пушка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pushka/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пушка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pushka/ 32 32 Старец со пушка му го уби кучето на соседот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/starets-so-pushka-mu-go-ubi-kucheto-na-sosedot/ Mon, 04 Nov 2024 11:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=833971

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.

Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.

СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

The post Старец со пушка му го уби кучето на соседот appeared first on Република.

]]>

Охридската полиција информираше дека пред два дена полицајци од ОВР Струга уапсиле 83-годишен жител на струшкото село Мислешево. Осомничен е дека со пушка го усмртил ловечкото куче на неговиот сосед.
Кај него била пронајдена пушка со калибар 16 милиметри за која има сомнеж дека ја употребил и усмртил ловечко куче сопственост на 43-годишен соселанец, информираат од полицијата.
СВР Охрид работи на расветлување на случајот.

The post Старец со пушка му го уби кучето на соседот appeared first on Република.

]]>
74-годишен дедо се повредил додека ја чистел пушката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/74-godishen-dedo-se-povredil-dodeka-ja-chistel-pushkata/ Thu, 11 Jul 2024 16:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=795903

На 10.07.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ристо Кавалиновски“ во Битола има лице повредено со огнено оружје.

Од страна на увидна екипа од СВР Битола излезено е на местото на настанот при што констатирано е дека Т.С.(74) од Битола, додека ја чистел пушката, се повредил, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

The post 74-годишен дедо се повредил додека ја чистел пушката appeared first on Република.

]]>

На 10.07.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ристо Кавалиновски“ во Битола има лице повредено со огнено оружје. Од страна на увидна екипа од СВР Битола излезено е на местото на настанот при што констатирано е дека Т.С.(74) од Битола, додека ја чистел пушката, се повредил, по што е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

The post 74-годишен дедо се повредил додека ја чистел пушката appeared first on Република.

]]>
Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-skopjanets-koj-doma-imal-pushka-i-munitsija/ Wed, 10 Jul 2024 14:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=795460

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 09.07 во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, на 09.07 во 16.20 часот го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје, соопштија од МВР. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, се додава, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен скопјанец кој дома имал пушка и муниција appeared first on Република.

]]>
Новата јуришна пушка на германската армија има еден проблем – не може правилно да пука на оддалеченост над 100 метри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novata-jurishna-pushka-na-germanskata-armija-ima-eden-problem-ne-mozhe-pravilno-da-puka-na-oddalechenost-nad-100-metri/ Sun, 28 Jan 2024 10:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=737683

Сосема новата јуришна пушка на Бундесверот има еден мал проблем: не може правилно да пука.

Германската армија планира да ја замени автоматската пушка „Хеклер и Кох“ (ХиK) Г36 со нов дизајн поради поплаките на војниците дека прегревањето го отежнува погодувањето на цели на оддалеченост над 100 метри, а пушката практично е неупотреблива на оддалеченост над 300 метри.

Новото оружје, Г95A1 на ХиК, беше најавено како пушката избор на Бундесверот во 2021 година, при што војската планира да купи доволно парчиња од 5.050 евра за да ги опреми сите 180.000 свои војници.

Но, според доверливиот извештај до пратениците што го виделе медиумите, ревизорите откриле големи проблеми со новото оружје, при што Г95A1 очигледно го има истиот проблем како неговиот претходник - слаба прецизност во реални услови.

Ревизорите откриле намерен притисок од страна на Владата да го намали нивото на тестови, дозволувајќи тестирање со користење на „специјална цивилна муниција“ наместо муниција од воен степен, олеснување на подолги паузи помеѓу рафалите за подобрување на резултатите и воздржување од тестирање во услови на екстремен студ или топлина.

Скандалот доаѓа среде тековната германска кампања за превооружување вредна 100 милијарди евра, која канцеларот Олаф Шолц ја најави на почетокот на 2022 година, поради ескалацијата на украинската криза. Во пролетта 2023 година, министерот за одбрана, Борис Писториус, го отпушти Габриеле Корб, шефот на германската агенција за одбранбени набавки, поради бавното темпо на усвојување на новото оружје.

