работна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-nedela/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 09:03:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-nedela/ 32 32 Дубаи почна со 4-дневна работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dubai-pochna-so-4-dnevna-rabotna-nedela/ Fri, 09 Aug 2024 19:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=804870

За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа.

Проектот вклучува вработени во 15 владини оддели, а тест фазата ќе трае некои си 7 седмици, од средината на август до крајот на септември.

Целта на експериментот е да се унапреди флексибилноста на работното место, да се покрене безбедноста за време на летните месеци и да се воведе подобар баланс меѓу работа и приватен живот.

На страна луѓето, експериментот треба да утврди и колку струја би се заштедило во владините објекти.

И до сега не им беше лошо бидејќи најголемиот дел од администрацијата на Дубаи има 2,5 дневен викенд, во петок се работи само половина ден, плус сабота и недела.

The post Дубаи почна со 4-дневна работна недела appeared first on Република.

]]>

За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа. Проектот вклучува вработени во 15 владини оддели, а тест фазата ќе трае некои си 7 седмици, од средината на август до крајот на септември. Целта на експериментот е да се унапреди флексибилноста на работното место, да се покрене безбедноста за време на летните месеци и да се воведе подобар баланс меѓу работа и приватен живот.
На страна луѓето, експериментот треба да утврди и колку струја би се заштедило во владините објекти. И до сега не им беше лошо бидејќи најголемиот дел од администрацијата на Дубаи има 2,5 дневен викенд, во петок се работи само половина ден, плус сабота и недела.

The post Дубаи почна со 4-дневна работна недела appeared first on Република.

]]>
Шестработна недела во Грција- од 1 јули газдите имаат право да бараат да се работи подолго, а работниците не смеат да ги одбијат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shestrabotna-nedela-vo-grtsija-od-1-juli-gazdite-imaat-pravo-da-baraat-da-se-raboti-podolgo-a-rabotnitsite-ne-smeat-da-gi-odbijat/ Mon, 24 Jun 2024 09:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=790194

Од јули во Грција ќе се работи 6 шест дена во неделата за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7. Со посебен закон на работодавците им се дава овластување да можат да им наложат на работниците да работат 6 дена, а за тоа да исплатат 40% од редовната дневница. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго. Ова според грчките експерти по трудово право значи враќање на Грција еден чекор назад во однос на работничките права, додека светот веќе воведува работна недела од 4 дена.

Владата го објаснува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, така што на работодавачите им се дава можност да ги користат оние кои веќе ги имаат, пишува Дојче Веле.

Грчката влада вели дека новите правила ќе ја поедностават администрацијата, ќе ги намалат пробните периоди на 6 месеци, а прекувремената работа ќе биде дополнително платена.

Според актуелните грчки закони работникот треба да работи 40 работни часови неделно, но шефот може да му нареди да работи прекувремено најмногу 2 часа дневно во „ограничен“ период – и тоа неплатено, само со обврска да ги „надокнади“ тие часови со слободно време и годишен одмор.

Лани Грција ја укина петдневната работна недела во туризмот и угостителството.

Според Евростат, Грците мора да поминуваат 41 час неделно на работното место. Истовремено, со минимална плата од 830 евра, Грција е само на 15-то место меѓу членките на Унијата.

За разлика од Грција дел од земјите од ЕУ воведуваат работна недела од 4 работни дена.

The post Шестработна недела во Грција- од 1 јули газдите имаат право да бараат да се работи подолго, а работниците не смеат да ги одбијат appeared first on Република.

]]>

Од јули во Грција ќе се работи 6 шест дена во неделата за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7. Со посебен закон на работодавците им се дава овластување да можат да им наложат на работниците да работат 6 дена, а за тоа да исплатат 40% од редовната дневница. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго. Ова според грчките експерти по трудово право значи враќање на Грција еден чекор назад во однос на работничките права, додека светот веќе воведува работна недела од 4 дена. Владата го објаснува новиот закон со зголемените проблеми на пазарот на труд поради недостигот на работна сила, така што на работодавачите им се дава можност да ги користат оние кои веќе ги имаат, пишува Дојче Веле. Грчката влада вели дека новите правила ќе ја поедностават администрацијата, ќе ги намалат пробните периоди на 6 месеци, а прекувремената работа ќе биде дополнително платена. Според актуелните грчки закони работникот треба да работи 40 работни часови неделно, но шефот може да му нареди да работи прекувремено најмногу 2 часа дневно во „ограничен“ период – и тоа неплатено, само со обврска да ги „надокнади“ тие часови со слободно време и годишен одмор. Лани Грција ја укина петдневната работна недела во туризмот и угостителството. Според Евростат, Грците мора да поминуваат 41 час неделно на работното место. Истовремено, со минимална плата од 830 евра, Грција е само на 15-то место меѓу членките на Унијата. За разлика од Грција дел од земјите од ЕУ воведуваат работна недела од 4 работни дена.

The post Шестработна недела во Грција- од 1 јули газдите имаат право да бараат да се работи подолго, а работниците не смеат да ги одбијат appeared first on Република.

]]>
Балканците работат и над 40 часа неделно, во Холандија таа бројка е далеку пониска https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/balkantsite-rabotat-i-nad-40-chasa-nedelno-vo-holandija-taa-brojka-e-daleku-poniska/ Wed, 20 Mar 2024 17:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=756760

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела.

Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла - вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer).

Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро.

Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат - официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Балканците работат и над 40 часа неделно, во Холандија таа бројка е далеку пониска appeared first on Република.

]]>

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла - вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer). Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро. Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела. Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа). Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат - официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Балканците работат и над 40 часа неделно, во Холандија таа бројка е далеку пониска appeared first on Република.

]]>
Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zemja-so-najkratka-rabotna-nedela-e-holandija-prosek-od-29-5-chasa-nedelno-sledat-danska-32-5-chasa-i-norveshka-33-6-chasa-a-na-balkanot-rabotnata-nedela-e-i-nad-40-chasa/ Wed, 20 Mar 2024 14:40:30 +0000 https://republika.mk/?p=756771

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела.

Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Пункуфер“ (Punkufer).

Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро.

Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа appeared first on Република.

]]>

Во Европа последниве години се забележува стремеж кон намалување на бројот работни часови. Некои држави се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. Во Германија во февруари 2024 година почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании што, согласно пократката работна недела, ќе им обезбедат на вработените повеќе индивидуална работа и помал број состаноци, пренесува „Пункуфер“ (Punkufer). Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. Тоа не значи дека вработените ќе работат помалку, туку имаат можност сами да си направат распоред, како што појасни и белгискиот премиер Александар де Кро. Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се исто така дел од земјите каде се тестира пократката работна недела. Каде најмалку се работи? Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави. Така, земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа). Топ-10 списокот го дополнуваат Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Според Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија, Балканците работат и над 40 часа неделно.

The post Земја со најкратка работна недела е Холандија, просек од 29,5 часа неделно, следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа), а на Балканот работната недела е и над 40 часа appeared first on Република.

]]>
Германија ќе воведува четиридневна работна недела, а платите ќе останат исти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-voveduva-chetiridnevna-rabotna-nedela-a-platite-ke-ostanat-isti/ Sun, 28 Jan 2024 08:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=737656

Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците.

Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број на часови, пишува Блумберг. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни и поздрави туку и поефикасни на своите работни места, пренесува „Индекс.хр“.

