путер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/puter/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 08:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png путер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/puter/ 32 32 Буковки со путер и лук https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/bukovki-so-puter-i-luk/ Fri, 09 Aug 2024 08:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=804843

Потребни состојки:
  • 300 гр буковки
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 1 чешне лук
Подготовка:

Измијте ги буковките и потоа со хартиена крпа нежно тапкајте ги за да се апсорбира вишокот на влага. Исечете го тврдото стебло во основата на секоја печурка. Одвоите големи парчиња со големина на залак. Ставете голема тава на средно-силен оган. Кога добро ќе се загрее додадете го маслото. Наредете ги печурките во еден слој. Пржете, без вртење, додека едната страна не стане златно кафеава и крцкава.

Посипете со сол и бибер по вкус и промешајте. Префрлете ги печурките во чинија за сервирање. Без да ја вратите тавата на оган, во топлата тава додадете ги путерот, ситно сечканиот лук и магдоносот, мешајте додека путерот не се растопи и лукот не замириса. Прелијте ги печурките со путерот од лук и послужете.

The post Буковки со путер и лук appeared first on Република.

]]>

Потребни состојки:
  • 300 гр буковки
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 30 гр путер
  • 1 чешне лук
Подготовка:
Измијте ги буковките и потоа со хартиена крпа нежно тапкајте ги за да се апсорбира вишокот на влага. Исечете го тврдото стебло во основата на секоја печурка. Одвоите големи парчиња со големина на залак. Ставете голема тава на средно-силен оган. Кога добро ќе се загрее додадете го маслото. Наредете ги печурките во еден слој. Пржете, без вртење, додека едната страна не стане златно кафеава и крцкава. Посипете со сол и бибер по вкус и промешајте. Префрлете ги печурките во чинија за сервирање. Без да ја вратите тавата на оган, во топлата тава додадете ги путерот, ситно сечканиот лук и магдоносот, мешајте додека путерот не се растопи и лукот не замириса. Прелијте ги печурките со путерот од лук и послужете.

The post Буковки со путер и лук appeared first on Република.

]]>
Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/puter-virshli-sokchina-za-detsa-i-sladoledi-del-od-proizvodite-povlecheni-poradi-nebezbednost/ Mon, 26 Feb 2024 08:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=748335

Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се 4 808 инспекциски надзори од кои редовни 2 474, контролни 306 и вонредни 2 028. Исконтролирани се 3 269 пратки на увезена храна од неживотинско потекло. Вкупно се изречени 369 инспекциски мерки од кои три прекршочни пријави, 312 решенија, 27 едукации и исто толку покани за порамнување со прекршочен платен налог. Спроведени се и 1.094 контроли за пратки од увоз и 322 за пратки во транзит.

Овој месец беа повлечени од продажба чипс од Косово и органско какао од Холандија. Како што објави Агенцијата на 14 февруари, какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него била утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него било детектирано присуство на акриламид.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски тврди дека јадеме безбедна храна. Ништо, вели, не се остава на случајност. Пазарот се следи постојано и се реагира согласно меѓународните стандарди.

Како што објаснува Бабовски, секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето.

Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, ние вршиме постојан надзор над операторите со храна за луѓе и храна за животни во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност, но и за заштита на правата на потрошувачите. Контроли се вршат во сите фази на производство: преработка, дистрибуција и продажба, како и при увозот. Секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето. Ваквата храна од страна на самите оператори, но и по налог и надзор на инспекциските служби, се повлекува од пазарот и најчесто нештетно се уништува. Ова се однесува и на храната за животните, вели Бабовски за МИА.

Како што истакнува, иако се прават максимални напори и од институциите и од операторите на пазарот да се пласира безбедна храна, секогаш постои можност некои од дефинираните параметри за безбедност да не бидат задоволени, односно да бидат нарушени. Во такви случаи, дури и кога постои сомнеж дека храната за луѓето или храната за животните е небезбедна, се преземаат мерки за заштита на животот, здравјето и правата на потрошувачите од самите оператори со храна и од страна на Агенцијата.

