работодавачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotodavachi/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 14:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работодавачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotodavachi/ 32 32 Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи кои ги терале работниците да работат на топлото време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabrana-za-vrshene-dejnost-na-30-rabotodavachi-koi-gi-terale-rabotnitsite-da-rabotat-na-toploto-vreme/ Mon, 17 Jul 2023 14:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=662378

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа.

Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата.

The post Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи кои ги терале работниците да работат на топлото време appeared first on Република.

]]>

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа. Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата.

The post Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи кои ги терале работниците да работат на топлото време appeared first on Република.

]]>
Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotodavachite-baraat-da-plakaat-samo-15-dena-od-boleduvanata/ Sat, 28 Jan 2023 21:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=602070

Наместо 30 боледувањето кое паѓа на товар на работодавачот да се скрати на 15 дена. Ова е барањето на Организацијата на работодавачи за да се намалат злоупотребите од страна на работниците. Лажните боледувања се се почести, а ги има и во приватниот и во јавниот сектор, вели Димитров. Затоа во консултациите со Министерството за труд, околу новиот Закон за работни односи бараат да се внесе и ваквата одредба.

Зелено светло за кратење на боледувањето што го плаќаат газдите од министерството за труд има, но крајниот збор треба да го даде Фондот за здравствено осигурување. Во предлог законот за работни односи вметната е одредбата за докажување на боледувањето од страна на Наделжен орган. Но работодавачите бараат да се прецизира – кој ќе биде тој орган? Дали државата или   самите газди?

Фондот за здравство нема податоци колку боледувања се издадени лани. Последните бројки се за 2021 та година – кога имало 3.044 боледувања до  30 дена. Но дали и колку од нив биле лажни, нема информации.  Од таму само велат дека 10% од парите на фондот одат  на боледување.

The post Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата appeared first on Република.

]]>

Наместо 30 боледувањето кое паѓа на товар на работодавачот да се скрати на 15 дена. Ова е барањето на Организацијата на работодавачи за да се намалат злоупотребите од страна на работниците. Лажните боледувања се се почести, а ги има и во приватниот и во јавниот сектор, вели Димитров. Затоа во консултациите со Министерството за труд, околу новиот Закон за работни односи бараат да се внесе и ваквата одредба. Зелено светло за кратење на боледувањето што го плаќаат газдите од министерството за труд има, но крајниот збор треба да го даде Фондот за здравствено осигурување. Во предлог законот за работни односи вметната е одредбата за докажување на боледувањето од страна на Наделжен орган. Но работодавачите бараат да се прецизира – кој ќе биде тој орган? Дали државата или   самите газди? Фондот за здравство нема податоци колку боледувања се издадени лани. Последните бројки се за 2021 та година – кога имало 3.044 боледувања до  30 дена. Но дали и колку од нив биле лажни, нема информации.  Од таму само велат дека 10% од парите на фондот одат  на боледување.

The post Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата appeared first on Република.

]]>
Пешевски: Исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците, затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/peshevski-isplakjajte-gi-praznicite-i-prekuvremenite-saati-na-rabotnicite-zatoa-od-10-000-rabotnici-na-minimalna-plata-za-ovie-godini-dojdovme-do-110-000/ Thu, 10 Feb 2022 08:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=456589

Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски, смета дека еден ден во неделата за одмор на работниците е нужниот минимум.

Истото ги чини и работниците. Дали сметате дека 110.000 работници кои што сега се на минимална палта ги интересира и другата страна, како вас што ве интересира? Бидете еднаш реални и исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците. Затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000, вели Пешевски во „Топ Тема“.

Потпретседателот на ССМ, категорично ја отфрли идејата за постигнување компромис за недела како неработен дек и смета дека работодавачите не сакаат да разберат дека одморениот работник е попродуктивен работник.

The post Пешевски: Исплаќајте ги празниците и прекувремените саати на работниците, затоа од 10.000 работници на минимална плата за овие години дојдовме до 110.000 appeared first on Република.