рација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/racija/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 08:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/racija/ 32 32 Во рација во северно Косово запленети околу шест милиони динари и десетици илјади долари и евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-ratsija-vo-severno-kosovo-zapleneti-okolu-shest-milioni-dinari-i-desetitsi-iljadi-dolari-i-evra/ Fri, 13 Sep 2024 08:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=815937

Косовската полиција соопшти дека во рациите што вчера беа извршени во два објекта на српски паралелни структури во Лепосавиќ, во северно Косово, во банка и во филијала на Министерството за финансии на Србија, се запленети околу шест милиони српски динари и десетици илјади долари и евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека во случајот, кој е опишан како „перење пари и злоупотреба на економски овластувања“, се запленети и повеќе печати и документи, кои според полицијата, го докажуваат незаконското работење на тие институции.

„Во врска со случајот, на 12.09.2024 година полициски единици извршија проверки на две локации, под сомнение дека финансиските институции ги сториле наведените дела. За време на рацијата, беа запленети: 5.772.313 српски динари, 57.626 американски долари, 10.835 евра, 2.790 швајцарски франци, две куќишта за компјутери и два ДВР на безбедносни камери. Запленети се и повеќе печати и разни документи кои го докажуваат незаконското работење на овие институции“, се вели во полицискиот извештај.

Во оваа прилика „сите дејствија се извршени во консултација и координација со државниот обвинител“, се наведува во извештајот.

Рацијата вчера ја потврди и заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани.

„По наредба на Судот во Митровица, извршени се претреси во просториите на Народната банка на Србија, филијала во Косово и Дирекцијата на трезорот, Министерство за финансии во Лепосавиќ од страна на одделот за економски криминал во продолжение на случајот за перење пари што има врска со Банките од порано. При тоа се одземени материјални докази како што се документи, компјутер, пари и слично, а местото е пломбирано“, изјави Ељшани.

The post Во рација во северно Косово запленети околу шест милиони динари и десетици илјади долари и евра appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција соопшти дека во рациите што вчера беа извршени во два објекта на српски паралелни структури во Лепосавиќ, во северно Косово, во банка и во филијала на Министерството за финансии на Србија, се запленети околу шест милиони српски динари и десетици илјади долари и евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Во 24-часовниот извештај на полицијата се вели дека во случајот, кој е опишан како „перење пари и злоупотреба на економски овластувања“, се запленети и повеќе печати и документи, кои според полицијата, го докажуваат незаконското работење на тие институции. „Во врска со случајот, на 12.09.2024 година полициски единици извршија проверки на две локации, под сомнение дека финансиските институции ги сториле наведените дела. За време на рацијата, беа запленети: 5.772.313 српски динари, 57.626 американски долари, 10.835 евра, 2.790 швајцарски франци, две куќишта за компјутери и два ДВР на безбедносни камери. Запленети се и повеќе печати и разни документи кои го докажуваат незаконското работење на овие институции“, се вели во полицискиот извештај. Во оваа прилика „сите дејствија се извршени во консултација и координација со државниот обвинител“, се наведува во извештајот. Рацијата вчера ја потврди и заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Ељшани. „По наредба на Судот во Митровица, извршени се претреси во просториите на Народната банка на Србија, филијала во Косово и Дирекцијата на трезорот, Министерство за финансии во Лепосавиќ од страна на одделот за економски криминал во продолжение на случајот за перење пари што има врска со Банките од порано. При тоа се одземени материјални докази како што се документи, компјутер, пари и слично, а местото е пломбирано“, изјави Ељшани.

The post Во рација во северно Косово запленети околу шест милиони динари и десетици илјади долари и евра appeared first on Република.

]]>
Девојки од Молдавија, Казахстан, Косово приведени во рација во ноќен клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojki-od-moldavija-kazahstan-kosovo-privedeni-vo-ratsija-vo-noken-klub/ Thu, 18 Jul 2024 13:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=798125

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината каде управител бил А.И.(27) од Горно Седларце пронашле 32 жени странски државјанки.

При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во соопштението на МВР.

The post Девојки од Молдавија, Казахстан, Косово приведени во рација во ноќен клуб appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Тетово при контрола на ноќен клуб во тетовско Горно Седларце на 17/18.07 во периодот од 23:30 до 5 часот изутрината каде управител бил А.И.(27) од Горно Седларце пронашле 32 жени странски државјанки.
При контролата во објектот биле затекнати 32 странски државјанки на возраст од 20 до 40 години од Русија, Молдавија, Украина, Косово, Албанија, Србија, Словенија и Казахстан кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во РСМ спротивно на целта. Тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, се вели во соопштението на МВР.

The post Девојки од Молдавија, Казахстан, Косово приведени во рација во ноќен клуб appeared first on Република.

