пустошење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pustoshenje/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 18:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пустошење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pustoshenje/ 32 32 Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/isecheni-se-85-moliki-direktorot-na-np-pelister-i-chetvoritsa-vraboteni-obvineti-za-pustosheneto-na-shumata-kaj-golema-livada/ Sat, 26 Oct 2024 18:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=831311

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик.

Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.

Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против пет физички и правното лице – Јавна установа Национален парк „Пелистер“ – Битола за кривично дело – Пустошење шума од член 226 од Кривичниот законик. За истиот настан, поднесено е обвинение и против одговорно лице – в.д. директор во правното лице кое се товари за кривично дело – Несовесно работење од член 353в став 5 во врска со став 4 од Кривичниот законик. Како што објаснуваат од ОЈО, на точно неутврден датум во периодот од крајот на септември 2023 година до 09.10.2023 година, во близина на место викано „Голема ливада“ во рамките на Националниот парк Пелистер, петтемина први соизвршители, во име и за сметка на обвинетото правно лице кое стопанисува со Националниот парк Пелистер, спротивно на Законот за шумите, сечеле шума во националниот парк.
Врз основа на усна наредба на двајцата првообвинети, останатите тројца шумски работници, без претходно одобрение и извршен преглед на ознаката за сеча од овластен инспектор за шумарство од Државниот инспекторат за шумарство, од Националниот парк Пелистер бесправно исекле 85 стебла молика и 24 стебла ела во вкупна количина на дрвна маса од 168.63 м3, со намена за нивна продажба како дрвна маса во име и за сметка на обвинетото правно лице ЈУ Национален парк Пелистер. Последниот обвинет, како вршител на должноста директор на ЈУ Национален парк Пелистер Битола, од небрежност, со пропуштање на должен надзор очигледно несовесно постапувал при вршење на своите овластувања и должности и не ја обезбедил законитоста и соодветно управување во работењето на Националниот парк Пелистер. Тој бесправно исечените дрвја и друга дрвна маса за која нема доказ дека е сечена согласно Закон ги продавал во име и за сметка на ЈУ Национален парк Пелистер Битола како техничка дрвна маса на три правни лица, со што обвинетиот прибавил имотна корист на ЈУ Национален парк Пелистер Битола во износ од 1.752.287 денари, соопшти ОЈО.

The post Исечени се 85 молики: Директорот на НП „Пелистер“ и четворица вработени обвинети за пустошењето на шумата кај Голема ливада appeared first on Република.

]]>
Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borovi-koi-so-generatsii-se-sadea-nekoj-si-dozvoluva-da-gi-seche-za-fotovoltaitsi-velat-revoltiranite-zhiteli-na-neokazi/ Mon, 05 Jun 2023 15:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=648109

Поставување на фотоволтаици над селото Неокази во Општина Пробиштип ги загрижува мештаните. Тие го искажаа својот револт од сечата на дрвата и упатија низа прашања до надлежните во Општина Пробиштип. Прашуваат дали ова значи дека селото е пред уништување и има ли начин истото да се спречи.

Дали урбаната заедница Неокази е предодредена за селидба или за уништување, бидејќи од сите страни сме заобиколени со негативни елементи, така да сега ни е проблемот со боровите кои моите генерации ги садеа, а некој си дозволува да ги сече до уништување. Има ли начин ова да престане, велат жителите на село Неокази.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов потенцираше дека станува збор за приватни парцели и дека општината овде нема никаква надлежност. Додава дека тие парцели претходно биле во сопственост на жители од Неокази кои сами одлучиле да ги продадат.

Околу земјиштето кое е во атарот на село Неокази, таму станува збор за земјиште кое е во приватна сопственост. Причината за продажбата на земјиштето веројатно е оти земјиштето тие не го обработуваат и за да нема дилема кај нашите граѓани повторувам, таму станува збор за приватни парцели. За инвестициите на фотоволтаици, сѐ она што е над петта категорија се добвива дозвола за поставување, вели Анастасов.

Тој ги охрабри граѓаните доколку е прекршен некој член од Закон да реагираат до наделжните институции.

The post Борови кои со генерации се садеа, некој си дозволува да ги сече за фотоволтаици, велат револтираните жители на Неокази appeared first on Република.