пукање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pukanje/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 17:11:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пукање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pukanje/ 32 32 Пукање во угостителски објект, рането едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-vo-ugostitelski-objekt-raneto-edno-litse/ Fri, 23 Feb 2024 17:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=747544

На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пукање во угостителски објект, рането едно лице appeared first on Република.

]]>

На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Пукање во угостителски објект, рането едно лице appeared first on Република.

]]>
Малолетници приведени за пукањето на прославата за Супербол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maloletnitsi-privedeni-za-pukaneto-na-proslavata-za-superbol/ Fri, 16 Feb 2024 08:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=744704

Расправија меѓу неколку луѓе била причината за пукањето за време на прославата на парадата на Супербол во Канзас, во која едно лице загина, а 22 беа повредени, соопшти полицијата, отфрлајќи каква било врска со екстремизмот.

Тројца малолетници беа приведени во текот на истрагата, изјави началничката на полицијата Стејси Грејвс на прес-конференција еден ден по пукањето во близина на историската железничка станица во центарот на градот.

Двајца малолетници се приведени, а третиот, за кој било утврдено дека не е вмешан, подоцна е ослободен, објави портпаролката на полицијата Алајна Гонзалес.

Шефицата на полицијата рече дека на местото на престрелката биле пронајдени неколку парчиња огнено оружје.

Изгледа дека ова било расправија меѓу неколку луѓе што заврши со пукање, рече Грејвс, сугерирајќи дека учесниците на парадата не биле цел на нападот, туку дека тоа се случило за време на прославата на годинашните победници на Суперболот, на која присуствуваа повеќе од милион луѓе.

Таа потенцираше дека прелиминарните наоди од истрагата укажуваат дека нема врска со тероризам или домашен насилен екстремизам, но не кажа дали полицијата имала сознанија за потеклото на конфликтот или за деталите за пукањето.

Вчера полицијата излезе со информација дека при пукањето се ранети 22 лица, а убиена е Лиза Лопез-Галван, популарна локална радио водителка. Се наведува дека возраста на жртвите се движи од осум до 47 години.

Началничката изјави дека се подготвуваат обвинителни акти против две малолетни лица чиј идентитет не е соопштен. Полицијата се обидува да утврди дали некој друг е вмешан во престрелката, а таа додаде дека сите одговорни ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

The post Малолетници приведени за пукањето на прославата за Супербол appeared first on Република.

]]>

Расправија меѓу неколку луѓе била причината за пукањето за време на прославата на парадата на Супербол во Канзас, во која едно лице загина, а 22 беа повредени, соопшти полицијата, отфрлајќи каква било врска со екстремизмот.
Тројца малолетници беа приведени во текот на истрагата, изјави началничката на полицијата Стејси Грејвс на прес-конференција еден ден по пукањето во близина на историската железничка станица во центарот на градот.
Двајца малолетници се приведени, а третиот, за кој било утврдено дека не е вмешан, подоцна е ослободен, објави портпаролката на полицијата Алајна Гонзалес. Шефицата на полицијата рече дека на местото на престрелката биле пронајдени неколку парчиња огнено оружје.
Изгледа дека ова било расправија меѓу неколку луѓе што заврши со пукање, рече Грејвс, сугерирајќи дека учесниците на парадата не биле цел на нападот, туку дека тоа се случило за време на прославата на годинашните победници на Суперболот, на која присуствуваа повеќе од милион луѓе.
Таа потенцираше дека прелиминарните наоди од истрагата укажуваат дека нема врска со тероризам или домашен насилен екстремизам, но не кажа дали полицијата имала сознанија за потеклото на конфликтот или за деталите за пукањето. Вчера полицијата излезе со информација дека при пукањето се ранети 22 лица, а убиена е Лиза Лопез-Галван, популарна локална радио водителка. Се наведува дека возраста на жртвите се движи од осум до 47 години. Началничката изјави дека се подготвуваат обвинителни акти против две малолетни лица чиј идентитет не е соопштен. Полицијата се обидува да утврди дали некој друг е вмешан во престрелката, а таа додаде дека сите одговорни ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

The post Малолетници приведени за пукањето на прославата за Супербол appeared first on Република.

]]>
Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsa-luge-se-ubieni-vo-pukane-vo-brodska-kompanija-blizu-atina/ Mon, 12 Feb 2024 13:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=743260

Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина. Грчките медиуми објавија дека нападот го извршил поранешен работник во фирмата, кој потоа се самоубил. Неговото тело е пронајдено покрај ловечка пушка, за која се верува дека ја користел во нападот.

