работа во германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabota-vo-germanija/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Nov 2023 12:26:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png работа во германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rabota-vo-germanija/ 32 32 Од сега многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/od-sega-mnogu-polesno-do-rabota-vo-germanija-mozhe-da-zaminat-struchnite-no-i-nivnite-semejstva-i-roditelite/ Sun, 19 Nov 2023 12:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=703164

Во Германија постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство.

Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови.

На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик.

Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот.

Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата.

Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот.

Другите измени ќе стапат на сила на 1 март идната година.

Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно.

Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите.

Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија.

Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите.

Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош.

Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.

The post Од сега многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите appeared first on Република.

]]>

Во Германија постепено почнува да се применува новиот Закон за квалификувана имиграција, јави ДПА. Како што од поодамна предупредуваат германските политичари и економски експерти, на земјата итно ѝ треба професионална работна сила. Очекувањата се дека дупките во пазарот на трудот ќе се пополнат со работници од странство. Измените на Законот за квалификувана имиграција кои беа донесени претходно годинава ќе се спроведуваат во три постепени фази со цел властите навремено да се престројат на новите услови. На порталот на сојузната влада за стручна работна сила од странство можат да се добијат поопширни информации на германски, англиски, шпански и француски јазик. Од овој момент многу академци и луѓе со споредливи квалификации од трети земји ќе може со Сината карта ЕУ да доаѓаат во Германија – без проверка на приоритет, односно дали би биле достапни Германци или граѓани на ЕУ за истата позиција, како и без докажување на познавања на јазикот. Секој кој ги исполнува сите предуслови како стручна сила со професионално искуство или универзитетска диплома, сега има право на добивање дозвола за престој, нешто за што до сега властите имаа дискреционо право за одлучување. Исто така, повеќе нема да има ограничувањето на дејност во струката. Тоа би знаело дека еден квалификуван работник во една струка би можел да најде работа во Германија во друга струка. Од ова исклучок се само професиите поврзани со медицината, правото и педагогијата. Олеснувања во наоѓање работа преку добивање дозвола од Сојузната агенција за вработување ќе има и за професионалните возачи, а се укинува проверката за приоритетни кандидати и предусловите за познавање на јазикот. Другите измени ќе стапат на сила на 1 март идната година. Дополнително е регулирано привлекувањето на работна сила од Западен Балкан, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за кои неограничено важи т.н. „Правило за Западен Балкан”. Од јуни 2024 година годишниот контингент се удвојува на 50 илјади лица годишно. Германија имаше Закон за квалификувана имиграција уште вo март 2020, со кој тогашната влада на Ангела Меркел сакаше да го олесни пристапот на квалификувани работници од земји надвор од Европската унија до германскиот пазар на труд. Сега тој закон е реформиран бидејќи на многу места сè уште има недостиг од кадри, особено квалификувани работници. Законот во претходната верзија не ги постигнал очекуваните резултати поради пандемијата е проценката на властите. Она што е ново во новиот закон е воведувањето на таканаречената „Карта за шанса“, која е базирана на бодови. Критериумите за избор на имигранти кои сакаат да работат и ја избираат оваа опција се јазични вештини, работно искуство, возраст и поврзаност со Германија. Странските стручни работници во иднина мора да заработуваат најмалку 43 800 евра бруто годишно, сума која досега изнесуваше 58 400 евра. Предноста на новиот закон за висококвалификувани професионалци од земји надвор од ЕУ е што во иднина со себе ќе можат да ги носат не само сопружниците и децата, туку и родителите. Предуслов, сепак, е да имаат обезбедено средства за живот оти во Германија нема да можат да живеат од социјална помош. Германските компании во моментов не можат да пополнат околу 1,73 милиони работни места.

The post Од сега многу полесно до работа во Германија: Може да заминат стручните, но и нивните семејства и родителите appeared first on Република.

