работна група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-grupa/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 19:12:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работна група Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-grupa/ 32 32 Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-so-rabota-rabotnata-grupa-za-vospostavuvane-na-registar-za-nedvizhniot-imot-na-drzhavata/ Tue, 22 Oct 2024 19:26:33 +0000 https://republika.mk/?p=829997

Првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот денеска се одржа во просториите на Владата, а со него раководеше вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. На состанокот присуствуваа и главниот државен ревизор, Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија.

Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со главниот државен ревизор Ацевски им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група, пак, ја прифати задачата што им ја делегираше Владата, од каде очекуваат да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.

Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, велат од Кабинетот на Фетаи.

Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот, нагласуваат, значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.

Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба, посочуваат од Кабинетот на Фетаи.

Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, додаваат, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.

Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси, потенцираат од Кабинетот на Фетаи.

The post Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата appeared first on Република.

]]>

Првиот состанок на Работната група за изнаоѓање решенија за формирање централизирана база на податоци за недвижниот државен имот денеска се одржа во просториите на Владата, а со него раководеше вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. На состанокот присуствуваа и главниот државен ревизор, Максим Ацевски и ревизорите од Државниот завод за ревизија. Вицепремиерот Фетаи ја охрабри Работната група и заедно со главниот државен ревизор Ацевски им даде поддршка на членовите на групата за нивната работа. Работната група, пак, ја прифати задачата што им ја делегираше Владата, од каде очекуваат да има конкретно решение за воспоставување на централизиран Регистар за државен недвижен имот.
Управувањето и раководењето со државниот недвижен имот, како компоненти на нефинансиските средства на државата, се значајни бидејќи можат да придонесат за решавање на некои од приоритетните предизвици со кои се соочува и Владата. Доброто управување и раководењето на државните недвижности, од една страна, може да придонесе за намалување на трошоците за одржување, реконструкција, издавање под закуп на имотот, а од друга страна, може да биде предвидлив извор за пополнување на државниот буџет. Исто така, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста за јавните политики за ефективно и ефикасно управување со државниот имот може да придонесе за зголемување на довербата на граѓаните во институциите, велат од Кабинетот на Фетаи.
Неточната и ненавремена размена на информации меѓу различните државни институции одговорни за управување со имотот, нагласуваат, значи дека постојат значителни неефикасности и несоодветна координација во процесите на користење и одржување на имотот.
Создавањето централизирана база на податоци (Регистар) е од особено значење за Македонија. Оваа база на податоци ќе содржи информации за целиот државен недвижен имот, кои исто така ќе бидат редовно ажурирани и достапни за сите релевантни институции, со цел да се обезбеди прецизен мониторинг на состојбата на имотот и да се овозможи планирање и ефективна распределба, посочуваат од Кабинетот на Фетаи.
Централизираната база на податоци за недвижниот државен имот, додаваат, ќе овозможи точна евиденција, точни и ажурирани податоци за целиот имот, што ќе обезбеди јасен преглед и транспарентност. Ефективното планирање, информациите за имотот ќе овозможат подобро планирање и распределба на јавните ресурси.
Централизираната база на податоци ќе го намали ризикот од неовластено користење и злоупотреба на државниот имот. Лесниот пристап до точни податоци ќе овозможи брзо и ефикасно донесување одлуки и ќе ја зголеми ефикасноста на управувањето со имотот. Со имплементацијата на овие решенија, Република Македонија може значително да го подобри управувањето со државните недвижности, обезбедувајќи поголема ефективност, ефикасност и транспарентност во користењето на јавните ресурси, потенцираат од Кабинетот на Фетаи.

The post Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата appeared first on Република.

]]>
Одлука за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odluka-za-formirane-rabotna-grupa-za-iznaogane-zaednichko-reshenie-okolu-prashanata-pokrenati-od-sindikatot-na-upoz/ Tue, 03 Oct 2023 15:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=687564

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот за финансии, министерот за информатичко општество и администрација и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и претставници од Синдикатот на УПОЗ, заради изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа.

Владината одлука следува откако од страна на Министерството за правда е информирано дека на разговори со Синдикатот на УПОЗ е изразена определба од двете страни да се најде заедничко решение, со цел да не се кочи процесот на движење на предмети во судовите и јавните обвинителства.

Со денешниот владин заклучок практично е овозможено непречено функционирање на правосудниот систем, во текот на разговорите меѓу работната група и Синдикатот на УПОЗ.

