работно место Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotno-mesto/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Apr 2024 14:25:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работно место Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotno-mesto/ 32 32 Полицаец од Охрид чувал дрога на работното место, не дозволил нарко тест https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-ohrid-chuval-droga-na-rabotnoto-mesto-ne-dozvolil-narko-test/ Thu, 04 Apr 2024 14:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=762165

На 29. март вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршиле контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид, обезбедување на вила Бела, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Притоа, на работната маса во стражарската куќа биле пронајдени бела прашкаста материја, шише исполнето со течност и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. После тоа, А.М. одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје, соопштуваат од МВР.

Исто така, при контролата било констатирано дека А.М. ја преземал смената од С.Т. без да извршат примопредавање, при што С.Т. во објектот го оставил своето формациско оружје со полна рамка со муниција и останата службена опрема за обезбедување на објектот, оставајќи го клучот од просторијата во близина на објектот.

Против А.М., Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор на МВР и ќе бидат изречени задолжителни мерки за отстранување од работно место поради оневозможување на утврдување на одговорност за повреда на работните обврски по член 214 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.

Против С.Т., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор.
Исто така, во врска со настанот и по негово целосно документирање, против полицискиот службеник А.М., СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава, инфомрираа денеска од МВР.

The post Полицаец од Охрид чувал дрога на работното место, не дозволил нарко тест appeared first on Република.

]]>

На 29. март вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршиле контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид, обезбедување на вила Бела, сопственост на Министерството за внатрешни работи. Притоа, на работната маса во стражарската куќа биле пронајдени бела прашкаста материја, шише исполнето со течност и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. После тоа, А.М. одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје, соопштуваат од МВР. Исто така, при контролата било констатирано дека А.М. ја преземал смената од С.Т. без да извршат примопредавање, при што С.Т. во објектот го оставил своето формациско оружје со полна рамка со муниција и останата службена опрема за обезбедување на објектот, оставајќи го клучот од просторијата во близина на објектот. Против А.М., Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор на МВР и ќе бидат изречени задолжителни мерки за отстранување од работно место поради оневозможување на утврдување на одговорност за повреда на работните обврски по член 214 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР. Против С.Т., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор. Исто така, во врска со настанот и по негово целосно документирање, против полицискиот службеник А.М., СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава, инфомрираа денеска од МВР.  

The post Полицаец од Охрид чувал дрога на работното место, не дозволил нарко тест appeared first on Република.

]]>
Koj сака да работи има работа: Слободни 9.518 работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koj-saka-da-raboti-ima-rabota-slobodni-9-518-rabotni-mesta/ Fri, 01 Mar 2024 13:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=750068

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2.62 %.

Најголем број слободни работни места 2 656, има во група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

The post Koj сака да работи има работа: Слободни 9.518 работни места appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518. Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %. Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %. Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2.62 %. Најголем број слободни работни места 2 656, има во група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.

The post Koj сака да работи има работа: Слободни 9.518 работни места appeared first on Република.

]]>
Работник пронајден онесвестен на работното место, починал во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rabotnik-pronajden-onesvesten-na-rabotnoto-mesto-pochinal-vo-bolnitsa/ Fri, 29 Dec 2023 17:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=728024

На 28.12.2023 во 12:33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од село Новаци, битолско, кој во 12:45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата.

Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Работник пронајден онесвестен на работното место, починал во болница appeared first on Република.

]]>

На 28.12.2023 во 12:33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во безсознание бил донесен С.С.(44) од село Новаци, битолско, кој во 12:45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата. Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Работник пронајден онесвестен на работното место, починал во болница appeared first on Република.

]]>
Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bajramovska-mustafa-najizrazena-e-diskriminatsijata-vo-pristapot-do-rabotno-mesto-potrebna-e-multisektorska-sorabotka/ Tue, 24 Oct 2023 13:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=694569

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери.