]]>
Од денеска полесно вработување во Германија за Македонците – ова се бараните професии https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/od-deneska-polesno-vrabotuvane-vo-germanija-za-makedontsite-ova-se-baranite-profesii/ Wed, 01 Nov 2023 08:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=696903

Во Германија стапуваат на сила измените на Законот за имиграција на квалификувани работници, со кои се проширува кругот на квалификувани работници кои можат полесно да дојдат да работат. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.Сината карта е дозвола за престој која во голема мера го олеснува влезот на локалниот пазар на труд за квалификувани работници од земји надвор од ЕУ.

Германските медиуми го наведуваат примерот на ИТ професионалци со големо професионално искуство кои повеќе не треба да даваат докази за професионална обука.

Новите промени значат и големо олеснување за компаниите кои се борат со недостиг од квалификуван кадар.

Меѓу другото, со новиот закон се намалуваат досегашните релативно високи лимити за минимална плата. Наместо досегашните 58.000 евра бруто (или околу 45.500 евра за таканаречените професии во тесно грло), работниците од земјите надвор од ЕУ од ноември ќе треба да докажат дека заработуваат за околу 15.000 евра помалку годишно.

Покрај тоа, изгледите за престој во Германија се подобруваат, што го олеснува обединувањето на семејството.

Навистина големите промени треба да стапат на сила во март 2024 година: оттогаш, работниците од трети земји можат да влезат во земјата откако ќе аплицираат за виза и да работат во Германија се додека им се признаваат професионалните квалификации.

Досега тоа не беше можно, поради што може да потрае околу една година за да се добие виза и работна дозвола за Германија.

Кој може да аплицира за сина карта на ЕУ?

Сината карта на ЕУ го олеснува вработувањето на висококвалификувани државјани од трети земји во Европа. Важи за сите земји освен Ирска и Данска.

За сина карта на ЕУ мора да обезбедите доказ за вработување во Германија со законска минимална плата. Долната граница на минималната плата се применува за дефицитарните занимања, а тоа се следните професии:

– Инженери

– Научници од областа на природните науки

– Математичари

– ИТ-стручен кадар

– Медицински работници

„Сината карта на ЕУ“ ја издава надлежната Служба за странци во Германија, пишува магазинот „Феникс“.

The post Од денеска полесно вработување во Германија за Македонците – ова се бараните професии appeared first on Република.

]]>

Во Германија стапуваат на сила измените на Законот за имиграција на квалификувани работници, со кои се проширува кругот на квалификувани работници кои можат полесно да дојдат да работат. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.Сината карта е дозвола за престој која во голема мера го олеснува влезот на локалниот пазар на труд за квалификувани работници од земји надвор од ЕУ. Германските медиуми го наведуваат примерот на ИТ професионалци со големо професионално искуство кои повеќе не треба да даваат докази за професионална обука. Новите промени значат и големо олеснување за компаниите кои се борат со недостиг од квалификуван кадар. Меѓу другото, со новиот закон се намалуваат досегашните релативно високи лимити за минимална плата. Наместо досегашните 58.000 евра бруто (или околу 45.500 евра за таканаречените професии во тесно грло), работниците од земјите надвор од ЕУ од ноември ќе треба да докажат дека заработуваат за околу 15.000 евра помалку годишно. Покрај тоа, изгледите за престој во Германија се подобруваат, што го олеснува обединувањето на семејството. Навистина големите промени треба да стапат на сила во март 2024 година: оттогаш, работниците од трети земји можат да влезат во земјата откако ќе аплицираат за виза и да работат во Германија се додека им се признаваат професионалните квалификации. Досега тоа не беше можно, поради што може да потрае околу една година за да се добие виза и работна дозвола за Германија. Кој може да аплицира за сина карта на ЕУ? Сината карта на ЕУ го олеснува вработувањето на висококвалификувани државјани од трети земји во Европа. Важи за сите земји освен Ирска и Данска. За сина карта на ЕУ мора да обезбедите доказ за вработување во Германија со законска минимална плата. Долната граница на минималната плата се применува за дефицитарните занимања, а тоа се следните професии: – Инженери – Научници од областа на природните науки – Математичари – ИТ-стручен кадар – Медицински работници „Сината карта на ЕУ“ ја издава надлежната Служба за странци во Германија, пишува магазинот „Феникс“.

The post Од денеска полесно вработување во Германија за Македонците – ова се бараните професии appeared first on Република.