The post Одлука за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за правда за изнаоѓање решение околу актуелните барања и посочени состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа. Владата одлучи во рок од седум дена да биде формирана работна група составена од министерот за правда, министерот за финансии, министерот за информатичко општество и администрација и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции и претставници од Синдикатот на УПОЗ, заради изнаоѓање решение во врска со барањата и посочените состојби од страна на судската, јавно обвинителската служба и вработените во органите на државната управа. Владината одлука следува откако од страна на Министерството за правда е информирано дека на разговори со Синдикатот на УПОЗ е изразена определба од двете страни да се најде заедничко решение, со цел да не се кочи процесот на движење на предмети во судовите и јавните обвинителства. Со денешниот владин заклучок практично е овозможено непречено функционирање на правосудниот систем, во текот на разговорите меѓу работната група и Синдикатот на УПОЗ.

The post Одлука за формирање работна група за изнаоѓање заедничко решение околу прашањата покренати од Синдикатот на УПОЗ appeared first on Република.

]]>
Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vtor-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-novi-merki-za-penzionerite/ Tue, 12 Sep 2023 10:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=681213

Работната група за нови мерки за пензионерите денеска одржува втор состанок, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Според неа, се работи интензивно  и споделени се сите материјали и анализи на ресорното Министерство и останатите институции.

Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека очекува многу бргу да се подготват предлог мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, како и нова законска одредба или нов закон за минимална пензија до крај на годинава.

-Се даде една недела да се размислува за можни мерки со коишто би се подобрил животниот стандард на пензионерите како и размислувања за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување или пак носење на посебен закон за минималната пензија. Очекуваме многу бргу да ги имаме предлог мерките со коишто би го подобриле животниот стандард на пензионерите, да креираме социјални мерки. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ја имаме и законската одредба или пак нов закон зависно од дискусиите во рамки на работната група за минималната пензија, изјави Тренчевска, по конференцијата „Фемицид во Македонија и Западен Балкан - Меѓународни стандарду и пракса на судовите“.

Првиот состанок на работната група формирана со одлука на Владата за изработка на законот за минимална пензија се одржа минатата недела.  Одлуката за формирање на Работната група беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

The post Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Работната група за нови мерки за пензионерите денеска одржува втор состанок, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Според неа, се работи интензивно  и споделени се сите материјали и анализи на ресорното Министерство и останатите институции. Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека очекува многу бргу да се подготват предлог мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, како и нова законска одредба или нов закон за минимална пензија до крај на годинава. -Се даде една недела да се размислува за можни мерки со коишто би се подобрил животниот стандард на пензионерите како и размислувања за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување или пак носење на посебен закон за минималната пензија. Очекуваме многу бргу да ги имаме предлог мерките со коишто би го подобриле животниот стандард на пензионерите, да креираме социјални мерки. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ја имаме и законската одредба или пак нов закон зависно од дискусиите во рамки на работната група за минималната пензија, изјави Тренчевска, по конференцијата „Фемицид во Македонија и Западен Балкан - Меѓународни стандарду и пракса на судовите“. Првиот состанок на работната група формирана со одлука на Владата за изработка на законот за минимална пензија се одржа минатата недела.  Одлуката за формирање на Работната група беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.
 
The post Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Работната група за минималната пензија ќе почне да работи утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnata-grupa-za-minimalnata-penzija-ke-pochne-da-raboti-utre/ Tue, 05 Sep 2023 19:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=679122

Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии ќe почне со работа утре, најави министерката за труд и социјална политикa Јованка Тренчевска.

Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, Партија на пензионери и други чинители, изјави Тренчевска во гостување на МРТВ1 и посочи дека заклучоците на работната група ќе бидат доставени до Владата која ќе донесе конечна одлука.

Секоја политика која нема да биде добра и, како што рече, ќе оди на товар на буџетот на Фондот, ќе го зголеми дефицитот на пензискиот систем.

Затоа сме насочени кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен и за овие 336 000 пензионери и за идните генерации пензионери, истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние кои живеат сами.

Пензионерите да бидат спокојни, пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, секој први во месецот, порача Тренчевска.

The post Работната група за минималната пензија ќе почне да работи утре appeared first on Република.

Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsatsa-nikolovska-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-nema-mandat-da-go-redefinira-ustavot/ Fri, 26 May 2023 10:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=644853

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.

Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“

На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.

Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ...“ би се проширил со набројување на делови на други народи.

Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

The post Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав. Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.
Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“
На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.
Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.
Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ...“ би се проширил со набројување на делови на други народи. Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

The post Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот appeared first on Република.

]]>
Работната група за уставни измени најави интензивирање на работата, ќе се состанува еднаш неделно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-najavi-intenzivirane-na-rabotata-ke-se-sostanuva-ednash-nedelno/ Sat, 20 May 2023 06:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=642853

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската Унија.

Иако Групата нема поставено конкретно рокови, сепак, како што изјави вчера нејзината претседателка „важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме за да може меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда, во која влегуваме и ние“.

