раболтилница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raboltilnitsa/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 08:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png раболтилница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/raboltilnitsa/ 32 32 Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од пет до осум години во Музеј на град Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/besplatna-rabotilnitsa-za-mozaik-nameneta-za-detsa-od-pet-do-osum-godini-vo-muzej-na-grad-skopje/ Mon, 21 Aug 2023 08:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=674057

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници.

Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги.

Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.

Сите во себе го имаат основниот ритам, но им треба поттик за да почнат да го препознаваат. За работа со мали деца е потребно многу трпение, посебно со ударачките инструменти. Па така трпеливо успеавме на тапаните да научиме некои основни ритми и неколку стилови музика во кои тие се употребуваат. Тапаните и ритамот се многу битни во развојот на еден млад ум. И тоа како можат да ја подобрат моториката кај децата, двоење на десната рака од левата и нозете, и двоење на нозете од рацете во различно темпо. Тоа може да влијае само позитивно на тие мали мозочиња на кои светот останува – објаснува Вељковиќ.

The post Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од пет до осум години во Музеј на град Скопје appeared first on Република.

]]>

Бесплатна работилница за мозаик наменета за деца од 5 до 8 години во среда (23 август) во 18 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ што ја организира Халкбанк АД Скопје. На работилницата „Мозаик што раскажува ѕвездени приказни“ малите учесници ќе работат на шаблони со природни материјали под менторство на искусни уметници. Во рамките на „Халки шарено лето“ дваесетина деца деновиве лудо се забавуваа учејќи ги основите за ударните инструменти. Под менторство на музичарката Елена Чадиковска, перкусионист и уметникот Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд, децата на практичен начин се запознаа со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги. Вељковиќ вели дека за него како артист, уметник и музичар е многу важно на децата да им пренесе почетно знаење за ударните инструменти.