пункт Пролет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt-prolet/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 10:17:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пункт Пролет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/punkt-prolet/ 32 32 Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-da-mu-objasni-za-bojmatsaliev-turkaneto-i-stoeneto-so-chasovi-pred-prolet-e-isto-so-zemi-brojche/ Fri, 15 Mar 2024 10:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=755081

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев продолжува со инсистирањето дека чекањето во редици со часови и денови пред полициската станица „Пролет“ беше успешен проект.

https://republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/

Во изјава за „Сител“ тој тврди дека новиот пилот проект на МВР „Земи бројче“ кој стартуваше денеска во Куманово, е всушност исто како чекањето пред „Пролет”.

Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат, рече Бојмацалиев.

За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.

 

Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

Во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски пред неколку дена го промовираа системот „Земи бројче“.

Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи. Со овој систем се поедноставува постапката за закажување, фотографирање и подигање на патните исправи.

Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ, потенцираше министерот Тошковски.

Тој посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие што пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани. Тошковски најави и дека ќе се бара начин листите да се прочистуваат на дневно ниво за да се овозможи максимално да се користат слободните термини за поефикасно спроведување на процесот, на пример во случај кога некој од редовна пристапил кон итна постапка за вадење документ, неговиот термин да го добие друг граѓанин.

Врз принцип на правичност, гледаме да го избуткаме овој процес. Бројот на термини, луѓе што треба да пристапат во наредниот период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален придонес од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на една недела да ги чистиме листите со термини, за сите што имаат завршена работа – се премислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините, рече Тошковски.

Министерот оцени дека претходниот систем по принципот „прв дојден, прв услужен“ во Скопје се покажал како хаотичен, особено кога има 2,1 милион лични документи што треба да се издадат.

Мислам дека некој друг требало да мисли на тоа претходно. Она што ние сега можеме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамките на систем, да се обидеме да го регулираме овој процес и ќе сториме сè што можеме да сториме за да граѓаните достоинствено си ги обезбедат личните документи. Факт е дека има разлика. Се сеќавате на 5.000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица, потсети Тошковски на ситуацијата во ПС Пролет во Скопје.

Министерот Тошковски истакна дека пилот-проектот „Земи бројче“ во Куманово се спроведува ефикасно и на овој начин се регулира метежот.

Можам да кажам дека првично, од она што го видов, задоволен сум како функционира овде во Куманово соработката што ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение што би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи. Куманово е одбрано како општина за старт на пилот-проектот, бидејќи бројките во градот не се мали, станува збор за просечно 500 луѓе што се фотографираат на дневно нив, рече Тошковски и му се заблагодари на МИОА, чиј предлог бил овој проект.

The post Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ appeared first on Република.

]]>

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев продолжува со инсистирањето дека чекањето во редици со часови и денови пред полициската станица „Пролет“ беше успешен проект. https://republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/ Во изјава за „Сител“ тој тврди дека новиот пилот проект на МВР „Земи бројче“ кој стартуваше денеска во Куманово, е всушност исто како чекањето пред „Пролет”.
Денеска во Куманово е пуштен пилот проект прв дојден прв услужен би кажал, со земање на соодветно бројче. Инаку, тој проект е разговаран помеѓу двајцата поранешни министри за информатичко општество и внатрешни работи, не е сега договорен. Убаво е што стартуваше тој проект. Како што споменавте, тоа е нешто исто како во „Пролет”, прв дојден, прв услужен, кој за жал од страна на ова раководство од министерот беше укинато и повеќе не е во функција. Уште еднаш се потврдува тезата дека тој проект бил добар со отвoрањето на ова во Куманово. Инаку управните служби се во одлична кондиција таму, бидејќи се реновирани и пуштени во употреба во овој мандат, рече Бојмацалиев.
За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.
  Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци. Во Отсекот за управни работи Куманово, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски пред неколку дена го промовираа системот „Земи бројче“. Системот „Земи бројче“ кој во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи. Со овој систем се поедноставува постапката за закажување, фотографирање и подигање на патните исправи.
Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ, потенцираше министерот Тошковски.
Тој посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие што пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани. Тошковски најави и дека ќе се бара начин листите да се прочистуваат на дневно ниво за да се овозможи максимално да се користат слободните термини за поефикасно спроведување на процесот, на пример во случај кога некој од редовна пристапил кон итна постапка за вадење документ, неговиот термин да го добие друг граѓанин.
Врз принцип на правичност, гледаме да го избуткаме овој процес. Бројот на термини, луѓе што треба да пристапат во наредниот период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален придонес од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на една недела да ги чистиме листите со термини, за сите што имаат завршена работа – се премислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините, рече Тошковски.
Министерот оцени дека претходниот систем по принципот „прв дојден, прв услужен“ во Скопје се покажал како хаотичен, особено кога има 2,1 милион лични документи што треба да се издадат.
Мислам дека некој друг требало да мисли на тоа претходно. Она што ние сега можеме да го направиме како решение е на еден достоинствен начин, во рамките на систем, да се обидеме да го регулираме овој процес и ќе сториме сè што можеме да сториме за да граѓаните достоинствено си ги обезбедат личните документи. Факт е дека има разлика. Се сеќавате на 5.000 луѓе пред врата, а внатре фотографираат на дневна основа по 300 лица, потсети Тошковски на ситуацијата во ПС Пролет во Скопје.
Министерот Тошковски истакна дека пилот-проектот „Земи бројче“ во Куманово се спроведува ефикасно и на овој начин се регулира метежот.
Можам да кажам дека првично, од она што го видов, задоволен сум како функционира овде во Куманово соработката што ја имавме досега и се надевам дека овој пилот-проект ќе може да го спроведеме во иднина, како системско решение што би требало да го олесни процесот на спроведување на целокупната постапка поврзана со личните документи. Куманово е одбрано како општина за старт на пилот-проектот, бидејќи бројките во градот не се мали, станува збор за просечно 500 луѓе што се фотографираат на дневно нив, рече Тошковски и му се заблагодари на МИОА, чиј предлог бил овој проект.

