работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotnici/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 17:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotnici/ 32 32 Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-preferiraat-sotsijalna-pomosh-germanija-regrutira-50-000-rabotnitsi-od-uzbekistan/ Tue, 06 Feb 2024 18:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=740751

Германија планира да регрутира 50.000 работници од Узбекистан. Узбекистанската агенција за надворешна миграција на работна сила, сооппшти дека германските работодавци понудиле 50.000 работни места за узбекистански граѓани.

Сојузното Министерство за труд и социјални работи на Германија нуди плати кои се движат од 1.000 евра до 2.000 евра, во зависност дали апликантот аплицира преку владината програма „Аусбилдунг“ или потпишува договор без посредници. На листата на слободни работни места се медицински сестри, возачи на камиони, туризам, занаетчиство и градежништво.

Плановите на германската влада да понуди „дарежливо гостопримство“ за дополнителни странски работници доаѓаат во услови на зголемена загриженост од многу обични Германци дека владините програми за имиграција, бегалци и работна сила се безнадежно прекинати. Анкета направена во ноември покажа дека над 70 отсто од земјата е вознемирена поради справувањето со миграцијата од страна на властите во Берлин. Тековните протести против владините планови за намалување на субвенциите за земјоделството дополнително ја разбрануваат ситуацијата.

Друг проблем за Германија се нејзините неуспешни обиди да ги вклучи мигрантите, особено украинските бегалци, во работното поле. Според извештај на „Дер Шпигел“, само 19 отсто од Украинците во земјата имаат работа и некако придонесуваат за германската економија, додека останатите едноставно сметаат на државните бенефиции и „премногу удобни услови“.

The post Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан appeared first on Република.

]]>

Германија планира да регрутира 50.000 работници од Узбекистан. Узбекистанската агенција за надворешна миграција на работна сила, сооппшти дека германските работодавци понудиле 50.000 работни места за узбекистански граѓани. Сојузното Министерство за труд и социјални работи на Германија нуди плати кои се движат од 1.000 евра до 2.000 евра, во зависност дали апликантот аплицира преку владината програма „Аусбилдунг“ или потпишува договор без посредници. На листата на слободни работни места се медицински сестри, возачи на камиони, туризам, занаетчиство и градежништво. Плановите на германската влада да понуди „дарежливо гостопримство“ за дополнителни странски работници доаѓаат во услови на зголемена загриженост од многу обични Германци дека владините програми за имиграција, бегалци и работна сила се безнадежно прекинати. Анкета направена во ноември покажа дека над 70 отсто од земјата е вознемирена поради справувањето со миграцијата од страна на властите во Берлин. Тековните протести против владините планови за намалување на субвенциите за земјоделството дополнително ја разбрануваат ситуацијата. Друг проблем за Германија се нејзините неуспешни обиди да ги вклучи мигрантите, особено украинските бегалци, во работното поле. Според извештај на „Дер Шпигел“, само 19 отсто од Украинците во земјата имаат работа и некако придонесуваат за германската економија, додека останатите едноставно сметаат на државните бенефиции и „премногу удобни услови“.

The post Украинците преферираат социјална помош: Германија регрутира 50.000 работници од Узбекистан appeared first on Република.

]]>
Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/postarite-rabotnitsi-se-chuvstvuvaat-diskriminirani-na-rabota/ Mon, 05 Feb 2024 08:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=740417

Oтприлика секој петти вработен на возраст над 55 години смета дека е дискриминиран поради неговата возраст, покажува британско истражување.

Истражувањето на две илјади возрасни лица од финансиската компанија „Канада Лајф“ (Canada Life) открило поплаки кои вклучуваат помалку можности за напредување на работното место и чувство на поголем притисок да ја завршат својата работа добро.

Постарите луѓе исто така веруваат дека има негативна промена во ставовите кон нив во последниве години, при што работодавците помалку ги ценат, се вели во извештајот.

Ден Крук, директор за продажба во „Канада Лајф“ изјави дека „постарите работници се во срцето на нашата економија и се исклучително вреден ресурс за илјадници работодавци“.

Тие носат на нивните работни места искуство и експертиза што доаѓаат со текот на времето и загрижувачки е што многумина се чувствуваат дискриминирани на работното место и чувствуваат дека нивните можности за напредување се загрозени од кризата на трошоците за живот, вели тој.

Според него, во време кога вработените се чувствуваат исцрпени и финансиски и емоционално на работното место, работодавачите мора да обезбедат еднакви можности и поддршка.

Тие имаат должност да се грижат да создадат средина каде работниците на сите возрасти и на сите нивоа ќе чувствуваат дека можат да напредуваат во својата професија, заклучува Крук.

The post Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа appeared first on Република.

]]>

Oтприлика секој петти вработен на возраст над 55 години смета дека е дискриминиран поради неговата возраст, покажува британско истражување. Истражувањето на две илјади возрасни лица од финансиската компанија „Канада Лајф“ (Canada Life) открило поплаки кои вклучуваат помалку можности за напредување на работното место и чувство на поголем притисок да ја завршат својата работа добро. Постарите луѓе исто така веруваат дека има негативна промена во ставовите кон нив во последниве години, при што работодавците помалку ги ценат, се вели во извештајот. Ден Крук, директор за продажба во „Канада Лајф“ изјави дека „постарите работници се во срцето на нашата економија и се исклучително вреден ресурс за илјадници работодавци“. Тие носат на нивните работни места искуство и експертиза што доаѓаат со текот на времето и загрижувачки е што многумина се чувствуваат дискриминирани на работното место и чувствуваат дека нивните можности за напредување се загрозени од кризата на трошоците за живот, вели тој. Според него, во време кога вработените се чувствуваат исцрпени и финансиски и емоционално на работното место, работодавачите мора да обезбедат еднакви можности и поддршка. Тие имаат должност да се грижат да создадат средина каде работниците на сите возрасти и на сите нивоа ќе чувствуваат дека можат да напредуваат во својата професија, заклучува Крук.

The post Постарите работници се чувствуваат дискриминирани на работа appeared first on Република.

]]>
Дојче банк ќе отпушти 3.500 работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dojche-bank-ke-otpushti-3-500-rabotnitsi/ Thu, 01 Feb 2024 14:32:55 +0000 https://republika.mk/?p=739452

Дојче банк денеска соопшти дека ќе укине 3.500 работни места како дел од напорите да ги намали трошоците за 2,5 милијарди евра (2,7 милијарди долари) до следната година и да го зголеми профитот, иако најголемиот германски заемодавец има корист од повисоките глобални каматни стапки.

