Пустец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pustec/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 13:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пустец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pustec/ 32 32 Бугарска донација за општина Пустец, Колефски вели добредојдена е секоја помош што нема никаква заднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-donatsija-za-opshtina-pustets-kolefski-veli-dobredojdena-e-sekoja-pomosh-shto-nema-nikakva-zadnina/ Sat, 14 Sep 2024 13:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=816343

Фондацијата „Бугарска меморија“ обезбеди уште една голема донација за потребите на граѓаните на општина Пустец, модуларна болница за брза помош опремена со целиот неопходен мебел и опрема, клупи за селата од регионот, копир апарати и принтери за потребите на администрацијата на општината, објави албанската државна агенција АТА.

Во присуство на претседател Милен Врабевски и претставници на фондацијата, како и амбасадорот на Бугарија, Ивајло Киров, примопредавањето на донацијата било во селото Голобочани, каде ќе биде поставена модуларната болница.

- Модуларната болница ќе обезбеди соодветни услови за прегледи и добивање соодветна терапија, поради кои жителите на селото во моментов се принудени да патуваат до Пустец или Долна Горица. Со тоа ќе се овозможи и присуство на медицински персонал во Глобочани. Донираните клупи ќе бидат поставени во центрите на селата во општината, наведува агенцијата.

Апаратите за копирање и печатење ќе се користат во реновираната зграда на општина Пустец и се продолжение на донацијата на „Бугарска меморија“ направена во текот на април годинава. Тогаш беа донирани мебел и компјутерска опрема за потребите на општинската администрација, односно вкупно 25 компјутери, 25 монитори, 44 канцелариски маси, столчиња и друго.

- Да, денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, рече кусо за МИА, градоначалникот Пали Колефски.

АТА потсетува дека во 2023 година, повторно со иницијатива и финансирање на „Бугарска меморија“,екипа специјалисти-кардиолози престојувала во Пустец пружајќи бесплатни прегледи на жителите на деветте села во општината а неколку месеци подоцна, бугарската фондација донирала медицинска опрема и потрошен материјал во Здравствениот дом во Пустец. Фондацијата во 2020 година донирала амбулантно и противпожарно возило и џип за општина Пустец.

 

The post Бугарска донација за општина Пустец, Колефски вели добредојдена е секоја помош што нема никаква заднина appeared first on Република.

]]>

Фондацијата „Бугарска меморија“ обезбеди уште една голема донација за потребите на граѓаните на општина Пустец, модуларна болница за брза помош опремена со целиот неопходен мебел и опрема, клупи за селата од регионот, копир апарати и принтери за потребите на администрацијата на општината, објави албанската државна агенција АТА. Во присуство на претседател Милен Врабевски и претставници на фондацијата, како и амбасадорот на Бугарија, Ивајло Киров, примопредавањето на донацијата било во селото Голобочани, каде ќе биде поставена модуларната болница.
- Модуларната болница ќе обезбеди соодветни услови за прегледи и добивање соодветна терапија, поради кои жителите на селото во моментов се принудени да патуваат до Пустец или Долна Горица. Со тоа ќе се овозможи и присуство на медицински персонал во Глобочани. Донираните клупи ќе бидат поставени во центрите на селата во општината, наведува агенцијата.
Апаратите за копирање и печатење ќе се користат во реновираната зграда на општина Пустец и се продолжение на донацијата на „Бугарска меморија“ направена во текот на април годинава. Тогаш беа донирани мебел и компјутерска опрема за потребите на општинската администрација, односно вкупно 25 компјутери, 25 монитори, 44 канцелариски маси, столчиња и друго.
- Да, денеска добивме нова донација од споменатата фондација. Ние сме мала, сиромашна општина. Секоја донација е добредојдена, доколку нема никаква политичка или друга заднина, рече кусо за МИА, градоначалникот Пали Колефски.
АТА потсетува дека во 2023 година, повторно со иницијатива и финансирање на „Бугарска меморија“,екипа специјалисти-кардиолози престојувала во Пустец пружајќи бесплатни прегледи на жителите на деветте села во општината а неколку месеци подоцна, бугарската фондација донирала медицинска опрема и потрошен материјал во Здравствениот дом во Пустец. Фондацијата во 2020 година донирала амбулантно и противпожарно возило и џип за општина Пустец.  