Апсолутно сум убеден дека инвестирањето во нова работа се исплати бидејќи ја зголемува благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста. Четиридневната недела, ако функционира, нема да нè чини ништо на долг рок“, вели Сорен Фрике, ко-основач на фирмата за планирање настани „Solidsense“, една од 45-те фирми кои ќе бидат дел од студијата. .

Криза на трудот во Германија

Проектот нагласува поширока промена што се случува на германскиот пазар на труд, каде што недостигот на квалификувани работници врши притисок врз фирмите да ги пополнат своите редови. Недостигот, заедно со високата инфлација, ги охрабри работниците во сите индустрии да бараат повисоки плати и да ја зачуваат флексибилноста и независноста што ги стекнаа за време на пандемијата.

Нерамнотежата ги подгрева тензиите меѓу работодавците и работниците. Германските машиновозачи во моментов штрајкуваат цела недела и бараат од компанијата „Дојче бан“ да го намали неделното работно време од 38 на 35 часа без да има намалување на платите.

Зголемување од 20 проценти бара синдикатот на вработените во градежниот сектор за голем дел од своите работници кои се вкупно околу 930.000. Некои економисти предупредуваат дека овој потег може да поттикне инфлација.

Според минатогодишното истражување на лоби групите во индустријата, половина од германските компании барем делумно не можат да ги пополнат слободните работни места. Софтверскиот гигант „САП СЕ“ престана да бара универзитетски дипломи од кандидатите за работа во 2022 година, додека гигантот за недвижнини „Воновиа СЕ“ минатата година ангажираше луѓе од Колумбија за да се справи со недостигот на работна сила.

„Блумберг“ пишува дека проблемот може само да се влоши. До 2034 година, повеќе од седум милиони луѓе ќе го напуштат германскиот пазар на труд поради комбинацијата на пад на наталитетот и стареењето на населението.

Можам да се вклучам и да се позиционирам како модерен работодавец или едноставно да кажам дека сите треба да работиме понапорно и да дојдеме до ситуација кога веќе нема да имам кој да работи за мене“, објаснува Хенинг Ропер, извршен директор на „Еуролам“, производител на прозорци.

Во 2022 година, Германците во просек отсуствувале по 21,3 дена од работа

Нискиот ентузијазам на работниците ја чини глобалната економија 8,1 милијарди евра годишно, или девет отсто од светскиот БДП, покажува истражувањето на Галуп.

Експериментот го води новозеландската непрофитна организација „4 Day Week Global“ и вели дека работниците кои ќе работат помалку време за иста плата, за време на студијата треба да останат барем исто толку ефикасни, па дури и поефикасни.

Покрај зголемената продуктивност, се очекува фирмите да имаат корист од намалувањето на скапото отсуство од работа поради стрес, болест и исцрпеност. Во 2022 година, Германците пропуштиле просечно 21,3 дена од работа, што резултирало со загуба од неверојатни 207 милијарди евра, покажуваат податоците на Федералниот институт за здравје и безбедност при работа.

Поддржувачите на овој експеримент истакнуваат дека новитетот би можел да привлече нов кадар во Германија, земја која според Евростат веќе има најголем удел на хонорарно вработени во ЕУ.

Иако Германија има далеку најголемо економско производство во Европа, недостатокот на инвестиции во иновации и дигитализација спречува зголемување на продуктивноста. Без подобрувања во овие области, малку е веројатно дека германските работници би доживеале значително зголемување на продуктивноста само со едноставно намалување на работното време, смета Енцо Вебер, економист во Институтот за истражување на пазарот на труд во Нирнберг.

Со него се согласува и економистот на Блумберг, Мартин Адемер, кој вели дека ефикасноста на час ќе се зголеми, но тоа зголемување нема да го компензира кратењето на часовите.

Министерот за финансии е против  и вели дека е тоа е спротивно на економскиот раст и напредок на државата

Кристијан Линднер, германскиот министер за финансии и член на Партијата на слободни демократи, ја критикуваше одлуката на германските компании, велејќи дека пократката работна недела ќе го загрози економскиот раст и напредок на Германија.

Но, поборниците на идејата велат дека претходните студии во САД и Канада покажале дека е можно зголемување на ефикасноста. Работниците пријавиле општо подобрување на нивното здравје, а ниту една компанија не се вратила на петдневна работна недела.

Британија имала сличен експеримент во кој учествувале 61 компанија, имале добри работни перформанси, а боледувањето се намалило за 65 отсто. Португалија, исто така, каде околу 20 отсто од работниците рекле дека се чувствуваат подобро и подобро спиеле.

Блумберг додава дека Белгија стана првата европска земја која нуди опција за четиридневна работна недела, но со соодветна неделна сатница. Јапонија ги охрабри своите фирми да им понудат на работниците пократка работна недела со надеж дека ќе трошат повеќе и ќе се зголеми бројот на родени деца.

Тоа не секогаш функционира и не е за секого. Потребна е голема креативност и флексибилност од страна на компаниите. Тие самите треба да сфатат што функционира или не за нив“, заклучува Јан Бухрен, од консултантската фирма која соработува со експериментот во Германија.

The post Германија ќе воведува четиридневна работна недела, а платите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>

Германските компании од 1 февруари ќе воведат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја мерат продуктивноста на работниците. Експериментот во кој ќе има 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалениот број на часови, пишува Блумберг. Целта на овој експеримент е да се провери дали тврдењата на синдикатите дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни и поздрави туку и поефикасни на своите работни места, пренесува „Индекс.хр“.
Апсолутно сум убеден дека инвестирањето во нова работа се исплати бидејќи ја зголемува благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста. Четиридневната недела, ако функционира, нема да нè чини ништо на долг рок“, вели Сорен Фрике, ко-основач на фирмата за планирање настани „Solidsense“, една од 45-те фирми кои ќе бидат дел од студијата. .

Криза на трудот во Германија

Проектот нагласува поширока промена што се случува на германскиот пазар на труд, каде што недостигот на квалификувани работници врши притисок врз фирмите да ги пополнат своите редови. Недостигот, заедно со високата инфлација, ги охрабри работниците во сите индустрии да бараат повисоки плати и да ја зачуваат флексибилноста и независноста што ги стекнаа за време на пандемијата. Нерамнотежата ги подгрева тензиите меѓу работодавците и работниците. Германските машиновозачи во моментов штрајкуваат цела недела и бараат од компанијата „Дојче бан“ да го намали неделното работно време од 38 на 35 часа без да има намалување на платите. Зголемување од 20 проценти бара синдикатот на вработените во градежниот сектор за голем дел од своите работници кои се вкупно околу 930.000. Некои економисти предупредуваат дека овој потег може да поттикне инфлација. Според минатогодишното истражување на лоби групите во индустријата, половина од германските компании барем делумно не можат да ги пополнат слободните работни места. Софтверскиот гигант „САП СЕ“ престана да бара универзитетски дипломи од кандидатите за работа во 2022 година, додека гигантот за недвижнини „Воновиа СЕ“ минатата година ангажираше луѓе од Колумбија за да се справи со недостигот на работна сила. „Блумберг“ пишува дека проблемот може само да се влоши. До 2034 година, повеќе од седум милиони луѓе ќе го напуштат германскиот пазар на труд поради комбинацијата на пад на наталитетот и стареењето на населението.
Можам да се вклучам и да се позиционирам како модерен работодавец или едноставно да кажам дека сите треба да работиме понапорно и да дојдеме до ситуација кога веќе нема да имам кој да работи за мене“, објаснува Хенинг Ропер, извршен директор на „Еуролам“, производител на прозорци.

