путер од кикирики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/puter-od-kikiriki/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 16:25:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png путер од кикирики Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/puter-od-kikiriki/ 32 32 Од пазарот повлечен небезбеден путер од кикирики https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-pazarot-povlechen-nebezbeden-puter-od-kikiriki/ Fri, 12 May 2023 16:25:27 +0000 https://republika.mk/?p=640243

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.

Станува збор за производ со сериски број /лот: LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјава се увезени 30 парчиња.

При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин.

Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени – вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

The post Од пазарот повлечен небезбеден путер од кикирики appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија. Станува збор за производ со сериски број /лот: LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјава се увезени 30 парчиња. При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени – вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.

The post Од пазарот повлечен небезбеден путер од кикирики appeared first on Република.

]]>