Фокусот на работата ќе биде она што значи европскиот предлог и Преговарачката рамка, односно внесување на Бугарите во Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Цаца Николовска вели дека Деловникот го овозможува тоа и оти тие како група немаат неограничен мандат во однос на Уставот.

Таа вчера по завршувањето на состанокот на прашањето дали ќе се отвори темата за отстранување на „20 отсто“ од Уставот, односно во него да стои изрично албански јазик, рече дека мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот за правда, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата.

Цаца Николовска рече и дека засега не може да каже колку амандмани ќе се подготват, оти ќе се работи на Уставот во целина, односно истовремено и на преамбулата и на нормативниот дел, а одлуките во ова тело ќе се носат со мнозинство гласови.

Работната група за уставни измени конститутивната седница ја одржа на 26 април. Во неа иако поканети свои членови не предложија опозициските партии, меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ. Тие остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.

Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции. Следната седница ќе ја одржат на 26 мај.

The post Работната група за уставни измени најави интензивирање на работата, ќе се состанува еднаш неделно appeared first on Република.

]]>

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што е услов за отворање на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската Унија. Иако Групата нема поставено конкретно рокови, сепак, како што изјави вчера нејзината претседателка „важно е да се имаат предвид сите оние можности, кои треба да ги искористиме за да може меѓународната заедница да продолжи да работи согласно нивната агенда, во која влегуваме и ние“. Фокусот на работата ќе биде она што значи европскиот предлог и Преговарачката рамка, односно внесување на Бугарите во Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите во преговорите со ЕУ. Цаца Николовска вели дека Деловникот го овозможува тоа и оти тие како група немаат неограничен мандат во однос на Уставот. Таа вчера по завршувањето на состанокот на прашањето дали ќе се отвори темата за отстранување на „20 отсто“ од Уставот, односно во него да стои изрично албански јазик, рече дека мандатот на членовите на работната група не е неограничен, туку е во насока на европскиот предлог за продолжување на евроинтегративниот процес, во насока на решението на министерот за правда, кое, пак влече од заклучоците на Собранието и меѓународно преземените обврски на државата. Цаца Николовска рече и дека засега не може да каже колку амандмани ќе се подготват, оти ќе се работи на Уставот во целина, односно истовремено и на преамбулата и на нормативниот дел, а одлуките во ова тело ќе се носат со мнозинство гласови. Работната група за уставни измени конститутивната седница ја одржа на 26 април. Во неа иако поканети свои членови не предложија опозициските партии, меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ. Тие остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав. Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции. Следната седница ќе ја одржат на 26 мај.

The post Работната група за уставни измени најави интензивирање на работата, ќе се состанува еднаш неделно appeared first on Република.

]]>
Работната група брза да ги стокми уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotnata-grupa-brza-da-gi-stokmi-ustavnite-izmeni/ Thu, 11 May 2023 15:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=639810

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок.

-Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот.

Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време.

-Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да каже, има право нормално. Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите, рече Цаца Николовска.

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институци

The post Работната група брза да ги стокми уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок. -Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот. Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време.  
-Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да каже, има право нормално. Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите, рече Цаца Николовска.
Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институци

The post Работната група брза да ги стокми уставните измени appeared first on Република.

]]>
Мицевски: За исплаќањето пари од буџетот за работната група за уставни измени некој може да одговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-za-ispkakaneto-pari-od-budhetot-za-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-nekoj-mozhe-da-odgovara/ Tue, 09 May 2023 10:27:29 +0000 https://republika.mk/?p=638740

Координаротот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интервјуто за „Република“ објасни зошто не делегирале свој претставник во работната група за уставни измени и дали нивната работа е законска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-prvite-penali-od-dogovorot-so-bektel-i-enka-vladata-veke-gi-isplati/

Ние немаме мандат да разговараме за уставни измеми.Граѓаните исто така не ја поддржуваат оваа идеја.Самата работна група е форма на суптилен притисок кој треба да се пправи врз пратениците.Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават.

https://www.youtube.com/watch?v=2IQEGcBFCBw&embeds_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицевски: За исплаќањето пари од буџетот за работната група за уставни измени некој може да одговара appeared first on Република.

]]>

Координаротот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интервјуто за „Република“ објасни зошто не делегирале свој претставник во работната група за уставни измени и дали нивната работа е законска. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-prvite-penali-od-dogovorot-so-bektel-i-enka-vladata-veke-gi-isplati/
Ние немаме мандат да разговараме за уставни измеми.Граѓаните исто така не ја поддржуваат оваа идеја.Самата работна група е форма на суптилен притисок кој треба да се пправи врз пратениците.Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават.
https://www.youtube.com/watch?v=2IQEGcBFCBw&embeds_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Мицевски: За исплаќањето пари од буџетот за работната група за уставни измени некој може да одговара appeared first on Република.