The post Бугарска донација за општина Пустец, Колефски вели добредојдена е секоја помош што нема никаква заднина appeared first on Република.

]]>
Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pustets-promotsija-na-makedonski-natsionalni-nosii-od-prespa/ Fri, 13 Sep 2024 15:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=816128

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа.

-И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски.

Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“.

-Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски.

На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација.

Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа. -И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски. Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“. -Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски. На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација. Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>
43 посто помалку Македонци во Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/43-posto-pomalku-makedontsi-vo-pustets/ Mon, 26 Aug 2024 14:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=810320

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите.

- Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на над 1880.

Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот "Монитор". Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со 44%, Пустец и Рогожина со 43%.

Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата.

- Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа  Дропул за 135%, Химара со 45% ,  Саранда со 11%. Во Тирана бројот е повисок за  7,3%, наведува "Монитор"

The post 43 посто помалку Македонци во Пустец appeared first on Република.

]]>

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите. - Во периодот меѓу двата пописа, 2011-2023 година, бројот на населението во Пустец се намалил за 43 отсто, односно од околу 5 илјади на над 1880. Пустец е меѓу 55 општини во Албанија каде е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот "Монитор". Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со 44%, Пустец и Рогожина со 43%. Од вкупно 61 општина, колку што се, според последната територијална поделба, само во 6 од нив има зголемување на популацијата. - Податоците од пописот од 2023 година покажуваат дека има значително зголемување на населението во општините каде што доминира грчкото малцинство и тоа  Дропул за 135%, Химара со 45% ,  Саранда со 11%. Во Тирана бројот е повисок за  7,3%, наведува "Монитор"

The post 43 посто помалку Македонци во Пустец appeared first on Република.

]]>
Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк “Преспа” во Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dozhdot-go-izgasna-i-pozharot-vo-natsionalniot-park-prespa-vo-pustets/ Sun, 18 Aug 2024 18:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=807732

По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк "Преспа" општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.

- Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.

Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.

- Сепак,  следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.

Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да "не се уништува и да се заштити природното богатство".

Во пожарот беа уништени над 300 хектари.

The post Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк “Преспа” во Пустец appeared first on Република.

]]>

По 12 дена изгаснат е пожарот во Националниот парк "Преспа" општина Пустец, Мала Преспа, објави на Фејсбук Нертил Јоле, префект на округот Корча, каде територијално припаѓа и општина Пустец.
- Панорама од нашата Преспа со прекрасна природа, по 12 дена пожари и борба со нив, што овозможи да се локализира пожарот. Во моментов ситуацијата е многу мирна, бидејќи во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта имаше врнежи од дожд и пад на температурата, напиша Јоле.
Наведува дека според прогнозата на Воената метеоролошка служба и утре ќе има врнежи од дожд па нема опасност од повторно разгорување.
- Сепак,  следните денови од администрацијата на Регионалната агенција за заштитени подрачја како и од службата на општина Пустец, ќе има мониторинг на терен за обезбедување, стои во објавата.
Тој упатува апел до граѓаните да бидат внимателни за да "не се уништува и да се заштити природното богатство". Во пожарот беа уништени над 300 хектари.

The post Дождот го изгасна и пожарот во Националниот парк “Преспа” во Пустец appeared first on Република.

]]>
Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-pustets-zavrshi-festivalot-makedonsko-kulturno-leto-najdobar-akter-stole-mitsov/ Sat, 06 Jul 2024 09:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=793978

Во Пустец, Мала Преспа, Албанија заврши 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024". За Актер на фестивалот беше избран Столе Мицов за улогата на Нухин од авторскиот проект „Штетноста на цигарите".

Многу успешно издание на фестивалот кој прерасна во една од поголемите вакви манифестации воопшто во Албанија и кој има потенцијал за уште поголем развој. Тоа го потврдува големата посетеност на секој настан и големиот интерес на медиумите од двете држави. За фестивалот известија над 30 медиуми од Македонија и 20 медиуми од Албанија, изјави за МИА, Едмонд Сотир, кој е организатор заедно со  Здруженито на македонците по потекло од Албанија "СОНЦЕ"- Скопје.