Полицијата кажа дека убиецот неодамна добил отказ од фирмата „Јуропијан продакт кериерс“. Тој убил двајца мажи и една жена, меѓу кои е и газдата на фирмата.

Инцидентот се случи во Глифада, 12 километри јужно од Атина. Вооружениот маж, идентификуван како 70-годишен египетски државјанин, упаднал во зградата, по што пукал во вработените, пред да се забарикадира на вториот кат. Преговорите за смирување на ситуацијата траеле неколку часа, но напаѓачот сепак се самоубил.

The post Tројца луѓе се убиени во пукање во бродска компанија близу Атина appeared first on Република.

Пукање во скопско Љубин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-vo-skopsko-lubin/ Sat, 10 Feb 2024 15:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=742560

Денеска (10.02.2024) во 00.30 часот С.С.(66) од с.Љубин-скопско пријавил дека пред неговата куќа неколку лица кои дошле со патничко возило пукале со огнено оружје.

Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници и биле пронајдени чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пукање во скопско Љубин appeared first on Република.

]]>

Денеска (10.02.2024) во 00.30 часот С.С.(66) од с.Љубин-скопско пријавил дека пред неговата куќа неколку лица кои дошле со патничко возило пукале со огнено оружје. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници и биле пронајдени чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Пукање во скопско Љубин appeared first on Република.

]]>
Детали за пукањето кај Бит пазар, познато е кој пукал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-pukaneto-kaj-bit-pazar-poznato-e-koj-pukal/ Wed, 07 Feb 2024 14:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=741550

Едно лице е повредено со огнено оружје во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје. Повредениот мажт со прострелна рана во ногата е пренесен во болница, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.02.2024) од ГОБ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив е донесен П.П. (24) со прострелна рана во ногата, а, според пријавеното, во него во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје пукало едно лице. Според првичните информации во П.П. пукал Р.Ш.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Од МВР посочуваат дека ова се првични информации, а во текот на денот ќе излезат со повеќе информации.

The post Детали за пукањето кај Бит пазар, познато е кој пукал appeared first on Република.

Пукање во Илиноис, најмалку тројца загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukane-vo-ilinois-najmalku-trojtsa-zaginati/ Wed, 31 Jan 2024 20:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=739156

Најмалку три лица се убиени во престрелката што се случила во продавница за автоделови во Долтон, Илиноис. Според првичните информации застрелани неколку луѓе. Како што јавува Мирор на паркингот пред продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми. Област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Според информациите пукањето започнало 10:30 часот по локално време.

На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден кон друг.

https://youtu.be/JE3PO_IU6_8

The post Пукање во Илиноис, најмалку тројца загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица се убиени во престрелката што се случила во продавница за автоделови во Долтон, Илиноис. Според првичните информации застрелани неколку луѓе. Како што јавува Мирор на паркингот пред продавницата може да се забележат автомобили изрешетани со дупки од куршуми. Област е преполна со полиција која го истражува инцидентот. Според информациите пукањето започнало 10:30 часот по локално време. На местото на настанот биле повикани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Се верува дека до пукањето дошло откако два автомобила се судриле еден блок подалеку од продавницата, но завршиле на нејзиниот паркинг. Очевидци велат дека полицајците им кажале дека пукачите со пушки скокнале од автомобилите и пукале еден кон друг. https://youtu.be/JE3PO_IU6_8

The post Пукање во Илиноис, најмалку тројца загинати appeared first on Република.

]]>
Пукање на прослава, куршум завршил во куќа на соселанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-proslava-kurshum-zavrshil-vo-kuka-na-soselanets/ Thu, 25 Jan 2024 16:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=736874

На 24.01.2024 во 22.25 часот во тетовска Брвеница, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село.

-Лицето е уапсено затоа што на неговата семејна веселба околу 21.15 часот било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот, информира МВР.

Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Пукање на прослава, куршум завршил во куќа на соселанец appeared first on Република.

Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-na-semejna-veselba-vo-brvenitsa-kurshumite-zavrshile-vo-kuka/ Thu, 25 Jan 2024 10:42:06 +0000 https://republika.mk/?p=736678

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот.

Од СВР Тетово известуваат дека нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и
документирање на случајот.

The post Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот. Од СВР Тетово известуваат дека нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Пукање на семејна веселба во Брвеница, куршумите завршиле во куќа appeared first on Република.