The post Новата јуришна пушка на германската армија има еден проблем – не може правилно да пука на оддалеченост над 100 метри appeared first on Република.

]]>

Сосема новата јуришна пушка на Бундесверот има еден мал проблем: не може правилно да пука. Германската армија планира да ја замени автоматската пушка „Хеклер и Кох“ (ХиK) Г36 со нов дизајн поради поплаките на војниците дека прегревањето го отежнува погодувањето на цели на оддалеченост над 100 метри, а пушката практично е неупотреблива на оддалеченост над 300 метри. Новото оружје, Г95A1 на ХиК, беше најавено како пушката избор на Бундесверот во 2021 година, при што војската планира да купи доволно парчиња од 5.050 евра за да ги опреми сите 180.000 свои војници. Но, според доверливиот извештај до пратениците што го виделе медиумите, ревизорите откриле големи проблеми со новото оружје, при што Г95A1 очигледно го има истиот проблем како неговиот претходник - слаба прецизност во реални услови. Ревизорите откриле намерен притисок од страна на Владата да го намали нивото на тестови, дозволувајќи тестирање со користење на „специјална цивилна муниција“ наместо муниција од воен степен, олеснување на подолги паузи помеѓу рафалите за подобрување на резултатите и воздржување од тестирање во услови на екстремен студ или топлина. Скандалот доаѓа среде тековната германска кампања за превооружување вредна 100 милијарди евра, која канцеларот Олаф Шолц ја најави на почетокот на 2022 година, поради ескалацијата на украинската криза. Во пролетта 2023 година, министерот за одбрана, Борис Писториус, го отпушти Габриеле Корб, шефот на германската агенција за одбранбени набавки, поради бавното темпо на усвојување на новото оружје.

The post Новата јуришна пушка на германската армија има еден проблем – не може правилно да пука на оддалеченост над 100 метри appeared first on Република.

]]>
Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanets-so-pushka-pukal-od-prozor-pogodi-kuche/ Fri, 17 Nov 2023 11:41:33 +0000 https://republika.mk/?p=702502

Вчера во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци.

На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ќ.С.(48) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 05.30 часот пред неговата куќа во Кавадарци пукал со воздушна пушка и погодил куче сопственост на С.Н.(44) од Кавадарци. На К.С. му била одземена пушката, а тој бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Кавадарчанец со пушка пукал од прозор, погоди куче appeared first on Република.

]]>
Битолчанец од автомобил пукал кон кучиња скитници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-od-avtomobil-pukal-kon-kuchina-skitnitsi/ Thu, 25 May 2023 08:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=644460

Полициски службеници вчера во 18.30 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато" во Битола привеле 29-годишник кој пукал со воздушна пушка во кучиња скитници.

И.Г. (29), управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи, соопшти МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

The post Битолчанец од автомобил пукал кон кучиња скитници appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници вчера во 18.30 часот на ул.„Димитар Илиевски Мурато" во Битола привеле 29-годишник кој пукал со воздушна пушка во кучиња скитници.
И.Г. (29), управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи, соопшти МВР.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

The post Битолчанец од автомобил пукал кон кучиња скитници appeared first on Република.

]]>
Момче со пушка шеташе пред училиште во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/momche-so-pushka-shetashe-pred-uchilishte-vo-novi-sad/ Sat, 06 May 2023 08:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=637567

На социјалните мрежи беше објавено ново видео од момче со оружје во близина на музичко училиште.

Граѓаните веднаш повикале полиција, која го пронашла 11-годишното момче и утврдила дека станува збор за пушка. Во изминатите денови две страшни трагедии ја погодија Србија, кога К.К. уби осум врсници и чувар, а Урош Б. уби осум лица и повреди 14 кај Младеновац.