Фестивалот беше поддржан од македонското Министерство за култура и туризам и општина Пустец.

Со поддршка на Министерството за култура и туризам и на министерот Љутков, со поддршката на Општина Пустец и градоначалникот Колефски, а во иднина се надеваме и на поддршката на министерството за култура на Албанија оптимисти сме дека фестивалот ќе стане препознатлива дестинација за културен туризам и во поширокиот регион, додава тој.

Посочува дека министерот Зоран Љутков, е првиот македонски министер за култура кој го посетил и присутствувал на отворањето на овој фестивал.

Министерот го прогласи за отворен на први јули во Музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во Глобочени со изложба на скулптури на Синиша Новески.

Исто така вечерта беше промовирана книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо" на Андријана Јаневска по што следеше и мал концерт на Јаневска.

Во Пустец, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола.

Во селото Леска актерот од театар Комедија Столе Мицов се претстави со авторскиот проект „Штетноста на цигарите“, додека  во Пустец беше одиграна „Пасивно пушење“, театарска претстава на Театарот "Ацо Шопов" од Штип. Концерт на Симон Трпчески и Македонисимо што требаше да се одржи во театарот" Андон .З.Чајупи" во Корча, се откажа од објективни причини, посочува Сотир.

И од општина Пустец се задоволни од успешно одржаниот фестивал и најавуваат продолжување на поддршката за оваа но и за други вакви и слични настани.

The post Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов appeared first on Република.

]]>

Во Пустец, Мала Преспа, Албанија заврши 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024". За Актер на фестивалот беше избран Столе Мицов за улогата на Нухин од авторскиот проект „Штетноста на цигарите".
Многу успешно издание на фестивалот кој прерасна во една од поголемите вакви манифестации воопшто во Албанија и кој има потенцијал за уште поголем развој. Тоа го потврдува големата посетеност на секој настан и големиот интерес на медиумите од двете држави. За фестивалот известија над 30 медиуми од Македонија и 20 медиуми од Албанија, изјави за МИА, Едмонд Сотир, кој е организатор заедно со  Здруженито на македонците по потекло од Албанија "СОНЦЕ"- Скопје.
Фестивалот беше поддржан од македонското Министерство за култура и туризам и општина Пустец.
Со поддршка на Министерството за култура и туризам и на министерот Љутков, со поддршката на Општина Пустец и градоначалникот Колефски, а во иднина се надеваме и на поддршката на министерството за култура на Албанија оптимисти сме дека фестивалот ќе стане препознатлива дестинација за културен туризам и во поширокиот регион, додава тој.
Посочува дека министерот Зоран Љутков, е првиот македонски министер за култура кој го посетил и присутствувал на отворањето на овој фестивал. Министерот го прогласи за отворен на први јули во Музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во Глобочени со изложба на скулптури на Синиша Новески. Исто така вечерта беше промовирана книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо" на Андријана Јаневска по што следеше и мал концерт на Јаневска. Во Пустец, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола.
Во селото Леска актерот од театар Комедија Столе Мицов се претстави со авторскиот проект „Штетноста на цигарите“, додека  во Пустец беше одиграна „Пасивно пушење“, театарска претстава на Театарот "Ацо Шопов" од Штип. Концерт на Симон Трпчески и Македонисимо што требаше да се одржи во театарот" Андон .З.Чајупи" во Корча, се откажа од објективни причини, посочува Сотир.
И од општина Пустец се задоволни од успешно одржаниот фестивал и најавуваат продолжување на поддршката за оваа но и за други вакви и слични настани.

The post Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-go-otvori-19-izdanie-na-festivalot-makedonsko-kulturno-leto-vo-opshtina-pustets/ Tue, 02 Jul 2024 07:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=792553

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“.

Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.

Денеска преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз, ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници, одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците – рече Љутков.

Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам.

Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување.

На отворањето на фестивалот, публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска.

Во рамките на фестивалот што ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца.

Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.

 

The post Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.
Денеска преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз, ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници, одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците – рече Љутков.
Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам. Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување. На отворањето на фестивалот, публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска. Во рамките на фестивалот што ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца. Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.  

