работилници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotilnici/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:11:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работилници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotilnici/ 32 32 Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-vtori-do-sedmi-dekemvri-nedela-na-bah-so-predavana-kontsert-na-pijanistot-dino-imeri-i-rabotilnitsi-za-detsa/ Wed, 27 Nov 2024 11:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=842221

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември.

Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист.

Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност.

На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“.

На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах.

Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од втори до седми декември. Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Јохан Себастијан Бах, без чие постоење и делување, светот не би бил ист. Имено, централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19, 19). Рецитален настап, на кој Имери ќе го изведе најпознатото и едно од најкомплексните дела на славниот композитор, неговите „Голдберг варијации“, коешто се смета за споменик во целокупната западна класична музика. Јохан Себастијан Бах создал магија од музика. Целото негово творештво е неповторливо и уникатно, но „Голдберг варијациите“ се центарот на неговиот свет. Тие се сон за секој пијанист и со право се смета за едно од најгенијалните и најкомплексните дела на Бах, во кое се покажува неговиот талент за хармонија, контрапункт и виртуозност. На 2 декември, пак, кога и официјално ќе започне „Неделата на Бах“, на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13 часот, Дино Имери ќе одржи отворено предавање пред студентите, на кое ќе се осврне претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг варијациите“. На 6 и на 7декември, за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, Имери и Иванова ќе одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано придружба и нарација на Дино Имери. Овие музички работилници имаат за цел децата да го запознаат Бах и особено неговите „Голдберг варијации“, преку интересна, автентична приказна, како би се насочиле кон понатамошен интерес и истражување за вечната музика на Бах. Додека, пак, по завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо центарот, заедно со пијанистот Имери, на отвореното предавање за филозофскиот, музичкиот, естетскиот аспект на творештвото на Ј. С. Бах, ќе учествува и музикологот Тина Иванова. Всушност, ова предавање е замислено во вид на интервју, низ кое ќе се откријат повеќе аспекти и за денешното влијание на големиот германски музички автор. Предавањето носи наслов „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да не научи денес?“

The post Од втори до седми декември „Недела на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца appeared first on Република.

]]>
FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/scena/freeflow-weekend-2024-vo-javna-soba/ Sat, 10 Aug 2024 13:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=805209

Денес и утре во Public Room во Скопје, ќе се одржи третото издание на FreeFlow Weekend.

Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело. Имаме предвидено 3 Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања! Во сабота по работилниците не’ очекува after party, а во недела утрински ќе имаме отворена дискусија каде ќе зборуваме на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн. За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.

 

Програма:

Сабота 10.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА
11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ)
12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ)
– ПАУЗА
15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES)
21:30 ► PARTY

 

Недела 11.8
Локација: Јавна Соба – 1 кат
10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик.
11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА
12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie
– ПАУЗА
15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување!

Се гледаме!

The post FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Денес и утре во Public Room во Скопје, ќе се одржи третото издание на FreeFlow Weekend.
Во програмата за оваа година ќе се одржат неколку активности низ кои учесниците ќе имаат можност да се изразат и развијат креативно, да напреднат во својот танц, да се запознаат со интернационални уметници и да се предизвикаат себеси и своето тело. Имаме предвидено 3 Хип-Хоп фристајл работилници со прекрасни гости и искусни танчари – Dadass Taisho, Anie Škrabánkova и Jana JP Petrovska, 2 и пол часовна џем сесија со DJ Anie, Hip-Hop battle 1vs1 со DJ Smoky M и уште многу изненадувања! Во сабота по работилниците не’ очекува after party, а во недела утрински ќе имаме отворена дискусија каде ќе зборуваме на теми: танц, battles, тренинзи, музика, заедница, култура, животен стил итн. За дискусијата не е потребна претходна онлајн регистрација и влезот за посетители е слободен.   Програма: Сабота 10.8 Локација: Јавна Соба – 1 кат 10:00-11:00 ► РЕГИСТРАЦИЈА 11:00-12:30 ► РАБОТИЛНИЦА JP (MK, CZ) 12:45-14:15 ► РАБОТИЛНИЦА ANIE (CZ) – ПАУЗА 15:30-17:00 ► РАБОТИЛНИЦА DADASS (FR, ES) 21:30 ► PARTY   Недела 11.8 Локација: Јавна Соба – 1 кат 10:00-11:00 ► ОТВОРЕНА ДИСКУСИЈА (теми: танц, бетлови, култура, заедница, музика итн.) – Дискусијата ќе биде водена на англиски јазик. 11:00- 12:00► РЕГИСТРАЦИЈА 12:00-14:30 ►ЏЕМ СЕСИЈА / ПРЕСЕЛЕКЦИЈА ЗА ТОП 16 – w/ DJ Anie – ПАУЗА 15:30-18:00 ► HIP-HOP BATTLES 1vs1 – Судија Dadass (FR,ES) – w/ DJ Smoky-M, Host JP и специјален водител MC како изненадување! Се гледаме!