Доколку се работи за храна од увоз со добиена согласност од надлежните служби за контрола на безбедност на храната, небезбедната храна може да се врати кај операторот во земјата извозник. Одговорност за пласирање безбедна храна на домашниот пазар, која ги исполнува општите и посебните дефинирани законски услови за безбедност, имаат и самите оператори. Доколку тие сметаат или имаат причина да веруваат дека храната која е увезена, произведена, преработена, обработена или дистрибуирана не е во согласност со барањата за безбедност, мора да почнат итна постапка за нејзино повлекување од промет, а во случај кога храната ја поминала непосредната контрола на операторот со храна, за тоа да ја информираат Агенцијата. Во случај кога производот стигнал до потрошувачот, операторот мора ефикасно и точно да ги информира потрошувачите за причината поради која се повлекува храната и доколку е потребно, да ја отповика/повлече храната со која потрошувачите веќе се снабдени, во случај кога другите мерки не се доволни за да се постигне висок степен на заштита на здравјето на луѓето, објаснува Бабовски.

Тој напоменува и дека операторот со храна одговорен за малопродажба и дистрибуција мора да ги поседува релевантните информации за следливост.

Операторот мора да знае каде е храната пласирана и мора веднаш да ја информира АХВ доколку добие или има лабораториски резултат за неусогласеност со барањата за безбедност на храната или смета или има причина да верува дека храната која била ставена во промет, може да биде штетна по здравјето на луѓето, како и да информира за преземените активности за да се спречи ризикот по крајниот потрошувач. Храната се повлекува и во случаите кога се работи за сомнеж или за труење со храна. Во овие случаи, кога инспекторите на АХВ постапуваат и соработуваат со Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а по потреба и со други државни органи, официјалните контроли, начинот на вршење на епидемиолошки испитувања на болести преносливи со храна и мерките кои се преземаат во случај сомнение и на позитивен наод на болести преносливи со храна и општите и посебните барања и услови кои треба да ги исполнат операторите со храна за спречување и елиминирање на појавата на алиментарни заболувања, се спроведуваат по точно дефинирани процедури и протоколи, потенцира Бабовски.

Храната или храната за животни која се повлекува од пазарот од самиот оператор или по налог на инспекциските служби, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз, задолжително се става под официјален надзор.

Храната останува под надзор се додека не се добие задоволителен или незадоволителен лабораториски наод, по што небезбедната храна се уништува или се враќа кај операторот извозник доколку се работи за храна или за храна за животни од увоз. Постои законска можност за пренамена на храната доколку операторот тоа го побара, а инспекциските служби на Агенцијата проценат дека е можно да се направи. Постапката може да вклучи третман или обработка со кои храната се доведува во согласност со барањата за безбедност, вклучувајќи каде што е можно да се изврши деконтаминација, на начин со кој се овозможува употреба на таквата храна како храна или како храна за животни. Посебниот третман се спроведува задолжително под надзор на инспектор, во објекти кои се одобрени за таа намена. Повлекувањето/отповикувањето на небезбедни производи АХВ го објавува на интернет страницата и во медиумите. Иста обврска за информирање на потрошувачите имаат и операторите и тие во најголемиот дел таа обврска ја почитуваат, нагласува директорот.

Во 2023 година се извршени вкупно 56 951 инспекциски надзор и се изречени 5 642 мерки, 11 кривични и 59 прекршочни пријави. Поништени се 147 415 килограми храна, 38 719 од инспектори и 108 696 килограми од оператори. Уништени биле и три увезени пратки производи од неживотинско потекло „тешки“ 38 636 килограми. Забранети биле 14 пратки од увоз на храна од животинско потекло со количина од 216 979 килограми и од нив се уништени три „тешки“ 4 783 килограми.

АХВ минатата година издала 3 024 сертификати за извоз на храна од животинско потекло и 4 140 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло.

 

The post Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност appeared first on Република.

