работни листови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotni-listovi/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 12:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работни листови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotni-listovi/ 32 32 Пастор Филип: Класично подведување на малолетници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pastor-filip-klasichno-podveduvane-na-maloletnitsi/ Thu, 14 Sep 2023 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=681948

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/

Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.

Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед?
Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите.
ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.

На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>

После сè што сум видел во државава и по светот, мислев дека сум видел доволно, кога утрово наидувам на овие работни листови по предметот Образование за животни вештини, реагира познатиот македонски хуманист и пастор, велешанецот Филип Иванов. https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/ Читајте ги прашањава, апелира тој, видете колку манипулативно се формулирани и насочени кон децата. Класично подведување на малолетници.
Ете вакви и пострашни нешта допрва „се готват“ во кујните на сите тие невладини организации, во соработка со неколку пратенички од Собранието. Според нив, ова се основните животни вештини кои им се потребни на децата и младите. Секако, зашто без ова како поинаку ќе регрутираат деца за својот изопачен и хипер-сексуализиран светоглед? Поради ова, а и еден куп други нешта, апел до вас родителите: обрнете поголемо внимание на своите деца, внимавајте што им се сервира како нормално, бестрашно предизвикајте ги „авторитетиве“ и дајте им до знаење дека нашите деца се наши деца, не ѝ припаѓаат на државата или на родовите идеолози кои сакаат да експериментираат со психата, односно душите на децата и младите. ЗА ДОБРОТО НА ДЕЦАТА, ОВА НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ!, порача пасторот.
На крај, вели, погледнете ја последната слика, да видите кој е авторот на прашалников.

The post Пастор Филип: Класично подведување на малолетници appeared first on Република.

]]>
„Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-mozhno-da-ste-homoseksualets-poveketo-mentalno-bolni-se-hetero-shto-uchat-srednioshkoltsite-vo-makedonija/ Thu, 14 Sep 2023 11:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=681874

Бурни реакции меѓу родителите откако ги разгледаа работните листови за учебникот за животни вештини за средношколци.

Меѓу прашањата наведени во материјатлите (погледнете го целото тука), се и таканаречените „Прашања за хетеросексуалци“:

ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!?
Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам)
Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение.
Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението, прашува д-р Александар Митов.

Пратеникот Анотнио Милошоски, пак, на премиерот и на министерот им порача: Престанете да го напаѓате светогледот на малолетните ученици со промоција на девијантни лекции во образованието!

The post „Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија appeared first on Република.

]]>

Бурни реакции меѓу родителите откако ги разгледаа работните листови за учебникот за животни вештини за средношколци. Меѓу прашањата наведени во материјатлите (погледнете го целото тука), се и таканаречените „Прашања за хетеросексуалци“:
ШТО СЕ СЛУЧУВА ЛУЃЕ!? Министре Шаќири, во ред ли е ова според тебе? Ова ли се вредностите на ДУИ? (за СДСМ не ни прашувам) Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивно на волјата на 90% од населението, прашува д-р Александар Митов.
Пратеникот Анотнио Милошоски, пак, на премиерот и на министерот им порача: Престанете да го напаѓате светогледот на малолетните ученици со промоција на девијантни лекции во образованието!

The post „Дали е можно да сте хомосексуалец?“, „Повеќето ментално болни се хетеро“: Што учат средниошколците во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mazhite-za-koi-vistinomer-veli-deka-se-tatko-i-sin/ Tue, 04 Apr 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=626997

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце.

Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда.

Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“.

За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст.

Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.

Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив.

Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“.

Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“.

Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>

Не престануваат реакциите во јавноста за работните листови од Општество на тема Семејство доделени на првачињата од ООУ „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Центар.  Листовите на кои требаше да се напише рецептот за среќа беа илустрирани со двајца мажи и дете, како и две девојки кои се држат за раце. Родителите на социјалните мрежи реагираа што на нивните деца им се промовира и подметнува ЛГБТИ агенда. Директорката прво демантираше дека воопшто постојат такви листови, велејќи дека „сликата на објавата во порталот е лажна и е од учебник по странски јазици кој не се користи во нашето училиште и не станува збор за задача по странски јазик за првоодделенци, ниту било која друга домашна задача“. За подоцна за „Вистиномер“ да ги сподели сите работни листови, за кои вели се извадени од контекст. Контровезриизте околу листовите продолжуваат во текстот на порталот за „проверка на факти“, каде се тврди дека на илустрациите не се прикажани двајца мажи и дете, туку „две машки лица (татко и син) и едно помало дете во рацете на таткото“. За девојките што се држат за рака, пак, се вели дека станува збор за мајка и ќерка, со кои се илустрира еднородителско семејство.
Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во овие постови на Фејсбук тенденциозно и злонамерно се пропушта контекстот, oценуваат од „Вистиномер“.
Веднаш после нивната објава, на социјалните мрежи се споделени оригиналните илустрации, кои потекнуваат од странска работна тетратка со ЛГБТ+ содржина наменета за месецот посветен на нив. Во нив е наведено дека „таткото и синот“ се всушност „двајца татковци и нивниот син“. Станува збор за истите илустрации користени за работниот, на кои се гледаат и „мајката и ќерката“. Реагираат и од Коалицијата за заштита на децата, од каде потенцираат дека разликата меѓу оригиналното наставно ливче и тоа што го добиле првооделенците е само насловот бидејќи во оригиналот пишува „Рецепт за специјално семејство“, додека другото се води под името „Рецепт за среќно семејство“.

The post Мажите за кои „Вистиномер“ вели дека се татко и син appeared first on Република.

]]>