Во 2022 година, Германците во просек отсуствувале по 21,3 дена од работа

Нискиот ентузијазам на работниците ја чини глобалната економија 8,1 милијарди евра годишно, или девет отсто од светскиот БДП, покажува истражувањето на Галуп. Експериментот го води новозеландската непрофитна организација „4 Day Week Global“ и вели дека работниците кои ќе работат помалку време за иста плата, за време на студијата треба да останат барем исто толку ефикасни, па дури и поефикасни. Покрај зголемената продуктивност, се очекува фирмите да имаат корист од намалувањето на скапото отсуство од работа поради стрес, болест и исцрпеност. Во 2022 година, Германците пропуштиле просечно 21,3 дена од работа, што резултирало со загуба од неверојатни 207 милијарди евра, покажуваат податоците на Федералниот институт за здравје и безбедност при работа. Поддржувачите на овој експеримент истакнуваат дека новитетот би можел да привлече нов кадар во Германија, земја која според Евростат веќе има најголем удел на хонорарно вработени во ЕУ.
Иако Германија има далеку најголемо економско производство во Европа, недостатокот на инвестиции во иновации и дигитализација спречува зголемување на продуктивноста. Без подобрувања во овие области, малку е веројатно дека германските работници би доживеале значително зголемување на продуктивноста само со едноставно намалување на работното време, смета Енцо Вебер, економист во Институтот за истражување на пазарот на труд во Нирнберг.
Со него се согласува и економистот на Блумберг, Мартин Адемер, кој вели дека ефикасноста на час ќе се зголеми, но тоа зголемување нема да го компензира кратењето на часовите.

Министерот за финансии е против  и вели дека е тоа е спротивно на економскиот раст и напредок на државата

Кристијан Линднер, германскиот министер за финансии и член на Партијата на слободни демократи, ја критикуваше одлуката на германските компании, велејќи дека пократката работна недела ќе го загрози економскиот раст и напредок на Германија. Но, поборниците на идејата велат дека претходните студии во САД и Канада покажале дека е можно зголемување на ефикасноста. Работниците пријавиле општо подобрување на нивното здравје, а ниту една компанија не се вратила на петдневна работна недела. Британија имала сличен експеримент во кој учествувале 61 компанија, имале добри работни перформанси, а боледувањето се намалило за 65 отсто. Португалија, исто така, каде околу 20 отсто од работниците рекле дека се чувствуваат подобро и подобро спиеле. Блумберг додава дека Белгија стана првата европска земја која нуди опција за четиридневна работна недела, но со соодветна неделна сатница. Јапонија ги охрабри своите фирми да им понудат на работниците пократка работна недела со надеж дека ќе трошат повеќе и ќе се зголеми бројот на родени деца.
Тоа не секогаш функционира и не е за секого. Потребна е голема креативност и флексибилност од страна на компаниите. Тие самите треба да сфатат што функционира или не за нив“, заклучува Јан Бухрен, од консултантската фирма која соработува со експериментот во Германија.

The post Германија ќе воведува четиридневна работна недела, а платите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>
„Ламборџини“ ја крати работната недела, а ја зголемува заработката https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lambordhini-ja-krati-rabotnata-nedela-a-ja-zgolemuva-zarabotkata/ Tue, 12 Dec 2023 10:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=722082

Одлично е да се работи во „Ламборџини“, и штотуку стана уште подобро. Покрај тоа што имаат одлични услови за работа, повеќе од пристојни примања и бројни бенефиции, сега имаат уште еден бенефит за кој работниците во Хрватска можат само да сонуваат.

Производствените работници во Lamborghini штотуку добија уште една поволност. Освен што имаат можност да склопат еден од најатрактивните автомобили во светот, работниците во фабриката во Сант Агата имаат и четиридневна работна недела.

Технички гледано, работниците на Lamborghini во двојни смени ќе менуваат четиридневна и петдневна работна недела, но резултатот е дека тие ќе работат 22 дена помалку секоја година, пишува Reuters. Уште подобри услови важат за работниците кои работат во три смени. Оние со ноќни смени ќе имаат две недели со ден помалку за секоја „нормална“ работна недела, а ќе работат 31 ден помалку годишно.

И секој ќе заработи повеќе. Бонусите се зголемени за 50 отсто, а во декември ќе добијат дополнителен бонус од 1.000 евра. Сето ова доаѓа како резултат на преговорите меѓу синдикатите и работодавачите кои овој договор го нарекоа историски. Имено, ова е прв случај работниците во автомобилската индустрија да работат помалку и да земаат поголема плата за тоа.

Поддршката за пократки работни недели порасна во последниве години, со студии во други европски земји кои покажуваат дека работниците на кои им било дадено повеќе слободно време биле попродуктивни во текот на работното време, имале тенденција да останат на работа подолго и имале помала веројатност да користат боледување.

The post „Ламборџини“ ја крати работната недела, а ја зголемува заработката appeared first on Република.

]]>

Одлично е да се работи во „Ламборџини“, и штотуку стана уште подобро. Покрај тоа што имаат одлични услови за работа, повеќе од пристојни примања и бројни бенефиции, сега имаат уште еден бенефит за кој работниците во Хрватска можат само да сонуваат. Производствените работници во Lamborghini штотуку добија уште една поволност. Освен што имаат можност да склопат еден од најатрактивните автомобили во светот, работниците во фабриката во Сант Агата имаат и четиридневна работна недела. Технички гледано, работниците на Lamborghini во двојни смени ќе менуваат четиридневна и петдневна работна недела, но резултатот е дека тие ќе работат 22 дена помалку секоја година, пишува Reuters. Уште подобри услови важат за работниците кои работат во три смени. Оние со ноќни смени ќе имаат две недели со ден помалку за секоја „нормална“ работна недела, а ќе работат 31 ден помалку годишно. И секој ќе заработи повеќе. Бонусите се зголемени за 50 отсто, а во декември ќе добијат дополнителен бонус од 1.000 евра. Сето ова доаѓа како резултат на преговорите меѓу синдикатите и работодавачите кои овој договор го нарекоа историски. Имено, ова е прв случај работниците во автомобилската индустрија да работат помалку и да земаат поголема плата за тоа. Поддршката за пократки работни недели порасна во последниве години, со студии во други европски земји кои покажуваат дека работниците на кои им било дадено повеќе слободно време биле попродуктивни во текот на работното време, имале тенденција да останат на работа подолго и имале помала веројатност да користат боледување.

The post „Ламборџини“ ја крати работната недела, а ја зголемува заработката appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-premier-se-soglasi-da-ja-skrati-rabotnata-nedela/ Tue, 24 Oct 2023 11:43:09 +0000 https://republika.mk/?p=694528

Шпанските партии ПСОЕ и Сумар постигнаа договор за формирање левичарска коалициска влада, што е прв чекор кон преостанатите четири години од актуелниот премиер Педро Санчез на власт. Договорот беше постигнат откако ПСОЕ на Санчез го прифати главното барање за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа.

Двете партии, кои имаат 152 претставници во 350-члениот парламент, испратија заедничка изјава по средбата меѓу нивните лидери Санчез и Јоланда Дијаз. По неизвесните парламентарни избори во јули, овие партии се надеваат дека ќе формираат нова влада во ноември.

Во претходната влада, Санчез беше претседател, а Дијаз беше потпретседател и министер за социјални прашања. За да продолжат да управуваат со Шпанија, земја со 47,6 милиони жители, сè уште им е потребна поддршката од сепаратистичките партии на Каталонија и Баскија.