]]>
Иако немаат 80 пратеници за отворање на Уставот, партиите и т.н експерти почнаа со работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iako-nemaat-80-pratenitsi-za-otvorane-na-ustavot-partiite-i-t-n-eksperti-pochnaa-so-rabota/ Thu, 27 Apr 2023 06:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=634441

Конститутивна седница одржа вчера работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија. Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.

Членовите вчера едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Од редовите на СДСМ во групата е Цветанка Иванова, Арбр Адеми е од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Grupi punues për përgatitjen e propozim-iniciativës për nevojën për ndryshime të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut sot mbajti seancë konstituive.

Од институциите Александар Спасов е од Кабинетот на претседателот, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Од редот на експертите во групата членуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја.

Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ и покрај повиците од власта, одбиваат да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.

The post Иако немаат 80 пратеници за отворање на Уставот, партиите и т.н експерти почнаа со работа appeared first on Република.

Се одржа конститутивна седница на работната група за уставните измени, Маргарита Цаца Николовска избрана за претседателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-odrzha-konstitutivna-sednitsa-na-rabotnata-grupa-za-ustavnite-izmeni/ Wed, 26 Apr 2023 12:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=634307

Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Македонија одржа констититутивна седница.  Членовите едногласно ги избраа  претседателот и заменик претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател на работната група избрана е Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани ,поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Предлагач на уставните измени е Владата која го задолжи Министерството за правда да формира  работната група .  Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Македонија. По изготвувањето предлогот  ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група има 23 членови од кои 10 се од редот на експертите, 10 се предлози на политички партии и 3 членови се од институции, Кабинет на претседател на РСМ,МНР и СЕП .

Министерот за правда Кренар Лога и заменичката на министерот за правда Викторија  Аврамовска Мадиќ им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ.

The post Се одржа конститутивна седница на работната група за уставните измени, Маргарита Цаца Николовска избрана за претседателка appeared first on Република.

Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sreda-ili-vo-chetvrtok-ke-zapochne-so-rabota-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ Sun, 23 Apr 2023 19:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=633357

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда.

Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.

Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Работната група за уставни измени се очекува в среда или во четврток да ја одржи првата седница. Ова за МИА го потврдиле од Министерството за правда. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја. Партиите за членови во Работната група за уставни измени ги предложија Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците. Од институциите предложени се Александар Спасов од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи. Списокот на Работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Работното тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

The post Во среда или во четврток ќе започне со работа работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kade-odi-kovachevski-simpatizer-na-putin-sega-ke-pishuva-ustavni-amandmani-vo-rabotnata-grupa-koja-toj-ja-formira/ Sun, 23 Apr 2023 08:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=633151

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека симпатизерка на рускиот претседател, Владимир Путин, е членка на работната група за уставни измени.

Во продолжение реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира.

Меѓу членовите на работната група, на таканаречени експерти, кои ги демаскиравме и презентиравме дека станува збор за пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДС и ДУИ уставни измени ќе прави и Јагода Митревска симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија.

Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи и истата ја испраќаме во прилог на ова соопштение.

Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-ke-gi-pishuva-ustavnite-izmeni-sestrata-na-teuta-arifi-tatkoto-na-poraneshniot-gradonachalnik-na-gorche-petrov-dezhurni-poddrzhuvachi-na-sdsm-vo-debatni-emisii/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека симпатизерка на рускиот претседател, Владимир Путин, е членка на работната група за уставни измени. Во продолжение реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира. Меѓу членовите на работната група, на таканаречени експерти, кои ги демаскиравме и презентиравме дека станува збор за пензионери роднини на партиски функционери и луѓе блиски до СДС и ДУИ уставни измени ќе прави и Јагода Митревска симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија. Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи и истата ја испраќаме во прилог на ова соопштение. Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции“. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-ke-gi-pishuva-ustavnite-izmeni-sestrata-na-teuta-arifi-tatkoto-na-poraneshniot-gradonachalnik-na-gorche-petrov-dezhurni-poddrzhuvachi-na-sdsm-vo-debatni-emisii/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Каде оди Ковачевски? Симпатизер на Путин сега ќе пишува уставни амандмани во работната група, која тој ја формира appeared first on Република.

]]>
Ќе има одговорност за работната група за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-odgovornost-za-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ Thu, 20 Apr 2023 11:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=632438

Немам што да додадам за семејните стебла во ДУИ и СДСМ. Се срамам од нивниот срам, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на таканаречениот експертски тим кој ќе биде дел од работната група за уставните измени.