The post FreeFlow Weekend 2024 во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/besplatni-kreativni-filmski-rabotilnitsi-za-mladi-na-prifest-vo-prishtina/ Fri, 09 Aug 2024 20:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=804872

Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативнст на Западен Балкан“ објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret која ќе биде дел од 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest што ќе се одржи од 10 до 15 сптември во Приштина, Косово.

Како што информираат организаторите, овој настан на учесниците ќе им понуди интензивно филмско искуство преку креативни аудиовизуелни работилници и кратки филмски проекти.

„Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори“, додаваат оттаму.

На повикот можат да се пријават сите млади кои се на возраст од 15 д 25 години, се државјани на земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и активно да зборуваат англиски јазик.

Повеќе детали може да најдете ТУКА.

Заинтересираните може да се пријават ТУКА.

Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е поддржан од British Council.

 

The post Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина appeared first on Република.

]]>

Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативнст на Западен Балкан“ објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret која ќе биде дел од 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest што ќе се одржи од 10 до 15 сптември во Приштина, Косово. Како што информираат организаторите, овој настан на учесниците ќе им понуди интензивно филмско искуство преку креативни аудиовизуелни работилници и кратки филмски проекти. „Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори“, додаваат оттаму. На повикот можат да се пријават сите млади кои се на возраст од 15 д 25 години, се државјани на земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и активно да зборуваат англиски јазик. Повеќе детали може да најдете ТУКА. Заинтересираните може да се пријават ТУКА. Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е поддржан од British Council.  

The post Бесплатни креативни филмски работилници за млади на PriFest во Приштина appeared first on Република.

]]>
32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/32-mladintsi-ke-uchestvuvaat-na-rabotilnitsi-na-filmski-festivali-vo-ramkite-na-proektot-kultura-i-kreativnost-za-zapaden-balkan/ Mon, 22 Jul 2024 08:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=799101

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts.

На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци кои не беа поддржани, не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали.

На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани се уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.

 

The post 32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Вкупно 32 младинци ќе добијат поддршка бесплатно да учествуваат на работилници на филмски фестивали, во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, што го организира Мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts. На повикот беа пријавени 40 младинци од кои 33 девојки и 7 момчиња од кои 16 од Македонија, 15 од Босна и Херцеговина, 5 од Србија, по 2 од Црна Гора и од Албанија. Поголемиот број од пријавените (33) се средношколци, а седуммина се студенти. Осумте младинци кои не беа поддржани, не добија потврда дека се примени да учествуваат на филмски фестивали. На отворениот повик за мобилност, патните трошоци за учество на Младинскиот филмски фестивал во Сараево ќе бидат покриени за 24 младинци од кои 12 се од Босна и Херцеговина, 8 од Македонија и 4 од Србија. Поддржани се уште седум учесници се поддржани да патуваат во Ужице, Србија на Teen Doc работилницата во рамките на Филмскиот фестивал за документарни филмови „Интеракција“. На оваа работилница ќе одат по два учесника од Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија и еден учесник од Црна Гора. „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts, мотивирана од големиот интерес продолжува со поддршката за младите таленти од Западен Балкан.  

The post 32 младинци ќе учествуваат на работилници на филмски фестивали во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Прво издание на Artisan Sundays, отворени работилници за занаетчиство во Лабораториум https://arhiva3.republika.mk/zivot/prvo-izdanie-na-artisan-sundays-otvoreni-rabotilnitsi-za-zanaetchistvo-vo-laboratorium/ Sun, 24 Mar 2024 11:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=758084

Денес во 13:00 часот во Lab Cafe ќе се одржи првото издание на Artisan Sundays, отворени неделни работилници за занаетчиство.

Да ја пречекаме пролетта заедно со садење цвекиња и рачни изработки. Дојдете со ведар дух, расположени за креатива.