The post Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец appeared first on Република.

]]>
Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-tek-restavratsija-na-peshterskata-tsrkva-sveta-bogoroditsa-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustets/ Sun, 26 May 2024 16:55:16 +0000 https://republika.mk/?p=781855

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.

Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност во Корча, објави општина Пустец. Со овој прекуграничен проект кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“ ќе биде санирана и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот, информираа од општина Пустец.

Додаваат дека проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и со заложба на општините Битола и Пустец, како и Дирекцијата за музеи од Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар од Битола.

Оценуваат дека „оваа соработка ќе го подигне односот меѓу нашите институции и држави на друго ниво“

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец на југоисточниот брег на Преспанското Езеро.

Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

The post Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец appeared first on Република.

]]>

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча.
Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, изработена врз основа на оригиналната, која се наоѓа во Музејот на средновековна уметност во Корча, објави општина Пустец. Со овој прекуграничен проект кој е продолжение на проектот „SmartCulTour“ ќе биде санирана и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот, информираа од општина Пустец.
Додаваат дека проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка и со заложба на општините Битола и Пустец, како и Дирекцијата за музеи од Битола, Регионалната дирекција за културно наследство Корча и Младинскиот културен центар од Битола. Оценуваат дека „оваа соработка ќе го подигне односот меѓу нашите институции и држави на друго ниво“ Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Островот Мал Град се наоѓа на три километри североисточно од Пустец на југоисточниот брег на Преспанското Езеро. Врз основа на записите сочувани на неа, оваа црква претрпела три измени. Во првиот натпис пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија. А, третиот натпис датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил.

The post Во тек реставрација на пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец appeared first on Република.

]]>
На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-denot-na-odbelezhuvane-na-121-godina-od-smrtta-na-gotse-delchev-vo-pustets-e-otkriena-bista-na-velikanot/ Sat, 04 May 2024 14:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=774188

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.

[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption]

Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.

Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.

„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.

На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија.

Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Република Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.
„Делото на Гоце Делчев ги поврзува сите Македонци, каде и да сме. Ние нема никогаш да се откажеме од големите дела и големите зборови на нашите револуционери кои биле на вистинската страна на историјата, како што сме ние денес. Ние кои сме во прогресивниот табор и кои на државата и посакуваме светла европска иднина со рамноправни граѓани и среќни млади генерации“, рече Костадиновска-Стојчевска по повод откривањето на бистата на Делчев, на годишнината од неговата смрт.
[caption id="attachment_774189" align="alignnone" width="1620"] фото: Министерство за култура[/caption] Минситерката за култура посочи дека народните херои, како Гоце Делчев, и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа. Таа нагласи дека неговата визија за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите нема никогаш да го изгубат значењето во нашето колективно постоење и во нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.
Останавме доследни на нашето ветување дека нема да престанеме да градиме мостови на поврзување и дијалог“, додаде Костадиносвка-Стојчевска која на свеченоста присуствуваше со директорката на Завод и Музеј-Битола, Мери Сојанова која во континуитет ги продолжува проектите на „Смарт фор ју ту“, за прекугранична соработка со Албанија, со што активно придонесува за поврзаноста на населението во граничниот појас.
Бистата на Делчев е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски дека оваа биста е симбол на нашата непоколебливост и верба во принципите на правда и слобода.
„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.
На свеченоста по повод 121 годишнината од смртта на големиот револуционер присуствуваа претставници на Движеньето "За наша Македонија", на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН како и од Македонскиот национален совет на Србија. Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.

The post На денот на одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев во Пустец е откриена биста на великанот appeared first on Република.

]]>
Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pustets-ke-dobie-spomen-bista-na-gotse-delchev/ Sat, 04 May 2024 08:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=774028

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

На свеченост организирана од општина Пустец, денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола. Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, вели Колефски за МИА по доставеното барање.
Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

The post Пустец ќе добие спомен-биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kolefski-pustets-se-podgotvuva-za-postavuvane-na-bistata-na-gotse-delchev/ Thu, 29 Feb 2024 15:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=749738

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец.

Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.

Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец. Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.
Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство - изјави градоначалникот Колефски.
Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка. Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.
Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука - посочува тој.
Автор на бистата е Зоран Тошевски, а е донација од МАЕИ. Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

The post Колефски: Пустец се подготвува за поставување на бистата на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/zivot/vo-tsentarot-na-pustets-ke-bide-postavena-bista-na-gotse-delchev/ Thu, 29 Feb 2024 09:56:09 +0000 https://republika.mk/?p=749560

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од МАЕИ, и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај.

„Оваа иницијатива доаѓа со цел да се оддаде и овековечи споменот на Гоце Делчев, македонскиот херој и клучна фигура на македонското револуционерно движење. Со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат“, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата МАЕИ.

Додава дека од многуте песни кои се пеат меѓу Македонците во Албанија за ослободувањето на Македонија, а кои потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во многу од нив е опеан Гоце Делчев и тие сѐ уште се пеат во Мала Преспа.

„Заслуга за зачувувањето на споменот за Гоце Делчев меѓу Македонците од Албанија има и големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, кој во своите романи издадени во Албанија ја опишува соработката на македонските и албанските револуционери за ослободување од турското ропство и улогата на Делчев. Дека споменот за Гоце е вечен потврда е и фактот што во 1988 година, на иницијатива на Васил Папа од село Туминец, од областа на Преспа, рибарскиот брод за риболовното претпријатие во Преспа го добил името Гоце Делчев“, додава Стерјовски.

Посочува дека по распадот на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа и појавата на демократските процеси, Македонците од Албанија се организираат во културни, општествени и политички организаци и името на Гоце Делчев станува симбол на борбата за човекови права на Македонците од Албанија.

„Неговата фотографија е поставена во македонските домови, во училиштата, кафаните, на разни манифестации. Песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави. Учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Делчев. На ѕидовите во гимназијата во Пустец се поставени паноа со македонски дејци, меѓу кои и Гоце Делчев и испишана е неговата епохална изјава за неговото разбирање на светот како поле на културен натпревар меѓу народите, прикачени се творби на македонски јазик за Гоце Делчев од ученици. Името Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа“, нагласува тој.

Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со кој плоштадот во Пустец го доби името Гоце Делчев, а поставувањето на оваа биста, според Стерјовски, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот. 

The post Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата и барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, за поставување биста на Гоце Делчев на плоштадот во село Пустец, што го носи неговото име. Иницијативата е ставена на јавна расправа и се очекува на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука за поставање на бистата на авторот Зоран Тошевски, донација од МАЕИ, и има за цел да биде составен дел од културно-историскиот пејсаж на преспанскиот крај. „Оваа иницијатива доаѓа со цел да се оддаде и овековечи споменот на Гоце Делчев, македонскиот херој и клучна фигура на македонското револуционерно движење. Со својот живот и дело стана апостол за Македонците и неговиот спомен се пренесува од колено на колено не само кај Македонците од Албанија, туку и секаде во светот каде што живеат“, вели Васил Стерјовски, претседател на партијата МАЕИ. Додава дека од многуте песни кои се пеат меѓу Македонците во Албанија за ослободувањето на Македонија, а кои потекнуваат од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век во многу од нив е опеан Гоце Делчев и тие сѐ уште се пеат во Мала Преспа. „Заслуга за зачувувањето на споменот за Гоце Делчев меѓу Македонците од Албанија има и големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, кој во своите романи издадени во Албанија ја опишува соработката на македонските и албанските револуционери за ослободување од турското ропство и улогата на Делчев. Дека споменот за Гоце е вечен потврда е и фактот што во 1988 година, на иницијатива на Васил Папа од село Туминец, од областа на Преспа, рибарскиот брод за риболовното претпријатие во Преспа го добил името Гоце Делчев“, додава Стерјовски. Посочува дека по распадот на комунистичкиот систем на Енвер Хоџа и појавата на демократските процеси, Македонците од Албанија се организираат во културни, општествени и политички организаци и името на Гоце Делчев станува симбол на борбата за човекови права на Македонците од Албанија. „Неговата фотографија е поставена во македонските домови, во училиштата, кафаните, на разни манифестации. Песни за Гоце Делчев се пеат на разни веселби, свадби, прослави. Учениците во училиштата рецитираат стихотворби за Делчев. На ѕидовите во гимназијата во Пустец се поставени паноа со македонски дејци, меѓу кои и Гоце Делчев и испишана е неговата епохална изјава за неговото разбирање на светот како поле на културен натпревар меѓу народите, прикачени се творби на македонски јазик за Гоце Делчев од ученици. Името Гоце и Александар се најпопуларни имиња меѓу Македонците во Преспа“, нагласува тој. Во 2008 година Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со кој плоштадот во Пустец го доби името Гоце Делчев, а поставувањето на оваа биста, според Стерјовски, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот. 