The post Момче со пушка шеташе пред училиште во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи беше објавено ново видео од момче со оружје во близина на музичко училиште. Граѓаните веднаш повикале полиција, која го пронашла 11-годишното момче и утврдила дека станува збор за пушка. Во изминатите денови две страшни трагедии ја погодија Србија, кога К.К. уби осум врсници и чувар, а Урош Б. уби осум лица и повреди 14 кај Младеновац.

The post Момче со пушка шеташе пред училиште во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Битолчанец со пушка му упатил порака на висок функционер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-so-pushka-mu-upatil-poraka-na-visok-funktsioner/ Fri, 05 May 2023 09:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=637206

Во Полициската станица Битола вчера бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола, соопшти МВР.

Како што велат оттаму, А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер.

Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С..

Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Битолчанец со пушка му упатил порака на висок функционер appeared first on Република.

]]>

Во Полициската станица Битола вчера бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола, соопшти МВР. Како што велат оттаму, А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С.. Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола за оружје. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Битолчанец со пушка му упатил порака на висок функционер appeared first on Република.

]]>
15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/15-godishnik-od-bosna-zastrelal-vrsnik-so-vozdushna-pushka/ Tue, 04 Apr 2023 13:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=627161

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка.

Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19 часот и 51 минути Итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход.

Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо.

Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.

 

The post 15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка appeared first on Република.

]]>

Малолетник (15) е убиен синоќа во престрелка во Брчко. Неофицијално, момчето било застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка. Портпаролот на окружната полиција Брчко, Џевида Хукичевиќ, потврди дека синоќа во 19 часот и 51 минути Итната медицинска помош пријавила инцидент во полиција, чии престапници биле малолетни, а кој имал трагичен исход. Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврдила дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо. Екипата за медицинска помош излегла на терен, а момчето е пренесено во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете“, изјави Брадоњиќ.  

The post 15-годишник од Босна застрелал врсник со воздушна пушка appeared first on Република.

]]>
Пола час пукал по улицата: Жител на Ливада осомничен за убиството на кучињата во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pola-chas-pukal-po-ulitsata-zhitel-na-livada-osomnichen-za-ubistvoto-na-kuchinata-vo-struga/ Wed, 11 Jan 2023 11:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=595774

Шеесет и две годишен жител на струшкото село Ливада се сомничи за усмртување на седум кучиња скитници вчера во Струга.

СВР Охрид денеска соопшти дека од М.З. била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење.

Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, вчера во 17 часот и 15 минути извршен е службен разговор со М.З. (62) од селото Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 6 часот и 45 минути до 7 часот и 15 минути на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници, стои во информацијата на СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе биде поднесена соодветна пријава.

За случајот вчера алармираше Здружението „Анима мунди“ кое сподели видео од убиените животни. Јавноста реагира дека поради неажурноста на институциите се загрозува и самата безбедност на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-pushka-ubieni-mnogu-bezdomni-kuchina-i-domashni-milenitsi-vo-struga/

The post Пола час пукал по улицата: Жител на Ливада осомничен за убиството на кучињата во Струга appeared first on Република.

]]>

Шеесет и две годишен жител на струшкото село Ливада се сомничи за усмртување на седум кучиња скитници вчера во Струга. СВР Охрид денеска соопшти дека од М.З. била одземена ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење.

Во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, вчера во 17 часот и 15 минути извршен е службен разговор со М.З. (62) од селото Ливада, струшко. Тој се сомничи дека во периодот од 6 часот и 45 минути до 7 часот и 15 минути на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници, стои во информацијата на СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, како што е наведено, ќе биде поднесена соодветна пријава. За случајот вчера алармираше Здружението „Анима мунди“ кое сподели видео од убиените животни. Јавноста реагира дека поради неажурноста на институциите се загрозува и самата безбедност на граѓаните. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-pushka-ubieni-mnogu-bezdomni-kuchina-i-domashni-milenitsi-vo-struga/

The post Пола час пукал по улицата: Жител на Ливада осомничен за убиството на кучињата во Струга appeared first on Република.