]]>
Голема рација во Куманово, пронајдени пиштоли и дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golema-ratsija-vo-kumanovo-pronajdeni-pishtoli-i-droga/ Mon, 23 Oct 2023 14:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=694224

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово и службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР денеска извршија претрес на две локации кај М.Д.(29).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на населба Карпош, била пронајдена  марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм.

Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово.

The post Голема рација во Куманово, пронајдени пиштоли и дрога appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово и службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР денеска извршија претрес на две локации кај М.Д.(29). Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на населба Карпош, била пронајдена  марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм. Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово.

The post Голема рација во Куманово, пронајдени пиштоли и дрога appeared first on Република.

]]>
Рација во северно Косово, меѓу запленетото оружје пронајдени минофрлачи и експлозив https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ratsija-vo-severno-kosovo-megu-zaplenetoto-oruzhje-pronajdeni-minofrlachi-i-eksploziv/ Sat, 14 Oct 2023 14:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=691228

Косовската полиција ги изложи оружјето, експлозивот и другите средства и опрема кои ги заплени во денешните рации на неколку локации во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека рациите, кои се во врска со случајот Бањска, односно вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември, биле извршени на седум различни локации на север, односно на три во Северна Митровица, три во Звечане и една во Бањска.

Во подрум на зграда, во местото познато како „Три облакодери“ во Северна Митровица, пронајдени се три минофрлачи (зољи), еден калашников, муниција, експлозивни средства и различна воена опрема.

Ова е, како што се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на полицијата на Фејсбук, „прелиминарен список на запленетото оружје и друга опрема: 87 парчиња експлозив ТМ 100; три рачни минофрлачи (зоља); една автоматска пушка АК-47; една противпешадиска мина од типот МРУД; 14 рамки за куршуми; муниција од различен калибар; 63 електрични детонатори; 23 механички детонатори; еден часовник за активирање; една рачна граната М79; три туби со запалив фитил; чанти, радија, панцири, медицинска опрема, елеци за носење рамки за куршуми, гас-маски, батерии и друго“.

На 24 септември во нападот на униформирана и вооружена српска група беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Во подоцнежната акција на полицијата, во борбите околу православниот манастир Бањска кај Звечане, загинаа тројца од напаѓачите, додека останатите успеаја да побегнат.

Одговорноста за нападот ја презеде поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Милан Радоичиќ, чиј имот во Косово полицијата го заплени. Не е потврдено дали локациите на кои беше извршена денешната рација се поврзани со името на Радоичиќ.

The post Рација во северно Косово, меѓу запленетото оружје пронајдени минофрлачи и експлозив appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција ги изложи оружјето, експлозивот и другите средства и опрема кои ги заплени во денешните рации на неколку локации во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на полицијата се наведува дека рациите, кои се во врска со случајот Бањска, односно вооружениот напад врз косовската полиција на 24 септември, биле извршени на седум различни локации на север, односно на три во Северна Митровица, три во Звечане и една во Бањска. Во подрум на зграда, во местото познато како „Три облакодери“ во Северна Митровица, пронајдени се три минофрлачи (зољи), еден калашников, муниција, експлозивни средства и различна воена опрема. Ова е, како што се наведува во соопштението објавено на официјалната страница на полицијата на Фејсбук, „прелиминарен список на запленетото оружје и друга опрема: 87 парчиња експлозив ТМ 100; три рачни минофрлачи (зоља); една автоматска пушка АК-47; една противпешадиска мина од типот МРУД; 14 рамки за куршуми; муниција од различен калибар; 63 електрични детонатори; 23 механички детонатори; еден часовник за активирање; една рачна граната М79; три туби со запалив фитил; чанти, радија, панцири, медицинска опрема, елеци за носење рамки за куршуми, гас-маски, батерии и друго“. На 24 септември во нападот на униформирана и вооружена српска група беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Во подоцнежната акција на полицијата, во борбите околу православниот манастир Бањска кај Звечане, загинаа тројца од напаѓачите, додека останатите успеаја да побегнат. Одговорноста за нападот ја презеде поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Милан Радоичиќ, чиј имот во Косово полицијата го заплени. Не е потврдено дали локациите на кои беше извршена денешната рација се поврзани со името на Радоичиќ.

The post Рација во северно Косово, меѓу запленетото оружје пронајдени минофрлачи и експлозив appeared first on Република.

]]>
Полицијата влезе во казина и обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vleze-vo-kazina-i-oblozhuvalnitsi/ Sun, 02 Apr 2023 10:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=626233

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.

За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик. За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Полицијата ноќеска влегуваше во кафулиња и дискотеки во цела Македонија, бараше малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-nokjeska-vleguvashe-vo-kafulinja-i-diskoteki-vo-cela-makedonija-barashe-maloletnici/ Sun, 23 Oct 2022 15:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=564700

Во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.Како што соопшти МВР, при контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се  затекнати по 00.00 часот во угостителски објекти.