Банката посочи дека ќе се обиде да ја рационализира својата маркетинг мрежа и компјутерски системи и софтвер за да ги намали трошоците. Се наведува дека намалувањето на бројот на позиции главно ќе се однесува на работни места кои не вклучуваат директна работа со клиенти.

Најавата уследи по објавувањето на податоците за годишната добивка, кои покажуваат дека банката остварила 4,2 милијарди евра (4,5 милијарди долари) минатата година, што е за 16 отсто помалку од 2022 година. Сепак, тоа беше четврта година по ред во која банката оствари профит.

Банката има корист од глобалниот пораст на каматните стапки, што може да ја зголеми профитната маржа помеѓу она што банката го плаќа во камата и она што може да го заработи.

„Резултатите покажаа импресивна отпорност во тешко опкружување, го проширија нашиот бизнис и им покажаа на сите дека банката е одржливо профитабилна“, рече извршниот директор Кристијан Севинг.

Приходите се зголемени за 6,8 отсто, на 28,9 милијарди евра. Компанијата најави дека ја зголемува дивидендата на 45 евроценти по акција од 30 центи по акција и дека ќе стави повеќе пари во рацете на акционерите со откупување на 675 милиони евра акции до крајот на јуни.

 

The post Дојче банк ќе отпушти 3.500 работници appeared first on Република.

]]>

Дојче банк денеска соопшти дека ќе укине 3.500 работни места како дел од напорите да ги намали трошоците за 2,5 милијарди евра (2,7 милијарди долари) до следната година и да го зголеми профитот, иако најголемиот германски заемодавец има корист од повисоките глобални каматни стапки. Банката посочи дека ќе се обиде да ја рационализира својата маркетинг мрежа и компјутерски системи и софтвер за да ги намали трошоците. Се наведува дека намалувањето на бројот на позиции главно ќе се однесува на работни места кои не вклучуваат директна работа со клиенти. Најавата уследи по објавувањето на податоците за годишната добивка, кои покажуваат дека банката остварила 4,2 милијарди евра (4,5 милијарди долари) минатата година, што е за 16 отсто помалку од 2022 година. Сепак, тоа беше четврта година по ред во која банката оствари профит. Банката има корист од глобалниот пораст на каматните стапки, што може да ја зголеми профитната маржа помеѓу она што банката го плаќа во камата и она што може да го заработи. „Резултатите покажаа импресивна отпорност во тешко опкружување, го проширија нашиот бизнис и им покажаа на сите дека банката е одржливо профитабилна“, рече извршниот директор Кристијан Севинг. Приходите се зголемени за 6,8 отсто, на 28,9 милијарди евра. Компанијата најави дека ја зголемува дивидендата на 45 евроценти по акција од 30 центи по акција и дека ќе стави повеќе пари во рацете на акционерите со откупување на 675 милиони евра акции до крајот на јуни.  

The post Дојче банк ќе отпушти 3.500 работници appeared first on Република.

]]>
Двајца вработени повредени во скопска фирма https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-vraboteni-povredeni-vo-skopska-firma/ Fri, 19 Jan 2024 17:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=734762

Во СВР Скопје, вчера, во 08.30 часот било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени Н.Т.(26) и В.М.(33), двајцата од Скопје.

Според пријавеното, како што наведуваат од МВР, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје.

Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор

The post Двајца вработени повредени во скопска фирма appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје, вчера, во 08.30 часот било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени Н.Т.(26) и В.М.(33), двајцата од Скопје. Според пријавеното, како што наведуваат од МВР, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје. Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор

The post Двајца вработени повредени во скопска фирма appeared first on Република.

]]>
Кривична за двајца работници на автопатот Кичево-Охрид, поради кои Дебарца остана без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-dvajtsa-rabotnitsi-na-avtopatot-kichevo-ohrid-poradi-koi-debartsa-ostana-bez-struja/ Wed, 20 Dec 2023 18:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=724997

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро“, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари.

 

The post Кривична за двајца работници на автопатот Кичево-Охрид, поради кои Дебарца остана без струја appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро“, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца, со што предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари.  

The post Кривична за двајца работници на автопатот Кичево-Охрид, поради кои Дебарца остана без струја appeared first on Република.

]]>
Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shiroko-gi-otvara-vratite-cheshka-gi-zgolemi-kvotite-za-stranski-rabotnitsi-vkluchitelno-i-od-makedonija/ Thu, 14 Dec 2023 12:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=722920

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците.

Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1. 500 на 2. 500.

Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија.

Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20. 000 годишно.

Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници.

Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5. 000 на 10. 300, според министерот за труд Маријан Јуречка.

Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8. 000 до 10. 000 непополнети позиции.

Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60. 000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25. 000 до 28. 000 професионални возачи во следната година.

The post Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците. Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1. 500 на 2. 500. Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија. Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20. 000 годишно. Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници. Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5. 000 на 10. 300, според министерот за труд Маријан Јуречка. Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8. 000 до 10. 000 непополнети позиции. Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60. 000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25. 000 до 28. 000 професионални возачи во следната година.

The post Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-mora-da-uveze-duri-400-000-stranski-rabotnitsi-2/ Mon, 13 Nov 2023 18:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=700989

Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на ЦНБ, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство.

На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од нив ќе мора да се увезат преку паметна и добро осмислена политика, објави Данција хр. Во исто време, земјата мора да се подготви политички и економски за овој факт. Без него економијата нема да расте, а пензискиот и здравствениот фонд ќе бидат доведени во прашање.

Според МВР, годинава до крајот на октомври се издадени или продолжени вкупно 147.300 работни дозволи за странци. Најмногу за градежниот сектор, дури 57.300 дозволи. Најголем број странски работници се од БиХ (33.400), потоа Србија (21.800), Непал (18.600), Индија (12.700) и Македонија (12.300).

 

The post Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници appeared first on Република.

]]>

Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на ЦНБ, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство. На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од нив ќе мора да се увезат преку паметна и добро осмислена политика, објави Данција хр. Во исто време, земјата мора да се подготви политички и економски за овој факт. Без него економијата нема да расте, а пензискиот и здравствениот фонд ќе бидат доведени во прашање. Според МВР, годинава до крајот на октомври се издадени или продолжени вкупно 147.300 работни дозволи за странци. Најмногу за градежниот сектор, дури 57.300 дозволи. Најголем број странски работници се од БиХ (33.400), потоа Србија (21.800), Непал (18.600), Индија (12.700) и Македонија (12.300).  

The post Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници appeared first on Република.

]]>
Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-mora-da-uveze-duri-400-000-stranski-rabotnitsi/ Mon, 13 Nov 2023 10:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=700988

Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на ЦНБ, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство.