]]>

Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се 4 808 инспекциски надзори од кои редовни 2 474, контролни 306 и вонредни 2 028. Исконтролирани се 3 269 пратки на увезена храна од неживотинско потекло. Вкупно се изречени 369 инспекциски мерки од кои три прекршочни пријави, 312 решенија, 27 едукации и исто толку покани за порамнување со прекршочен платен налог. Спроведени се и 1.094 контроли за пратки од увоз и 322 за пратки во транзит. Овој месец беа повлечени од продажба чипс од Косово и органско какао од Холандија. Како што објави Агенцијата на 14 февруари, какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него била утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него било детектирано присуство на акриламид. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски тврди дека јадеме безбедна храна. Ништо, вели, не се остава на случајност. Пазарот се следи постојано и се реагира согласно меѓународните стандарди. Како што објаснува Бабовски, секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето.
Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, ние вршиме постојан надзор над операторите со храна за луѓе и храна за животни во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност, но и за заштита на правата на потрошувачите. Контроли се вршат во сите фази на производство: преработка, дистрибуција и продажба, како и при увозот. Секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето. Ваквата храна од страна на самите оператори, но и по налог и надзор на инспекциските служби, се повлекува од пазарот и најчесто нештетно се уништува. Ова се однесува и на храната за животните, вели Бабовски за МИА.
Како што истакнува, иако се прават максимални напори и од институциите и од операторите на пазарот да се пласира безбедна храна, секогаш постои можност некои од дефинираните параметри за безбедност да не бидат задоволени, односно да бидат нарушени. Во такви случаи, дури и кога постои сомнеж дека храната за луѓето или храната за животните е небезбедна, се преземаат мерки за заштита на животот, здравјето и правата на потрошувачите од самите оператори со храна и од страна на Агенцијата.
Доколку се работи за храна од увоз со добиена согласност од надлежните служби за контрола на безбедност на храната, небезбедната храна може да се врати кај операторот во земјата извозник. Одговорност за пласирање безбедна храна на домашниот пазар, која ги исполнува општите и посебните дефинирани законски услови за безбедност, имаат и самите оператори. Доколку тие сметаат или имаат причина да веруваат дека храната која е увезена, произведена, преработена, обработена или дистрибуирана не е во согласност со барањата за безбедност, мора да почнат итна постапка за нејзино повлекување од промет, а во случај кога храната ја поминала непосредната контрола на операторот со храна, за тоа да ја информираат Агенцијата. Во случај кога производот стигнал до потрошувачот, операторот мора ефикасно и точно да ги информира потрошувачите за причината поради која се повлекува храната и доколку е потребно, да ја отповика/повлече храната со која потрошувачите веќе се снабдени, во случај кога другите мерки не се доволни за да се постигне висок степен на заштита на здравјето на луѓето, објаснува Бабовски.
Тој напоменува и дека операторот со храна одговорен за малопродажба и дистрибуција мора да ги поседува релевантните информации за следливост.
Операторот мора да знае каде е храната пласирана и мора веднаш да ја информира АХВ доколку добие или има лабораториски резултат за неусогласеност со барањата за безбедност на храната или смета или има причина да верува дека храната која била ставена во промет, може да биде штетна по здравјето на луѓето, како и да информира за преземените активности за да се спречи ризикот по крајниот потрошувач. Храната се повлекува и во случаите кога се работи за сомнеж или за труење со храна. Во овие случаи, кога инспекторите на АХВ постапуваат и соработуваат со Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а по потреба и со други државни органи, официјалните контроли, начинот на вршење на епидемиолошки испитувања на болести преносливи со храна и мерките кои се преземаат во случај сомнение и на позитивен наод на болести преносливи со храна и општите и посебните барања и услови кои треба да ги исполнат операторите со храна за спречување и елиминирање на појавата на алиментарни заболувања, се спроведуваат по точно дефинирани процедури и протоколи, потенцира Бабовски.
Храната или храната за животни која се повлекува од пазарот од самиот оператор или по налог на инспекциските служби, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз, задолжително се става под официјален надзор.
Храната останува под надзор се додека не се добие задоволителен или незадоволителен лабораториски наод, по што небезбедната храна се уништува или се враќа кај операторот извозник доколку се работи за храна или за храна за животни од увоз. Постои законска можност за пренамена на храната доколку операторот тоа го побара, а инспекциските служби на Агенцијата проценат дека е можно да се направи. Постапката може да вклучи третман или обработка со кои храната се доведува во согласност со барањата за безбедност, вклучувајќи каде што е можно да се изврши деконтаминација, на начин со кој се овозможува употреба на таквата храна како храна или како храна за животни. Посебниот третман се спроведува задолжително под надзор на инспектор, во објекти кои се одобрени за таа намена. Повлекувањето/отповикувањето на небезбедни производи АХВ го објавува на интернет страницата и во медиумите. Иста обврска за информирање на потрошувачите имаат и операторите и тие во најголемиот дел таа обврска ја почитуваат, нагласува директорот.
Во 2023 година се извршени вкупно 56 951 инспекциски надзор и се изречени 5 642 мерки, 11 кривични и 59 прекршочни пријави. Поништени се 147 415 килограми храна, 38 719 од инспектори и 108 696 килограми од оператори. Уништени биле и три увезени пратки производи од неживотинско потекло „тешки“ 38 636 килограми. Забранети биле 14 пратки од увоз на храна од животинско потекло со количина од 216 979 килограми и од нив се уништени три „тешки“ 4 783 килограми. АХВ минатата година издала 3 024 сертификати за извоз на храна од животинско потекло и 4 140 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло.  