Претседателот Мицкоски потенцираше дека очекува да има одговорност од работната група, бидејќи ќе земаат само хонорар од народот, а нема да сработат ништо, повторувајќи го ставот на партијата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи отворање на уставот.

Очекувам одговорност бидејќи кога ќе дојде првиот чекор во парламентот а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата на отворање на Уставот да не успее. И тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала, и потоа кривична одговорност за оние кои ќе земат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е без предметна. Така што го повикувам Ковачевски да не биде кукавица, веднаш да ја достави иницијативата до парламентот и пратениците во парламентот да го дадат својот став по тоа прашање. Јас само можам исто така тоа што го кажа претседателот на СПМ дека коалицијата за Обнова на Македонија која што во парламентот брои 44 пратеника нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот, рече тој.

The post Ќе има одговорност за работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Немам што да додадам за семејните стебла во ДУИ и СДСМ. Се срамам од нивниот срам, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на таканаречениот експертски тим кој ќе биде дел од работната група за уставните измени. Претседателот Мицкоски потенцираше дека очекува да има одговорност од работната група, бидејќи ќе земаат само хонорар од народот, а нема да сработат ништо, повторувајќи го ставот на партијата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи отворање на уставот.
Очекувам одговорност бидејќи кога ќе дојде првиот чекор во парламентот а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата на отворање на Уставот да не успее. И тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала, и потоа кривична одговорност за оние кои ќе земат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е без предметна. Така што го повикувам Ковачевски да не биде кукавица, веднаш да ја достави иницијативата до парламентот и пратениците во парламентот да го дадат својот став по тоа прашање. Јас само можам исто така тоа што го кажа претседателот на СПМ дека коалицијата за Обнова на Македонија која што во парламентот брои 44 пратеника нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот, рече тој.

The post Ќе има одговорност за работната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Цаца Николовска, Положани, Мурати, Наумовски: Објавен составот на експертската работна група за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsatsa-nikolovska-polozhani-murati-naumovski-objaven-sostavot-na-ekspertskata-rabotna-grupa-za-ustavni-izmeni/ Wed, 19 Apr 2023 15:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=632172

Министерството за правда ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени.

Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја.

Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, наваедуваат од Министерството за правда.

The post Цаца Николовска, Положани, Мурати, Наумовски: Објавен составот на експертската работна група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати - поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска - поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани - поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски - поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати - професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи - професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска - професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска - професор на Институт за национална историја. Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.
Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови, наваедуваат од Министерството за правда.

The post Цаца Николовска, Положани, Мурати, Наумовски: Објавен составот на експертската работна група за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Претседател Александар Новаковски: Формирана нова работна група, овој пат за изборно законодавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatel-aleksandar-novakovski-formirana-nova-rabotna-grupa-ovoj-pat-za-izborno-zakonodavstvo/ Wed, 19 Apr 2023 05:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=631909

 Формирана е работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик, соопшти денеска Министерството за правда.

Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

- Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

The post Претседател Александар Новаковски: Формирана нова работна група, овој пат за изборно законодавство appeared first on Република.

Деновиве ќе се знаат имињата на експертите на неуставната група за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denovive-ke-se-znaat-iminata-na-ekspertite-na-neustavnata-grupa-za-ustavni-izmeni/ Tue, 18 Apr 2023 06:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=631588

Министерството за правда се очекува оваа недела да ги објави имињата на експертите кои ќе бидат дел од работната група за уставни измени, откако минатата недела беа објавени имињата на претставниците на политичките партии и институции кои ќе бидат дел од ова тело. Работната група, пак, се очекува да се состане при што ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот изјави дека Бугарите во македонскиот Устав можат да бидат впишани единствено како дел од бугарскиот народ и никако поинаку, отфрлувајќи ја можноста формулацијата „македонски Бугари“ да влезе во Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави имињата на експертите од академската фела кои се занимавале со уставна проблематика во пракса.

Во однос на барањето на Македонците - муслимани да влезат во Уставот, премиерот рече дека тоа исто така ќе биде работа на комисијата, бидејќи не се работи само за едно барање, туку за повеќе барања.

The post Деновиве ќе се знаат имињата на експертите на неуставната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда се очекува оваа недела да ги објави имињата на експертите кои ќе бидат дел од работната група за уставни измени, откако минатата недела беа објавени имињата на претставниците на политичките партии и институции кои ќе бидат дел од ова тело. Работната група, пак, се очекува да се состане при што ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот изјави дека Бугарите во македонскиот Устав можат да бидат впишани единствено како дел од бугарскиот народ и никако поинаку, отфрлувајќи ја можноста формулацијата „македонски Бугари“ да влезе во Уставот. Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави имињата на експертите од академската фела кои се занимавале со уставна проблематика во пракса. Во однос на барањето на Македонците - муслимани да влезат во Уставот, премиерот рече дека тоа исто така ќе биде работа на комисијата, бидејќи не се работи само за едно барање, туку за повеќе барања.  