На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од нив ќе мора да се увезат преку паметна и добро осмислена политика, објави Данција хр. Во исто време, земјата мора да се подготви политички и економски за овој факт. Без него економијата нема да расте, а пензискиот и здравствениот фонд ќе бидат доведени во прашање.

Според МВР, годинава до крајот на октомври се издадени или продолжени вкупно 147.300 работни дозволи за странци. Најмногу за градежниот сектор, дури 57.300 дозволи. Најголем број странски работници се од БиХ (33.400), потоа Србија (21.800), Непал (18.600), Индија (12.700) и Македонија (12.300).

The post Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници appeared first on Република.

]]>

Поради силниот тренд на депопулација, на Хрватска ќе и недостасуваат стотици илјади работници од сите профили и ќе мора да ги увезува однадвор. Ова го истакна гувернерот на ЦНБ, Борис Вујчиќ, кој предупреди дека демографските движења се такви што земјата има сериозен пад на бројот на жители во работната група и мора да прибегне кон привлекување нова работна сила од странство. На Хрватска ќе и недостигаат дури 400.000 работници, бидејќи многу од нив ќе мора да се увезат преку паметна и добро осмислена политика, објави Данција хр. Во исто време, земјата мора да се подготви политички и економски за овој факт. Без него економијата нема да расте, а пензискиот и здравствениот фонд ќе бидат доведени во прашање. Според МВР, годинава до крајот на октомври се издадени или продолжени вкупно 147.300 работни дозволи за странци. Најмногу за градежниот сектор, дури 57.300 дозволи. Најголем број странски работници се од БиХ (33.400), потоа Србија (21.800), Непал (18.600), Индија (12.700) и Македонија (12.300).

The post Хрватска мора да увезе дури 400.000 странски работници appeared first on Република.

]]>
Ги минаа програмерите на врвот од листата: Сите бараат работници од овие 3 професии, но кандидати никаде нема! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gi-minaa-programerite-na-vrvot-od-listata-site-baraat-rabotnitsi-od-ovie-3-profesii-no-kandidati-nikade-nema/ Mon, 06 Nov 2023 16:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=698909

Програмерите веќе некое време не се на листата на најбарани занимања во Хрватска. Наместо нив, во согласност со структурата на хрватската економија, водечки позиции заземаат трговци, келнери и готвачи.

До 2022 година, програмерите беа 11-то најбарано занимање во Хрватска, а минатиот месец оваа година паднаа на 27-то место, како што откри Економскиот институт во Загреб во својот редовен индекс OVI, кој го мери бројот на огласи и побарувачката за работници врз основа на огласи.

Во октомври во Хрватска се бараа 150 компјутерски програмери, а во исто време 1.000 трговци и 300 готвачи, келнери и работници во магацин.

Видот на работа е променет. Не би рекол дека секторот е во криза, но ние како економија бевме повеќе фокусирани на понискиот профил на програмски услуги. Дел од побарувачката се менува поради самата вештачка интелигенција која ги пополнува празнините – вели Марина Ткалец.

Загрепскиот економски институт наведува дека нивниот ОВИ индекс на побарувачка на работници во октомври остварил годишен раст од 3,6 отсто, што е трет последователен месец на раст на индексот.

Со оглед на добриот почеток на последниот квартал од оваа година, можеме да очекуваме дека целата 2023 година ќе заврши позитивно, односно дека побарувачката на пазарот на трудот ќе продолжи да биде силна – заклучува Ткалец.

Слична структура на барани работници има и државната агенција за вработување каде во моментов има 15.000 слободни работни места. Професиите кои доминираат на оваа листа се продавач, чистач, келнер, готвач, медицинска сестра, магационер, возач, негувател и лекар.

Во моментов има 110.000 невработени работници, што значи дека пазарот на невработени се полни. Сепак, Ткалец сведочи дека работници во услужниот сектор се бараат преку целата година, без разлика на сезоната.

The post Ги минаа програмерите на врвот од листата: Сите бараат работници од овие 3 професии, но кандидати никаде нема! appeared first on Република.

]]>

Програмерите веќе некое време не се на листата на најбарани занимања во Хрватска. Наместо нив, во согласност со структурата на хрватската економија, водечки позиции заземаат трговци, келнери и готвачи. До 2022 година, програмерите беа 11-то најбарано занимање во Хрватска, а минатиот месец оваа година паднаа на 27-то место, како што откри Економскиот институт во Загреб во својот редовен индекс OVI, кој го мери бројот на огласи и побарувачката за работници врз основа на огласи. Во октомври во Хрватска се бараа 150 компјутерски програмери, а во исто време 1.000 трговци и 300 готвачи, келнери и работници во магацин.
Видот на работа е променет. Не би рекол дека секторот е во криза, но ние како економија бевме повеќе фокусирани на понискиот профил на програмски услуги. Дел од побарувачката се менува поради самата вештачка интелигенција која ги пополнува празнините – вели Марина Ткалец.
Загрепскиот економски институт наведува дека нивниот ОВИ индекс на побарувачка на работници во октомври остварил годишен раст од 3,6 отсто, што е трет последователен месец на раст на индексот.
Со оглед на добриот почеток на последниот квартал од оваа година, можеме да очекуваме дека целата 2023 година ќе заврши позитивно, односно дека побарувачката на пазарот на трудот ќе продолжи да биде силна – заклучува Ткалец.
Слична структура на барани работници има и државната агенција за вработување каде во моментов има 15.000 слободни работни места. Професиите кои доминираат на оваа листа се продавач, чистач, келнер, готвач, медицинска сестра, магационер, возач, негувател и лекар. Во моментов има 110.000 невработени работници, што значи дека пазарот на невработени се полни. Сепак, Ткалец сведочи дека работници во услужниот сектор се бараат преку целата година, без разлика на сезоната.

The post Ги минаа програмерите на врвот од листата: Сите бараат работници од овие 3 професии, но кандидати никаде нема! appeared first on Република.

]]>
Илјадници палестински работници се вратија во блокираната Газа откако беа депортирани од Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnitsi-palestinski-rabotnitsi-se-vratija-vo-blokiranata-gaza-otkako-bea-deportirani-od-izrael/ Fri, 03 Nov 2023 10:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=697739

Илјадници палестински работници се вратија во блокираниот Појас Газа откако беа депортирани од Израел, јавува Анадолија.

Како што пренесува агенцијата, неименуван безбедносен извор од граничниот премин Керм Абу Салим на југот на Појасот Газа изјави дека работниците депортирани од Израел и окупираниот Западен Брег се вратиле во Газа.

Палестинските работници пристигнаа во Газа пеш откако израелските сили ги оставиле два километри подалеку од граничниот премин.

