работилница за екологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotilnica-za-ekologija/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Jun 2022 07:33:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работилница за екологија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotilnica-za-ekologija/ 32 32 Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnica-za-ekologija-srpskata-pretstava-zaboravenite-princezi-i-likvid-performansot-fludo-vecherva-na-festivalot-sonot-na-oblacheto/ Tue, 07 Jun 2022 07:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=511990

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук.

Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ). Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук. Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив. Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>