[caption id="attachment_495629" align="alignnone" width="480"] (фото: илустрација)[/caption]

За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај, се додава во соопштението на МВР

The post Полицијата ноќеска влегуваше во кафулиња и дискотеки во цела Македонија, бараше малолетници appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.Како што соопшти МВР, при контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се  затекнати по 00.00 часот во угостителски објекти. [caption id="attachment_495629" align="alignnone" width="480"] (фото: илустрација)[/caption] За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај, се додава во соопштението на МВР

The post Полицијата ноќеска влегуваше во кафулиња и дискотеки во цела Македонија, бараше малолетници appeared first on Република.

]]>
Многу пари и непријавени девојки од странство пронајдени во струшки ноќен клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mnogu-pari-i-neprijaveni-devojki-od-stranstvo-pronajdeni-vo-strushki-nokjen-klub/ Thu, 08 Sep 2022 13:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=548703

Во текот на изминатата вечер (08.09.2022) во периодот од 01.20 до 05.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга.

При контролата затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет - боксирач за што ќе следува и соодветна пријава. Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки. Притоа затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.  

The post Многу пари и непријавени девојки од странство пронајдени во струшки ноќен клуб appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер (08.09.2022) во периодот од 01.20 до 05.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга. При контролата затекнати се две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет - боксирач за што ќе следува и соодветна пријава. Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки. Притоа затекнати се странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.  

The post Многу пари и непријавени девојки од странство пронајдени во струшки ноќен клуб appeared first on Република.

]]>
Кеса кокаин во чантата на 20-годишна девојка фатена на концерт во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kesa-kokain-vo-chantata-na-20-godishna-devojka-fatena-na-koncert-vo-ohrid/ Sat, 30 Jul 2022 11:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=535055

На 29.07.2022 околу 22.00 часот, во СВР Охрид приведена е М.Ј.(20) од Охрид. При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа ќеса со кокаин, информираат надлежните служби на МВР.

Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кеса кокаин во чантата на 20-годишна девојка фатена на концерт во Охрид appeared first on Република.

]]>

На 29.07.2022 околу 22.00 часот, во СВР Охрид приведена е М.Ј.(20) од Охрид. При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа ќеса со кокаин, информираат надлежните служби на МВР. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Кеса кокаин во чантата на 20-годишна девојка фатена на концерт во Охрид appeared first on Република.

]]>
Рација низ скопските локали, приведени седум лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/racija-niz-skopskite-lokali-privedeni-sedum-lica/ Fri, 17 Jun 2022 08:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=516215

Полицијата синоќа изврши контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица, при што кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода.

Ноќта 16-ти кон 17-ти јуни, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода, соопшти МВР.

Кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Рација низ скопските локали, приведени седум лица appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа изврши контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица, при што кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода.
Ноќта 16-ти кон 17-ти јуни, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле контроли во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе лица. Притоа, кај седум лица од Скопје, Косово и Норвешка биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, и тие биле лишени од слобода, соопшти МВР.
Кај А.Д.(23), А.Д.(31) и Т.И.(28), сите од Скопје, била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај С.Ј.(20) од Скопје, В.З.(35) од Косово, Г.М.(37) од Скопје и А.К.К.(45) од Кралството Норвешка била пронајдена марихуана. Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Рација низ скопските локали, приведени седум лица appeared first on Република.

]]>
Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/racija-vo-strumichka-diskoteka-pronajdeni-maloletnici-neprijaveni-rabotnici-i-neevidentiran-promet-od-125-000-denari/ Sun, 05 Jun 2022 13:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=511415

Во полициска акција реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица, се детектирани повеќе неправилности во работењето.

Како што соопштија од МВР, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции.

Од страна на полициските службеници биле извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.

The post Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција реализирана на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица, се детектирани повеќе неправилности во работењето. Како што соопштија од МВР, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност. Од полицијата додаваат дека по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници биле извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица.

The post Рација во струмичка дискотека: Пронајдени малолетници, непријавени работници и неевидентиран промет од 125.000 денари appeared first on Република.

]]>
Полициска рација среде концерт во Центар, пронајдена дрога, уапсени пет лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policiska-racija-srede-koncert-vo-centar-pronajdena-droga-uapseni-pet-lica/ Sun, 15 May 2022 11:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=502499

Во текот на 14/15.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица.

Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Р.Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

The post Полициска рација среде концерт во Центар, пронајдена дрога, уапсени пет лица appeared first on Република.

]]>

Во текот на 14/15.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола во објект на подрачјето на Центар, во кој се одржувал музички концерт, од слобода биле лишени пет лица. Притоа, кај Б.М.(45), А.С.(26), двајцата од Скопје и В.М.(27) од Р.Косово е пронајдена марихуана, кај Д.Н.(23) е пронајдена дробилка со марихуана, а кај М.А.(23) пронајдена е прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

The post Полициска рација среде концерт во Центар, пронајдена дрога, уапсени пет лица appeared first on Република.

]]>