]]>
Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-da-mora-da-se-otkazhete-od-pasosh-nitu-da-zhiveete-tamu-8-godini-naskoro-polesno-do-germansko-drzhavjanstvo/ Sat, 07 Jan 2023 16:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=594495

Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по пет години престој.

Според досегашните правила странците мораа да живеат осум години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од пет години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини.

Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот.

Предвидено е и децата кои се родени во Германија, но чии родители имаат странско државјанство, повеќе нема да треба да избираат кое државјанство да го земат кога ќе пораснат.

Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владината трипартиска коалиција на германската Социјалдемократска партија, Унија 90/Зелени и Слободната демократска партија.

The post Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>

Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по пет години престој. Според досегашните правила странците мораа да живеат осум години во Германија за да можат да аплицираат за државјанство. Предлог-законот предвидува и намалување и на периодот од пет години ако апликантите можат да докажат дека се добро интегрирани, на пример со покажување одлични резултати на училиште или на работа, доброволна работа или особено добри јазични вештини. Новите правила вклучуваат и олеснување на доказот за познавање на германскиот јазик за одредени групи, како и лицата над 67 години да не докажуваат дека го знаат јазикот. Предвидено е и децата кои се родени во Германија, но чии родители имаат странско државјанство, повеќе нема да треба да избираат кое државјанство да го земат кога ќе пораснат. Промените се дел од сеопфатната ревизија на миграциските и интегративните политики на Германија од страна на владината трипартиска коалиција на германската Социјалдемократска партија, Унија 90/Зелени и Слободната демократска партија.

The post Нема да мора да се откажете од пасош, ниту да живеете таму 8 години: Наскоро полесно до германско државјанство appeared first on Република.

]]>
Германија го забрзува издавањето работни дозволи за странци поради хаосот на аеродромите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-go-zabrzuva-izdavanjeto-rabotni-dozvoli-za-stranci-poradi-haosot-na-aerodromite/ Wed, 29 Jun 2022 16:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=521084

Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона.

Патниците во Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал.

„Многумина со нетрпение ги очекуваат одморите по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите“, рече министерот за труд, Хубертус Хејл, на прес-конференција.

Германија сега планира да донесе искусни работници, претежно од Турција, кои ќе работат во земјата, вклучително и за ракување со багажот, рече министерката за внатрешни работи, Ненси Фајзер.

Сепак, тие ќе мора да ги поминат истите безбедносни проверки како и домашните работници пред да почнат да работат.

Авиокомпаниите, од кои некои се надеваа дека ќе може да ангажираат странски персонал преку агенции, сега ќе може директно да ги вработуваат и да им даваат стандардни плати.

Министерот за труд ги обвини авиокомпаниите и аеродромските оператори за недостиг на персонал истакнувајќи дека тие отпуштиле премногу работници за време на пандемијата.

За време на викендот на германските аеродроми настана вистински хаос, пренесуваат медиумите во регионот.

The post Германија го забрзува издавањето работни дозволи за странци поради хаосот на аеродромите appeared first on Република.

]]>

Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона. Патниците во Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал.
„Многумина со нетрпение ги очекуваат одморите по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите“, рече министерот за труд, Хубертус Хејл, на прес-конференција.
Германија сега планира да донесе искусни работници, претежно од Турција, кои ќе работат во земјата, вклучително и за ракување со багажот, рече министерката за внатрешни работи, Ненси Фајзер. Сепак, тие ќе мора да ги поминат истите безбедносни проверки како и домашните работници пред да почнат да работат. Авиокомпаниите, од кои некои се надеваа дека ќе може да ангажираат странски персонал преку агенции, сега ќе може директно да ги вработуваат и да им даваат стандардни плати. Министерот за труд ги обвини авиокомпаниите и аеродромските оператори за недостиг на персонал истакнувајќи дека тие отпуштиле премногу работници за време на пандемијата. За време на викендот на германските аеродроми настана вистински хаос, пренесуваат медиумите во регионот.

The post Германија го забрзува издавањето работни дозволи за странци поради хаосот на аеродромите appeared first on Република.

