пукање во Чаир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pukanje-vo-chair/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 16:25:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пукање во Чаир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pukanje-vo-chair/ 32 32 Пукање во Чаир: На тројца ќе им се суди за тепачка, за пукачот-затвореник се собираат докази https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-vo-chair-na-trojtsa-ke-im-se-sudi-za-tepachka-za-pukachot-zatvorenik-se-sobiraat-dokazi/ Wed, 16 Oct 2024 19:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=827573

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

The post Пукање во Чаир: На тројца ќе им се суди за тепачка, за пукачот-затвореник се собираат докази appeared first on Република.

]]>

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.
За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

The post Пукање во Чаир: На тројца ќе им се суди за тепачка, за пукачот-затвореник се собираат докази appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-tri-litsa-za-pukaneto-vo-chair-dvajtsa-vo-pritvor-eden-vo-begstvo/ Wed, 16 Oct 2024 10:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=827556

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

The post Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство appeared first on Република.

]]>

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“.

The post Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир: Двајца во притвор, еден во бегство appeared first on Република.

]]>
Oд прскање со вода на улица, до обид за убиство – полицијата го бара пукачот од Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-prskane-so-voda-na-ulitsa-do-obid-za-ubistvo-politsijata-go-bara-pukachot-od-chair/ Mon, 05 Aug 2024 11:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=803502

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник кој се сомничи дека сторил убиство во обид во Чаир.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pomiruvane-megu-dve-semejstva-zavrshilo-so-pukane-vo-chair/

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 17 јули во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.

Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка „Фидани“ и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство, велат од Обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода.

Во меѓувреме, од Обвинителство дополнуваат дека Министерството за внатрешни работи постапува за пронаоѓање на осомничениот.

The post Oд прскање со вода на улица, до обид за убиство – полицијата го бара пукачот од Чаир appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник кој се сомничи дека сторил убиство во обид во Чаир. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pomiruvane-megu-dve-semejstva-zavrshilo-so-pukane-vo-chair/ Како што информираат од Јавното обвинителство, на 17 јули во вечерните часови во Чаир, осомничениот со мотор со голема брзина поминал покрај оштетениот и уште едно лице кои се движеле пеш и ги испрскал со вода насобрана на асфалтот. Застанал и му се извинил само на сведокот, додека со оштетениот најпрвин започнал да се расправа, а потоа и физички размениле неколку удари.
Осомничениот најпрво избегал, но потоа ги пречекал во близина на детската градинка „Фидани“ и со пиштол испукал еден куршум кон оштетениот, нанесувајќи му огнострелна повреда во десната страна на градниот кош и оштетувајќи му неколку органи. Сторителот веднаш повторно се дал во бегство, велат од Обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а притворската мерка треба да се применува по неговото лишување од слобода. Во меѓувреме, од Обвинителство дополнуваат дека Министерството за внатрешни работи постапува за пронаоѓање на осомничениот.

The post Oд прскање со вода на улица, до обид за убиство – полицијата го бара пукачот од Чаир appeared first on Република.

]]>
Обвинение против насилникот од Чаир, кој испука од пиштол и удри шлаканица на скопјанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-nasilnikot-od-chair-koj-ispuka-od-pishtol-i-udri-shlakanitsa-na-skopjanets/ Thu, 04 Jan 2024 10:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=729540

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

The post Обвинение против насилникот од Чаир, кој испука од пиштол и удри шлаканица на скопјанец appeared first on Република.

Уште едно пукање во локал во Чаир: Тешко ранети две лица, настрада и доставувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-edno-pukane-vo-lokal-vo-chair-teshko-raneti-dve-litsa-nastrada-i-dostavuvach/ Fri, 10 Nov 2023 16:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=700358

Вчеравечер во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач, велат од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Уште едно пукање во локал во Чаир: Тешко ранети две лица, настрада и доставувач appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 22:35 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач, велат од МВР. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Уште едно пукање во локал во Чаир: Тешко ранети две лица, настрада и доставувач appeared first on Република.

]]>
Непочитување на ред за рамазански леб причина за вчерашното пукање во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nepochituvane-na-red-za-ramazanski-leb-prichina-za-vcherashnoto-pukane-vo-chair/ Sat, 08 Apr 2023 09:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=628596

Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал рамазански леб е причина за физичката пресметка која заврши со пукање во скопски Чаир, објави Фокус. Инцидентот почнал со тепање, а завршил со пукање, при што едно лице се здоби со прострелна рана.

Настанот се случил околу 18 часот во близина поликлиниката Бит Пазар во Чаир. Во тепачката учествувале две групи. На една страна биле повредените 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б. а на другата страна биле четворица. Случаен минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал. Со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло при Клинички центар.

Инцидентот се случил на улица „Петре Ѓорѓиев“ за поликлиниката „Битпазар“. Од една страна биле лицата А.Б. (20) и А.Б. (23), а од друга страна лицата Х.Б., Х.Б., С.А. и А.А. .Сите повредени се во стабилна состојба.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Непочитување на ред за рамазански леб причина за вчерашното пукање во Чаир appeared first on Република.