Работниците стигнале до градот Рафа во Газа, а израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилни телефони, наведува Анадолија.

Израел вчера соопшти дека ги укинува работните дозволи за околу 18.000 Палестинци од Газа.

Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани.

The post Илјадници палестински работници се вратија во блокираната Газа откако беа депортирани од Израел appeared first on Република.

]]>

Илјадници палестински работници се вратија во блокираниот Појас Газа откако беа депортирани од Израел, јавува Анадолија. Како што пренесува агенцијата, неименуван безбедносен извор од граничниот премин Керм Абу Салим на југот на Појасот Газа изјави дека работниците депортирани од Израел и окупираниот Западен Брег се вратиле во Газа. Палестинските работници пристигнаа во Газа пеш откако израелските сили ги оставиле два километри подалеку од граничниот премин. Работниците стигнале до градот Рафа во Газа, а израелските власти им ги конфискувале сите пари и мобилни телефони, наведува Анадолија. Израел вчера соопшти дека ги укинува работните дозволи за околу 18.000 Палестинци од Газа. Во сиромашниот Појас Газа, невработеноста е околу 50 отсто, а работните места во Израел се исклучително барани.

The post Илјадници палестински работници се вратија во блокираната Газа откако беа депортирани од Израел appeared first on Република.

]]>
JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/jo-izdadeni-naredbi-za-ispituvane-na-nesrekata-vo-shipkovitsa-vo-koja-zaginaa-dvajtsa-rabotnitsi/ Sat, 15 Jul 2023 10:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=661624

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.
Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>
Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izdadeni-naredbi-za-ispituvane-na-nesrekata-vo-shipkovitsa-vo-koja-zaginaa-dvajtsa-rabotnitsi/ Sat, 15 Jul 2023 09:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=661609

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај.

Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица.

The post Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица.

The post Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>
ЕСДЕ: ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/esde-eu-belezhi-ekonomski-rast-no-se-soochuva-so-nedostig-na-rabotna-sila/ Thu, 06 Jul 2023 12:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=658687

И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година на Европската комисија .

Во Извештајот, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, се посочува дека стапката на вработеност во ЕУ во 2022 година достигнала рекордно високо ниво од 74,6 проценти со вкупно 213,7 милиони вработени лица, а стапката на невработеност паднала на историски најниски 6,2 отсто.

Сепак, според ЕСДЕ, остануваат предизвиците со ниската застапеност на пазарот на трудот на одредени категории, како што се жените или лицата со попреченост. Невработеноста кај младите е намалена од 16,7 отсто во 2021 година на 14,5 процнти лани, но големиот број невработени млади лица и натаму останува еден од главните предизвици.

Во последната деценија Албанија ја напуштите четири илјади лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка.

Дополнително, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и постои потреба и работодавачите и работниците да се прилагодат на потребите за одредени вештини, пред се поврзани со зелената и дигиталната транзиција, се додава во Извештајот.

Недостигот на работна сила особено е видлив во секторите градежништво, здравство, наука, инженерство и информациско-комуникациска технологија. Дополнително се очекува овој недостиг да се зголеми со проектираното намалување на бројот на работоспособно население од 265 милиони во 2022 година на 258 милиони до 2030 година.

Во контекст на зелената транзиција, инвестициските потреби за преквалификации и усовршување се проценуваат помеѓу 1,7 и 4,1 милијарди евра до 2030 година.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија ќе обезбедат дополнителна финансиска поддршка за малите и средните претпријатија во Западен Балкан за справување со последиците о

За надминување на ваквите состојби во Извештајот на ЕСДЕ се препорачува инвестирање во програми за обука и развој на вештини за возрасни, обезбедување поголемо учество на пазарот на трудот на млади, повозрасни луѓе, како и на лица со мигрантско потекло и со понизок степен на образовние, отстранување на бариерите за прилив на работна сила, поголеми финансиски стимулации за работа и зајакнување на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови.

Покрај ова Европската комисија предлага и промовирање на „таргетирана миграција на работна сила“ од земји кои не се членки на ЕУ за да се намали недостигот на работници со одредени вештини, за чија цел Европската комисија започна Пилот-проект за таленти, со кои би им се помагло на поединците да ги усовршуваат своите вештини согласно потребната работна сила.

Привлекувањето лица со неопходните вештини од земји надвор од ЕУ е исто така меѓу главните цели на Европската година на вештини, а Комисијата ќе претстави иницијатива за подобро препознавање на квалификациите на државјаните кои не се членки на ЕУ и ќе развие партнерства за таленти со избрани земји партнери на Унијата, се додава во Извештајот.

The post ЕСДЕ: ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила appeared first on Република.

]]>

И покрај руската инвазија врз Украина што резултираше со економско забавување во ЕУ во втората половина на 2022 година, пазарот на трудот во Унијата лани покажаа извонредна отпорност на ваквите влијанија и беше забележан реален економски раст од 3,5 проценти, се наведува во Извештајот за вработување и социјален развој во Европа (ЕСДЕ) за 2023 година на Европската комисија . Во Извештајот, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, се посочува дека стапката на вработеност во ЕУ во 2022 година достигнала рекордно високо ниво од 74,6 проценти со вкупно 213,7 милиони вработени лица, а стапката на невработеност паднала на историски најниски 6,2 отсто. Сепак, според ЕСДЕ, остануваат предизвиците со ниската застапеност на пазарот на трудот на одредени категории, како што се жените или лицата со попреченост. Невработеноста кај младите е намалена од 16,7 отсто во 2021 година на 14,5 процнти лани, но големиот број невработени млади лица и натаму останува еден од главните предизвици. Во последната деценија Албанија ја напуштите четири илјади лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка. Дополнително, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и постои потреба и работодавачите и работниците да се прилагодат на потребите за одредени вештини, пред се поврзани со зелената и дигиталната транзиција, се додава во Извештајот. Недостигот на работна сила особено е видлив во секторите градежништво, здравство, наука, инженерство и информациско-комуникациска технологија. Дополнително се очекува овој недостиг да се зголеми со проектираното намалување на бројот на работоспособно население од 265 милиони во 2022 година на 258 милиони до 2030 година. Во контекст на зелената транзиција, инвестициските потреби за преквалификации и усовршување се проценуваат помеѓу 1,7 и 4,1 милијарди евра до 2030 година. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија ќе обезбедат дополнителна финансиска поддршка за малите и средните претпријатија во Западен Балкан за справување со последиците о За надминување на ваквите состојби во Извештајот на ЕСДЕ се препорачува инвестирање во програми за обука и развој на вештини за возрасни, обезбедување поголемо учество на пазарот на трудот на млади, повозрасни луѓе, како и на лица со мигрантско потекло и со понизок степен на образовние, отстранување на бариерите за прилив на работна сила, поголеми финансиски стимулации за работа и зајакнување на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови. Покрај ова Европската комисија предлага и промовирање на „таргетирана миграција на работна сила“ од земји кои не се членки на ЕУ за да се намали недостигот на работници со одредени вештини, за чија цел Европската комисија започна Пилот-проект за таленти, со кои би им се помагло на поединците да ги усовршуваат своите вештини согласно потребната работна сила. Привлекувањето лица со неопходните вештини од земји надвор од ЕУ е исто така меѓу главните цели на Европската година на вештини, а Комисијата ќе претстави иницијатива за подобро препознавање на квалификациите на државјаните кои не се членки на ЕУ и ќе развие партнерства за таленти со избрани земји партнери на Унијата, се додава во Извештајот.