]]>
Рекорден недостиг од 558.000 работници во Германија, најмногу во здравството и образованието https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/rekorden-nedostig-od-558-000-rabotnici-vo-germanija-najmnogu-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto/ Sat, 14 May 2022 15:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=502258

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавците не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, цитирајќи свое истражување.

Недостигот од квалификувани работници, како што понатаму покажува истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото. „Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостаток на соодветна работна сила“, се вели во соопштението на IW.

Во пандемските години 2020 и 2021 година, приливот на квалификувана работна сила од странство забави, но трендот на зголемување на бројот на непополнети работни места започна многу порано. Една од причините е пензионирањето на бројно силната генерација од средината на педесеттите.

Денеска е објавена информацијата на федералната влада, според која во последните години расте бројот на пензионери, т.е. лица кои наполниле 67 години и кои сѐ уште се активни на пазарот на трудот. Минатата година, 1,05 милиони жители над 67 години биле во некаков облик на вработување, што е значително зголемување во споредба со 2010 година, кога само 685.000 пензионери сè уште оделе да работат иако биле во пензија.

Делумно, оваа појава е поврзана со недостиг од професионалци, поради што работодавачите враќаат многу квалификувани работници на старите работни места дури и по пензионирањето.

Покрај зголемениот увоз на експерти од земјите на Европската унија, Германија го олесни процесот за добивање работни и дозволи за престој за жителите на земјите кои не се членки на ЕУ. Така, од 2016 година на сила е програма за вработување на работници од Западен Балкан со која се овозможува миграција на германскиот пазар на труд.

Веднаш по почетокот на војната во Украина, работодавачите и синдикатите побараа од властите да ги отстранат бирократските пречки со цел што побрзо да ги интегрираат бегалците од Украина на германскиот пазар на труд.

The post Рекорден недостиг од 558.000 работници во Германија, најмногу во здравството и образованието appeared first on Република.

]]>

„Во март, бројот на непополнети работни места за кои работодавците не можат да најдат соодветна работна сила се зголеми за дополнителни 88.000 и сега изнесува рекордни 558.000“, се вели во соопштението на Германскиот економски институт, цитирајќи свое истражување. Недостигот од квалификувани работници, како што понатаму покажува истражувањето, ги погодува сите сегменти на пазарот на трудот, но особено е изразен во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и градежништвото. „Само во секторите за здравство, социјална заштита и образование, шест од десет работни места не се пополнети поради недостаток на соодветна работна сила“, се вели во соопштението на IW. Во пандемските години 2020 и 2021 година, приливот на квалификувана работна сила од странство забави, но трендот на зголемување на бројот на непополнети работни места започна многу порано. Една од причините е пензионирањето на бројно силната генерација од средината на педесеттите. Денеска е објавена информацијата на федералната влада, според која во последните години расте бројот на пензионери, т.е. лица кои наполниле 67 години и кои сѐ уште се активни на пазарот на трудот. Минатата година, 1,05 милиони жители над 67 години биле во некаков облик на вработување, што е значително зголемување во споредба со 2010 година, кога само 685.000 пензионери сè уште оделе да работат иако биле во пензија. Делумно, оваа појава е поврзана со недостиг од професионалци, поради што работодавачите враќаат многу квалификувани работници на старите работни места дури и по пензионирањето. Покрај зголемениот увоз на експерти од земјите на Европската унија, Германија го олесни процесот за добивање работни и дозволи за престој за жителите на земјите кои не се членки на ЕУ. Така, од 2016 година на сила е програма за вработување на работници од Западен Балкан со која се овозможува миграција на германскиот пазар на труд. Веднаш по почетокот на војната во Украина, работодавачите и синдикатите побараа од властите да ги отстранат бирократските пречки со цел што побрзо да ги интегрираат бегалците од Украина на германскиот пазар на труд.

The post Рекорден недостиг од 558.000 работници во Германија, најмногу во здравството и образованието appeared first on Република.