The post Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела appeared first on Република.

]]>

Шпанските партии ПСОЕ и Сумар постигнаа договор за формирање левичарска коалициска влада, што е прв чекор кон преостанатите четири години од актуелниот премиер Педро Санчез на власт. Договорот беше постигнат откако ПСОЕ на Санчез го прифати главното барање за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Двете партии, кои имаат 152 претставници во 350-члениот парламент, испратија заедничка изјава по средбата меѓу нивните лидери Санчез и Јоланда Дијаз. По неизвесните парламентарни избори во јули, овие партии се надеваат дека ќе формираат нова влада во ноември. Во претходната влада, Санчез беше претседател, а Дијаз беше потпретседател и министер за социјални прашања. За да продолжат да управуваат со Шпанија, земја со 47,6 милиони жители, сè уште им е потребна поддршката од сепаратистичките партии на Каталонија и Баскија.

The post Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-premier-se-soglasi-da-ja-skrati-rabotnata-nedela-se-poblisku-e-do-ostanuvane-na-vlast/ Tue, 24 Oct 2023 09:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=694467

Шпанските партии ПСОЕ и Сумар постигнаа договор за формирање левичарска коалициска влада, што е прв чекор кон преостанатите четири години од актуелниот премиер Педро Санчез на власт. Договорот беше постигнат откако ПСОЕ на Санчез го прифати главното барање за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа.

Двете партии, кои имаат 152 претставници во 350-члениот парламент, испратија заедничка изјава по средбата меѓу нивните лидери Санчез и Јоланда Дијаз. По неизвесните парламентарни избори во јули, овие партии се надеваат дека ќе формираат нова влада во ноември.

Во претходната влада, Санчез беше претседател, а Дијаз беше потпретседател и министер за социјални прашања. За да продолжат да управуваат со Шпанија, земја со 47,6 милиони жители, сè уште им е потребна поддршката од сепаратистичките партии на Каталонија и Баскија.

The post Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела appeared first on Република.

]]>

Шпанските партии ПСОЕ и Сумар постигнаа договор за формирање левичарска коалициска влада, што е прв чекор кон преостанатите четири години од актуелниот премиер Педро Санчез на власт. Договорот беше постигнат откако ПСОЕ на Санчез го прифати главното барање за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Двете партии, кои имаат 152 претставници во 350-члениот парламент, испратија заедничка изјава по средбата меѓу нивните лидери Санчез и Јоланда Дијаз. По неизвесните парламентарни избори во јули, овие партии се надеваат дека ќе формираат нова влада во ноември. Во претходната влада, Санчез беше претседател, а Дијаз беше потпретседател и министер за социјални прашања. За да продолжат да управуваат со Шпанија, земја со 47,6 милиони жители, сè уште им е потребна поддршката од сепаратистичките партии на Каталонија и Баскија.

The post Шпанскиот премиер се согласи да ја скрати работната недела appeared first on Република.

]]>
Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-ochekuvame-ustavniot-sud-da-donese-barem-privremena-merka-za-stopirane-na-zakonot-za-72-chasa-rabotna-nedela-2/ Tue, 19 Sep 2023 11:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=683144

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на недела неработен ден и 72 часа работна недела, воведена за изградба на инфраструктурни објекти од стратешки интерес за државата односно за коридорите 8 и 10д.

За жал, Уставниот суд до денеска не се одважил да информира за иницијативата, иако е изработена со поддршка од професори на Правниот факултет. Првпат покрај наши експерти кои ги има во синдикатите, поддршка добивме и од професорите од Правниот факултет од Катедрата за трудови право за да може да ја изготвиме најдобрата иницијатива до Уставниот суд -  рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Очекува, рече, Уставниот суд да донесе барем привремена мерка на таквото законско решение и дека тоа може да го направи по сопствена иницијатива или, ако е потребно, ССМ може да поднесе и иницијатива за привремена мерка која ќе ја стопира примената на законот.

Трендафилов рече дека за пополнување две илјади работни места за почеток на изградбата на коридорите се пријавиле само 300 работници односно 10 отсто од потребниот број. Тоа, рече, е затоа што „не може да очекувате работник да дојде да работи по 72 часа неделно за мизерна, минимална плата“.

Ако сакате да ви го изградиме автопатот побрзо, поефикасно и поевтино, ние стоиме на располагање како работници, меѓутоа за достоинствени плати, достоинствени и пристојни услови за работа, почитувајќи ги мерките за безбедност и здравје при работа. Се плашиме за животот и здравјето на работниците кои почнале да ги градат овие автопатишта. Очекувам Уставниот суд најбргу што може да ја спречи оваа кражба на работничкиот труд и да спречи Македонија да биде Ел Дорадо за одредени бизнис-интереси на штета на работничките права - рече претседателот на ССМ.

Никаде во ЕУ, додаде тој, не се работи 72 часа неделно, туку 38 па дури и 35 часа, а се воведува и четиридневна работна недела во одредени дејности и индустрии.

Не сакаме да ја видиме Македонија на светските часописи како што тоа беше случајот со Катар и изградбата на стадионите каде починаа огромен број работници токму поради вакво непочитување на работното време - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) не добил одговор од Уставниот суд на иницијативата што ја поднесе пред три месеци за оспорување на измените на Законот за работни односи во делот на недела неработен ден и 72 часа работна недела, воведена за изградба на инфраструктурни објекти од стратешки интерес за државата односно за коридорите 8 и 10д.
За жал, Уставниот суд до денеска не се одважил да информира за иницијативата, иако е изработена со поддршка од професори на Правниот факултет. Првпат покрај наши експерти кои ги има во синдикатите, поддршка добивме и од професорите од Правниот факултет од Катедрата за трудови право за да може да ја изготвиме најдобрата иницијатива до Уставниот суд -  рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Очекува, рече, Уставниот суд да донесе барем привремена мерка на таквото законско решение и дека тоа може да го направи по сопствена иницијатива или, ако е потребно, ССМ може да поднесе и иницијатива за привремена мерка која ќе ја стопира примената на законот. Трендафилов рече дека за пополнување две илјади работни места за почеток на изградбата на коридорите се пријавиле само 300 работници односно 10 отсто од потребниот број. Тоа, рече, е затоа што „не може да очекувате работник да дојде да работи по 72 часа неделно за мизерна, минимална плата“.
Ако сакате да ви го изградиме автопатот побрзо, поефикасно и поевтино, ние стоиме на располагање како работници, меѓутоа за достоинствени плати, достоинствени и пристојни услови за работа, почитувајќи ги мерките за безбедност и здравје при работа. Се плашиме за животот и здравјето на работниците кои почнале да ги градат овие автопатишта. Очекувам Уставниот суд најбргу што може да ја спречи оваа кражба на работничкиот труд и да спречи Македонија да биде Ел Дорадо за одредени бизнис-интереси на штета на работничките права - рече претседателот на ССМ.
Никаде во ЕУ, додаде тој, не се работи 72 часа неделно, туку 38 па дури и 35 часа, а се воведува и четиридневна работна недела во одредени дејности и индустрии.
Не сакаме да ја видиме Македонија на светските часописи како што тоа беше случајот со Катар и изградбата на стадионите каде починаа огромен број работници токму поради вакво непочитување на работното време - рече Трендафилов.

The post Трендафилов: Очекуваме Уставниот суд да донесе барем привремена мерка за стопирање на законот за 72 часа работна недела appeared first on Република.