The post Во центарот на Пустец ќе биде поставена биста на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/silno-razocharuvane-nezadovolstvo-i-zagrizhenost-poradi-nepochituvaneto-na-makedonskiot-jazik-vo-pustets/ Sat, 03 Feb 2024 08:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=739940

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.

Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.

Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти.

Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.

Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.

МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.

Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.

Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.
Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.
Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти. Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.
Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.
МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.
Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.
Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>
Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-oti-japonija-ne-ni-bara-da-se-pisheme-japontsi-bugarija-donira-vo-pustets-samo-za-zamena-na-nashata-makedonska-natsionalnost/ Wed, 17 Jan 2024 16:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=734086

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски гостувајќи во телевизија СОТ(SOT) одговара и на прашања за донација од Бугарија за Здравствениот дом во Пустец и негрижата на албанската влада, како за домот така и општината во целина.

На здравствениот дом на општина Пустец навистина му недостасува опрема, возила и слично, констатира новинарот и прашува што има лошо во тоа Бугарија да донира амбулантно возило.

Виновна е нашата држава, што не помага, што ги остави во таква состојба, како здравствениот дом, така и општината. Кај нас се добредојдени сите странски донатори од која било земја. Сега последно кај нас Јапонија ќе донира еден багер па Јапонија не бара јапонско малцинство во нашата општина. Саудиска Арабија има донирано. Тие не рекоа дека дониравме за Арапите во Пустец, вели Стерјовски.

Тој со одговор зошто Бугарите го прават тоа.

Во замена за националноста. Сите овие донации што ги прават Бугарите, ги преставуваат во медиумите дека ги дониравме за Бугарите во Пустец. Ќе ви кажам еден случај. Пред неколку години со Општина Девол го кофинансираа патот од Билишта до Врбник и рекоа дека оваа инвестиција ја правиме за бугарското малцинство во Врбник. Амбасадорот на Бугарија доаѓаше неколку пати, доаѓаа и други дипломати, вели Стерјовски.

Во Општина Пустец доаѓале високи македонски и албански функционери, вели тој и оценува дека "општината е призната 80 години, како македонска заедница и служи како мост меѓу двете земји".

Затоа доаѓаат сите делегации, македонски и албански претседатели и премиери кои се среќаваат овде и за тоа сме горди што ја играме оваа улога на поврзување. Но, така не се чувствуваме кога доаѓаат бугарски претставници, бидејќи бугарската страна доаѓа и сака да ни ја негира националноста и од петни жили се обидува да станеме Бугари, што ниту сме биле ниту ќе бидеме, рече Стерјовски.

Додава дека на Здравствениот дом неопходна му е опрема и кадар, пред се лекар.

Како што ви кажав, обврска на албанската влада е да одговара за тој здравствен дом бидејќи ние сме жители, лојални граѓани на оваа држава. Тоа не е должност на Бугарија, заклучува Стерјовски.