 

Добредојдено е и да си понесете дополнителни материјали и идеи, се вели во објавата од организаторот.

The post Прво издание на Artisan Sundays, отворени работилници за занаетчиство во Лабораториум appeared first on Република.

]]>

Денес во 13:00 часот во Lab Cafe ќе се одржи првото издание на Artisan Sundays, отворени неделни работилници за занаетчиство.
Да ја пречекаме пролетта заедно со садење цвекиња и рачни изработки. Дојдете со ведар дух, расположени за креатива.   Добредојдено е и да си понесете дополнителни материјали и идеи, се вели во објавата од организаторот.

The post Прво издание на Artisan Sundays, отворени работилници за занаетчиство во Лабораториум appeared first on Република.

]]>
Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-avtorite-na-kratkiot-film-lubenitsa-epik-razgovori-i-megunarodna-vecher-na-dhifoni-makedonija/ Sat, 07 Oct 2023 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=688868

На третиот фестивалски ден, средношколците учесници на „Џифони Македонија“ ќе можат да го видат „Лубеница“, новиот краток филм на авторите Мартин Чичовски и Оливера Каменаровска, која е и продуцент. Проекцијата која е од отворен карактер, е закажана во 16.45 часот, по што ќе следува разговор Мартин Чичовски и дел од екипата што работеше на филмот.
Во 15:45 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи првата од двете средби наречени „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, нова содржина на „Џифони Македонија“ од годинава. Станува збор за сегмент кој поврзува млади и фестивали од повеќе земји од регионот, кои преку филмската уметност се борат за заедништво и мир. Гости на средбата ќе бидат претставници на неколку фестивали од регионот – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција.
Од 18 часот, ќе следува традиционалната меѓународна вечер на која сите учесници од девет земји ќе ја претстават својата култура на свој автентичен начин, преку музика, храна и сл.
Јуниорите утринава ќе ги посети познатиот актер Игор Ангелов кој ќе им се придружи на дискусијата по денешниот филм „Најлошите“.
Како пасијата кон филмот да ја претворите во ваш успешен онлајн-производ вреден глобално – ова вчера на учесниците на „Џифони Македонија“ им го доловија основачите на инстаграм-профилот Filmthusiast, еден од најпосетуваните профили посветени на филмската уметност, со дури 3.2 милиони следбеници. Андреј и Христијан им ја раскажаа својата приказна на младите и предизвикаа големо внимание и многу прашања за тоа како дошле на оваа идеја. Приказната ја започнал Андреј во 2017-та, кога бил четврта година средно, воден само од страста кон филмовите. Кога по две години бројот на следбеници започнал да расте, тие сфатиле дека она што го прават им се допаѓа на луѓето и дека има потенцијал да ги надмине сите нивни првични очекувања. Денес нивниата инстаграм страна е светски признат филмски веб медиум, а големите филмски студија ги бараат за соработка и промоција на нивните најнови остварувања.
-Ако се трудите доволно во тоа што го работите, не може да не ви успее. Ако имате идеја, развивајте ја и посветете ѝ се, им порачаа тие на младите. Мора да бидете оригинални. Исто така, на тема филм, многу е важно да гледате и постари филмови, послушајте ги препораките на вашите родители, не ги одбивајте постарите наслови како здодевни и немодерни. Од нив може да стекнете важна филмска култура – им посочи Христијан.
Тој објасни дека потежок дел од проектот е да се смисли содржината, за која се грижи Андреј, додека тој е повеќе за контактите со филмскиот свет.

-Не знам да кажам каде се гледаме во наредните години, но сигурно сакаме да напредуваме на полето на филмската индустрија и да откриваме нови можности – рече Андреј.
На вториот ден од „Џифони Македонија“, на програмата на кадетите и сениорите беа израелскиот филм „Делегација“ и францускиот „Фантастичните тројца“, а потоа тие го гледаа и првиот блок филмови кандидати за наградата ЕПИК, а потоа гласаа за нивниот фаворит. Вториот блок е на програмата во недела.
Младешки џагор, насмевки, среќни млади е дел од атмосферата во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија. Во тек се креативните работилници, на кои учествуваат сите џифонци.