]]>
Почина еден од повредените во пукањето пред болницата во Тетово, сите осомничени на слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-eden-od-povredenite-vo-pukaneto-pred-bolnitsata-vo-tetovo-site-osomnicheni-na-sloboda/ Sat, 20 Jan 2024 14:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=734944

Еден од повредените во пукањето кое се случи минатата недела пред Клиничкиот центар во Тетово им подлегна на повредите, јавува локалната телевизија Коха.

Според медиумот станува збор за 41-годишен жител на тетовското село Гајре. Уште по пукањето, беше познато дека едно лице е во тешка состојба и дека се бори за живот.

Пукањето се случи пред девет дена. Две лица добија притвор, а по 48 часа, беа ослободени. Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи.

The post Почина еден од повредените во пукањето пред болницата во Тетово, сите осомничени на слобода appeared first on Република.

]]>

Еден од повредените во пукањето кое се случи минатата недела пред Клиничкиот центар во Тетово им подлегна на повредите, јавува локалната телевизија Коха. Според медиумот станува збор за 41-годишен жител на тетовското село Гајре. Уште по пукањето, беше познато дека едно лице е во тешка состојба и дека се бори за живот. Пукањето се случи пред девет дена. Две лица добија притвор, а по 48 часа, беа ослободени. Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи.

The post Почина еден од повредените во пукањето пред болницата во Тетово, сите осомничени на слобода appeared first on Република.

]]>
Четворица приведени за пукањето во Тетово, но по еден напаѓач уште се трага https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-privedeni-za-pukaneto-vo-tetovo-no-po-eden-napagach-ushte-se-traga/ Fri, 12 Jan 2024 10:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=732321

Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице.

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информира портпаролот на СВР Тетово , Марјан Јосифоски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Четворица приведени за пукањето во Тетово, но по еден напаѓач уште се трага appeared first on Република.

МВР за пукањето пред тетовската болница: Се трага по пет лица, двајца се повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-za-pukaneto-pred-tetovskata-bolnitsa-se-traga-po-pet-litsa-dvajtsa-se-povredeni/ Thu, 11 Jan 2024 18:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=732113

МВР објави детали за пукањето пред болницата во Тетово. Се трага по пет лица. двајца се повредени , од кои едниот со тешки повреди.

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

The post МВР за пукањето пред тетовската болница: Се трага по пет лица, двајца се повредени appeared first on Република.

]]>

МВР објави детали за пукањето пред болницата во Тетово. Се трага по пет лица. двајца се повредени , од кои едниот со тешки повреди.

Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

The post МВР за пукањето пред тетовската болница: Се трага по пет лица, двајца се повредени appeared first on Република.

]]>
Над 42 илјади луѓе во САД загинале лани во инциденти со огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-42-iljadi-luge-vo-sad-zaginale-lani-vo-intsidenti-so-ogneno-oruzhje/ Sun, 07 Jan 2024 17:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=730326

Повеќе од 42.000 луѓе во САД загинале како резултат на оружено насилство во 2023 година.

Според податоци собрани од Архивата за огнено насилство (ГВА), најголем дел од смртните случаи, 23.760, се случиле како резултат на самоубиство, додека, пак, 18.507 луѓе загинале од ненамерно пукање, убиства и одбранбена употреба.

Бројката вклучува 650 инциденти со масовно пукање, 40 масовни убиства, 1.161 случаи на одбранбена употреба и 1.543 ненамерни пукања.

Од ГВА додаваат дека повеќе од 1.600 деца на возраст од 0 до 17 години биле убиени во инциденти со оружено насилство, а 4.444 други биле повредени.

The post Над 42 илјади луѓе во САД загинале лани во инциденти со огнено оружје appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 42.000 луѓе во САД загинале како резултат на оружено насилство во 2023 година. Според податоци собрани од Архивата за огнено насилство (ГВА), најголем дел од смртните случаи, 23.760, се случиле како резултат на самоубиство, додека, пак, 18.507 луѓе загинале од ненамерно пукање, убиства и одбранбена употреба. Бројката вклучува 650 инциденти со масовно пукање, 40 масовни убиства, 1.161 случаи на одбранбена употреба и 1.543 ненамерни пукања. Од ГВА додаваат дека повеќе од 1.600 деца на возраст од 0 до 17 години биле убиени во инциденти со оружено насилство, а 4.444 други биле повредени.

The post Над 42 илјади луѓе во САД загинале лани во инциденти со огнено оружје appeared first on Република.