]]>
Претрес во Аеродром, кај скопјанец пронајдено оружје и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-aerodrom-kaj-skopjanec-pronajdeno-oruzje-i-municija/ Wed, 16 Nov 2022 08:22:12 +0000 https://republika.mk/?p=574336

Полицијата синоќа во 20:30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, го лишила од слобода М.А.(34) од Скопје.

Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка – карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во Аеродром, кај скопјанец пронајдено оружје и муниција appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа во 20:30 часот на ул.„23-ти Октомври“ во Скопје, го лишила од слобода М.А.(34) од Скопје. Како што информира денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка – карабин „Црвена застава“, 53 куршуми за револвер 357 Магнум и 17 куршуми за ловечки карабин, кои ги поседувало нелегално. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во Аеродром, кај скопјанец пронајдено оружје и муниција appeared first on Република.

]]>
Како да се подготвувал за војна: Кај битолчанец пронајдени 250 куршуми и четири пушки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-da-se-podgotvuval-za-vojna-kaj-bitolchanec-pronajdeni-250-kurshumi-i-chetiri-pushki/ Thu, 27 Oct 2022 15:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=566483

– Приведен е 28-годишен битолчанец во чиј дом се пронајдени пушки, пиштол и куршуми.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Н. При претресот во неговиот дом во битолското село Мусинци, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и околу 250 куршуми од различен калибар.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Како да се подготвувал за војна: Кај битолчанец пронајдени 250 куршуми и четири пушки appeared first on Република.

]]>

– Приведен е 28-годишен битолчанец во чиј дом се пронајдени пушки, пиштол и куршуми.
Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Н. При претресот во неговиот дом во битолското село Мусинци, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и околу 250 куршуми од различен калибар.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Како да се подготвувал за војна: Кај битолчанец пронајдени 250 куршуми и четири пушки appeared first on Република.

]]>
20-годишник со пушка во раце шетал низ Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/20-godishnik-so-pushka-vo-race-shetal-niz-veles/ Mon, 11 Apr 2022 10:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=486695

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница.

Како што информираат од ЈОРСМ, движејќи се по улица во Велес, оваа пушка лицето ја носело со себе, кога го запреле полициски службеници.

Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post 20-годишник со пушка во раце шетал низ Велес appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ од руско производство, со калибар 12 милиметри, со две цевки со внатрешни ударни механизми и автоматска кочница. Како што информираат од ЈОРСМ, движејќи се по улица во Велес, оваа пушка лицето ја носело со себе, кога го запреле полициски службеници. Поради околности кои упатуваат дека осомничениот може да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

The post 20-годишник со пушка во раце шетал низ Велес appeared first on Република.

]]>
Си ја разнел ногата со сопствената пушка: Тешко повреден жител на село Тополница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/si-ja-raznel-nogata-so-sopstvenata-pushka-teshko-povreden-zitel-na-selo-topolnica/ Fri, 07 Jan 2022 18:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=441770

Четириесет и едногодишен жител на селото Тополница во близина на Макеоднски Борд се застрелал во ногата со сопствената пушка.

Во СВР Битола вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Тополница во општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од село Тополница.

 

Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на село Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М“, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата - информираат од МВР.

The post Си ја разнел ногата со сопствената пушка: Тешко повреден жител на село Тополница appeared first on Република.

]]>

Четириесет и едногодишен жител на селото Тополница во близина на Макеоднски Борд се застрелал во ногата со сопствената пушка.
Во СВР Битола вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Тополница во општина Македонски Брод со повреди од огнено оружје се здобил М.М.(41) од село Тополница.   Екипа од Полициската станица Македонски Брод излегла на местото и било констатирано дека околу 12.10 часот во атар на село Тополница, М.М. со неговата пушка марка „Бајкал ИЖ-18 -ЕМ-М“, што ја поседувал со дозвола, испукал куршум и си нанел повреда на ногата - информираат од МВР.

The post Си ја разнел ногата со сопствената пушка: Тешко повреден жител на село Тополница appeared first on Република.

]]>