Најмногу претставки, како што посочи Бајрамовска, има во однос на пристапот до работното место, во однос на чувството на нееднаквост и вознемирување или мобинг, но се уште е присутна и појавата на сегрегација во одредени училишта.

Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски паралелки за кои што, впрочем, минатата година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против државата, изјави Бајрамовска Мустафа по денешната конференција на Обединетите Нации во Скопје, посветена на теми поврзани со човековите права.

Таа додаде дека постои потреба од мултисекторска соработка со вклучување на засегнатите страни, со вклучување на претставници на маргинализираните групи.

Народниот правобранител уште од 2011 година алармира за постоење на проблемот со сегрегација во училиштата, уште во време кога првпат почнаа измените на Законот, да се вршат уписи на деца во прво одделение согласно одлуки за реонизација. Ние отворивме широка рамка за дискусија и преку нашите годишни извештаи, но и посебните извештаи од истражувањата, укажавме на тоа дека е потребно да се направи сеопфатна анализа што е тоа што доведува до сегрегирање на паралелки и што ги прави децата нееднакви во пристапот до правото, додаде Бајрамовска Мустафа.

Според Бајрамовска Мустафа, податокот дека се уште е отежнат пристапот на граѓаните во остварувањето на правата од социјална заштита, правата во делот на образованието, особено од аспект на учесниците, укажува на тоа дека недоволно посветено работиме на основата во надминување на проблемот.

Сметам дека укажувањата и препораките што Народниот правобранител ги дава се секогаш конструктивно насочени и треба сериозно да се земаат во предвид, имајќи ја предвид и важноста која што по неговите препораки ја има Собранието, а тоа е да утврдува мерки за да може да се надминат ваквите состојби. Мерките можат многу да придонесат во надминување на слабостите и конечно да зборуваме за еднаквост кшто ќе значи многу повеќе од еднаквост на хартија, потенцираше Бајрамовска Мустафа.

Дискриминацијата, како што посочи, е една од најболните прашања што може да ја почувствува кој било граѓанин во општеството.

Како институција Народен правобранител, која одбележува 25 години од своето работење, како институција која што 25 години се бори за еднаквост на граѓаните во пристапот и остварувањето на правата, на конференцијата денеска ја испративме пораката за потребата од подигање на свеста за еднаквост и за создавање на практични услови за имплементација на словото на Законот во пракса во однос на остварувањето на правата на граѓаните.

Постојниот координатор на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџак, денеска по конференцијата изјави дека со дискриминација се соочуваме во сите области во општеството. Исто така, како што рече, се забележува зголемено присуство на лажните вести.

Годинашната конференција се фокусира на две важни прашања. Првото е човековите права во однос на одржливиот развој, каде посебен акцент посветивме на прашањето на дискриминацијата, а на вториот панел се зборуваше на темата за неточни информации, дезинформациите и лажните вести. Во оваа земја активни се 18 агенции на Обединетите Нации што покриваат многу полиња, како што се вработувањата, социјалните услуги, доброто управување, додаде Дуџак.

Таа информираше дека денеска е распишан и конкурс во чии рамки се доставени 200 цртежи од деца кои сликовито имаат објаснето на кој начин ги гледаат и разбираат човековите права. Откако ќе бидат објавени победниците, овие цртежи три дена ќе бидат поставени во Музејот на современа уметност во Скопје.

The post Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка appeared first on Република.