]]>
Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubien-shestooddelenets-vo-pukane-vo-uchilishte-vo-ajova-napagachot-se-samoubi/ Fri, 05 Jan 2024 09:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=729851

Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери.

Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.

Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.

Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.

The post Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби appeared first on Република.

]]>

Шестоодделенец загина, а петмина се ранети кога тинејџер пукал во училиште во Ајова. Осомничениот е 17-годишниот Дилан Батлер, средношколец во градот Пери. Осомничениот, Батлер бил пронајден мртов од полицајците со самонанесена прострелна рана. При претресот на училиштето, потоа била откриена импровизирана експлозивна направа, која била деактивирана од пиротехничари. Пукањето се случило на првиот ден од пролетниот семестар.
Сè уште не ни е сосема јасно што се случило, но можам да потврдам дека веќе нема никаква опасност за граѓаните. Заедницата е безбедна, рече шерифот на округот Далас, Адам Инфанте.
Во зградата во тој момент имало многу малку ученици и наставници. Наставата во средното училиште Пери е откажана за денеска. Пери, град со приближно 7.900 жители, се наоѓа на околу 40 милји северозападно од Де Мојн, главниот град на државата.

The post Убиен шестоодделенец во пукање во училиште во Ајова, напаѓачот се самоуби appeared first on Република.

]]>
Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubietsot-doagashe-kaj-mene-vo-noemvri-go-uchev-da-puka-cheshki-trener-po-strelane-vo-neveruvane-po-masakrot/ Sat, 23 Dec 2023 12:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=725922

Откако фотографиите на Давид Козак, студент на Карловиот универзитет во Прага, кој го уби сопствениот татко, а потоа и 13 луѓе на Филозофскиот факултет, го обиколија светот, еден човек остана запрепастен кога дозна дека ја запознал личноста неколку недели порано – во стрелиште.

Тренерот за пукање Мартин Соботка од CZ Protect изјави за CNN Prima News дека го обучувал убиецот како да пука од оружје само неколку недели пред масакрот.

Давид Козак ги побарал услугите на неговата компанија во ноември.

Побара што побрзо да го завршиме курсот. Беше тивок, се изразуваше на многу културен начин, но на некој начин се разликуваше од другите клиенти, рече Соботка.

Кога ја видов неговата фотографија, веднаш се сетив на него. Тоа беше некаде во ноември. Ја донесе сета своја опрема, само сакаше да научи да ракува со пушка, рече Соботка и на тој начин потврди дека убиецот еден месец го подготвувал својот криминален план.

Посочува дека кај нив дошол со автобус, а пушката ја чувал во класична кутија, а не во куфер за гитара, како што сведочеа некои.

Не зборуваше многу, беше многу тивок. Имаше многу добра опрема, беше очигледно дека го интересира стрелаштвото. Тој инсистираше на тоа дека сака да го заврши курсот што е можно поскоро, рече Соботка.

Тој посочува дека не барал дополнителни информации и дека било јасно дека е целосно фокусиран да научи што подобро да ракува со пушката.

Тоа е голема трагедија за Чешка. Размислуваме за воведување посебна процедура за селекција за прифаќање идни клиенти, рече тој.

Друг тренер за стрелање, Мартин Фишер, изјави за CNN Prima News дека е многу тешко да се дојде до оружје во Чешка.

„Мора да исполнувате многу услови – здравствено уверение, не смеете да имате криминално досие, па дури и тешки прекршоци неодамна. Се е проверено. Кандидатот мора да научи 500 прашања, а на испитот не смее да има грешки. Изненадувачки голем број луѓе воопшто не успеваат да го поминат првиот круг. Само околу 50 отсто од кандидатите успеваат“, рече тој.

The post Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот appeared first on Република.