]]>
Скратена работна недела: Резултатите одлични – вработените задржани https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/skratena-rabotna-nedela-rezultatite-odlichni-vrabotenite-zadrzhani/ Tue, 01 Aug 2023 12:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=667647

Четиридневната работна недела е добра за здравјето на вработените.

Една година по започнувањето на пилот-програмата на четиридневната работна недела во компаниите во Соединетите Американски Држави и Канада, забележани се одлични резултати како од вработените, така и од раководството на компаниите кои учествуваа во проектот.

Новата студија наречена 4 Day Week Global, непрофитна организација која ја координираше студијата, го следеше здравјето, благосостојбата и деловните резултати на 41 компанија кои усвоија пократко работно време минатата година. Извештајот покажа дека една година по почетокот на судењето, просечната работна недела за вработените паднала на помалку од 33 часа од 38 часа, што е чекор поблиску до целта од 32 часа што ја сочинуваат работната недела која се состои од четири осумчасовни денови. пишува Блумберг.

Истражувачите го припишуваат дополнителното намалување на часовите на компаниите кои пронаоѓаат повеќе начини да бидат ефикасни, наместо да се потпираат на зголемениот интензитет на работа. Заштедата на време дојде од закажување помалку состаноци, рационализирање на комуникацијата и создавање повеќе време за фокусирање за да се намали одвлекувањето.

Студијата сугерира дека придобивките од префрлањето на четиридневна недела може да опстојат и да станат посилни со текот на времето, наместо да исчезнат.

„Загриженоста што често ја слушаме е дека нема шанси нашите пробни резултати да издржат, бидејќи новитетот на крајот мора да помине, но еве сме една година подоцна со придобивките кои само растат“, рече Дејл Велехан, извршен директор на 4 Day Week Global.

„Ова е многу ветувачко за одржливоста на овој модел“, додаде тој.

Резултатите за физичкото и менталното здравје на вработените останаа стабилни во текот на годината, додека рамнотежата помеѓу работата и животот продолжи да се подобрува.

„Ова сугерира дека позитивните ефекти на четиридневната недела врз задоволството од животот може да бидат подлабоко вградени во општата благосостојба на поединците отколку само задоволството од работата“, напиша во извештајот водечкиот истражувач Џулиет Шор, професор на Бостонскиот колеџ.

Скратениот распоред ја зголеми способноста на компаниите да вработуваат и задржуваат персонал, а речиси една третина од вработените кои рекоа дека сериозно размислуваат да заминат сега изјавија дека имаат помала веројатност да го сторат тоа.

На прашањето колку ќе треба да им се плати за да се вратат на работа пет дена, речиси половина одговориле дека ќе им треба значително покачување за да го разгледаат тоа, додека околу еден од десет вработени одговориле дека нема да бидат доволни парите.

Ниту една од компаниите не изрази желба да се врати на вообичаениот распоред од понеделник до петок.

The post Скратена работна недела: Резултатите одлични – вработените задржани appeared first on Република.

]]>

Четиридневната работна недела е добра за здравјето на вработените. Една година по започнувањето на пилот-програмата на четиридневната работна недела во компаниите во Соединетите Американски Држави и Канада, забележани се одлични резултати како од вработените, така и од раководството на компаниите кои учествуваа во проектот. Новата студија наречена 4 Day Week Global, непрофитна организација која ја координираше студијата, го следеше здравјето, благосостојбата и деловните резултати на 41 компанија кои усвоија пократко работно време минатата година. Извештајот покажа дека една година по почетокот на судењето, просечната работна недела за вработените паднала на помалку од 33 часа од 38 часа, што е чекор поблиску до целта од 32 часа што ја сочинуваат работната недела која се состои од четири осумчасовни денови. пишува Блумберг. Истражувачите го припишуваат дополнителното намалување на часовите на компаниите кои пронаоѓаат повеќе начини да бидат ефикасни, наместо да се потпираат на зголемениот интензитет на работа. Заштедата на време дојде од закажување помалку состаноци, рационализирање на комуникацијата и создавање повеќе време за фокусирање за да се намали одвлекувањето. Студијата сугерира дека придобивките од префрлањето на четиридневна недела може да опстојат и да станат посилни со текот на времето, наместо да исчезнат.
„Загриженоста што често ја слушаме е дека нема шанси нашите пробни резултати да издржат, бидејќи новитетот на крајот мора да помине, но еве сме една година подоцна со придобивките кои само растат“, рече Дејл Велехан, извршен директор на 4 Day Week Global. „Ова е многу ветувачко за одржливоста на овој модел“, додаде тој.
Резултатите за физичкото и менталното здравје на вработените останаа стабилни во текот на годината, додека рамнотежата помеѓу работата и животот продолжи да се подобрува.
„Ова сугерира дека позитивните ефекти на четиридневната недела врз задоволството од животот може да бидат подлабоко вградени во општата благосостојба на поединците отколку само задоволството од работата“, напиша во извештајот водечкиот истражувач Џулиет Шор, професор на Бостонскиот колеџ.
Скратениот распоред ја зголеми способноста на компаниите да вработуваат и задржуваат персонал, а речиси една третина од вработените кои рекоа дека сериозно размислуваат да заминат сега изјавија дека имаат помала веројатност да го сторат тоа. На прашањето колку ќе треба да им се плати за да се вратат на работа пет дена, речиси половина одговориле дека ќе им треба значително покачување за да го разгледаат тоа, додека околу еден од десет вработени одговориле дека нема да бидат доволни парите. Ниту една од компаниите не изрази желба да се врати на вообичаениот распоред од понеделник до петок.

The post Скратена работна недела: Резултатите одлични – вработените задржани appeared first on Република.

]]>
ССМ: Ги повикуваме пратениците на разум, не смее да се дозволи 72 часа работно време https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-gi-povikuvame-pratenitsite-na-razum-ne-smee-da-se-dozvoli-72-chasa-rabotno-vreme/ Wed, 17 May 2023 10:36:10 +0000 https://republika.mk/?p=641709

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат.

Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ.

Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи.

Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ.

Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.

The post ССМ: Ги повикуваме пратениците на разум, не смее да се дозволи 72 часа работно време appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат. Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ. Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи. Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ. Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.

The post ССМ: Ги повикуваме пратениците на разум, не смее да се дозволи 72 часа работно време appeared first on Република.

]]>
Не се воведува работна недела од 60 часа, туку се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, тврди Битиќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-se-voveduva-rabotna-nedela-od-60-chasa-tuku-se-doureduvaat-dopolnitelnite-chasovi-vo-rabotnata-nedela-od-40-chasa-tvrdi-bitiki/ Fri, 21 Apr 2023 08:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=632648

Со новото законско решение за работните односи се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, а не се воведува работна недела од 60 часа, тврди вицепремеирот Фатмир Битиќи. Тој вели дека никаде не пишува дека законското решение уредува работна недела од 60 работни часа.

Тоа се 40 работни часа, со можност за прекувремени часови. Не го бараме за да биде универзално за сите, туку за инвестиции од стратешки карактер, и работникот доколку се согласи. Во сегашното решенија го има, но не е доречено. Заислете работникот работи осум часа, се асфалтира и на осмиот час велат ни заврши работното време. Затоа сакаме да го смениме законското решение, вели Битиќи.

The post Не се воведува работна недела од 60 часа, туку се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, тврди Битиќи appeared first on Република.