The post Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

На третиот фестивалски ден, средношколците учесници на „Џифони Македонија“ ќе можат да го видат „Лубеница“, новиот краток филм на авторите Мартин Чичовски и Оливера Каменаровска, која е и продуцент. Проекцијата која е од отворен карактер, е закажана во 16.45 часот, по што ќе следува разговор Мартин Чичовски и дел од екипата што работеше на филмот. Во 15:45 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи првата од двете средби наречени „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, нова содржина на „Џифони Македонија“ од годинава. Станува збор за сегмент кој поврзува млади и фестивали од повеќе земји од регионот, кои преку филмската уметност се борат за заедништво и мир. Гости на средбата ќе бидат претставници на неколку фестивали од регионот – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Од 18 часот, ќе следува традиционалната меѓународна вечер на која сите учесници од девет земји ќе ја претстават својата култура на свој автентичен начин, преку музика, храна и сл. Јуниорите утринава ќе ги посети познатиот актер Игор Ангелов кој ќе им се придружи на дискусијата по денешниот филм „Најлошите“. Како пасијата кон филмот да ја претворите во ваш успешен онлајн-производ вреден глобално – ова вчера на учесниците на „Џифони Македонија“ им го доловија основачите на инстаграм-профилот Filmthusiast, еден од најпосетуваните профили посветени на филмската уметност, со дури 3.2 милиони следбеници. Андреј и Христијан им ја раскажаа својата приказна на младите и предизвикаа големо внимание и многу прашања за тоа како дошле на оваа идеја. Приказната ја започнал Андреј во 2017-та, кога бил четврта година средно, воден само од страста кон филмовите. Кога по две години бројот на следбеници започнал да расте, тие сфатиле дека она што го прават им се допаѓа на луѓето и дека има потенцијал да ги надмине сите нивни првични очекувања. Денес нивниата инстаграм страна е светски признат филмски веб медиум, а големите филмски студија ги бараат за соработка и промоција на нивните најнови остварувања. -Ако се трудите доволно во тоа што го работите, не може да не ви успее. Ако имате идеја, развивајте ја и посветете ѝ се, им порачаа тие на младите. Мора да бидете оригинални. Исто така, на тема филм, многу е важно да гледате и постари филмови, послушајте ги препораките на вашите родители, не ги одбивајте постарите наслови како здодевни и немодерни. Од нив може да стекнете важна филмска култура – им посочи Христијан. Тој објасни дека потежок дел од проектот е да се смисли содржината, за која се грижи Андреј, додека тој е повеќе за контактите со филмскиот свет. -Не знам да кажам каде се гледаме во наредните години, но сигурно сакаме да напредуваме на полето на филмската индустрија и да откриваме нови можности – рече Андреј. На вториот ден од „Џифони Македонија“, на програмата на кадетите и сениорите беа израелскиот филм „Делегација“ и францускиот „Фантастичните тројца“, а потоа тие го гледаа и првиот блок филмови кандидати за наградата ЕПИК, а потоа гласаа за нивниот фаворит. Вториот блок е на програмата во недела. Младешки џагор, насмевки, среќни млади е дел од атмосферата во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија. Во тек се креативните работилници, на кои учествуваат сите џифонци.

The post Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnitsi-za-koreografija-i-tants-na-ugd-so-predavachi-od-germanija-singapur-i-ukraina/ Mon, 19 Jun 2023 08:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=652977

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Со ова започнува вториот дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој од годинава го воспостави Катедрата за современ танц, со цел да им се овозможи на студентите надградба и дополнителни знаења и пракса за интеграција на професионалната уметничка сцена.

Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се ориентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања, велат предавачите.

Настја Џjубан се бави со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на „danceWEB“ под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис. Настја магистрира на програмата „Кореографија и перформанс“ во Гисен и моментално работи како хонорарен кореограф, танчер и изведувач во Гизен и Франкфурт на Мајна.

Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена кај нас. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот „Јустус Либиг“. Таа си игра со различни форми на провокација и често ги истражува поимите за трудот, идентитетот и женското претставување во јавниот простор во нејзината работа.

Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи паралелно помеѓу Берлин и Сингапур. Во јули 2021 година магистрира на програмата за кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија. Во својата танцова и кореографска практика, Ли Мун Ваи инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина. Мун Ваи го создава соло перформансот “On Display“ во 2021 година, премиерно изведено во “Künstlerhaus Mousonturm“, Франкфурт, како дел од „Tanzfestival Rhein Main“. Тој е учесник во повеќе проекти на други кореографи како „Oracle and Sacrifice In The Woods“ во 2021 година и „Thyestes Brüder! Kapital“од 2019 година, на германската кореографка и режисерка Клаудија Босе; „Марк“ во 2017 година на сингапурскиот кореограф Даниел Кок; и „There Is Speficifisfety“ во 2018 година, соработка со малезискиот кореограф и танчер Ли Рен Син.