The post ЕСДЕ: ЕУ бележи економски раст, но се соочува со недостиг на работна сила appeared first on Република.

]]>
Балканци бујрум: На Германија ѝ требаат 1,5 милиони работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/balkantsi-bujrum-na-germanija-trebaat-1-5-milioni-rabotnitsi/ Tue, 04 Jul 2023 20:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=658173

Германија веќе подолго време доживува сериозна криза кога е во прашање работната сила, поточно недостигот од квалификувани работници.

- Ако сакаме да имаме 400.000 нови граѓани секоја година и со тоа да го одржиме бројот на работници, а ако го одземеме огромниот број на оние што емигрираат, тогаш на Германија и требаат 1,5 милиони имигранти годишно - вели економскиот експерт Моника Шницер.

Таа тврди дека само зголемената имиграција може да биде лек за проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, пишува ДВ. Тој исто така додава дека на Германија итно и е потребна култура на добредојде.

Шницер, инаку, раководи со стручното тело „Sachverständigenrat“ (Совет на експерти), во кое се водечките економски гиганти. Телото го анализира економскиот развој во Германија и има улога да ја советува федералната влада.

Новиот закон за имиграција, неодамна усвоен во Бундестагот, е чекор во вистинската насока, смета Моника Шницер, но додава дека не е доволен.

- Ни требаат канцеларии за странци кои нема да ги заплашуваат имигрантите, туку ќе им прават услуга. Не треба да се бара странските експерти да знаат германски за секоја работа. Но, треба да се погрижи работниците во канцелариите за странци да знаат и англиски - посочува понатаму

The post Балканци бујрум: На Германија ѝ требаат 1,5 милиони работници appeared first on Република.

]]>

Германија веќе подолго време доживува сериозна криза кога е во прашање работната сила, поточно недостигот од квалификувани работници.
- Ако сакаме да имаме 400.000 нови граѓани секоја година и со тоа да го одржиме бројот на работници, а ако го одземеме огромниот број на оние што емигрираат, тогаш на Германија и требаат 1,5 милиони имигранти годишно - вели економскиот експерт Моника Шницер.
Таа тврди дека само зголемената имиграција може да биде лек за проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, пишува ДВ. Тој исто така додава дека на Германија итно и е потребна култура на добредојде. Шницер, инаку, раководи со стручното тело „Sachverständigenrat“ (Совет на експерти), во кое се водечките економски гиганти. Телото го анализира економскиот развој во Германија и има улога да ја советува федералната влада. Новиот закон за имиграција, неодамна усвоен во Бундестагот, е чекор во вистинската насока, смета Моника Шницер, но додава дека не е доволен.
- Ни требаат канцеларии за странци кои нема да ги заплашуваат имигрантите, туку ќе им прават услуга. Не треба да се бара странските експерти да знаат германски за секоја работа. Но, треба да се погрижи работниците во канцелариите за странци да знаат и англиски - посочува понатаму

The post Балканци бујрум: На Германија ѝ требаат 1,5 милиони работници appeared first on Република.

]]>
Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-rabotnitsi-se-tripati-pomalku-produktivni-od-evropskite-no-i-najmalku-tripati-pomalku-plateni/ Tue, 06 Jun 2023 10:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=648343

Ниски плати – непродуктивни работници. Македонскиот работник е трипати помалку продуктивен од германскиот, покажува истражувањето на Светска банка, но и најмалку тројно помалку платен објави Сител.

Проблемот, според бизнисот, е во лошата структурна поставеност, односно законски платите се зголемиле таму каде што реално работниците не си ги заработиле.

Македонската плата, односно граѓанинот во Македонија зема помала плата од германскиот граѓанин, но продуктивноста на германскиот е приближно околу 100.000 долари годишно, а македонскиот создава околу 30.000 долари. Ова значи трипати дека сме помалку продуктивни од европските граѓани, вели Синиша Наумовски од Академија на банкарство и информатичка технологија.

Работникот е продуктивен онолку колку што е платен, смета Синдикатот. Не може да очекувате висока продуктивност со плата од 22.000 денари.

Особено во трудоинтензивните дејности како чевларската, текстилната индустрија, градежништвото, металската индустрија, шумарството, каде луѓето се постојано на терен, изложени на надворешни влијанија и имате работни места со висок степен на ризик, каде едвај земаат 30.000 денари плата да очекувате поголема продуктивност. Истиот македонски работник во високоразиените земји ќе зема по 2 до 3.000 евра плата. Да видите колку е таму продуктивен“, вели Иван Пешевски од ССМ.

Оттаму сметаат истакнуваат дека парите го мотивираат работникот.

Кај нас ако некој работи прекувремено, ќе добие дневница од 1.000 денари, во странство најмалку двојно повеќе.

Надлежните велат дека се свесни дека со ниските плати не може да се мотивира работникот да биде продуктивен се и од власта, но велат дека грешката е од минатото кога се привлекуваа странски инвестиции нудејќи ја евтината работна сила како адут. Сега, според нив, ситуацијата се менува.

Нашата политика е секое работно место кое ќе го отворат новите компании, ако истите сакаат државна помош – мора да понудат за 50 % повисока плата од минималната. Платите мора да бидат достоинствени, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Токму ниските плати и лошиот животен стандард изминативе години принудија секој четврти жител да ја напушти земјава, што значи изминативе години над 700 илјади лица побараа подобра иднина во странство.

Од власта се надеваат дека со достоинствени плати миграцијата ќе се спречи и работниците ќе останат овде.

The post Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени appeared first on Република.