]]>

Откако фотографиите на Давид Козак, студент на Карловиот универзитет во Прага, кој го уби сопствениот татко, а потоа и 13 луѓе на Филозофскиот факултет, го обиколија светот, еден човек остана запрепастен кога дозна дека ја запознал личноста неколку недели порано – во стрелиште. Тренерот за пукање Мартин Соботка од CZ Protect изјави за CNN Prima News дека го обучувал убиецот како да пука од оружје само неколку недели пред масакрот. Давид Козак ги побарал услугите на неговата компанија во ноември. Побара што побрзо да го завршиме курсот. Беше тивок, се изразуваше на многу културен начин, но на некој начин се разликуваше од другите клиенти, рече Соботка. Кога ја видов неговата фотографија, веднаш се сетив на него. Тоа беше некаде во ноември. Ја донесе сета своја опрема, само сакаше да научи да ракува со пушка, рече Соботка и на тој начин потврди дека убиецот еден месец го подготвувал својот криминален план. Посочува дека кај нив дошол со автобус, а пушката ја чувал во класична кутија, а не во куфер за гитара, како што сведочеа некои. Не зборуваше многу, беше многу тивок. Имаше многу добра опрема, беше очигледно дека го интересира стрелаштвото. Тој инсистираше на тоа дека сака да го заврши курсот што е можно поскоро, рече Соботка. Тој посочува дека не барал дополнителни информации и дека било јасно дека е целосно фокусиран да научи што подобро да ракува со пушката. Тоа е голема трагедија за Чешка. Размислуваме за воведување посебна процедура за селекција за прифаќање идни клиенти, рече тој. Друг тренер за стрелање, Мартин Фишер, изјави за CNN Prima News дека е многу тешко да се дојде до оружје во Чешка. „Мора да исполнувате многу услови – здравствено уверение, не смеете да имате криминално досие, па дури и тешки прекршоци неодамна. Се е проверено. Кандидатот мора да научи 500 прашања, а на испитот не смее да има грешки. Изненадувачки голем број луѓе воопшто не успеваат да го поминат првиот круг. Само околу 50 отсто од кандидатите успеваат“, рече тој.

The post Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот appeared first on Република.

]]>
Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-eden-od-ranetite-vo-pukotnitsata-na-karloviot-univerzitet-vo-praga/ Fri, 22 Dec 2023 18:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=725785

Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан.

Повреденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија.

Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата.

Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.

The post Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>

Еден од ранетите во вооружениот напад на Карловиот Универзитет во Прага кој го изведе 24-годишниот студент Давид К. на 21 декември, им подлегна на здобиените повреди. Бројот на жртвите од ова злосторство се искачи на 15 лица, соопшти чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан. Повреденото лице починало во болница. Меѓу убиените нема странски државјани. Чешката полиција соопшти дека меѓу повредените има двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати и еден на Холандија. Во пукотницата на Филозофскиот факултет во Прага, студентот по историја Давид К. со пушка уби 13 студенти и предавачи, рани 25 лица, па се самоуби. Пред да го изврши овој грозоморен чин Давид К. го убил својот татко во селото Хостуњ кај Прага, а потоа му испратил СМС порака на својот пријател дека ќе се самоубие. Полицијата тргнала во потрага по него и ја евакуирала споредната зграда на Филозофскиот факултет каде што тој имал предавање, но напаѓачот наместо тоа влегол во главната зграда каде немало полиција, донел торба со повеќе оружје и муниција и пукал на четвртиот кат од зградата. Сторителот на кривичното дело имал дозвола за поседување осум парчиња оружје. Полицијата во Чешка ги засили превентивните мерки за заштита и стави повеќе полицајци на улица отколку во нормални околности. Засилените безбедносни мерки ќе траат најмалку до 1 јануари 2024 година.

The post Почина еден од ранетите во пукотницата на Карловиот Универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>
14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/14-zaginati-i-25-povredeni-e-konechniot-bilans-po-pukotnitsa-na-karloviot-univerzitet-vo-praga/ Thu, 21 Dec 2023 21:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=725483

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви.

„Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек.

-Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/

Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил.

https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот.

Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција соопшти дека пукањето денеска на Карловиот универзитет во Прага загинале 14 луѓе и 25 се ранети, со што се ревидира претходно објавениот биланс од повеќе од 15 жртви. „Во овој момент можам да потврдам 14 жртви на страшното злосторство и 25 ранети, од кои 10 потешко“, изјави началникот на полицијата Мартин Вондрашек. -Нема индиции дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на прес-конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. https://republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Злосторството се случи денеска во Универзитетот што се наоѓа во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Давид К. (24) кој стуриал Светска историја бил пронајден мртов во истата зграда. Давид К. дипломирал во мај на тој универзитет. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил. https://republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.Чешки медиуми објавија дека најверојатно тој го убил својот татко и потоа се упатил со огнено оружје во Универизтетот. Осомничениот за пукањето, оваа недела на Телеграм напишал дека го мрази светот и сака зад себе да остави што е можно повеќе болка, јавија чешките медиуми.

The post 14 загинати и 25 повредени е конечниот биланс по пукотница на Карловиот универзитет во Прага appeared first on Република.