The post Деновиве ќе се знаат имињата на експертите на неуставната група за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ostvari-sredba-so-koordinatorite-na-pratenichkite-grupi/ Tue, 11 Apr 2023 11:35:17 +0000 https://republika.mk/?p=629806

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата помина во конструктивна атмосфера. Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и  иницијативата за нов Изборен законик.

Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите  за нивно побрзо  усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период, а соработката со пратениците да се интензивира.

The post Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи appeared first on Република.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени, власта сака да го политизира процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-nema-da-uchestvuva-vo-rabotnata-grupa-za-ustavnite-izmeni-vlasta-saka-da-go-politizira-protsesot/ Sat, 08 Apr 2023 11:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=628668

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот.

По повикот што вчера повторно го упати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ до ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот и во рамки на работната група да ги кажат ставовите Мицкоски рече дека повеќе нема да се занимава со тоа прашање.

-Нема да учествуваме во работната група, тоа сме го кажале многу пати во минатото, ги кажавме и причините затоа што работата на оваа работна група сега во оваа фаза е тотално беспредметна. И врвни правни експерти го коментиарат тоа, дека овој прв чекор е практично утврдување на потреба за отворање на Уставот и доколку има две третини тогаш веќе се формира Уставна комисија, па се разгледуваат амандамни, се драфтираат, итн... Сега е тотално беспредметно, сакаат да го политизираат процесот. Еве уште еднаш јавно го кажувам ставот, и повеќе нема да се занимавам со тоа прашање, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работатата на Комисијата која ја формира Министерството за правда а има цел да работи на амандманите кои се потребни за уставните измени, рече Мицкоски,  на новинарско прашање при посетата на Булачани.

Коментирајќи го отфрлањето од власта предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени според хрватскиот модел, Мицкоски  рече дека иако за тој модел претходно зборувале премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи, претставници на меѓународната заедница, сега од Владата ретерираат.

-Свесни дека може да трпиме политичка штета излеговме во јавноста и кажавме во ред, го прифаќаме хрватскиот модел и истиот тој модел да го примениме за нашиот Устав, но сега од страна на Владата имаме ретерирање, односно чекор назад, рече Мицкоски.

Владејачките партии, како што рече, на следните парламентарни и претседателски избори, ќе доживеат дебакл, исто како на локалните.

-На следните парламентарни избори ќе изгубат најмалку 3 наспроти 1, рече Мицкоски, критикувајќи ги и теренските посети на СДСМ и на ДУИ.

Владата, премиерот Ковачевски и другите политичари  од власта, од страна на граѓаните се оценети како што рече, „како лажливци и ќе бидат казнети на следните парламентарни и претседателски избори, како и да сакаат да ги организираат“.

- Ако мислат дури и да ги раздвојат бидејќи слушам дека имале таква намера, и едниот и другиот пат ќе бидат депласирани, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени, власта сака да го политизира процесот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот. По повикот што вчера повторно го упати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ до ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот и во рамки на работната група да ги кажат ставовите Мицкоски рече дека повеќе нема да се занимава со тоа прашање. -Нема да учествуваме во работната група, тоа сме го кажале многу пати во минатото, ги кажавме и причините затоа што работата на оваа работна група сега во оваа фаза е тотално беспредметна. И врвни правни експерти го коментиарат тоа, дека овој прв чекор е практично утврдување на потреба за отворање на Уставот и доколку има две третини тогаш веќе се формира Уставна комисија, па се разгледуваат амандамни, се драфтираат, итн... Сега е тотално беспредметно, сакаат да го политизираат процесот. Еве уште еднаш јавно го кажувам ставот, и повеќе нема да се занимавам со тоа прашање, дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работатата на Комисијата која ја формира Министерството за правда а има цел да работи на амандманите кои се потребни за уставните измени, рече Мицкоски,  на новинарско прашање при посетата на Булачани. Коментирајќи го отфрлањето од власта предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени според хрватскиот модел, Мицкоски  рече дека иако за тој модел претходно зборувале премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи, претставници на меѓународната заедница, сега од Владата ретерираат. -Свесни дека може да трпиме политичка штета излеговме во јавноста и кажавме во ред, го прифаќаме хрватскиот модел и истиот тој модел да го примениме за нашиот Устав, но сега од страна на Владата имаме ретерирање, односно чекор назад, рече Мицкоски. Владејачките партии, како што рече, на следните парламентарни и претседателски избори, ќе доживеат дебакл, исто како на локалните. -На следните парламентарни избори ќе изгубат најмалку 3 наспроти 1, рече Мицкоски, критикувајќи ги и теренските посети на СДСМ и на ДУИ. Владата, премиерот Ковачевски и другите политичари  од власта, од страна на граѓаните се оценети како што рече, „како лажливци и ќе бидат казнети на следните парламентарни и претседателски избори, како и да сакаат да ги организираат“. - Ако мислат дури и да ги раздвојат бидејќи слушам дека имале таква намера, и едниот и другиот пат ќе бидат депласирани, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени, власта сака да го политизира процесот appeared first on Република.