The post Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина appeared first on Република.

]]>

Во рамки на проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелните и идни студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија, денес и утре ќе се одржат две работилници за кореографија и танц со предавачите Настија Џјубан, Украина, Ли Мун Ваи, Германија-Сингапур и Викторија Илиоска. Овој дел на програма се остварува во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи и нивната програма Култренинг. Со ова започнува вториот дел од проектот „УГД – Чекор кон светот“, кој од годинава го воспостави Катедрата за современ танц, со цел да им се овозможи на студентите надградба и дополнителни знаења и пракса за интеграција на професионалната уметничка сцена.
Во оваа практика на преориентирање, ќе започнеме со прашањето „каква разлика прави кон што сме ориентирани?“ и ќе се движиме не само напред, туку и назад. Поттикнати од принципот на практикување љубопитност инспириран од Фелденкраис, заедно ќе се ориентираме кон сетилата, сензациите, деловите од телото, движењата и звуците кои обично се недоволно застапени и маргинализирани. Кои се работите што ги оставаме зад нас, зад грб? Движејќи се помеѓу овие прашања, ќе си играме со нотирање на сензации, практикување на исчекување и развивање телепатски поврзувања, велат предавачите.
Настја Џjубан се бави со танц и кореографија. Таа е родена во Киев, Украина, а моментално живее во Гисен, Германија. Од 2015 година, Настја ја развива својата уметничка пракса и создава перформативни дела. Ја интересираат вкрстувањата на диспозитивите на театарот и кореографијата, како и поимите како што се потенцијалноста, миграцијата, поимот заедничко. Нејзините дела се прикажани на фестивали во Киев, Франкфурт, Бохум и Манхајм. Во 2021 година, Настија стана член на „danceWEB“ под менторство на Ана Јурен и Фредерик Гис. Настја магистрира на програмата „Кореографија и перформанс“ во Гисен и моментално работи како хонорарен кореограф, танчер и изведувач во Гизен и Франкфурт на Мајна. Викторија Илиоска е македонска кореографка и изведувачка која живее и работи помеѓу Македонија и Германија. Повеќе од 10 години таа активно работи на програми за промовирање и развој на современиот танц, како во соработка со институциите, така и во зајакнување на независната сцена кај нас. Од 2010 година е член на Номад танцова академија, создавајќи врски и соработки во локалниот и националниот контекст на балканскиот регион. Викторија магистрирала кореографија и перформанс на Институтот за применети театарски студии на Универзитетот „Јустус Либиг“. Таа си игра со различни форми на провокација и често ги истражува поимите за трудот, идентитетот и женското претставување во јавниот простор во нејзината работа. Ли Мун Ваи е кореограф и танчер кој работи паралелно помеѓу Берлин и Сингапур. Во јули 2021 година магистрира на програмата за кореографија и изведба (MA Cup) на Институтот за применети театарски студии во Гисен, Германија. Во својата танцова и кореографска практика, Ли Мун Ваи инсистира на релациона пропустливост помеѓу него и неговата околина. Мун Ваи го создава соло перформансот “On Display“ во 2021 година, премиерно изведено во “Künstlerhaus Mousonturm“, Франкфурт, како дел од „Tanzfestival Rhein Main“. Тој е учесник во повеќе проекти на други кореографи како „Oracle and Sacrifice In The Woods“ во 2021 година и „Thyestes Brüder! Kapital“од 2019 година, на германската кореографка и режисерка Клаудија Босе; „Марк“ во 2017 година на сингапурскиот кореограф Даниел Кок; и „There Is Speficifisfety“ во 2018 година, соработка со малезискиот кореограф и танчер Ли Рен Син.

The post Работилници за кореографија и танц на УГД со предавачи од Германија, Сингапур и Украина appeared first on Република.

]]>
Фестивалот „МакеДокс“ повторно организира Школа за млади документаристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-makedoks-povtorno-organizira-shkola-za-mladi-dokumentaristi/ Wed, 15 Jun 2022 07:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=515342

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е во потрага по четвртата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм.

 

Како да се пријавиш?

Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања:

Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието?

Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто?

Кое е твоето најрано сеќавање?

Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто?

Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто?

Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите?

Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено?

Видеото испрати ни го на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. Уште подобро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката.

