пункт за фотографирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt-za-fotografirane/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 13:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пункт за фотографирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt-za-fotografirane/ 32 32 Се реновираат просториите за издавање лични документи во Скопје, Тошковски најави побрзи и поефикасни услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-renoviraat-prostoriite-za-izdavane-lichni-dokumenti-vo-skopje-toshkovski-najavi-pobrzi-i-poefikasni-uslugi/ Fri, 25 Oct 2024 14:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=830999

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МТВ. Проектот за реновирање на овие простории започна неодамна, откако целосно беа надминати гужвите кои беа предизвикани со промената на личните документи заради промена на уставното име, а со цел модернизација и креирање побрзи и поефикасни услуги за граѓаните.

Претходното раководство планирало да ја започне реконструцијата оваа година во февруари во ек на најголемите гужви за промена на документите. Можете да замислите што тогаш ќе се случеше ако се реализирало тоа. Со оваа реконструкција која треба да заврши за шест месеци ќе добиеме речиси двоен капацитет на управните служби на МВР кои ќе понудат побрзи и поефикасни услуги за нашите граѓани. Градиме поефикасна администрација која ќе биде целосно во служба на потребите на граѓаните, истакна министерот Тошковски.

Тошковски притоа напомена дека додека трае реконструкцијата воопшто не е намален капацитетот на издавање лични документи и останати услуги кон граѓаните и тие во најголем дел во најголем дел се извршуваат во пунктот до полициската станица „Пролет“.

The post Се реновираат просториите за издавање лични документи во Скопје, Тошковски најави побрзи и поефикасни услуги appeared first on Република.

]]>

Тошковски во посета на Идризово каде што започна со работа новиот пункт за фотографирање за лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-idrizovo-kade-shto-zapochna-so-rabota-noviot-punkt-za-fotografirane-za-lichni-dokumenti/ Wed, 06 Mar 2024 16:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=751992

Денеска во кругот на Центарот за обука во Идризово започна со работа новиот пункт за фотографирање за лични документи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети пунктот и кажа дека се ангажирани четворица вработени на четири базни станици.

Треба да се направи уште многу повеќе во иднина за да може да го затвориме оној број околу два милиони лични документи коишто е потребно да се обноват но секако тоа е чекор во насока да се подобри работата на МВР, рече Тошковски при посетата.

Она коешто го констатиравме пред десетина дена отприлика и донесовме одлука дека со зголемување на човечките капацитети ќе овозможиме колку што може повеќе граѓани да се фотографираат за пократок временски период еве профунцкионира. Ова е нов пункт којшто започна со работа. Моментално функционираме со плус четири базни станици и со четворица луѓе коишто ќе ги примаат граѓаните за издавање на лични документи. Ако прв чекор е прием на барањето, односно закажување на термин, втор е фотографирање на граѓаните за секој личен документ, рече Тошковски.

The post Тошковски во посета на Идризово каде што започна со работа новиот пункт за фотографирање за лични документи appeared first on Република.

]]>

Денеска во кругот на Центарот за обука во Идризово започна со работа новиот пункт за фотографирање за лични документи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети пунктот и кажа дека се ангажирани четворица вработени на четири базни станици. Треба да се направи уште многу повеќе во иднина за да може да го затвориме оној број околу два милиони лични документи коишто е потребно да се обноват но секако тоа е чекор во насока да се подобри работата на МВР, рече Тошковски при посетата.