The post Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност appeared first on Република.

]]>
Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potroshuvachot-mora-da-mozhe-da-si-kupi-mleko-sirene-puter-da-se-zamrznat-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-artikli-baraat-od-opm/ Wed, 30 Aug 2023 10:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=677262

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите).

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.

Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.

Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.

 

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите). Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.
Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.
Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.  

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>
Девојката јаде по неколку килограми путер и масло дневно: Луѓето велат дека сум чудна, но тоа ме смирува! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/devojkata-jade-po-nekolku-kilogrami-puter-i-maslo-dnevno-lugeto-velat-deka-sum-chudna-no-toa-me-smiruva/ Sun, 30 Apr 2023 15:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=629134

Дваесет и четиригодишната Манон Алијас Онбу од Франција запрепасти многумина откако откри дека јаде повеќе од 2 килограми путер и еден литар масло секој ден. Таа ги покажа намирниците богати со масти кои ги јаде секој ден, но не сите се импресионирани од нејзината калорична исхрана, пишува „Њујорк пост“.

Тиктокерката, која исто така редовно јаде чоколадо и чипс, за јавноста е чудна, но таа вели дека има причина за нејзината диета. Вели дека се опоравува од нарушување во исхраната и дека оваа „храна за утеха“ ѝ помага да се бори против нападите на паника.

Почнав да јадам путер и чоколадо заедно секогаш кога пореметувањата во исхраната ми се влошуваа, бидејќи во спротивно би го испразнила целиот шпајз, вели таа.

Манон додава дека оваа слатка комбинација ја спречува да се прејадува со друга храна.

Секој има свои специфични мали комбинации, кои понекогаш се малку чудни, вели таа.

Но, нејзините навики во исхраната не се евтини, пишува „Њујорк пост“. Таа троши околу 500 долари месечно на храна богата со маснотии, а виралното видео ги прикажува сите нејзини намирници, кои се во огромна количина.

Ќе ви ја покажам мојата храна. Трае четири дена, изјавува Манон во видеото пред да извади 18 коцки путер од торбата за пазарење.

На видеото се гледа како таа вади и неколку блокови бело чоколадо, како и четири шишиња масло за јадење.

„Мислам дека мислеше на четири месеци, а не на четири дена“, коментира запрепастен гледач под видеото. „Мислам дека мислеше четири животи“, возвраќа друг.

И покрај тоа што е предмет на потсмев, Манон вели дека верува дека е важно да продолжи да го споделува своето мени на социјалните мрежи.

Решив да го споделам ова онлајн за да се чувствувам помалку осамена со мојата болест. Иако многу луѓе страдаат од пореметувања во исхраната , јас се криев и чувствував срам и вина. За оние кои не страдаат, вака ќе го видат пеколот низ кој поминуваат некои луѓе и можеби ќе бидат посвесни за патолошкото однесувањена некои лица од нивното опкружување. Сакам да ја покажам реалноста, дека патот до закрепнувањето не е линеарен - не оди од сè кон ништо, додаде таа.

И покрај придобивките за менталното здравје од споделувањето на нејзината содржина, можеби не е мудро да продолжи со нејзините сегашни навики во исхраната подолг временски период. Нутриционистите препорачуваат не повеќе од 28 грама путер (или 2 лажици) дневно, што значи дека Манон ужива во речиси 20 пати повеќе од препорачаниот внес. Путерот е калоричен, а таа внесува неверојатни 4.000 калории од овој млечен производ дневно. Се смета дека прекумерната потрошувачка на путер и други масти доведува до дебелина, хипертензија, срцеви заболувања и рак, пишува „Њујорк пост“.

The post Девојката јаде по неколку килограми путер и масло дневно: Луѓето велат дека сум чудна, но тоа ме смирува! appeared first on Република.