]]>

Ниски плати – непродуктивни работници. Македонскиот работник е трипати помалку продуктивен од германскиот, покажува истражувањето на Светска банка, но и најмалку тројно помалку платен објави Сител. Проблемот, според бизнисот, е во лошата структурна поставеност, односно законски платите се зголемиле таму каде што реално работниците не си ги заработиле.
Македонската плата, односно граѓанинот во Македонија зема помала плата од германскиот граѓанин, но продуктивноста на германскиот е приближно околу 100.000 долари годишно, а македонскиот создава околу 30.000 долари. Ова значи трипати дека сме помалку продуктивни од европските граѓани, вели Синиша Наумовски од Академија на банкарство и информатичка технологија.
Работникот е продуктивен онолку колку што е платен, смета Синдикатот. Не може да очекувате висока продуктивност со плата од 22.000 денари.
Особено во трудоинтензивните дејности како чевларската, текстилната индустрија, градежништвото, металската индустрија, шумарството, каде луѓето се постојано на терен, изложени на надворешни влијанија и имате работни места со висок степен на ризик, каде едвај земаат 30.000 денари плата да очекувате поголема продуктивност. Истиот македонски работник во високоразиените земји ќе зема по 2 до 3.000 евра плата. Да видите колку е таму продуктивен“, вели Иван Пешевски од ССМ.
Оттаму сметаат истакнуваат дека парите го мотивираат работникот. Кај нас ако некој работи прекувремено, ќе добие дневница од 1.000 денари, во странство најмалку двојно повеќе. Надлежните велат дека се свесни дека со ниските плати не може да се мотивира работникот да биде продуктивен се и од власта, но велат дека грешката е од минатото кога се привлекуваа странски инвестиции нудејќи ја евтината работна сила како адут. Сега, според нив, ситуацијата се менува.
Нашата политика е секое работно место кое ќе го отворат новите компании, ако истите сакаат државна помош – мора да понудат за 50 % повисока плата од минималната. Платите мора да бидат достоинствени, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Токму ниските плати и лошиот животен стандард изминативе години принудија секој четврти жител да ја напушти земјава, што значи изминативе години над 700 илјади лица побараа подобра иднина во странство. Од власта се надеваат дека со достоинствени плати миграцијата ќе се спречи и работниците ќе останат овде.

The post Македонските работници се трипати помалку продуктивни од европските, но и најмалку трипати помалку платени appeared first on Република.

]]>
Тренчевска со утеха: Нема да има многу прекувремена работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-so-uteha-nema-da-ima-mnogu-prekuvremena-rabota/ Mon, 22 May 2023 19:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=643749

Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно.

Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот.

Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија.

Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.

The post Тренчевска со утеха: Нема да има многу прекувремена работа appeared first on Република.

]]>

Прекувремената работа дури и со согласност нема да биде толку голема затоа што градежништвото зависи од временските услови, а ограничувањата за работа на високи и ниски температури важат за сите, па и за градежните работници и токму затоа не се дефинира горна граница на работни часови, смета министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Затоа, како што вели таа, нема ништо неуставно. Тренечвска во емисијата „24 анализа“ на „ТВ 24“ се осврна и на собраниската расправа за Законот за работни односи, па посочи оти останува на тоа дека законот е во рамките на Уставот. Министерката се надева дека времето ќе покаже оти стравовите за безбедноста на работниците, бргу ќе исчезнат, затоа што „Бехтел и Енка“, како што посочи, е, сериозна компанија. Таа информираше дека во тек се огласите за работа и оти сите кандидати ќе минат низ систематски здравствен преглед.

The post Тренчевска со утеха: Нема да има многу прекувремена работа appeared first on Република.

]]>
Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanija-go-olesnuva-doaganeto-na-rabotnitsi-od-balkanot/ Sat, 29 Apr 2023 20:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=635391

Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција, чија цел е да се забрза доселувањето на квалификувана работна сила. Правилото за Западен Балкан успешно ја регулира имиграцијата од овој дел на Европа повеќе од седум години.

Правилото за имиграција за шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) беше воведено на почетокот на 2016 година, меѓу другото, за да се спречи практиката со која жителите на овие земји се обидуваат да го користат имиграцискиот систем.азил за добивање работна дозвола за Германија, пишува DW.

Правилото се проширува, а контингентот се удвојува

Правилото се покажа како хит: на заинтересираните страни им треба гаранција од работодавач во Германија и предуслов дека не добиле социјални бенефиции во Германија како баратели на азил во последните 24 месеци од поднесувањето на барањето за виза. Досега беше планирано преку ова правило во Германија да емигрираат 25.000 работници годишно. Сега, според желбите на делови од германската влада, оваа бројка треба да се зголеми на 50.000. Досега правилото беше ограничено на една година, па истекува на крајот на оваа година.

Во четвртокот Бундестагот за првпат расправаше за предлогот за нов закон за имиграција кој подобро ќе го регулира приливот на многу потребната работна сила во Германија. Правилото за Западен Балкан не е дел од новиот закон за имиграција, туку е дел од одредбата за која паралелно се разговара во редовите на социјалдемократската-зелено-либералната влада. Според информациите на ДВ, Министерството за труд во четврток треба да донесе одредба според која правилото за Западен Балкан се продолжува за една година, а контингентот се зголемува од сегашните 25 проценти на 50 илјади годишно.

Западен Балкан да, Молдавија и Тунис не

Но, сега има отпор во власта за ова правило, кое би се спроведувало без новиот закон. „Нашата цел треба да биде да ја направиме Германија привлечна за имигрантите до тој степен што правилата како овој на Западен Балкан ќе станат непотребни“, рече Мисбах Кан, политичар од Партијата на зелените задолжен за внатрешни работи, во интервју за ДПА. агенција.

Сепак, нејзиниот отпор е првенствено насочен против идејата на некои делови од власта да воведат слични одредби врз основа на правилото за Западен Балкан што би важело за некои други земји надвор од Европската Унија. Тука пред се се споменуваат Грузија, Молдавија и Тунис.

На Германија и недостасуваат 80.000 возачи на камиони

Владејачката Либерално-демократска партија (ФДП) особено се залага за проширување на одредбата во други земји. Комесарот на оваа партија за Западен Балкан, Томас Хакер, во изјава за ДВ го пофали правилото за Западен Балкан како „успешна приказна“. „Регулативата за Западен Балкан воведена во 2016 година се докажа во пракса и овозможува постојниот недостиг на квалификувани работници во Германија значително да се ублажи со обучени и мотивирани експерти од Западен Балкан“, рече Хакер. Тој додаде дека се надева оти дигитализацијата наскоро ќе го надмине проблемот со долгото чекање во германските амбасади во земјите од Западен Балкан. Тој, како и другите претставници на ФДП, се залага за идејата да се прошири одредбата и во други земји. „Во перспектива, би имало смисла да се прошири регулативата за Западен Балкан и на други земји, како Молдавија, каде што Германија исто така се смета за атрактивна земја за имиграција“, рече претставникот на либералите.

