Рациново признание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/racinovo-priznanie/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 14:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рациново признание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/racinovo-priznanie/ 32 32 Рациново признание за Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ratsinovo-priznanie-za-frosina-parmakovska/ Mon, 24 Jun 2024 14:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=790332

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес.

Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки).

Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои:

„Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби.

Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски... сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“

Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.

 

The post Рациново признание за Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

Фросина Пармаковска со романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е добитничка на Рациновото признание за 2024 година. Наградата ѝ беше врачена на 19 јуни на свеченото отворање на 61 издание на Рацинови средби во Спомен-костурницата во Велес. Одлуката за наградата во конкуренција од 25 книги ја донесе жирито во состав: Светлана Петрова Џамбазова (претседателката) и Маја Апостоловска и Јасминка Делова Сељанова (членки). Во образложението на одлуката за наградениот роман меѓудругото стои: „Ова е дело коешто го користи навидум индуктивниот метод, поаѓајќи од ликовите нѐ запознава со основните развојни линии на приказната, пополнувајќи ја секојпат со новина за главниот лик Иван и за неговото најтесно (пријателско и роднинско) опкружување. На тој начин авторката создава една сложена структура на ликови, односи, релации, настани, давајќи ни детали и за другите ликови, но секогаш враќајќи го фокусот на нарацијата токму на главниот лик и на неговите интимни чувствувања, размисли, расположби и стравови, со коишто не е секогаш во состојба да се соочи и запаѓа во меланхолични до депресивни кризни состојби. Авторката го прифаќа предизвикот низ објективни истражувачки постапки да дојде до свои сопствени сознанија, прекршени низ призмата на својот сеизмографски прецизен сензибилен капацитет и да проговори топлочовечки, раскажувачки вешто за депресивните нарушувања сѐ поприсутни кај човекот денеска, за аферата на украдените бебиња во поранешна Југославија, за којашто многу се пишувало и се истражувало години по случувањата, за прашањата коишто го мачат човекот денеска шекспировски можеби, но и онтолошки, гносеолошки, теолошки, песимистички, оптимистички, реални, магични и магиски... сугерирајќи ни повеќестран приод кон суштинското во приказната.“ Романот „Сѐ уште можам нешто да сторам“ е во издание на издавачката куќа Или-Или како книга бр. 226 во едицијата ПРОаЗА.  

The post Рациново признание за Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Почесното Рациново признание ќе му биде доделено на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochesnoto-racinovo-priznanie-kje-mu-bide-dodeleno-na-prof-d-r-zarko-boshnjakovikj-od-novi-sad/ Fri, 03 Jun 2022 09:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=510556

Професор д-р Жарко Бошњаковиќ, кој е истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад во научно обрзовната област српски јазик и лингвистика, е добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година.

Бошњаковиќ учествува во изработка на Прирачници за реализација на настава по македонски јазик за потребите на многубројни образовни институции во соседна Србија. Годинашниот добитник на престижната наградата, Почесно Рациново признание 2022 посветува големо внимание и на проучување на балканските јазици. Неговите трудови од областа на синтаксата и теолингвистиката користат специфични лингвистички методи базирани на споредбено проучување на македонскиот, српскиот и грчкиот јазик.

Проф д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, како и на значајни статии и студии објавувани во значајни публикации во Србија и пошироко.

Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика 1986“, „Со македонски во светот 2005“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник:изговор и граматика 2008“.

Почесното Рациново признание на добитникот ќе му биде врачено во рамки на претстојните 59. Рацинови средби што во Велес ќе се одржат од 9 до 15 јуни.

 

The post Почесното Рациново признание ќе му биде доделено на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Професор д-р Жарко Бошњаковиќ, кој е истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад во научно обрзовната област српски јазик и лингвистика, е добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година. Бошњаковиќ учествува во изработка на Прирачници за реализација на настава по македонски јазик за потребите на многубројни образовни институции во соседна Србија. Годинашниот добитник на престижната наградата, Почесно Рациново признание 2022 посветува големо внимание и на проучување на балканските јазици. Неговите трудови од областа на синтаксата и теолингвистиката користат специфични лингвистички методи базирани на споредбено проучување на македонскиот, српскиот и грчкиот јазик. Проф д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, како и на значајни статии и студии објавувани во значајни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика 1986“, „Со македонски во светот 2005“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник:изговор и граматика 2008“. Почесното Рациново признание на добитникот ќе му биде врачено во рамки на претстојните 59. Рацинови средби што во Велес ќе се одржат од 9 до 15 јуни.  

The post Почесното Рациново признание ќе му биде доделено на проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад appeared first on Република.

]]>