Повикот е отворен до 1 јули 2022, a резултатите ќе бидат објавени до 7 јули 2022 година.

Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува за време на:

- Патувачкото кино на „МакеДокс“ (20-24 јули, т.е. 5 дена)

- Филмскиот фестивал „МакеДокс“ (18-25 август т.е. 8 дена)

- Две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена)

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и наши пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци.

Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за време на Патувачкото кино – не е во хотел со пет ѕведзички, туку понекогаш дури и под отворено небо, со милион ѕвезди, заедно со тимот на „МакеДокс“.

Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм (Во овој момент, не бери гајле за опрема).

ВАЖНО: Доколку си малолетен/на, заедно со пријавите, треба да доставиш и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува твоето учество на работилницата. Доколку остана некое прашање неодговорено, пиши ни.

*Патувачкото кино е неделив дел од „МакеДокс“ кој се случува низ руралните средини во Македонија, соопштуваат од Фестивалот.

The post Фестивалот „МакеДокс“ повторно организира Школа за млади документаристи appeared first on Република.

]]>

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е во потрага по четвртата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм.  
Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања: Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш од секојдневието? Кога би можел да бидеш кое било животно или растение, што би избрал/а да бидеш и зошто? Кое е твоето најрано сеќавање? Кога би сретнал/а магаре што знае да зборува, што прво би ти кажало и зошто? Кој документарен филм ти оставил најголем впечаток и зошто? Која е приказната што сакаш да ја раскажеш и зошто е различна од останатите? Што би издвоил/а за себе како важно, специфично, откачено? Видеото испрати ни го на dokunikulci@makedox.mk преку WeTransfer. Уште подобро, доколку си во можност, прикачи го на VIMEO или YouTube, заштитено со лозинка, а нам испрати ни ги линкот и лозинката. Повикот е отворен до 1 јули 2022, a резултатите ќе бидат објавени до 7 јули 2022 година. Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува за време на: - Патувачкото кино на „МакеДокс“ (20-24 јули, т.е. 5 дена) - Филмскиот фестивал „МакеДокс“ (18-25 август т.е. 8 дена) - Две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена) На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ќе ги споделат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и наши пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци. Учеството е бесплатно. Трошоците за сместување, превоз и храна се покриени, но имај на ум дека сместувањето – особено за време на Патувачкото кино – не е во хотел со пет ѕведзички, туку понекогаш дури и под отворено небо, со милион ѕвезди, заедно со тимот на „МакеДокс“. Бараме млади луѓе, храбри да се изразат креативно и слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени ќе бидат поделени во 3-4 помали групи со по еден ментор, а на крајот на работилницата, секоја група ќе треба да има готов креативен документарен филм (Во овој момент, не бери гајле за опрема). ВАЖНО: Доколку си малолетен/на, заедно со пријавите, треба да доставиш и согласност од одговорен возрасен со која се одобрува твоето учество на работилницата. Доколку остана некое прашање неодговорено, пиши ни. *Патувачкото кино е неделив дел од „МакеДокс“ кој се случува низ руралните средини во Македонија, соопштуваат од Фестивалот.

The post Фестивалот „МакеДокс“ повторно организира Школа за млади документаристи appeared first on Република.

]]>
Работилница за дизајнирање на видео игри за основци во Свети Николе и Делчево https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/rabotilnica-za-dizajniranje-na-video-igri-za-osnovci-vo-sveti-nikole-i-delchevo/ Wed, 08 Jun 2022 09:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=512594

Денеска и утре во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе и во Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи работилница за дизајнирање на видео игри за основци под менторство на Милан Петровски. 

Работилницата е наменета за деца од 7-мо до 9-то одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин.

Исто такаутре на 9ти јуни, во соработка со Go Green во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи и предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпадВо рамките на предавањето ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот. 

Настаните се дел од проектот „Видеоигротека“, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ. 

The post Работилница за дизајнирање на видео игри за основци во Свети Николе и Делчево appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе и во Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи работилница за дизајнирање на видео игри за основци под менторство на Милан Петровски. 
Работилницата е наменета за деца од 7-мо до 9-то одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин.

Исто такаутре на 9ти јуни, во соработка со Go Green во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи и предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпадВо рамките на предавањето ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот. 

Настаните се дел од проектот „Видеоигротека“, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ. 

The post Работилница за дизајнирање на видео игри за основци во Свети Николе и Делчево appeared first on Република.

]]>