]]>
Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkiot-minister-za-vnatreshni-raboti-pukaneto-vo-praga-ne-e-povrzano-so-terorizam/ Thu, 21 Dec 2023 21:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=725479

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. „Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага. Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда. Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата.

The post Чешкиот министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со тероризам appeared first on Република.

]]>
Давид Козак е масовниот убиец од Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/david-kozak-e-masovniot-ubiets-od-praga/ Thu, 21 Dec 2023 18:58:30 +0000 https://republika.mk/?p=725392

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа.

Двата случаи се подоцна поврзани.

Мотивот за пукањето се уште не е познат.

Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск.

Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага.

Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>

Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал Новинки, е 24-годишниот Давид Козак, студент на Филозовскиот факултет. Како што пренесува порталот, полицијата во четвртокот попладне започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно. Тој наводно го убил својот татко во семејната куќа. Двата случаи се подоцна поврзани. Мотивот за пукањето се уште не е познат. Полицајците во централна Чешка објавија дека трагаат по млад човек наводно поврзан со насилната смрт на маж во регионот. Не исклучуваат поврзаност со пукањето во Прага, пренесува порталот Блеск. Во областа Кладенско/Кладно интервенираа неколку полициски единици, од кои некои се опремени со долги цевки или митралези. Според информациите на порталот Новинки, сè укажува дека настанот е поврзан со масакрот на Филозофскиот факултет во Прага. Според порталот, полицајци можат да се видат во една од семејните куќи во селото Хостоун во Кладно. Меѓу интервентните полициски службеници има и пиротехничари и други вештаци. Полицијата се уште официјално не соопштува детали за инцидентот.

The post Давид Козак е масовниот убиец од Прага appeared first on Република.

]]>
Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/student-objavi-fotografija-od-ulinitsata-kade-shto-se-kriel-chekame-evakuatsija-ova-e-pekol/ Thu, 21 Dec 2023 16:47:51 +0000 https://republika.mk/?p=725387

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.

„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени.

https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/

Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.

Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.

„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.

Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите.

Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>

Пукањето на Карловиот универзитет во кое еден човек уби 10, а рани повеќе студенти и наставници за шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен е бесмислен чин кој однел неколку животи.
„Шокирана сум од бесмисленото пукање кое денеска однесе неколку животи во Прага. Им изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и до чешкиот народ во целина. Покрај вас сме и тагуваме со вас“, рече шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Напаѓачот, кого чешката полиција усеала да го ликвидира, уби 10 луѓе. Чешката телевизија јавува дека во масакрот биле убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот. Најмалку 24 се повредени. https://republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/ Додека траел крвавиот пир, за којшто се уште не се знае мотивот, професорите, студентите и вработените на Филозофскиот факултет попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат. Сличен мејл добиле и вработените во Високата школа за уметност и индустрија, која исто така се наоѓа на Плоштадот „Јан Палах“.
„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете го мебелот пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат во зграда на Плоштадот „Јан Палах“, стои во мејлот.
Еден од студентите на Твитер објави фотографија од училницата во која се криел.
„Во моментов сум забарикадиран во училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молиме да преживееме. Ја заклучив вратата пред напаѓачот да се обиде да ја отвори. Ова е пекол“, напишал.
Поради трагичниот настан во главниот чешки град Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека ги откажал должностите во Оломуц и се враќа во Прага. Тој побара од граѓаните да ги следат упатствата на службите. Според некои студенти, девојка која се обидела да се спаси преку балкон, паднала. Оваа информација не е потврдена и не се знае состојбата на девојката.

The post Студент објави фотографија од улиницата каде што се криел: Чекаме евакуација, ова е пекол appeared first on Република.

]]>
Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukane-na-karloviot-univerzitet-vo-praga-ima-mrtvi-i-raneti/ Thu, 21 Dec 2023 15:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=725378

Чешката полиција денеска соопшти дека имало пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви.

Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс.

Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот портал iDNES.cz.

The post Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција денеска соопшти дека имало пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет на плоштадот Јан Плах во Прага, во кое има и мртви. Напаѓачот е убиен, целата зграда е евакуирана, а има десетици ранети, соопшти полицијата во последната објава на платформата X. Не се знае колку жртви има, пренесува Ројтерс. Според достапните фотографии, маж со долго огнено оружје се движел по ходникот на факултетот, додека на другите слики се гледа како луѓето со кренати раце трчаат надвор од зградата, пишува чешкиот портал iDNES.cz.

The post Пукање на Карловиот универзитет во Прага, има мртви и ранети appeared first on Република.

]]>