пушачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pushachi/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 18:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пушачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pushachi/ 32 32 Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/posiromashnite-makedontsi-bi-se-otkazhale-od-hrana-za-da-kupat-tsigari/ Sun, 27 Oct 2024 19:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=831465

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа.

Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.

Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.

Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.

Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи. За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа. Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.
Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.
Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.
Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.
Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>
Пуши пола Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pushi-pola-makedonija/ Sat, 01 Jun 2024 16:25:08 +0000 https://republika.mk/?p=783423

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани - активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе - пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај - Светски ден против употреба на тутун.

Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.

Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD - European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS -  Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.

Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.

Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.

Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.

Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.

Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ. 

The post Пуши пола Македонија appeared first on Република.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун. За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.
И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.
Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD - European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS -  Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.
Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.
Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.
Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.
Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.
Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ. 

The post Пуши пола Македонија appeared first on Република.

]]>
Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/brojot-na-aktivni-pushachi-vo-makedonija-e-45-4-otsto-nizok-protsent-na-onie-koi-se-otkazhale-od-tutun/ Fri, 31 May 2024 08:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=783424

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај – Светски ден против употреба на тутун.

Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.

Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD – European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS – Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.

Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.

Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.

Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.

Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.

Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ.

The post Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун appeared first on Република.

]]>

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај – Светски ден против употреба на тутун. Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот. Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун. За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес. И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ. Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата. Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD – European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS – Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени. Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ. Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа. Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот. Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун. Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ.

The post Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун appeared first on Република.

]]>
Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pushachite-vo-makedonija-pushat-po-edna-kutija-tsigari-na-den-skoro-polovina-od-vozrasnite-pushat-redovno/ Fri, 26 May 2023 11:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=644877

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО).

Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво.

Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај.

Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.

Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.

Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година.

Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун.

Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата.

При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО). Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво. Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај. Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.
Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.
Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година. Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун. Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата. При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.    

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>
Британија ќе ги поттикне пушачите да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/britanija-ke-gi-pottikne-pushachite-da-gi-zamenat-tsigarite-so-alternativni-elektronski-uredi/ Wed, 12 Apr 2023 09:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=630172

Дури милион пушачи ќе бидат поттикнати да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди, додека на бремените жени ќе им бидат понудени финансиски стимулации да ја направат оваа замена, што ќе биде прв пат во светот, објави вчера британската влада.

Врз основа на оваа програма, речиси секој петти пушач ќе добие основна опрема за користење на овие уреди, како и поддршка за престанок со пушењето, соопшти Министерството за здравство.

На бремените жени ќе им бидат понудени ваучери како дел од целта на владата да го намали бројот на пушачи на 5% или помалку од популацијата во однос на сегашните 13%.

„Дури двајца од тројца редовни пушачи ќе умрат од пушење. Цигарите се единствениот производ на пазарот, кој ќе ве убие ако се користи правилно“, изјави министерот за здравство Нил О'Брајан.

„За еден милион пушачи ќе понудиме нов начин за да им помогнеме да престанат да пушат. Ќе финансираме нова национална програма за замена - прва од ваков вид во светот“.

Иако просечните стапки на пушење во светот се повисоки отколку во Велика Британија, тутунот и натаму е водечка превентабилна причина за смрт и болести во земјата, објави министерството.

Во текот на 2021 и 2022 година, владата потроши 68 милиони фунти (84,52 милиони американски долари) за мерките на локалната власт насочени на престанок на пушењето, што доведе до тоа 100.000 пушачи да престанат да пушат, како и на полесно функционирање на преоптоварената Национална здравствена служба во Британија.

Сепак, електронските уреди со испарување имаат свои критичари и здравствените власти предупредија на нивнаа популарност меѓу децата, која ги изложува на хемикалии чии долгорочни ефекти се нејасни.

Бројките на здравствените служби покажуваат дека 9 проценти од децата на 11-15-годишна возраст во Британија користеле електронски цигари во 2021 година, што е пораст во однос на 6% три години порано. Владата соопшти дека ќе формира специјален оддел, кој ќе има на располагање три милиони фунти и ќе работи на спречување на нелегалната продажба на вакви уреди на помладите од 18 години.

The post Британија ќе ги поттикне пушачите да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди appeared first on Република.

]]>

Дури милион пушачи ќе бидат поттикнати да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди, додека на бремените жени ќе им бидат понудени финансиски стимулации да ја направат оваа замена, што ќе биде прв пат во светот, објави вчера британската влада. Врз основа на оваа програма, речиси секој петти пушач ќе добие основна опрема за користење на овие уреди, како и поддршка за престанок со пушењето, соопшти Министерството за здравство. На бремените жени ќе им бидат понудени ваучери како дел од целта на владата да го намали бројот на пушачи на 5% или помалку од популацијата во однос на сегашните 13%. „Дури двајца од тројца редовни пушачи ќе умрат од пушење. Цигарите се единствениот производ на пазарот, кој ќе ве убие ако се користи правилно“, изјави министерот за здравство Нил О'Брајан. „За еден милион пушачи ќе понудиме нов начин за да им помогнеме да престанат да пушат. Ќе финансираме нова национална програма за замена - прва од ваков вид во светот“. Иако просечните стапки на пушење во светот се повисоки отколку во Велика Британија, тутунот и натаму е водечка превентабилна причина за смрт и болести во земјата, објави министерството. Во текот на 2021 и 2022 година, владата потроши 68 милиони фунти (84,52 милиони американски долари) за мерките на локалната власт насочени на престанок на пушењето, што доведе до тоа 100.000 пушачи да престанат да пушат, како и на полесно функционирање на преоптоварената Национална здравствена служба во Британија. Сепак, електронските уреди со испарување имаат свои критичари и здравствените власти предупредија на нивнаа популарност меѓу децата, која ги изложува на хемикалии чии долгорочни ефекти се нејасни. Бројките на здравствените служби покажуваат дека 9 проценти од децата на 11-15-годишна возраст во Британија користеле електронски цигари во 2021 година, што е пораст во однос на 6% три години порано. Владата соопшти дека ќе формира специјален оддел, кој ќе има на располагање три милиони фунти и ќе работи на спречување на нелегалната продажба на вакви уреди на помладите од 18 години.        

The post Британија ќе ги поттикне пушачите да ги заменат цигарите со алтернативни електронски уреди appeared first on Република.

]]>