]]>

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа денеска изјави дека во областа на заштитата од дискриминација, Народниот правобранител наоѓа повреда или незадоволство на граѓаните и чувство на нееднаквост во сите сфери. Најмногу претставки, како што посочи Бајрамовска, има во однос на пристапот до работното место, во однос на чувството на нееднаквост и вознемирување или мобинг, но се уште е присутна и појавата на сегрегација во одредени училишта.
Важно е да се напоменат и генералните појави кои уште се присутни во општеството, како што е сегрегација во некои училишта кон учениците Роми, односно постоењето на чисто ромски училишта или чисто ромски паралелки за кои што, впрочем, минатата година Европскиот суд за човекови права донесе пресуда против државата, изјави Бајрамовска Мустафа по денешната конференција на Обединетите Нации во Скопје, посветена на теми поврзани со човековите права.
Таа додаде дека постои потреба од мултисекторска соработка со вклучување на засегнатите страни, со вклучување на претставници на маргинализираните групи.
Народниот правобранител уште од 2011 година алармира за постоење на проблемот со сегрегација во училиштата, уште во време кога првпат почнаа измените на Законот, да се вршат уписи на деца во прво одделение согласно одлуки за реонизација. Ние отворивме широка рамка за дискусија и преку нашите годишни извештаи, но и посебните извештаи од истражувањата, укажавме на тоа дека е потребно да се направи сеопфатна анализа што е тоа што доведува до сегрегирање на паралелки и што ги прави децата нееднакви во пристапот до правото, додаде Бајрамовска Мустафа.
Според Бајрамовска Мустафа, податокот дека се уште е отежнат пристапот на граѓаните во остварувањето на правата од социјална заштита, правата во делот на образованието, особено од аспект на учесниците, укажува на тоа дека недоволно посветено работиме на основата во надминување на проблемот.
Сметам дека укажувањата и препораките што Народниот правобранител ги дава се секогаш конструктивно насочени и треба сериозно да се земаат во предвид, имајќи ја предвид и важноста која што по неговите препораки ја има Собранието, а тоа е да утврдува мерки за да може да се надминат ваквите состојби. Мерките можат многу да придонесат во надминување на слабостите и конечно да зборуваме за еднаквост кшто ќе значи многу повеќе од еднаквост на хартија, потенцираше Бајрамовска Мустафа.
Дискриминацијата, како што посочи, е една од најболните прашања што може да ја почувствува кој било граѓанин во општеството.
Како институција Народен правобранител, која одбележува 25 години од своето работење, како институција која што 25 години се бори за еднаквост на граѓаните во пристапот и остварувањето на правата, на конференцијата денеска ја испративме пораката за потребата од подигање на свеста за еднаквост и за создавање на практични услови за имплементација на словото на Законот во пракса во однос на остварувањето на правата на граѓаните.
Постојниот координатор на Обединетите Нации во Македонија, Росана Дуџак, денеска по конференцијата изјави дека со дискриминација се соочуваме во сите области во општеството. Исто така, како што рече, се забележува зголемено присуство на лажните вести.
Годинашната конференција се фокусира на две важни прашања. Првото е човековите права во однос на одржливиот развој, каде посебен акцент посветивме на прашањето на дискриминацијата, а на вториот панел се зборуваше на темата за неточни информации, дезинформациите и лажните вести. Во оваа земја активни се 18 агенции на Обединетите Нации што покриваат многу полиња, како што се вработувањата, социјалните услуги, доброто управување, додаде Дуџак.
Таа информираше дека денеска е распишан и конкурс во чии рамки се доставени 200 цртежи од деца кои сликовито имаат објаснето на кој начин ги гледаат и разбираат човековите права. Откако ќе бидат објавени победниците, овие цртежи три дена ќе бидат поставени во Музејот на современа уметност во Скопје.  

The post Бајрамовска Мустафа: Најизразена е дискриминацијата во пристапот до работно место, потребна е мултисекторска соработка appeared first on Република.

]]>
Кавадарчанка пренесена на клиника, се повредила на работното место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanka-prenesena-na-klinika-se-povredila-na-rabotnoto-mesto/ Sun, 30 Jan 2022 16:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=451629

Повредена е кавадарчанка при вршење на работни задачи во фабрика во кавадаречко, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 07:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека во Општата болница Кавадарци со повреда е донесена С.С.Д. (43) од Кавадарци, која околу 05:30 часот, додека била на работа во фабрика во кавадаречко, се повредила при вршење на работни задачи. Увид извршила екипа од Полициска станица Кавадарци, посочуваат од МВР.

The post Кавадарчанка пренесена на клиника, се повредила на работното место appeared first on Република.