]]>
Трет состанок на Меѓувладината работна група за европска соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tret-sostanok-na-megjuvladinata-rabotna-grupa-za-evropska-sorabotka/ Mon, 04 Apr 2022 14:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=483193

Веќе е поставена стабилна основа за соработка во областа на евроинтеграциите, зелените политики и доброто владеење, и сега е време таа само да се надградува, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како копретседавач на Меѓувладината работна група за европска соработка - зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото отворајќи го денешниот состанок на оваа работна група во Скопје.

Соработката е клуч на добрососедските односи и напредокот на регионот. Средбите и новата комуникација која ја воспоставивме значи дека постои перспектива, дека имаме добри односи и дека имаме политичка желба и одговорност да гледаме во правец на развојот и нови можности, од кои двете земји и граѓаните од двете страни на границата може само да имаат корист - изјави Маричиќ на средбата.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, во рамки на првиот дел од средата беше потпишана Декларација за соработка помеѓу Министерството за електронско управување на Бугарија и Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија, од страна на министерот Адмирим Алити и неговиот бугарски колега Божидар Божанов, со цел воспоставување, развивање и зацврстување на билатералната соработка во областа на доверливи електронски услуги и електронска идентификација.

После завршувањето на воведниот поздравен дел следуваа паралелни состаноци по теми на кои надлежните министри дискутираа за заедничките можности и потреби од соработка во конкретните ресори.

Маричиќ, заедно со заменик-претседателката на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, беа дел од сесијата на тема „Партнерство со граѓанските организации“, на која заедно со бугарската колешка, заменик-претседателка на Владата задолжена за добро владеење Калина Константинова, разговараа за значењето на граѓанскиот сектор во развивањето на праксата на добро владеење и унапредување на демократските процеси во земјата.

Заменик-претседателката на Владата, Грковска информираше за Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, и во таа насока се договорија да работат на воспоставување на иницијатива за соработка на граѓанските сектори на двете пријателски земји со посебен фокус на размена на искуства и мислења во полињата за добро владеење, зелената агенда и евроинтеграциите.

Министерот за правда Тупанчески, со својот колега, бугарскиот заменик-министер за правда, Борислав Ганчев, на заедничкиот состанок ги дефинираа приоритетни области во кои би се насочила поддршката и размената на искуства за идната стратегија, како и текстови од важечките прописи, стручната литература и публикации од областа на правосудството, организирање и учество на конференции, работилници и семинари, како и соработка при компаративни истражувања поврзани со правни прашања од заеднички интерес. Заменик-министерот Ганчев изрази интерес за правната рамка за лобирање, како и за организацијата и функционирањето на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители, за што министерот Тупанчески истакна дека Министерството за правда е отворено за соработка и ќе даде максимална поддршка и придонес во овие приоритетни области.

На денешната трета сесија на меѓувладината работна група за „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на право”, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на билатералната средба со бугарскиот колега, вицепремиерот за климатски политики и министер за животна средина и води на Република Бугарија Борислав Сандов, го потврдија заедничкиот став дека продлабочување на билатералната соработка и во делот на животната средина има важна улога во евроинтеграцискиот процес на Македонија, како и во имплементацијата на регулативата од Поглавјето 27.

Од страна на Бугарија, на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и е понудена развојна техничка помош за Поглавјето 27, односно за зајакнување на институционалните и административни капацитети за водење на преговори за ова Поглавје, што би била финансирана преку Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во таа насока, на заедничката седница се дефинираа приоритетните теми за времетраењето на проектот, кој се предвидува да започне веднаш и да трае до април 2023 година. Министерот Нуредини, како приоритетни области во кои би се насочила поддршката ги посочи индустриските жешки точки и справувањето со аерозагадувањето, стои во соопштението.
Наредната четврта сесија на меѓувладината работна група за европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на право, македонските и бугарските владини претставници е планирано да ја одржат на почетокот на месец мај.

The post Трет состанок на Меѓувладината работна група за европска соработка appeared first on Република.