]]>

Дваесет и четиригодишната Манон Алијас Онбу од Франција запрепасти многумина откако откри дека јаде повеќе од 2 килограми путер и еден литар масло секој ден. Таа ги покажа намирниците богати со масти кои ги јаде секој ден, но не сите се импресионирани од нејзината калорична исхрана, пишува „Њујорк пост“. Тиктокерката, која исто така редовно јаде чоколадо и чипс, за јавноста е чудна, но таа вели дека има причина за нејзината диета. Вели дека се опоравува од нарушување во исхраната и дека оваа „храна за утеха“ ѝ помага да се бори против нападите на паника.
Почнав да јадам путер и чоколадо заедно секогаш кога пореметувањата во исхраната ми се влошуваа, бидејќи во спротивно би го испразнила целиот шпајз, вели таа.
Манон додава дека оваа слатка комбинација ја спречува да се прејадува со друга храна.
Секој има свои специфични мали комбинации, кои понекогаш се малку чудни, вели таа.
Но, нејзините навики во исхраната не се евтини, пишува „Њујорк пост“. Таа троши околу 500 долари месечно на храна богата со маснотии, а виралното видео ги прикажува сите нејзини намирници, кои се во огромна количина.
Ќе ви ја покажам мојата храна. Трае четири дена, изјавува Манон во видеото пред да извади 18 коцки путер од торбата за пазарење.
На видеото се гледа како таа вади и неколку блокови бело чоколадо, како и четири шишиња масло за јадење. „Мислам дека мислеше на четири месеци, а не на четири дена“, коментира запрепастен гледач под видеото. „Мислам дека мислеше четири животи“, возвраќа друг. И покрај тоа што е предмет на потсмев, Манон вели дека верува дека е важно да продолжи да го споделува своето мени на социјалните мрежи.
Решив да го споделам ова онлајн за да се чувствувам помалку осамена со мојата болест. Иако многу луѓе страдаат од пореметувања во исхраната , јас се криев и чувствував срам и вина. За оние кои не страдаат, вака ќе го видат пеколот низ кој поминуваат некои луѓе и можеби ќе бидат посвесни за патолошкото однесувањена некои лица од нивното опкружување. Сакам да ја покажам реалноста, дека патот до закрепнувањето не е линеарен - не оди од сè кон ништо, додаде таа.
И покрај придобивките за менталното здравје од споделувањето на нејзината содржина, можеби не е мудро да продолжи со нејзините сегашни навики во исхраната подолг временски период. Нутриционистите препорачуваат не повеќе од 28 грама путер (или 2 лажици) дневно, што значи дека Манон ужива во речиси 20 пати повеќе од препорачаниот внес. Путерот е калоричен, а таа внесува неверојатни 4.000 калории од овој млечен производ дневно. Се смета дека прекумерната потрошувачка на путер и други масти доведува до дебелина, хипертензија, срцеви заболувања и рак, пишува „Њујорк пост“.

The post Девојката јаде по неколку килограми путер и масло дневно: Луѓето велат дека сум чудна, но тоа ме смирува! appeared first on Република.

]]>
Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/e-vakvite-drzhavni-sluzhbenitsi-i-rakovoditeli-da-gi-chuvash-be-puterche/ Wed, 08 Feb 2023 09:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=606367

„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш, бе лепотице“, пее Дарко Лешоски опевајќи ги фините момци кои вреди да се чуваат. Но, овој текст е порака до првиот човек на македонското земјоделите и ги документира „фините“ државни службеници.

Позиција до позиција набројани на отворениот фејсбук профил, на кој десно од позициите, стои фотографијата со позава. Поза и позиции кои немаат ништо заедничко, освен фактот дека државните институции се девалвирани до нивото подржано од дланките на сликава. Овој расчепен државен службеник е раководител на сектор за агрохемија, кабинетски службеник за земјоделство и помлад соработник за меѓународна соработка и аналитика во министерстово на Љупчо Николовски Путерот.

The post Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! appeared first on Република.

]]>

„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш, бе лепотице“, пее Дарко Лешоски опевајќи ги фините момци кои вреди да се чуваат. Но, овој текст е порака до првиот човек на македонското земјоделите и ги документира „фините“ државни службеници. Позиција до позиција набројани на отворениот фејсбук профил, на кој десно од позициите, стои фотографијата со позава. Поза и позиции кои немаат ништо заедничко, освен фактот дека државните институции се девалвирани до нивото подржано од дланките на сликава. Овој расчепен државен службеник е раководител на сектор за агрохемија, кабинетски службеник за земјоделство и помлад соработник за меѓународна соработка и аналитика во министерстово на Љупчо Николовски Путерот.

The post Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! appeared first on Република.

]]>