работење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotenje/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 12:46:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabotenje/ 32 32 Продавниците, штандовите и киосците да работат за Нова година и Божиќ, препорача Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodavnitsite-shtandovite-i-kiostsite-da-rabotat-za-nova-godina-i-bozhik-preporacha-vladata/ Thu, 28 Dec 2023 12:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=727485

Владата препорачува за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач е Министерството за економија.

Оваа препорака е од денешната 214-та владина седница.

Како што информира владината прес-служба, целта на оваа препорака е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

Исто така за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата, се наведува во соопштението од Владата.

The post Продавниците, штандовите и киосците да работат за Нова година и Божиќ, препорача Владата appeared first on Република.

]]>

Владата препорачува за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач е Министерството за економија. Оваа препорака е од денешната 214-та владина седница. Како што информира владината прес-служба, целта на оваа препорака е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови). Исто така за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата, се наведува во соопштението од Владата.

The post Продавниците, штандовите и киосците да работат за Нова година и Божиќ, препорача Владата appeared first on Република.

]]>