пункт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 11:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пункт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt/ 32 32 Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-sreda-ke-bide-otvoren-nov-punkt-za-izdavane-lichni-dokumenti-vo-idrizovo/ Mon, 04 Mar 2024 11:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=751016

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово.

В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе - изјави Тошковски во интервју на утринската програма на „Слободен печат“.

Тошковски информира дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи.

Техничкиот министер за внатрешни работи изјави дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.

Обрасци најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката - рече Тошковски.

The post Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово appeared first on Република.

]]>

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информира дека в среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово.
В среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи што ќе се наоѓа во рамките на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе - изјави Тошковски во интервју на утринската програма на „Слободен печат“.
Тошковски информира дека имаат обрасци кои ќе бидат доволни до почеток на мај, но, најголем проблем, како што рече, е печатењето лични документи. Техничкиот министер за внатрешни работи изјави дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.
Обрасци најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај. Но, не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката - рече Тошковски.

The post Тошковски: Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово appeared first on Република.

]]>
ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vazhno-punktot-za-dokumenti-vo-prolet-od-utre-se-transformira-nema-da-raboti-bez-zakazhuvane/ Tue, 06 Feb 2024 11:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=740931

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што објаснуваат, трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје.

Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

The post ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување appeared first on Република.

]]>

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Како што објаснуваат, трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации. Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена. Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

The post ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување appeared first on Република.

]]>
Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-se-strupoli-po-dolgo-chekane-pred-punkot-za-slikane-za-lichni-dokumenti-vo-prolet/ Tue, 12 Dec 2023 11:04:36 +0000 https://republika.mk/?p=722109

Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи, пренесува „Плусинфо“, додавајќи дека според присутните граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош.

Екипата на „Плусинфо“ разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога, но дека че биде добар.

The post Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет appeared first on Република.

]]>

Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи, пренесува „Плусинфо“, додавајќи дека според присутните граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош. Екипата на „Плусинфо“ разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога, но дека че биде добар.

The post Маж се струполи по долго чекање пред пункот за сликање за лични документи во Пролет appeared first on Република.

]]>
Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи и викендов https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/punktot-za-promena-na-lichni-dokumenti-bez-zakazhuvane-vo-ps-prolet-ke-raboti-i-vikendov/ Sat, 25 Nov 2023 07:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=716080

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и денеска и утре од 8 до 16 часот.

Како што соопшти МВР, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Од 8 до 16 часот денеска ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.

The post Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи и викендов appeared first on Република.

]]>

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и денеска и утре од 8 до 16 часот. Како што соопшти МВР, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Од 8 до 16 часот денеска ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.

The post Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет“ ќе работи и викендов appeared first on Република.

]]>
Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/punktot-za-promena-na-lichni-dokumenti-bez-zakazhuvane-vo-ps-prolet-ke-raboti-i-utre-i-zadutre/ Fri, 24 Nov 2023 15:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=715992

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (25.11.2023) од 08 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.

The post Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (25.11.2023) од 08 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.

The post Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре appeared first on Република.

]]>