The post Кој да му објасни?: За Бојмацалиев туркањето и стоењето со часови пред „Пролет“ е исто со „Земи бројче“ appeared first on Република.

]]>
Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/printsipot-prv-dojden-prv-usluzhen-funktsionirashe-tvrdi-bojmatsliev-iako-slikanite-tamu-koi-chekaa-po-denovi-ushte-nemaat-pasoshi/ Thu, 22 Feb 2024 09:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=746832

Според дополнителниот заменик министер за внатрешни работи од техничката влада Митко Бојмацалиев од СДСМ - принципот на работата на пунктот за сликање во пунктот „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ - функционираше.

Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва, рече Бојмацалиев за ТВ21.

[caption id="attachment_722111" align="aligncenter" width="749"] Брзата помош интервенира откако на човек му се слоши по долго чекање пред пунктот (фото: Плусинфо)[/caption]

На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев вели дека граѓаните во моментот се жалат дека кол-центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.

Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа, вели Бојмацалиев.

https://youtu.be/NoYyYIifpFI?si=Bzk7CGsOk-D9amHF

За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна.

Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

The post Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши appeared first on Република.

]]>

Според дополнителниот заменик министер за внатрешни работи од техничката влада Митко Бојмацалиев од СДСМ - принципот на работата на пунктот за сликање во пунктот „Пролет“ со „прв дојден, прв услужен“ - функционираше.
Знаете дека од октомври, ноември го отворивме пунктот „Пролет“ којшто функционираше без телефонско закажување на принципот „прв дојден, прв услужен“. Го отворивме тој пункт бидејќи во месеците јули, август и септември имавме појава каде што луѓето закажуваат а не се појавуваат на закажаните термини. Дали било организирано или политички мотивирано, не може да се докаже. Тогаш раководството на МВР, јас бев шеф на кабинет, министерот Спасовски, одлучи дека треба да отвориме еден пункт за Скопје бидејќи остатокот од државата се над 99% веќе со извадени документи, се отвори пунктот „Пролет“ со модел „прв дојден, прв услужен“. Со доаѓањето на новиот министер, тој одлучи дека тоа е ужасно решение, го укина и ги врати повторно телефонските закажувања за денес граѓаните по седум осум дена вртат и не можат да добијат за да закажат термин. Јас тогаш а и сега јавно кажувам дека бев против укинување на принципот „прв дојден, прв услужен“ бидејќи сепак ја движеше работата а сега имаме застој. Најголемите гужви беа кога првично дојдоа над 170.000 граѓани наеднаш кога сфатија дека одредени политичари ги лажат со тоа „Никогаш Северна“ и реално дојдоа да ги сменат своите документи. Тогаш се створи ден-два гужва во прием на документи кои ги издававме во законски предвидениот рок, донесовме и одлука дека ќе се носат на домашна адреса. И како што информирав пред некој ден 95% од тие документи веќе се однесени на домашна адреса, луѓето се најдени и ги примиле своите документи. Повелете да проверите во МТВ на пунктот за издавање лични документи дека нема никаква гужва, рече Бојмацалиев за ТВ21.
[caption id="attachment_722111" align="aligncenter" width="749"] Брзата помош интервенира откако на човек му се слоши по долго чекање пред пунктот (фото: Плусинфо)[/caption] На прашање како оди сега процесот на закажувње Бојмацалиев вели дека граѓаните во моментот се жалат дека кол-центарот не функционира и дека секојдневно има барања пак да се врати пунктот во „Пролет“ со функционирање „прв дојден, прв услужен“.
Стојам на ставот дека вака не функционира и дека треба да се врати „Пролет“ во режим на работа „прв дојден, прв услужен“, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Јас само ги пренесувам реакциите на граѓаните. Call центарот не функционира бидејќи има преголем број телефонски јавувања и граѓаните чекаат по седум, осум дека да добијат на телефон, наспроти тоа што го кажувате дека чекале по седум, осум часа, вели Бојмацалиев.
https://youtu.be/NoYyYIifpFI?si=Bzk7CGsOk-D9amHF За потсетување, пред пунктот во „Пролеп“ граѓани чекаа и по неколку дена, почнувајќи ги редиците уште од 5 часот наутро, на студ, магла и загаден воздух, за на крај сепак да не успеат да стигнат до сликање, зошто внатре поради недостаток за кадар работеа само една четвртина од местата за сликање, а луѓе со врски влегуваа од задната страна. Оние што на крај успеаја да се сликаат во фамозниот пункт во текот на декември и јануари, денес сè уште немаат документи, поради недостатокот на обрасци.