Четиридневната работна недела има голем број предности луѓето, но и за зачувување на планетата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chetiridnevnata-rabotna-nedela-ima-golem-broj-prednosti-lugeto-no-i-za-zachuvuvane-na-planetata/ Sat, 25 Feb 2023 10:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=613031

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување, се вели во анализа што ја објавува „Би-Би-Си“.

Во 2011 година, Сајмон Арсел и другите тројца ко-основачи на тогаш младата консултантска компанија за животна средина Тајлер Гранџ во Обединетото Кралство одлучија на сите свои вработени да им дадат еден слободен ден месечно под услов да работат волонтерска работа надвор од компанијата.

Откриле дека многу од нивните нови вработени веќе го посветуваат слободното време на волонтирање, помагајќи им на организациите за зачувување на дивиот свет.

Нашите екологисти отсекогаш сакале да бидат екологисти“, вели Арсел.

Минатата година „Тајлер Гранџ“ го презеде она што некои би го нарекле многу порадикален чекор во корист на благосостојбата на своите вработени, воведувајќи четиридневна работна недела за сите вработени.

Компанијата учествуваше во најголемиот светски експеримент „четири дена неделно“, кој се одржа во ОК од јуни до декември 2022 година. Целта на испитувањето беше да се процени дали компаниите можат да ја одржат продуктивноста со намалени работни часови – и што е најважно , без намалувања на платите на работниците.

А климата?

Менаџерите и вработените во „Тајлер Гранџ“ со ентузијазам ја поздравија промената, а нивните резултати покажаа дека дневната продуктивност се зголемила за 22%. Но, Арсел сакаше да процени уште една работа: влијанието на четиридневната работна недела врз јаглеродниот отпечаток на компанијата.

И четиридневната недела се покажа како неверојатно добра и во тоа. Во просек бележивме 21% намалување на бројот на поминати километри со автомобил, вели тој за Би-Би-Си.

„Тајлер Гранџ“ исто така ги прекина состаноците и патувањата кои се сметаа за непотребни.

Тестирања низ целиот свет

Дебатата околу четиридневната работна недела се засилува ширум светот. Непрофитната организација која го координираше тестот во Обединетото Кралство, „4 Day Week Global“, имаше пилот тестирања и во САД и Ирска, а компании во Исланд, Шпанија, Шведска, Белгија, Јапонија и Нов Зеланд исто така испробаа пократки работни недели.

Но, истражувањето во Обединетото Кралство беше најголемо досега, во кое беа вклучени повеќе од 60 компании и организации. Резултатите беа објавени на 21 февруари, а некои од компаниите почнуваат отворено да го артикулираат она што го сугерираа претходните студии: пократка работна недела може да и помогне на планетата.

Џулиет Шор, економист и социолог на Бостонскиот колеџ и водечки истражувач на „4 Day Week Global“, која беше вклучена и во експериментите во Обединетото Кралство и во САД, тврди дека скратувањето на работната недела е важен фактор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.

Иако климатските придобивки се најтешкиот параметар за квантификација, многу студии покажуваат дека со текот на времето, како што земјите го намалуваат работното време, се намалуваат и емисиите на јаглерод диоксид“, вели Шор.

Намалувањето на работното време за 10% е поврзано со намалувањето на јаглеродниот отпечаток за 8,6%, според студијата од 2012 чиј коавтор е Шор.

Помалку часови во патувања

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување. Податоците од истражувањето во Обединетото Кралство покажуваат намалување на времето за патување за 10%, од 3,5 часа на 3,15 часа неделно. Во американскиот експеримент од 2022 година, намалувањето беше уште поголемо, од 3,56 на 2,59 часа неделно (пад од 27%).

И во Обединетото Кралство и во САД откриле дека многумина го користеле времето што го заштедувале на активности со ниска емисија на ЦО2, како што се пешачење или хоби дома. Податоците од Британија, исто така, забележаа дека „смената“ во пократка работна недела доведе до поеколошки активности: учесниците поминуваа повеќе време волонтирајќи за еколошки причини и беа повнимателни за рециклирање и купување зелени производи.

Кога луѓето работат помалку, тие имаат повеќе слободно време за одржливи активности“, забележува Стефани Џеролд, истражувач на Технолошкиот универзитет во Бранденбург во Германија, која не била вклучена во испитувања во ОК и во САД, но има развиено различни модели за намалување на работното време имплементирано од австриски компании.

Интернет сообраќајот (исто така) паѓа

Неочекуван резултат што го забележаа во „Тајлер Гранџ“ беше дека емисиите на јаглерод диоксид поврзани со испраќањето и складирањето податоци исто така беа значително намалени. Секој од големите центри за податоци може да троши количество електрична енергија како 50.000 домови.

Недостатокот на [онлајн] деловен сообраќај во петок може да има значително влијание врз емисиите, потенцијално уште позначајно од намалувањето на патувањето“, вели Арсел.

Загриженост

Меѓу речиси сите компании кои учествуваа во британскиот експеримент, „пресудата“ беше позитивна: пократката работна недела е од корист за бизнисот и животната средина. Но, некои експерти забележуваат дека намалувањето на работното време може да биде придружено со други, индиректни ризици за животната средина.

На нивниот дополнителен слободен ден, вработените не мора да се вклучат во „зелено“ однесување. Некои би можеле да се качат во авион за да го прослават својот платен петок во странство.

Тридневен викенд може да доведе до поголема потрошувачка на стоки и услуги со висок јаглероден отпечаток. Ако на крајот земете авион или се возите сто километри од забава" тоа нема да помогне во борбата против климатските промени и кризи, вели Анупам Нанда, професор по урбана економија на Универзитетот во Манчестер.

Ниту во Обединетото Кралство ниту во САД не е целосно пресметан јаглеродниот отпечаток од потенцијалните дополнителни активности на дополнителниот слободен ден. Филип Фреј, истражувач во Институтот за технолошка проценка и системска анализа во Карлсруе, Германија, и автор на книгата „Еколошките граници на работа“, вели дека ја разбира загриженоста за потенцијалните дополнителни емисии од активности вон слободно време, но забележува дека оваа претпоставка се чини дека во моментов не е потврдена.

Фреј дури цитира студија која покажува дека луѓето во Северна Америка и Европа оставаат помал јаглероден отпечаток во деновите од викендот. Но, емисиите за време на викендите не се намалуваат во Источна Азија.

Севкупно, неделните емисии во Cеверна Америка и Европа беа 40% под просекот, додека емисиите во недела беа скоро 20% над просекот.

Податоците од американската Управа за енергетски информации, исто така, покажуваат дека луѓето во САД согоруваат речиси 10% помалку фосилни горива за време на викендите отколку во работните денови. Поради оваа причина, Фреј проценува дека дополнителен слободен ден во текот на неделата може да ги намали емисиите од согорувањето на фосилните горива.

Дополнителните податоци, исто така, изгледаат релативно смирувачки. Бројот на домашните рекреативни патувања направени од работниците кои учествуваат во истражувањето во ОК се намали за 5,5%, додека речиси и да нема промена во бројот на меѓународни летови заради рекреација. Меѓутоа, американска студија не открила промена во домашните рекреативни патувања, додека меѓународното патување се зголемило повеќе од двојно, но нивната фреквенција пред „експериментот“ била мала.

Сепак, и покрај зголемениот број на истражувања, остануваат премалку податоци за целосно да се разбере какво би било влијанието врз климата со преоѓање на четиридневна работна недела.

