во театар играм само во претстави во режија на мојата сопруга. Тоа е специјална мисија. Во текот на летото глумам месец и пол. Ме исцрпува, но и ме исполнува. Снимам само филмови и серии. Оваа година два ипол месеци снимав серија во Америка. Бев во три од шесте епизоди, како гостин“, изјави Шербеџија, пренесе Мондо.
Тој се пофали и дека во текот на јули снимал филм во Бугарија со таткото на Анџелина Џоли.
„Работев со Џон Војт, таткото на Анџелина. Интересен актер и човек. Одличен“, го пофалил Шербеџија холивудскиот колега.
Во минатото Шербеџија соработувал и со Анџелина, за време на нејзиното режисерксо деби, воената драма „Во земјата на крвта и медот“, филм што се снимаше во Босна и Херцеговина. За Анџелина и нејзиниот живот, Шербеџија изјавил дека токму тоа е тоа што воопшто не го сака, притоа алудирајќи на Холивуд и сето тоа што ѝ го носи нејзината слава.
„Воопшто не ѝ завидувам. Тоа е страшен живот, без вистински мир“ – изјави Шербеџија за Анџелина.

The post Раде Шербеџија открива детали од животот на Анџелина Џоли: Воопшто не ѝ завидувам appeared first on Република.

]]>
Специјална награда за Раде Шербеџија: „Тој е најуспешниот актер од овие простори“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spetsijalna-nagrada-za-rade-sherbedhija-toj-e-najuspeshniot-akter-od-ovie-prostori/ Wed, 27 Sep 2023 20:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=685745

Раде Шербеџија е добитник на специјална награда.

Фестивалот на драма и серии (ФЕДИС) денеска соопшти дека актерката Рада Шербеџија е добитник на нивната специјална награда Златна антена за севкупен придонес во ТВ продукцијата во регионот.

ФЕДИС изјави дека Шербеџија „е прославен драмски уметник и веројатно најуспешниот актер од овие простори“.

Како што е најавено, 13. ФЕДИС ќе се одржи од 3 до 5 октомври во Домот на млади во Белград со учество на телевизиски серии од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

The post Специјална награда за Раде Шербеџија: „Тој е најуспешниот актер од овие простори“ appeared first on Република.

]]>

Раде Шербеџија е добитник на специјална награда. Фестивалот на драма и серии (ФЕДИС) денеска соопшти дека актерката Рада Шербеџија е добитник на нивната специјална награда Златна антена за севкупен придонес во ТВ продукцијата во регионот. ФЕДИС изјави дека Шербеџија „е прославен драмски уметник и веројатно најуспешниот актер од овие простори“. Како што е најавено, 13. ФЕДИС ќе се одржи од 3 до 5 октомври во Домот на млади во Белград со учество на телевизиски серии од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

The post Специјална награда за Раде Шербеџија: „Тој е најуспешниот актер од овие простори“ appeared first on Република.

]]>
Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/iskonska-e-potrebata-da-se-rabotat-regionalni-proekti-vo-teatarot-veli-akterot-milan-marikj-koj-vecherva-igra-so-rade-sherbedzija-vo-dramski-teatar/ Fri, 14 Oct 2022 12:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=561119

Исконска е потребата да се работат регионални проекти. Делиме исти проблеми, ист менталитет, мали се разликите, а ги сакаме тие разлики кај другиот и нè нервираат. Тоа е многу важно за уметноста, вели српскиот актер Милан Мариќ, кој вечерва заедно со Раде Шербеџија ќе играат на сцената на Драмски театар Скопје.

Мариќ, кој е најпознат по улогата во филмот „Тома“ е дел од екипата на претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Ленка Удовички.

Претставата вечерва во 20 часот во Драмски театар го отвора фестивалот РУТА Група Триглав. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица.

Мариќ вели дека е повеќекратно задоволството да се работи со актер како Раде Шербеџија.

[caption id="attachment_561198" align="alignnone" width="1461"] Мариќ: Шербеџија им дава голема можност на младите актери на сцена[/caption]

Јас растев со неговите филмови, тој ми беше пример меѓу актерите како треба да се работи. Првпат се запознавме на сцената, не се познававме од претходно. Тој им дава голема можност на младите актери на сцена, а тоа е одлика само на големите актери. Да ја разбираат младоста, да го разбираат незнаењето и неискуството, да имаат однос кон тоа, да те штити и да те пушти и да знае кога да те врати назад. Само така може да растете, рече денеска Мариќ.

„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е претстава работена во продукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште, a Шербеџија вторпат игра во оваа претстава. Бил дел од поделата кога пред 30 години ја режирал Душан Јовановиќ, а асистентка на Јовановиќ му била денешната режисерка Удовички.

И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија. Сакам да сум тука, имам многу пријатели и секогаш сакам да доаѓам во Скопје. Еден од моите први концерти ги одржав тука, на оваа сцена на Драмски и многу одамна, во седумдесетите играв една претстава, не се сеќавам која. Чувствувам посебна возбуда за вечер, бидејќи ќе играм на сцената на која играле едни од најдобрите актери во поранешна Југославија. Драмски театар од Скопје го имаше тој имиџ. Мојата генерација се Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Горан Стефановски, Слободан Унковски и за мене ова има посебно значење, рече Шербеџија.

За Шербеџија уметноста е жива материјата.

[caption id="attachment_561200" align="alignnone" width="1508"] Шербеџија: И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија[/caption]

Но, театарската е пожива, бидејќи таа постојано живее. Кај филмот, тоа е момент, снимен си. Но, во театарот твојата улога е стално жива. И таа се менува. Затоа таа е толку драгоцена и фантастична, вели Шербеџија.

Удовички потенцираше дека смислата на уметноста е да ги спојува луѓето, да се разменуваат креативни енергии.