The post Принципот „прв дојден, прв услужен“ функционираше, тврди Бојмацлиев иако сликаните таму кои чекаа по денови уште немаат пасоши appeared first on Република.

]]>
ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vazhno-punktot-za-dokumenti-vo-prolet-od-utre-se-transformira-nema-da-raboti-bez-zakazhuvane/ Tue, 06 Feb 2024 11:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=740931

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Како што објаснуваат, трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје.

Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок.

Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации.

Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена.

Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

The post ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување appeared first on Република.

]]>

Од утре, среда, пунктот за фотографирање за лични документи во ПС Пролет нема да работи без закажување туку се трансформира во пункт за презакажани термини за сите оние кои имале резервиран термин за фотографирање на територија на град Скопје до крајот на 2024 година, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Како што објаснуваат, трансформацијата се прави со цел да се воведе ред наместо хаос и да се олесни и забрза добивањето на лични документи за жителите на Скопје. Граѓаните кои веќе имаат закажано термин ќе бидат контактирани од економскиот оператор задолжен за тоа и ќе им биде понуден нов термин во многу пократок рок. Истовремено, оние ослободени термини добиени при прочистувањето на сите списоци ќе останат на располагање за идни резервации. Од утре во склоп на пунктот во ПС Пролет ќе функционираат 14 базни станици, на кои ќе се врши фотографирање на граѓаните од понеделник до сабота, а од понеделник (12.02.2024) ќе се воведе и фотографирање во втора смена. Ги известуваме граѓаните дека во наредните денови закажувањето на термини за фотографирање за лични документи ќе биде само телефонски, а закажувањето преку интернет поради технички причини нема да биде можно во наредните денови.

The post ВАЖНО: Пунктот за документи во Пролет од утре се трансформира, нема да работи без закажување appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-punktot-prolet-ke-raboti-vo-dve-smeni/ Mon, 05 Feb 2024 17:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=740671

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање.

Во интервју за ТВ Телма, како што пренесува денеска Министерството за внатрешни работи, Тошковски вели дека 165 000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, но дека неговиот тим со вработени луѓе во МВР констатирал дека тој број е неточен.

- Голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот „Пролет“, тврди Тошковски.

Тој посочува дека по првичното споредување на податоците има намалување за 20 проценти, околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптоваруваат системот и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември, вели Тошковски.

Најавува дека од задутре пунктот Пролет ќе функционира со 14 базни станици, со ангажман на 14 фотографи, полицајци вработени во МВР кои се пријавиле доброволно, а од понеделник ќе биде воведена и втора смена, со дополнително ангажирани уште 14 доброволци од МВР.

- Тоа значи дека капацитетот од четири базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапно издавање на лични документи ќе го зголемиме на 28 во еден ден, посочува Тошковски, пренесува МВР.

The post Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски информира дека доцна синоќа е завршена ревизијата на, како што вели, нефункционалните закажани термини за фотографирање за лични документи и најавува дека пунктот „Пролет“ во Скопје ќе работи во две смени и оти се зголемува капацитетот за фотографирање. Во интервју за ТВ Телма, како што пренесува денеска Министерството за внатрешни работи, Тошковски вели дека 165 000 граѓани во Скопје имаат закажано термин за вадење на лични документи, но дека неговиот тим со вработени луѓе во МВР констатирал дека тој број е неточен. - Голем дел од предметните закажувања не се споредени со оние коишто се предомислиле од редовна да влезат во итна постапка, или пак поминале да се сликаат во рамки на пунктот „Пролет“, тврди Тошковски. Тој посочува дека по првичното споредување на податоците има намалување за 20 проценти, околу 30.000 телефонски закажувања се непотребни, односно несуштински и го оптоваруваат системот и нереално наместо граѓаните да закажат во август – септември, закажувале во ноември – декември, вели Тошковски. Најавува дека од задутре пунктот Пролет ќе функционира со 14 базни станици, со ангажман на 14 фотографи, полицајци вработени во МВР кои се пријавиле доброволно, а од понеделник ќе биде воведена и втора смена, со дополнително ангажирани уште 14 доброволци од МВР. - Тоа значи дека капацитетот од четири базни станици кои фотографираат и обезбедуваат постапно издавање на лични документи ќе го зголемиме на 28 во еден ден, посочува Тошковски, пренесува МВР.

The post Тошковски: Пунктот „Пролет“ ќе работи во две смени appeared first on Република.

]]>