Добро воспоставено владеење без бирократски пречки

Неговиот колега од партијата на Зелените и комесар за Западен Балкан на неговиот репрезентативен клуб, Борис Мијатовиќ, исто така смета дека правилото за Западен Балкан е „позитивно потврдено“ во пракса. И тој, како и неговиот партиски колега Кан, се спротивстави на проширувањето во други земји на прашање на ДВ. „Проширувањето на регулативата за Западен Балкан на други земји не е конечен одговор на нашите огромни потреби за работници и квалификувана работна сила. Претпочитаме да се залагаме за модерен имиграциски закон кој нуди атрактивни и транспарентни пристапни рути за луѓето од целиот свет“, рече Мијатовиќ.

Претставникот на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Јосип Јуратовиќ од самиот почеток го следеше процесот на донесување на правилото за Западен Балкан и смета дека ова правило придонесе да се реши проблемот со неконтролираната миграција на барателите на азил што претходеше донесувањето на оваа одлука.

„Ова правило ги отстрани бирократските пречки и го реши проблемот со барателите на азил, кој тогаш се закануваше со воведување визи за српските граѓани“, вели Јуратовиќ во интервју за ДВ. Тој заклучи дека правилото за Западен Балкан не е во спротивност со планираниот нов закон за имиграција и дека неговото продолжување е „добра одлука“.

извор: Дојче Веле

The post Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот appeared first on Република.

]]>

Германската влада подготвува реформа на законот за имиграција, чија цел е да се забрза доселувањето на квалификувана работна сила. Правилото за Западен Балкан успешно ја регулира имиграцијата од овој дел на Европа повеќе од седум години. Правилото за имиграција за шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија) беше воведено на почетокот на 2016 година, меѓу другото, за да се спречи практиката со која жителите на овие земји се обидуваат да го користат имиграцискиот систем.азил за добивање работна дозвола за Германија, пишува DW. Правилото се проширува, а контингентот се удвојува Правилото се покажа како хит: на заинтересираните страни им треба гаранција од работодавач во Германија и предуслов дека не добиле социјални бенефиции во Германија како баратели на азил во последните 24 месеци од поднесувањето на барањето за виза. Досега беше планирано преку ова правило во Германија да емигрираат 25.000 работници годишно. Сега, според желбите на делови од германската влада, оваа бројка треба да се зголеми на 50.000. Досега правилото беше ограничено на една година, па истекува на крајот на оваа година. Во четвртокот Бундестагот за првпат расправаше за предлогот за нов закон за имиграција кој подобро ќе го регулира приливот на многу потребната работна сила во Германија. Правилото за Западен Балкан не е дел од новиот закон за имиграција, туку е дел од одредбата за која паралелно се разговара во редовите на социјалдемократската-зелено-либералната влада. Според информациите на ДВ, Министерството за труд во четврток треба да донесе одредба според која правилото за Западен Балкан се продолжува за една година, а контингентот се зголемува од сегашните 25 проценти на 50 илјади годишно. Западен Балкан да, Молдавија и Тунис не Но, сега има отпор во власта за ова правило, кое би се спроведувало без новиот закон. „Нашата цел треба да биде да ја направиме Германија привлечна за имигрантите до тој степен што правилата како овој на Западен Балкан ќе станат непотребни“, рече Мисбах Кан, политичар од Партијата на зелените задолжен за внатрешни работи, во интервју за ДПА. агенција. Сепак, нејзиниот отпор е првенствено насочен против идејата на некои делови од власта да воведат слични одредби врз основа на правилото за Западен Балкан што би важело за некои други земји надвор од Европската Унија. Тука пред се се споменуваат Грузија, Молдавија и Тунис. На Германија и недостасуваат 80.000 возачи на камиони Владејачката Либерално-демократска партија (ФДП) особено се залага за проширување на одредбата во други земји. Комесарот на оваа партија за Западен Балкан, Томас Хакер, во изјава за ДВ го пофали правилото за Западен Балкан како „успешна приказна“. „Регулативата за Западен Балкан воведена во 2016 година се докажа во пракса и овозможува постојниот недостиг на квалификувани работници во Германија значително да се ублажи со обучени и мотивирани експерти од Западен Балкан“, рече Хакер. Тој додаде дека се надева оти дигитализацијата наскоро ќе го надмине проблемот со долгото чекање во германските амбасади во земјите од Западен Балкан. Тој, како и другите претставници на ФДП, се залага за идејата да се прошири одредбата и во други земји. „Во перспектива, би имало смисла да се прошири регулативата за Западен Балкан и на други земји, како Молдавија, каде што Германија исто така се смета за атрактивна земја за имиграција“, рече претставникот на либералите. Добро воспоставено владеење без бирократски пречки Неговиот колега од партијата на Зелените и комесар за Западен Балкан на неговиот репрезентативен клуб, Борис Мијатовиќ, исто така смета дека правилото за Западен Балкан е „позитивно потврдено“ во пракса. И тој, како и неговиот партиски колега Кан, се спротивстави на проширувањето во други земји на прашање на ДВ. „Проширувањето на регулативата за Западен Балкан на други земји не е конечен одговор на нашите огромни потреби за работници и квалификувана работна сила. Претпочитаме да се залагаме за модерен имиграциски закон кој нуди атрактивни и транспарентни пристапни рути за луѓето од целиот свет“, рече Мијатовиќ. Претставникот на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Јосип Јуратовиќ од самиот почеток го следеше процесот на донесување на правилото за Западен Балкан и смета дека ова правило придонесе да се реши проблемот со неконтролираната миграција на барателите на азил што претходеше донесувањето на оваа одлука. „Ова правило ги отстрани бирократските пречки и го реши проблемот со барателите на азил, кој тогаш се закануваше со воведување визи за српските граѓани“, вели Јуратовиќ во интервју за ДВ. Тој заклучи дека правилото за Западен Балкан не е во спротивност со планираниот нов закон за имиграција и дека неговото продолжување е „добра одлука“. извор: Дојче Веле

The post Германија го олеснува доаѓањето на работници од Балканот appeared first on Република.

]]>
На Италија и недостигаат околу милион работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-italija-i-nedostigaat-okolu-milion-rabotnitsi/ Thu, 20 Apr 2023 09:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=632407

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила – и недостигаат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне.

Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие работни места, рече Калдероне.

Таа додаде дека „Владата работи на тоа да обезбеди компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден“.