The post Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски гостувајќи во телевизија СОТ(SOT) одговара и на прашања за донација од Бугарија за Здравствениот дом во Пустец и негрижата на албанската влада, како за домот така и општината во целина. На здравствениот дом на општина Пустец навистина му недостасува опрема, возила и слично, констатира новинарот и прашува што има лошо во тоа Бугарија да донира амбулантно возило.
Виновна е нашата држава, што не помага, што ги остави во таква состојба, како здравствениот дом, така и општината. Кај нас се добредојдени сите странски донатори од која било земја. Сега последно кај нас Јапонија ќе донира еден багер па Јапонија не бара јапонско малцинство во нашата општина. Саудиска Арабија има донирано. Тие не рекоа дека дониравме за Арапите во Пустец, вели Стерјовски.
Тој со одговор зошто Бугарите го прават тоа.
Во замена за националноста. Сите овие донации што ги прават Бугарите, ги преставуваат во медиумите дека ги дониравме за Бугарите во Пустец. Ќе ви кажам еден случај. Пред неколку години со Општина Девол го кофинансираа патот од Билишта до Врбник и рекоа дека оваа инвестиција ја правиме за бугарското малцинство во Врбник. Амбасадорот на Бугарија доаѓаше неколку пати, доаѓаа и други дипломати, вели Стерјовски.
Во Општина Пустец доаѓале високи македонски и албански функционери, вели тој и оценува дека "општината е призната 80 години, како македонска заедница и служи како мост меѓу двете земји".
Затоа доаѓаат сите делегации, македонски и албански претседатели и премиери кои се среќаваат овде и за тоа сме горди што ја играме оваа улога на поврзување. Но, така не се чувствуваме кога доаѓаат бугарски претставници, бидејќи бугарската страна доаѓа и сака да ни ја негира националноста и од петни жили се обидува да станеме Бугари, што ниту сме биле ниту ќе бидеме, рече Стерјовски.
Додава дека на Здравствениот дом неопходна му е опрема и кадар, пред се лекар.
Како што ви кажав, обврска на албанската влада е да одговара за тој здравствен дом бидејќи ние сме жители, лојални граѓани на оваа држава. Тоа не е должност на Бугарија, заклучува Стерјовски.

The post Стерјовски: Oти Јапонија не ни бара да се пишеме Јапонци? Бугарија донира во Пустец само за замена на нашата македонска националност appeared first on Република.

]]>
Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pustets-odbelezhan-patronot-na-tsrkvata-sv-arhangel-mihail-zashtitnik-na-makedontsite/ Tue, 21 Nov 2023 13:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=714807

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник.

Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок, рече за МИА, Едмонд Темелко поранешен градоначалник на Пустец.

Со него беше и Панди Јани, кој додава дека денешниот празник како домашна слава го слават сите семејства во Пустец.

Овој божји храм е еден од најубавите во Албанија. Обновен беше пред неколку години на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период, а се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името „Гоце Делчев“. Посакувам сите да бидеме благословени и од големиот Архангел Михаил заштитени, порача Панди Јани.

На светата божествена литургија освен жители на Пустец присуствувале и жители од останатите населени места од оваа општина.

The post Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците appeared first on Република.

]]>

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник. Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.
Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок, рече за МИА, Едмонд Темелко поранешен градоначалник на Пустец.
Со него беше и Панди Јани, кој додава дека денешниот празник како домашна слава го слават сите семејства во Пустец.
Овој божји храм е еден од најубавите во Албанија. Обновен беше пред неколку години на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период, а се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името „Гоце Делчев“. Посакувам сите да бидеме благословени и од големиот Архангел Михаил заштитени, порача Панди Јани.
На светата божествена литургија освен жители на Пустец присуствувале и жители од останатите населени места од оваа општина.

The post Во Пустец одбележан патронот на црквата „Св. Архангел Михаил“, заштитник на Македонците appeared first on Република.

]]>
Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pustets-na-protest-baraat-ogrevno-drvo/ Sun, 19 Nov 2023 13:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=703197

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“.

Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.

Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.

Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.

Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.

Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво appeared first on Република.

]]>

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.
Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.
Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.
Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.
Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво appeared first on Република.

]]>
Протест на Македонците од Пустец, немаат огревно дрво https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/protest-na-makedontsite-od-pustets-nemaat-ogrevno-drvo/ Sat, 18 Nov 2023 19:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=702995

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум” .

Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.

-Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.

Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.

– Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.

Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Протест на Македонците од Пустец, немаат огревно дрво appeared first on Република.

]]>

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум” . Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.
-Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.
Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.
– Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.
Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Протест на Македонците од Пустец, немаат огревно дрво appeared first on Република.

]]>
Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otvorena-zakana-na-stojanov-do-makedontsite-vo-pustets-ke-vi-gi-odzememe-pasoshite-ako-ne-se-pishete-bugari/ Fri, 22 Sep 2023 07:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=684000

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.

