работни време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotni-vreme/ За подобро да се разбереме Tue, 31 May 2022 11:54:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работни време Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotni-vreme/ 32 32 ЈП Градски паркинг од утре со летно работно време https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jp-gradski-parking-od-utre-so-letno-rabotno-vreme/ Tue, 31 May 2022 11:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=509263

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре, 01.06.2022 година, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д.

Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот.

Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.

 

The post ЈП Градски паркинг од утре со летно работно време appeared first on Република.

]]>

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре, 01.06.2022 година, ЈП Градски паркинг започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д. Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07 до 23 часот. Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП Градски паркинг навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.
 

The post ЈП Градски паркинг од утре со летно работно време appeared first on Република.

]]>
Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-shest-chasovno-rabotno-vreme-za-site-rabotnici-a-ne-samo-za-organite-na-drzavnata-uprava/ Tue, 17 May 2022 19:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=503576

Комплетниот систем на заштита на работничките права е функционален само на хартија, а во пракса сведоци сме на секојдневни пријави за прекршувања на основните работнички права, кои не се процесираат или делумно се процесираат, пишува Новица Ристески координаторот на Левица во својата колумна.

Наместо да слабее аморалната и противзаконска влијателна, разурнувачка моќ на корпорациите и елитите врз работничкиот труд, таа во пракса зема се посилен замав, грубо обезвреднувајќи го трудот на работникот.

Владата на РМ, во 2019 година донела одлука со која полното работното време на министерствата и другите органи на државната управа е скратено на 6 часа, од 08:00 до 14:00 часот. Од друга страна, обичните работници се приморани да работат по 8 часа минимум, без никаква заштита и поданичка зависност од волјата на работодавачот.

Сегашната модерна работно-професионална организација не е компатибилна со 40 часовното неделно работно време бидејќи ја саботира продуктивноста како суштински елемент на работниот ангажман.  Тоа значи дека колку природата на работата е покреативна и посложена толку е попотребно да се стави поголем акцент на приватниот живот на работникот.

Гледано во национален контекст, односите со семејството се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и дополнително да се развиваат. Работникот мора да има  исполнет семеен и социјален живот кој ќе му помогне да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен.

Дури и компаративно гледано во неколку развиени држави во светот како Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Јапонија, САД се преземени конкретни чекори во правец на намалување на полното работно време и праксата дава очекувани резултати.

Дополнително поткрепување на фактичката состојба се меѓународните правни акти, како на пример Универзалната декларација за човекови права, кои државава ги има ратификувано и кои задолжително предвидуваат право на работа за секој, но исклучиво под праведни и поволни услови без никаква дискриминација. Што значи доколку се  имплементира 6 часовно полно работно време за органите на државната управа тогаш редно е доследно да се почитува меѓународното право, кое сме го прифатиле во внатрешниот правен поредок и да се почитуваат практичните општествени односи и 6 часовното работно време да стане право и за останатите работници во државава.

Евентуалното законско решение во насока на намалување на полното работно време на 6 часа, ќе овозможи: 1) доследно почитување на меѓународните акти; 2) еднакви работнички права; 3) поголема продуктивност на работникот; 4) справувањето со прекувремената работа, невработеноста; и 5) заштита на животната средина преку намалени емисии на јаглерод.

Левица како единствена работничка партија која ги штити достоинството и интересите на работниците и се залага за безусловно намалување на класните разлики во општеството, во своите програмски заложби предвидува 6 часовно работно време за сите работници, со што работничките права во тој контекст ќе бидат изедначени и унапредени, пишува Ристески.

The post Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа appeared first on Република.

]]>

Комплетниот систем на заштита на работничките права е функционален само на хартија, а во пракса сведоци сме на секојдневни пријави за прекршувања на основните работнички права, кои не се процесираат или делумно се процесираат, пишува Новица Ристески координаторот на Левица во својата колумна.
Наместо да слабее аморалната и противзаконска влијателна, разурнувачка моќ на корпорациите и елитите врз работничкиот труд, таа во пракса зема се посилен замав, грубо обезвреднувајќи го трудот на работникот. Владата на РМ, во 2019 година донела одлука со која полното работното време на министерствата и другите органи на државната управа е скратено на 6 часа, од 08:00 до 14:00 часот. Од друга страна, обичните работници се приморани да работат по 8 часа минимум, без никаква заштита и поданичка зависност од волјата на работодавачот. Сегашната модерна работно-професионална организација не е компатибилна со 40 часовното неделно работно време бидејќи ја саботира продуктивноста како суштински елемент на работниот ангажман.  Тоа значи дека колку природата на работата е покреативна и посложена толку е попотребно да се стави поголем акцент на приватниот живот на работникот. Гледано во национален контекст, односите со семејството се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и дополнително да се развиваат. Работникот мора да има  исполнет семеен и социјален живот кој ќе му помогне да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен. Дури и компаративно гледано во неколку развиени држави во светот како Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Јапонија, САД се преземени конкретни чекори во правец на намалување на полното работно време и праксата дава очекувани резултати. Дополнително поткрепување на фактичката состојба се меѓународните правни акти, како на пример Универзалната декларација за човекови права, кои државава ги има ратификувано и кои задолжително предвидуваат право на работа за секој, но исклучиво под праведни и поволни услови без никаква дискриминација. Што значи доколку се  имплементира 6 часовно полно работно време за органите на државната управа тогаш редно е доследно да се почитува меѓународното право, кое сме го прифатиле во внатрешниот правен поредок и да се почитуваат практичните општествени односи и 6 часовното работно време да стане право и за останатите работници во државава. Евентуалното законско решение во насока на намалување на полното работно време на 6 часа, ќе овозможи: 1) доследно почитување на меѓународните акти; 2) еднакви работнички права; 3) поголема продуктивност на работникот; 4) справувањето со прекувремената работа, невработеноста; и 5) заштита на животната средина преку намалени емисии на јаглерод. Левица како единствена работничка партија која ги штити достоинството и интересите на работниците и се залага за безусловно намалување на класните разлики во општеството, во своите програмски заложби предвидува 6 часовно работно време за сите работници, со што работничките права во тој контекст ќе бидат изедначени и унапредени, пишува Ристески.

The post Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа appeared first on Република.

]]>