]]>

Веќе е поставена стабилна основа за соработка во областа на евроинтеграциите, зелените политики и доброто владеење, и сега е време таа само да се надградува, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како копретседавач на Меѓувладината работна група за европска соработка - зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото отворајќи го денешниот состанок на оваа работна група во Скопје.
Соработката е клуч на добрососедските односи и напредокот на регионот. Средбите и новата комуникација која ја воспоставивме значи дека постои перспектива, дека имаме добри односи и дека имаме политичка желба и одговорност да гледаме во правец на развојот и нови можности, од кои двете земји и граѓаните од двете страни на границата може само да имаат корист - изјави Маричиќ на средбата.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, во рамки на првиот дел од средата беше потпишана Декларација за соработка помеѓу Министерството за електронско управување на Бугарија и Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија, од страна на министерот Адмирим Алити и неговиот бугарски колега Божидар Божанов, со цел воспоставување, развивање и зацврстување на билатералната соработка во областа на доверливи електронски услуги и електронска идентификација. После завршувањето на воведниот поздравен дел следуваа паралелни состаноци по теми на кои надлежните министри дискутираа за заедничките можности и потреби од соработка во конкретните ресори. Маричиќ, заедно со заменик-претседателката на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, беа дел од сесијата на тема „Партнерство со граѓанските организации“, на која заедно со бугарската колешка, заменик-претседателка на Владата задолжена за добро владеење Калина Константинова, разговараа за значењето на граѓанскиот сектор во развивањето на праксата на добро владеење и унапредување на демократските процеси во земјата. Заменик-претседателката на Владата, Грковска информираше за Советот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и граѓанскиот сектор, и во таа насока се договорија да работат на воспоставување на иницијатива за соработка на граѓанските сектори на двете пријателски земји со посебен фокус на размена на искуства и мислења во полињата за добро владеење, зелената агенда и евроинтеграциите. Министерот за правда Тупанчески, со својот колега, бугарскиот заменик-министер за правда, Борислав Ганчев, на заедничкиот состанок ги дефинираа приоритетни области во кои би се насочила поддршката и размената на искуства за идната стратегија, како и текстови од важечките прописи, стручната литература и публикации од областа на правосудството, организирање и учество на конференции, работилници и семинари, како и соработка при компаративни истражувања поврзани со правни прашања од заеднички интерес. Заменик-министерот Ганчев изрази интерес за правната рамка за лобирање, како и за организацијата и функционирањето на Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители, за што министерот Тупанчески истакна дека Министерството за правда е отворено за соработка и ќе даде максимална поддршка и придонес во овие приоритетни области. На денешната трета сесија на меѓувладината работна група за „Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на право”, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на билатералната средба со бугарскиот колега, вицепремиерот за климатски политики и министер за животна средина и води на Република Бугарија Борислав Сандов, го потврдија заедничкиот став дека продлабочување на билатералната соработка и во делот на животната средина има важна улога во евроинтеграцискиот процес на Македонија, како и во имплементацијата на регулативата од Поглавјето 27. Од страна на Бугарија, на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и е понудена развојна техничка помош за Поглавјето 27, односно за зајакнување на институционалните и административни капацитети за водење на преговори за ова Поглавје, што би била финансирана преку Министерството за надворешни работи на Бугарија. Во таа насока, на заедничката седница се дефинираа приоритетните теми за времетраењето на проектот, кој се предвидува да започне веднаш и да трае до април 2023 година. Министерот Нуредини, како приоритетни области во кои би се насочила поддршката ги посочи индустриските жешки точки и справувањето со аерозагадувањето, стои во соопштението. Наредната четврта сесија на меѓувладината работна група за европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на право, македонските и бугарските владини претставници е планирано да ја одржат на почетокот на месец мај.

The post Трет состанок на Меѓувладината работна група за европска соработка appeared first on Република.

]]>
Утре во Софија состанок на работната група за европска соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-sofija-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-evropska-sorabotka/ Wed, 09 Mar 2022 20:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=470295

Владина делегација, составена од вицепремиерите за европски прашања, Бојан Маричиќ, и за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министрите за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и генералниот директор на Пошти на Македонија, Јани Макрадули, утре патува за Софија каде треба да одржи состанок со своите бугарски колеги.

Работната група во изминатиот период имаше координативни состаноци на кои се разгледуваа можностите за интензивирање и зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за граѓаните на двете држави и за темпото на реализација на европските реформи, како и за размена на искуства и добри практики значајни за евроинтеграцискиот процес, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

За време на средбата, се наведува, ќе биде потпишан меморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Македонија“ и двогодишна програма за спроведување на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија за соработка во областа на животна средина и заштита на водите, потпишан во 2019 година.

The post Утре во Софија состанок на работната група за европска соработка appeared first on Република.