Многу е важно и скапоцено што се воспостави оваа соработка со Рута фестивалот. Секаде каде што се оди, интересот е многу голем. Сите и приватно и професионално ја подрржуваме оваа соработка која треба да се развива и понатаму, рече Удовички.

В сабота, на 15 октомври, во 20 часот во Драмски гостува Београдско драмско позориште со претставата „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ.

Македонскиот режисер Александар Поповски доаѓа со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана (16 октомври), а Градско позориште Подгорица на 17 октомври со претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во режија на Кокан Младеновиќ.

Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски.

Затворањето на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска.

Картите за сите претстави се распродадени.

The post Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Исконска е потребата да се работат регионални проекти. Делиме исти проблеми, ист менталитет, мали се разликите, а ги сакаме тие разлики кај другиот и нè нервираат. Тоа е многу важно за уметноста, вели српскиот актер Милан Мариќ, кој вечерва заедно со Раде Шербеџија ќе играат на сцената на Драмски театар Скопје. Мариќ, кој е најпознат по улогата во филмот „Тома“ е дел од екипата на претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Ленка Удовички. Претставата вечерва во 20 часот во Драмски театар го отвора фестивалот РУТА Група Триглав. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. Мариќ вели дека е повеќекратно задоволството да се работи со актер како Раде Шербеџија. [caption id="attachment_561198" align="alignnone" width="1461"] Мариќ: Шербеџија им дава голема можност на младите актери на сцена[/caption]
Јас растев со неговите филмови, тој ми беше пример меѓу актерите како треба да се работи. Првпат се запознавме на сцената, не се познававме од претходно. Тој им дава голема можност на младите актери на сцена, а тоа е одлика само на големите актери. Да ја разбираат младоста, да го разбираат незнаењето и неискуството, да имаат однос кон тоа, да те штити и да те пушти и да знае кога да те врати назад. Само така може да растете, рече денеска Мариќ.
„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е претстава работена во продукција на театар Улисис и Београдско драмско позориште, a Шербеџија вторпат игра во оваа претстава. Бил дел од поделата кога пред 30 години ја режирал Душан Јовановиќ, а асистентка на Јовановиќ му била денешната режисерка Удовички.
И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија. Сакам да сум тука, имам многу пријатели и секогаш сакам да доаѓам во Скопје. Еден од моите први концерти ги одржав тука, на оваа сцена на Драмски и многу одамна, во седумдесетите играв една претстава, не се сеќавам која. Чувствувам посебна возбуда за вечер, бидејќи ќе играм на сцената на која играле едни од најдобрите актери во поранешна Југославија. Драмски театар од Скопје го имаше тој имиџ. Мојата генерација се Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Горан Стефановски, Слободан Унковски и за мене ова има посебно значење, рече Шербеџија.
За Шербеџија уметноста е жива материјата. [caption id="attachment_561200" align="alignnone" width="1508"] Шербеџија: И да работам и да не работам, сакам да доаѓам во Македонија[/caption]
Но, театарската е пожива, бидејќи таа постојано живее. Кај филмот, тоа е момент, снимен си. Но, во театарот твојата улога е стално жива. И таа се менува. Затоа таа е толку драгоцена и фантастична, вели Шербеџија.
Удовички потенцираше дека смислата на уметноста е да ги спојува луѓето, да се разменуваат креативни енергии.
Многу е важно и скапоцено што се воспостави оваа соработка со Рута фестивалот. Секаде каде што се оди, интересот е многу голем. Сите и приватно и професионално ја подрржуваме оваа соработка која треба да се развива и понатаму, рече Удовички.
В сабота, на 15 октомври, во 20 часот во Драмски гостува Београдско драмско позориште со претставата „Диво месо“ по текстот на Горан Стефановски, на режисерот Јагош Марковиќ. Македонскиот режисер Александар Поповски доаѓа со претставата „Хероини“ по Овидиј од Месно гледалишче Љубљана (16 октомври), а Градско позориште Подгорица на 17 октомври со претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во режија на Кокан Младеновиќ. Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Затворањето на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври, на режисерката Зоја Бузалковска. Картите за сите претстави се распродадени.    

The post Исконска е потребата да се работат регионални проекти во театарот, вели актерот Милан Мариќ кој вечерва игра со Раде Шербеџија во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Раде Шербеџија на 19 март во Центар за култура-Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/rade-sherbedzija-na-19-mart-vo-centar-za-kultura-bitola/ Mon, 14 Mar 2022 10:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=472518

Раде Шербеџија на 19 март, во 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум “Не свртувај се сине” кој неодамна го издаде.

На сцената ќе биде заедно со “Западни Колодвор”, а понеделник во 12.00ч започнува продажбата на билетите по цена од 800ден

Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум – „Ne okreći se, sine“, традиционално, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“.

Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок во живо за публиката која на 19 март ќе биде во Битола, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија.

Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020.

На албумот, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан.

The post Раде Шербеџија на 19 март во Центар за култура-Битола appeared first on Република.

]]>

Раде Шербеџија на 19 март, во 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура ќе има свој ексклузивен концерт, единствен во Македонија со својот албум “Не свртувај се сине” кој неодамна го издаде.

На сцената ќе биде заедно со “Западни Колодвор”, а понеделник во 12.00ч започнува продажбата на билетите по цена од 800ден Шербеџија, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум – „Ne okreći se, sine“, традиционално, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“. Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок во живо за публиката која на 19 март ќе биде во Битола, а создаден е во време на короната, кога паузираше филмската индустрија. Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари на крајот на 2020. На албумот, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, за која аранжманот го создаде нашиот Диран Тавитјан.

The post Раде Шербеџија на 19 март во Центар за култура-Битола appeared first on Република.

]]>