Можеби ќе биде тешко прецизно да се измерат некои од климатските придобивки поради други фактори кои имаат влијание. Во 2022 година, на пример, цените на енергијата пораснаа, што го отежнуваше анализирањето на влијанието што четиридневната недела го има врз какви било намалувања во потрошувачката на енергија на компаниите.

Во секој случај, загриженоста за животната средина не е главниот двигател за многу од фирмите вклучени во истражувањата. Затоа, влијанието врз климата не беше истакнато толку многу во споредба со социјалните и економските ефекти како што се рамнотежата помеѓу работата, приватниот живот и продуктивноста.

Понекогаш, компаниите едноставно не се свесни дека може да има некакви придобивки за климата.

Запознав многу малку компании кои навистина размислуваа за четиридневната недела како нешто што ќе има позитивно влијание врз животната средина“, вели Арсел.

Работодавците едноставно имаат други приоритети. Потребни се повеќе истражувања за да се добијат точни податоци. Понекогаш, на работодавците им треба само мал притисок, и тука стапува на сцена владината акција. „Потребна е политичка акција за да се поттикне толку голема промена. Националните влади мора да го покажат патот“, вели Фреј. Шпанската влада неодамна потврди дека ќе им плати до 150.000 евра на малите и средни претпријатија кои ќе ја тестираат четиридневната недела.

Поддршката од владите би можела да се материјализира и на други начини, вели Фреј, како што е намалувањето со закон на максималната граница на работното време или самите да дејствуваат како пионери.

Јавниот сектор е еден од најголемите работодавачи во сите европски земји. Ако понуди четиридневна недела, приватните компании ќе мора да останат конкурентни за да привлечат вработени, вели тој.

Сепак, колку повеќе компании самите ќе се впуштат во оваа територија, толку повеќе владите ќе бидат притиснати да дејствуваат.

Овие пилот-програми се навистина важни за да се поттикне политичката агенда, особено ако климатските придобивки влегуваат во разговорот“, вели Џеролд.

Четиридневната недела, исто така, има предност во однос на многу други климатски решенија: таа не се сфаќа како жртва.

Пократка работна недела без загуба во платата е радосна работа. Тоа е нешто што сите го сакаме“, истакнува Џеролд.

Извор: „Би-Би-Си“

The post Четиридневната работна недела има голем број предности луѓето, но и за зачувување на планетата appeared first on Република.

]]>

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување, се вели во анализа што ја објавува „Би-Би-Си“. Во 2011 година, Сајмон Арсел и другите тројца ко-основачи на тогаш младата консултантска компанија за животна средина Тајлер Гранџ во Обединетото Кралство одлучија на сите свои вработени да им дадат еден слободен ден месечно под услов да работат волонтерска работа надвор од компанијата. Откриле дека многу од нивните нови вработени веќе го посветуваат слободното време на волонтирање, помагајќи им на организациите за зачувување на дивиот свет.
Нашите екологисти отсекогаш сакале да бидат екологисти“, вели Арсел.
Минатата година „Тајлер Гранџ“ го презеде она што некои би го нарекле многу порадикален чекор во корист на благосостојбата на своите вработени, воведувајќи четиридневна работна недела за сите вработени. Компанијата учествуваше во најголемиот светски експеримент „четири дена неделно“, кој се одржа во ОК од јуни до декември 2022 година. Целта на испитувањето беше да се процени дали компаниите можат да ја одржат продуктивноста со намалени работни часови – и што е најважно , без намалувања на платите на работниците.

А климата?

Менаџерите и вработените во „Тајлер Гранџ“ со ентузијазам ја поздравија промената, а нивните резултати покажаа дека дневната продуктивност се зголемила за 22%. Но, Арсел сакаше да процени уште една работа: влијанието на четиридневната работна недела врз јаглеродниот отпечаток на компанијата.
И четиридневната недела се покажа како неверојатно добра и во тоа. Во просек бележивме 21% намалување на бројот на поминати километри со автомобил, вели тој за Би-Би-Си.
„Тајлер Гранџ“ исто така ги прекина состаноците и патувањата кои се сметаа за непотребни.

Тестирања низ целиот свет

Дебатата околу четиридневната работна недела се засилува ширум светот. Непрофитната организација која го координираше тестот во Обединетото Кралство, „4 Day Week Global“, имаше пилот тестирања и во САД и Ирска, а компании во Исланд, Шпанија, Шведска, Белгија, Јапонија и Нов Зеланд исто така испробаа пократки работни недели. Но, истражувањето во Обединетото Кралство беше најголемо досега, во кое беа вклучени повеќе од 60 компании и организации. Резултатите беа објавени на 21 февруари, а некои од компаниите почнуваат отворено да го артикулираат она што го сугерираа претходните студии: пократка работна недела може да и помогне на планетата. Џулиет Шор, економист и социолог на Бостонскиот колеџ и водечки истражувач на „4 Day Week Global“, која беше вклучена и во експериментите во Обединетото Кралство и во САД, тврди дека скратувањето на работната недела е важен фактор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.
Иако климатските придобивки се најтешкиот параметар за квантификација, многу студии покажуваат дека со текот на времето, како што земјите го намалуваат работното време, се намалуваат и емисиите на јаглерод диоксид“, вели Шор.
Намалувањето на работното време за 10% е поврзано со намалувањето на јаглеродниот отпечаток за 8,6%, според студијата од 2012 чиј коавтор е Шор.

Помалку часови во патувања

Еден од најважните фактори кои придонесуваат за климатските придобивки од четиридневната работна недела е намалувањето на неопходното патување. Податоците од истражувањето во Обединетото Кралство покажуваат намалување на времето за патување за 10%, од 3,5 часа на 3,15 часа неделно. Во американскиот експеримент од 2022 година, намалувањето беше уште поголемо, од 3,56 на 2,59 часа неделно (пад од 27%). И во Обединетото Кралство и во САД откриле дека многумина го користеле времето што го заштедувале на активности со ниска емисија на ЦО2, како што се пешачење или хоби дома. Податоците од Британија, исто така, забележаа дека „смената“ во пократка работна недела доведе до поеколошки активности: учесниците поминуваа повеќе време волонтирајќи за еколошки причини и беа повнимателни за рециклирање и купување зелени производи.
Кога луѓето работат помалку, тие имаат повеќе слободно време за одржливи активности“, забележува Стефани Џеролд, истражувач на Технолошкиот универзитет во Бранденбург во Германија, која не била вклучена во испитувања во ОК и во САД, но има развиено различни модели за намалување на работното време имплементирано од австриски компании.

Интернет сообраќајот (исто така) паѓа

Неочекуван резултат што го забележаа во „Тајлер Гранџ“ беше дека емисиите на јаглерод диоксид поврзани со испраќањето и складирањето податоци исто така беа значително намалени. Секој од големите центри за податоци може да троши количество електрична енергија како 50.000 домови.
Недостатокот на [онлајн] деловен сообраќај во петок може да има значително влијание врз емисиите, потенцијално уште позначајно од намалувањето на патувањето“, вели Арсел.

