работна група за економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-grupa-za-ekonomija/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Feb 2022 10:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работна група за економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotna-grupa-za-ekonomija/ 32 32 Инвестиции, стартапи, иновации и европски фондови – теми на Македонско-бугарската работна група за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/investicii-startapi-inovacii-i-evropski-fondovi-temi-na-makedonsko-bugarskata-rabotna-grupa-za-ekonomija/ Tue, 01 Feb 2022 10:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=452346

Привлекување инвестиции, структурирање финансиски инструменти, поддршка на старт-апи и на компании од двете земји, соработка на полето на иновациите, заеднички проекти пред евопските фондови и програми, како и зголемување на трговската размена, се темите на денешниот прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации што се одржува во Скопје.

Работната група ја предводат министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер.

Оваа втора средба на владините делагации на РС Македонија и Република Бугарија, организирана за краток временски период, ја покажува подготвеноста за продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, напиша министерот Бесими по почетокот на состанокот.

По завршувањето на состанокот се очекува двајцата министри да дадат изјави за медиумите.

Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации почна новиот пристап во односите меѓу двете земји што го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

The post Инвестиции, стартапи, иновации и европски фондови – теми на Македонско-бугарската работна група за економија appeared first on Република.

]]>

Привлекување инвестиции, структурирање финансиски инструменти, поддршка на старт-апи и на компании од двете земји, соработка на полето на иновациите, заеднички проекти пред евопските фондови и програми, како и зголемување на трговската размена, се темите на денешниот прв состанок на македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации што се одржува во Скопје. Работната група ја предводат министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер.
Оваа втора средба на владините делагации на РС Македонија и Република Бугарија, организирана за краток временски период, ја покажува подготвеноста за продлабочување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји, напиша министерот Бесими по почетокот на состанокот.
По завршувањето на состанокот се очекува двајцата министри да дадат изјави за медиумите. Со состанокот на Работната група за економија, трговија и иновации почна новиот пристап во односите меѓу двете земји што го најавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Планирано е секоја недела состанок да одржува една од овие групи, кои секоја во својата сфера ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу двете земји.

The post Инвестиции, стартапи, иновации и европски фондови – теми на Македонско-бугарската работна група за економија appeared first on Република.

]]>