Ова е особено поврзано со еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата“, додаде Калдероне, нагласувајќи дека главната цел е да се вработи „секој италијански граѓанин.

Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Асотуризам конфесерценти“. Од угостителството се жалат на слабиот одѕив на понудите, но и на неквалификациите на кандидатите за работа.

Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку 100.000 работници, објави земјоделското здружение „Колдирети“.

Тие нагласуваат дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Исто така, бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ алатки.

The post На Италија и недостигаат околу милион работници appeared first on Република.

]]>

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила – и недостигаат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне. Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие работни места, рече Калдероне. Таа додаде дека „Владата работи на тоа да обезбеди компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден“. Ова е особено поврзано со еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата“, додаде Калдероне, нагласувајќи дека главната цел е да се вработи „секој италијански граѓанин. Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Асотуризам конфесерценти“. Од угостителството се жалат на слабиот одѕив на понудите, но и на неквалификациите на кандидатите за работа. Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку 100.000 работници, објави земјоделското здружение „Колдирети“. Тие нагласуваат дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Исто така, бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ алатки.

The post На Италија и недостигаат околу милион работници appeared first on Република.

]]>
Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д порачаа од „Гласен текстилец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pratenitsite-da-ne-glasaat-za-izmenite-i-dopolnuvane-na-zakon-za-rabotni-odnosi-koi-se-odnesuvaat-za-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-porachaa-od-glasen-tekstilets/ Mon, 10 Apr 2023 10:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=629426

Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.

Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева.

Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.

Стратешки е да размислуваш на доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.

- Напоменувам дека ова нема да помине, веќе успешна иницијатива имавме пред Уставен суд и да размислат добро зошто се на власт и зашто добиле мандат. Тоа не е за да намалуваат човекови и работнички права. Нема да дозволиме, порача Ампева.

 

The post Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д порачаа од „Гласен текстилец appeared first on Република.

]]>

Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.
Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева.
Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.
Стратешки е да размислуваш на доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.
- Напоменувам дека ова нема да помине, веќе успешна иницијатива имавме пред Уставен суд и да размислат добро зошто се на власт и зашто добиле мандат. Тоа не е за да намалуваат човекови и работнички права. Нема да дозволиме, порача Ампева.  

The post Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д порачаа од „Гласен текстилец appeared first on Република.

]]>
Германија го олеснува издавањето работни визи за странски работници: Зошто се менува имиграциската политика? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-go-olesnuva-izdavaneto-rabotni-vizi-za-stranski-rabotnitsi-zoshto-se-menuva-imigratsiskata-politika/ Sat, 08 Apr 2023 17:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=628779

Германскиот државен кабинет ги одобри плановите за привлекување квалификувани работници надвор од ЕУ. Со реформирање на своето законодавство за имиграција, земјата се надева дека ќе им олесни на државјаните на трети земји да работат во Германија.

Реформите на Законот за квалификувана имиграција особено се фокусираат на работниците со стручна, неакадемска обука. Ќе се ублажат и постоечките правила за квалификувани професионалци со универзитетски дипломи. Реформите сега треба да поминат низ двата дома на парламентот.

Зошто Германија ја менува својата имиграциска политика?

Како и многу земји во Европа, Германија се соочува со недостиг на квалификувани работници.

Во 2022 година, недостигот на работна сила во земјата се искачи на највисоко ниво: Институтот за истражување за вработување (ИАБ) откри 1,74 милиони слободни позиции низ Германија.

Во јули минатата година, недостигот на персонал погоди речиси половина од сите компании анкетирани од минхенскиот истражувачки институт ИФО, принудувајќи ги да го забават своето работење.

Очекувањата се дека со новата иницијатива ќе ја пополни оваа празнина со квалификувани професионалци надвор од ЕУ. Но, во моментов процесот на имиграција во земјата е забавен поради бирократијата.

За време на прес-конференцијата одржана во Федералната канцеларија за надворешни работи (BfAA) на 17 јануари 2023 година, федералната министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, заедно со федералниот канцелар Олаф Шолц, таа го нагласи отстранувањето на бирократијата и подобрувањето на дигитализацијата и ефикасноста на системот.

Германија конкретно бара квалификувани занаетчии, електроинженери, ИТ специјалисти, негуватели, медицински сестри, професионалци во угостителството.

Истражувањето на ИФО покажува дека услужниот сектор е најтешко погоден.

Фармацевтската и хемиската индустрија пријавуваат најмал недостиг на квалификувани работници. Автомобилската и машинската индустрија исто така страдаат помалку од другите сектори.

The post Германија го олеснува издавањето работни визи за странски работници: Зошто се менува имиграциската политика? appeared first on Република.

]]>

Германскиот државен кабинет ги одобри плановите за привлекување квалификувани работници надвор од ЕУ. Со реформирање на своето законодавство за имиграција, земјата се надева дека ќе им олесни на државјаните на трети земји да работат во Германија. Реформите на Законот за квалификувана имиграција особено се фокусираат на работниците со стручна, неакадемска обука. Ќе се ублажат и постоечките правила за квалификувани професионалци со универзитетски дипломи. Реформите сега треба да поминат низ двата дома на парламентот.

Зошто Германија ја менува својата имиграциска политика?

Како и многу земји во Европа, Германија се соочува со недостиг на квалификувани работници. Во 2022 година, недостигот на работна сила во земјата се искачи на највисоко ниво: Институтот за истражување за вработување (ИАБ) откри 1,74 милиони слободни позиции низ Германија. Во јули минатата година, недостигот на персонал погоди речиси половина од сите компании анкетирани од минхенскиот истражувачки институт ИФО, принудувајќи ги да го забават своето работење. Очекувањата се дека со новата иницијатива ќе ја пополни оваа празнина со квалификувани професионалци надвор од ЕУ. Но, во моментов процесот на имиграција во земјата е забавен поради бирократијата. За време на прес-конференцијата одржана во Федералната канцеларија за надворешни работи (BfAA) на 17 јануари 2023 година, федералната министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, заедно со федералниот канцелар Олаф Шолц, таа го нагласи отстранувањето на бирократијата и подобрувањето на дигитализацијата и ефикасноста на системот. Германија конкретно бара квалификувани занаетчии, електроинженери, ИТ специјалисти, негуватели, медицински сестри, професионалци во угостителството. Истражувањето на ИФО покажува дека услужниот сектор е најтешко погоден. Фармацевтската и хемиската индустрија пријавуваат најмал недостиг на квалификувани работници. Автомобилската и машинската индустрија исто така страдаат помалку од другите сектори.

The post Германија го олеснува издавањето работни визи за странски работници: Зошто се менува имиграциската политика? appeared first on Република.

]]>