]]>
Српски гастербајтер опишува како се работи во Германија: Ако дојдеш во 5.50, а работиш од 6.00 веќе е доцна, се е испланирано до минута https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpski-gasterbajter-opishuva-kako-se-raboti-vo-germanija-ako-dojdesh-vo-5-50-a-rabotish-od-6-00-vekje-e-docna-se-e-isplanirano-do-minuta/ Fri, 18 Mar 2022 12:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=474963

На Балканот со години, па и децении, се зборува за привлечноста за работа во Германија, за предностите и недостатоците, за заработката и условите за работа. Најчесто, кога се отвора таа тема, одењето во оваа земја се смета како „бегство кон подобар живот“, но дали е тоа баш така?

Српски гастербајтер, кој со години живее и работи во Германија, за „Еспресо.рс“ раскажува како всушност изгледаат реалноста и саатницата кога си вработен во германска фабрика.

Кога имав неполни 20 години отидов кај моите родители во Германија. Според тогашниот закон, бев малолетен и дома требаше да служам војска. Откако наполнив 21 година, за неколку месеци ги средв сите документи и најдов работа.

 

Најпрво ми беше тешко да станувам во 04.30 часот, но се навикнав.

 

Се работи од 06 часот.

 

Ако пристигнеш во 05.50 - веќе е доцна - немаш време за ништо како пресоблекување, кафе итн.

 

Во 06.01 машината зуе како да е 10.00 часот.

 

08.55 - 09.00 се мијат рацете.

 

09.00 - 09.10 појадок.

 

Времето за појадок е на товар на работодавачот.

 

11,55 се мијат раце.

 

12.00 - 12.30 - ручек (тие половина часа ги одработуваме).

 

За време на работа, понекогаш немаш време и да пиеш вода. Ако ти сакаш да одиш во тоалет, го викате бригадирот да ве замени (не е ограничено колку пати).

 

Кој не сака да се навикне на ваква и слична дисциплина нека остане дома. Условите за работа се екстра, иста температура во лето и зима. Се плаќа прекувремена работа и се најавува неколку дена претходно, но не е задолжително, тоа е само она од договорот.

 

Кога работиш - работиш, но кога си одиш дома - никој не те вознемирува во врска со работата - раскажува соговорникот на „Есресо.рс“

The post Српски гастербајтер опишува како се работи во Германија: Ако дојдеш во 5.50, а работиш од 6.00 веќе е доцна, се е испланирано до минута appeared first on Република.

]]>

На Балканот со години, па и децении, се зборува за привлечноста за работа во Германија, за предностите и недостатоците, за заработката и условите за работа. Најчесто, кога се отвора таа тема, одењето во оваа земја се смета како „бегство кон подобар живот“, но дали е тоа баш така? Српски гастербајтер, кој со години живее и работи во Германија, за „Еспресо.рс“ раскажува како всушност изгледаат реалноста и саатницата кога си вработен во германска фабрика.
Кога имав неполни 20 години отидов кај моите родители во Германија. Според тогашниот закон, бев малолетен и дома требаше да служам војска. Откако наполнив 21 година, за неколку месеци ги средв сите документи и најдов работа.   Најпрво ми беше тешко да станувам во 04.30 часот, но се навикнав.   Се работи од 06 часот.   Ако пристигнеш во 05.50 - веќе е доцна - немаш време за ништо како пресоблекување, кафе итн.   Во 06.01 машината зуе како да е 10.00 часот.   08.55 - 09.00 се мијат рацете.   09.00 - 09.10 појадок.   Времето за појадок е на товар на работодавачот.   11,55 се мијат раце.   12.00 - 12.30 - ручек (тие половина часа ги одработуваме).   За време на работа, понекогаш немаш време и да пиеш вода. Ако ти сакаш да одиш во тоалет, го викате бригадирот да ве замени (не е ограничено колку пати).   Кој не сака да се навикне на ваква и слична дисциплина нека остане дома. Условите за работа се екстра, иста температура во лето и зима. Се плаќа прекувремена работа и се најавува неколку дена претходно, но не е задолжително, тоа е само она од договорот.   Кога работиш - работиш, но кога си одиш дома - никој не те вознемирува во врска со работата - раскажува соговорникот на „Есресо.рс“

The post Српски гастербајтер опишува како се работи во Германија: Ако дојдеш во 5.50, а работиш од 6.00 веќе е доцна, се е испланирано до минута appeared first on Република.

]]>