Загриженост

Меѓу речиси сите компании кои учествуваа во британскиот експеримент, „пресудата“ беше позитивна: пократката работна недела е од корист за бизнисот и животната средина. Но, некои експерти забележуваат дека намалувањето на работното време може да биде придружено со други, индиректни ризици за животната средина. На нивниот дополнителен слободен ден, вработените не мора да се вклучат во „зелено“ однесување. Некои би можеле да се качат во авион за да го прослават својот платен петок во странство.
Тридневен викенд може да доведе до поголема потрошувачка на стоки и услуги со висок јаглероден отпечаток. Ако на крајот земете авион или се возите сто километри од забава" тоа нема да помогне во борбата против климатските промени и кризи, вели Анупам Нанда, професор по урбана економија на Универзитетот во Манчестер.
Ниту во Обединетото Кралство ниту во САД не е целосно пресметан јаглеродниот отпечаток од потенцијалните дополнителни активности на дополнителниот слободен ден. Филип Фреј, истражувач во Институтот за технолошка проценка и системска анализа во Карлсруе, Германија, и автор на книгата „Еколошките граници на работа“, вели дека ја разбира загриженоста за потенцијалните дополнителни емисии од активности вон слободно време, но забележува дека оваа претпоставка се чини дека во моментов не е потврдена. Фреј дури цитира студија која покажува дека луѓето во Северна Америка и Европа оставаат помал јаглероден отпечаток во деновите од викендот. Но, емисиите за време на викендите не се намалуваат во Источна Азија. Севкупно, неделните емисии во Cеверна Америка и Европа беа 40% под просекот, додека емисиите во недела беа скоро 20% над просекот. Податоците од американската Управа за енергетски информации, исто така, покажуваат дека луѓето во САД согоруваат речиси 10% помалку фосилни горива за време на викендите отколку во работните денови. Поради оваа причина, Фреј проценува дека дополнителен слободен ден во текот на неделата може да ги намали емисиите од согорувањето на фосилните горива. Дополнителните податоци, исто така, изгледаат релативно смирувачки. Бројот на домашните рекреативни патувања направени од работниците кои учествуваат во истражувањето во ОК се намали за 5,5%, додека речиси и да нема промена во бројот на меѓународни летови заради рекреација. Меѓутоа, американска студија не открила промена во домашните рекреативни патувања, додека меѓународното патување се зголемило повеќе од двојно, но нивната фреквенција пред „експериментот“ била мала. Сепак, и покрај зголемениот број на истражувања, остануваат премалку податоци за целосно да се разбере какво би било влијанието врз климата со преоѓање на четиридневна работна недела. Можеби ќе биде тешко прецизно да се измерат некои од климатските придобивки поради други фактори кои имаат влијание. Во 2022 година, на пример, цените на енергијата пораснаа, што го отежнуваше анализирањето на влијанието што четиридневната недела го има врз какви било намалувања во потрошувачката на енергија на компаниите. Во секој случај, загриженоста за животната средина не е главниот двигател за многу од фирмите вклучени во истражувањата. Затоа, влијанието врз климата не беше истакнато толку многу во споредба со социјалните и економските ефекти како што се рамнотежата помеѓу работата, приватниот живот и продуктивноста. Понекогаш, компаниите едноставно не се свесни дека може да има некакви придобивки за климата.
Запознав многу малку компании кои навистина размислуваа за четиридневната недела како нешто што ќе има позитивно влијание врз животната средина“, вели Арсел.
Работодавците едноставно имаат други приоритети. Потребни се повеќе истражувања за да се добијат точни податоци. Понекогаш, на работодавците им треба само мал притисок, и тука стапува на сцена владината акција. „Потребна е политичка акција за да се поттикне толку голема промена. Националните влади мора да го покажат патот“, вели Фреј. Шпанската влада неодамна потврди дека ќе им плати до 150.000 евра на малите и средни претпријатија кои ќе ја тестираат четиридневната недела. Поддршката од владите би можела да се материјализира и на други начини, вели Фреј, како што е намалувањето со закон на максималната граница на работното време или самите да дејствуваат како пионери.
Јавниот сектор е еден од најголемите работодавачи во сите европски земји. Ако понуди четиридневна недела, приватните компании ќе мора да останат конкурентни за да привлечат вработени, вели тој.
Сепак, колку повеќе компании самите ќе се впуштат во оваа територија, толку повеќе владите ќе бидат притиснати да дејствуваат.
Овие пилот-програми се навистина важни за да се поттикне политичката агенда, особено ако климатските придобивки влегуваат во разговорот“, вели Џеролд.
Четиридневната недела, исто така, има предност во однос на многу други климатски решенија: таа не се сфаќа како жртва.
Пократка работна недела без загуба во платата е радосна работа. Тоа е нешто што сите го сакаме“, истакнува Џеролд.
Извор: „Би-Би-Си“

The post Четиридневната работна недела има голем број предности луѓето, но и за зачувување на планетата appeared first on Република.

]]>
Шпанија размислува за намалување на работната недела и за зголемување на платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-razmisluva-za-namaluvanje-na-rabotnata-nedela-i-za-zgolemuvanje-na-platite/ Wed, 28 Sep 2022 17:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=555314

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми.

Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите.

Според весникот „Ел Паис“, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Марија Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа.

Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени.

Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

The post Шпанија размислува за намалување на работната недела и за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми. Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа ставот на неговиот синдикат дека очекува договор за зголемување на платите. Според весникот „Ел Паис“, заедно со зголемувањето на платите, Министерството предводено од Марија Хесус Монтеро има намера да понуди можност за намалување на работната недела на јавните службеници на 35 часа. Од Министерството за финансии не сакаа да ги потврдат бројките што ќе ги понудат бидејќи преговорите се отворени. Илјадници вработени во јавната администрација излегоа на улиците во Мадрид на 24 септември, барајќи од шпанската Влада „фер“ зголемување на платите и „ефективни“ економски мерки за да се помогне во борбата против растечките цени.

The post Шпанија размислува за намалување на работната недела и за зголемување на платите appeared first on Република.

]]>
Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-ogromen-eksperiment-rabota-4-dena-vo-nedelata-za-ista-plata/ Tue, 07 Jun 2022 09:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=512088

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Гардијан“.

Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.

Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг….

Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот, објаснува таа.

Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела.

„Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.

The post Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.
Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Гардијан“.
Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност. Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.
Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност, рече тој.
Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг…. Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост. Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска. Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.
Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот, објаснува таа.
Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата. Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела. „Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.  

The post Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата appeared first on Република.

]]>
Работната недела во Белгија ќе биде четири дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rabotnata-nedela-vo-belgija-kje-bide-chetiri-dena/ Thu, 17 Feb 2022 14:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=459956

Работната недела наместо 5 треба да биде 4 дена. Ова го договорија белгиската федерална влада и здруженијата на работодавачи.

Целта е да се направи работното време пофлексибилно во контекст на пандемијата КОВИД.

Со одлука на Владата максималниот работен ден се зголемува од 8 на 10 часа. Со дозвола на синдикатите, секој вработен ќе може да избере соодветен ритам на работа – 5 дена од 8 часа или 4 дена од 10 часа.

Исто така, секој може да избере да работи помалку од една недела на сметка на следната.

The post Работната недела во Белгија ќе биде четири дена appeared first on Република.

]]>

Работната недела наместо 5 треба да биде 4 дена. Ова го договорија белгиската федерална влада и здруженијата на работодавачи. Целта е да се направи работното време пофлексибилно во контекст на пандемијата КОВИД. Со одлука на Владата максималниот работен ден се зголемува од 8 на 10 часа. Со дозвола на синдикатите, секој вработен ќе може да избере соодветен ритам на работа – 5 дена од 8 часа или 4 дена од 10 часа. Исто така, секој може да избере да работи помалку од една недела на сметка на следната.

The post Работната недела во Белгија ќе биде четири дена appeared first on Република.

]]>