До сите жители на општина Пустец, Албанија:Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете, им порача Стојанов на Македонците од Пустец.

Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Јотова.

The post Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши. До сите жители на општина Пустец, Албанија:Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете, им порача Стојанов на Македонците од Пустец. Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Јотова.

The post Отворена закана на Стојанов до Македонците во Пустец: Ќе ви ги одземеме пасошите ако не се пишете Бугари appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Во „Отворен Балкан“ се само три земји и тоа е голем недостаток https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-otvoren-balkan-se-samo-tri-zemji-i-toa-e-golem-nedostatok/ Sun, 23 Jul 2023 11:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=664417

Берлинскиот процес има неспорни структурни предности во однос на „Отворен Балкан“, главниот е тоа што сите шест западнобалкански држави се членки на Берлинскиот процес, а само три се досега во „Отворен Балкан“ и тоа е голем недостаток на иницијативата, изјави во Пустец претседателот на државата Стево Пендаровски.

При денешната еднодневна работна посета на Република Албанија, одговорајќи на новинарско прашање, шефот на државата изрази надеж дека „Отворен Балкан“ ќе продолжи да постои.

Отворениот Балкан од самиот почеток, па се до денеска, е замислен да биде една од многуте регионални иницијативи. На Западен Балкан има над 50 регионални иницијативи за сите овие години и служат за поврзување на народите и за правење услови за нивни подобар живот. „Отворен Балкан“ беше од тие иницијативи и јас се надевам дека во одреден формат тој ќе продолжи да постои - рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Во „Отворен Балкан“ се само три земји и тоа е голем недостаток appeared first on Република.

]]>

Берлинскиот процес има неспорни структурни предности во однос на „Отворен Балкан“, главниот е тоа што сите шест западнобалкански држави се членки на Берлинскиот процес, а само три се досега во „Отворен Балкан“ и тоа е голем недостаток на иницијативата, изјави во Пустец претседателот на државата Стево Пендаровски. При денешната еднодневна работна посета на Република Албанија, одговорајќи на новинарско прашање, шефот на државата изрази надеж дека „Отворен Балкан“ ќе продолжи да постои.
Отворениот Балкан од самиот почеток, па се до денеска, е замислен да биде една од многуте регионални иницијативи. На Западен Балкан има над 50 регионални иницијативи за сите овие години и служат за поврзување на народите и за правење услови за нивни подобар живот. „Отворен Балкан“ беше од тие иницијативи и јас се надевам дека во одреден формат тој ќе продолжи да постои - рече Пендаровски.

The post Пендаровски: Во „Отворен Балкан“ се само три земји и тоа е голем недостаток appeared first on Република.

]]>
Пендаровски пристигна во Пустец, беше пречекан од албанскиот претседател Бајрам Бегај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pendarovski-pristigna-vo-pustets-beshe-prechekan-od-albanskiot-pretsedatel-bajram-begaj/ Sun, 23 Jul 2023 09:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=664388

Претседателот на државата Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска пристигнаа во Пустец, каде беа пречекани од неговиот албански колега Бајрам Бегај.

Потоа следуваше културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети црквата Св.„Архангел Михаил“.

Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, а подоцна ќе замине во Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

The post Пендаровски пристигна во Пустец, беше пречекан од албанскиот претседател Бајрам Бегај appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска пристигнаа во Пустец, каде беа пречекани од неговиот албански колега Бајрам Бегај. Потоа следуваше културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети црквата Св.„Архангел Михаил“. Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели. Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, а подоцна ќе замине во Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

The post Пендаровски пристигна во Пустец, беше пречекан од албанскиот претседател Бајрам Бегај appeared first on Република.

]]>
Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-otvorane-na-bugarski-klub-vo-pustets-ke-chekale-registratsija-pred-drzhavnite-institutsii/ Wed, 24 May 2023 08:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=644156

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.

Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.

Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.

Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.

– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.

За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.

Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана.

Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.

The post Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции appeared first on Република.

]]>

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија. Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.
– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.
Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.
– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.
Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект. Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.
– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.
За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец. Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана. Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.

The post Нема отворање на бугарски клуб во Пустец, ќе чекaле регистрација пред државните институции appeared first on Република.

]]>