]]>

Расправија која настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал рамазански леб е причина за физичката пресметка која заврши со пукање во скопски Чаир, објави Фокус. Инцидентот почнал со тепање, а завршил со пукање, при што едно лице се здоби со прострелна рана. Настанот се случил околу 18 часот во близина поликлиниката Бит Пазар во Чаир. Во тепачката учествувале две групи. На една страна биле повредените 20-годишниот А.Б. и 23-годишниот А.Б. а на другата страна биле четворица. Случаен минувач се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал. Со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло при Клинички центар. Инцидентот се случил на улица „Петре Ѓорѓиев“ за поликлиниката „Битпазар“. Од една страна биле лицата А.Б. (20) и А.Б. (23), а од друга страна лицата Х.Б., Х.Б., С.А. и А.А. .Сите повредени се во стабилна состојба. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Непочитување на ред за рамазански леб причина за вчерашното пукање во Чаир appeared first on Република.

]]>
Повредениот полицаец не бил на должност, МВР го знае идентитетот на пукачот од Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeniot-policaec-ne-bil-na-dolznost-mvr-go-znae-identitetot-na-pukachot-od-arachinovo/ Sun, 04 Sep 2022 10:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=547302

Во пукање на улица „Методија Митевски“ во Скопје, во населбата Топанско поле, вчера вечерта е повредени 24-годишен полицаец кој во тој период не бил на работа. Според кажување на повредниот, во него пукало лице од скопско Арачиново.

На 03.09.2022 во 21:16 часот од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), вработен во МВР кој во тој период не бил на работа, повреден од огнено оружје на ул. Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р. М., во него пукало лице од с.Арачиново, се вели во соопштението од МВР.

За настанот, како што информираат од МВР, известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Повредениот полицаец не бил на должност, МВР го знае идентитетот на пукачот од Арачиново appeared first on Република.

Пукање во Чаир, повреден припадник на ЕБР на МВР? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukanje-vo-chair-povreden-pripadnik-na-ebr-na-mvr/ Sun, 04 Sep 2022 06:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=547247

Во пукотници во Чаир вчеравечер повредено е едно лице. Како што дознава „Канал 5“, повреден е припадник на МВР од Единицата за брзо распоредување.

Вчера во 21.16 ч од Ургентниот центар на „Мајка Тереза“ пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.„Методија Митевски“ во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново, велат од МВР, од каде додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Пукање во Чаир, повреден припадник на ЕБР на МВР? appeared first on Република.

Видео од пукањето во Чаир: Дали човекот во сина кошула е Ариф Асани, втор човек во БЈБ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/video-od-pukanjeto-vo-chair-dali-chovekot-vo-sina-koshula-e-arif-asani-vtor-chovek-vo-bjb/ Mon, 30 May 2022 10:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=508703

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир, пресметка, пукање врз униформирана полиција, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, додавајќи дека цела недела Оливер Спасовски, СДСМ и Владата молчат дали осуден на затворска казна, пука врз полиција и е ослободен заради интервенција Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ!

Цела недела Оливер Спасовски, СДСМ и Владата не одговараа дали постои видео снимката од безбедносните камери каде целиот случај е снимен. Не одговараа дали има снимка којашто ќе доведе до одговорот за криење на вмешаност на втор човек во БЈБ во ослободување на човек кој што пукал врз полиција, вели Стоилковски.

На социјалните мрежи се појави видео од безбедносните камери.

Почитувани, сега Оливер Спасовски, Владата и СДСМ мора да одговорат, дали е ова автентична снимка од пукањето во Чаир? Дали е ова снимка од безбедносната камера од системот Сејф сити во Чаир? Дали лицето во сината кошула снимено од камерата на Сејф сити е Ариф Асани, заменик директор на БЈБ? Дали сега се уште ќе молчат МВР, Оливер Спасовски, Владата, СДСМ и ќе го кријат случајот? Дали треба некој да биде смртно застрелан за да се отвори вистината за делувањето на МВР под Оливер Спасовски?, праша Стоилковски.

Потенцираше дека Оливер Спасовски, Владата и СДСМ не смеат да не одговорат - дали се заложници на ДУИ само и само за гола власт и дали само заради власт кријат криминогени дејства дури и од челници на БЈБ?

МВР со Оливер Спасовски и СДСМ/ДУИ наместо гарант за безбедност, се претвори во гарант за криминалци и за криминалии. Осудено лице за кое што е испратен документ за приведување заради затворска казна пука врз полиција и е ослободено заради интеревенција на заменик директор на БЈБ. Дали е тоа факт кој што го покажува оваа слика треба да одговорат од Владата, од МВР, од СДСМ. Почитувани премногу е! Се обидоа да сокријат убиство, се додека на ист начин преку социјални мрежи не излезе снимка од безбедносните камери. Сега се обидуваат да сокријат пукање врз полиција. Колку жртви треба да паднат само и само за голата власт на коалицијата? Премногу е, избори и одговорност!, рече Стоилковски.

https://youtu.be/2DoN2ycnvME

The post Видео од пукањето во Чаир: Дали човекот во сина кошула е Ариф Асани, втор човек во БЈБ? appeared first on Република.

Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, СДСМ и ДУИ го пуштаат слободно да си оди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kriminalec-baran-so-poternica-sred-bel-den-puka-vo-policiski-sluzbenici-sdsm-i-dui-go-pushtaat-slobodno-da-si-odi/ Sun, 29 May 2022 08:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=508217

Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, а функционерите од СДСМ и ДУИ го ослободуваат и пуштаат слободно да си замине. Сценарио кои го има само во филмови посветени за нарко картелите и криминалните банди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сеуште без одговор од министерот за внатрешни работи дали заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани, инаку висок партиски функционер на ДУИ го ослободил лицето кое пукало кон полициските службеници пред 50тина сведоци во Чаир.

Дали во целиот овој настан при пукањето од криминалецот штитен од Асани и Спасовски постои видео запис каде што се гледа дека во близина на инцидентот имало над 50тина млади лица дојдени на прослава?

Млади луѓе кои можеле да бидат жртви од дивеењето на криминалецот кој бил заштитен како бела мечка од власта на СДСМ и ДУИ.

Дали на видеото се гледа дека пукањето е на булевар каде во моментот има дваесетина возила во кои има луѓе и панично бегаат за да го спасат својот живот од дивеењето на лицето барано со потерница за одлежување на затворска казна?

Дали на видеото се гледа, како Арифи го ослободува лицето и ги повлекува полициските службеници истото да не биде уапсено и однесено во полициска станица.

Молк и од Ковачевски за целиот овој скандал, кои Оливер Спасовски од петни жили се обидува да го прикрие. Штурите изјави од Ковачевски дека овој случај ќе има завршница, се само празни изјави бидејќи истото лице со месеци бил под целосна заштита од функционерите на СДСМ и ДУИ.

Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога во власта на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт!

Владата на СДСМ и ДУИ е извор на криминали и мафијашки скандали, премногу е! Одговорност мора да има, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

The post Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, СДСМ и ДУИ го пуштаат слободно да си оди appeared first on Република.

]]>

Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, а функционерите од СДСМ и ДУИ го ослободуваат и пуштаат слободно да си замине. Сценарио кои го има само во филмови посветени за нарко картелите и криминалните банди, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Сеуште без одговор од министерот за внатрешни работи дали заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани, инаку висок партиски функционер на ДУИ го ослободил лицето кое пукало кон полициските службеници пред 50тина сведоци во Чаир. Дали во целиот овој настан при пукањето од криминалецот штитен од Асани и Спасовски постои видео запис каде што се гледа дека во близина на инцидентот имало над 50тина млади лица дојдени на прослава? Млади луѓе кои можеле да бидат жртви од дивеењето на криминалецот кој бил заштитен како бела мечка од власта на СДСМ и ДУИ. Дали на видеото се гледа дека пукањето е на булевар каде во моментот има дваесетина возила во кои има луѓе и панично бегаат за да го спасат својот живот од дивеењето на лицето барано со потерница за одлежување на затворска казна? Дали на видеото се гледа, како Арифи го ослободува лицето и ги повлекува полициските службеници истото да не биде уапсено и однесено во полициска станица. Молк и од Ковачевски за целиот овој скандал, кои Оливер Спасовски од петни жили се обидува да го прикрие. Штурите изјави од Ковачевски дека овој случај ќе има завршница, се само празни изјави бидејќи истото лице со месеци бил под целосна заштита од функционерите на СДСМ и ДУИ. Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога во власта на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ и ДУИ е извор на криминали и мафијашки скандали, премногу е! Одговорност мора да има, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

The post Криминалец баран со потерница сред бел ден пука во полициски службеници, СДСМ и ДУИ го пуштаат слободно да си оди appeared first on Република.

]]>
Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, ослободен по пукање, имало потерница за затвор? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-da-odgovori-dali-za-pukachot-od-chair-pulen-na-dui-osloboden-po-pukanje-imalo-poternica-za-zatvor/ Thu, 26 May 2022 10:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=507200

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!, вели Стоилковски и додава:

„Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?

Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш!“.

The post Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, ослободен по пукање, имало потерница за затвор? appeared first on Република.

]]>

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!, вели Стоилковски и додава:
„Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ? Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш!“.

The post Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, ослободен по пукање, имало потерница за затвор? appeared first on Република.

]]>
Одреден притвор за 28-годишникот кој пукаше во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odreden-pritvor-za-28-godishnikot-koj-pukashe-vo-chair/ Wed, 25 May 2022 13:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=506813

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за мерка притвор за 28-годишник осомничен за кривични дела: Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Основното јавно обвинителство нареди истражна постапка против осомничениот кој на 23 мај пред угостителски објект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата „Безбедна матурска прослава“.

Осомничениот најпрвин вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со бокс во пределот на раката. Осомничениот извадил и огнено оружје – пиштол марка „Сиг Сауер“ со калибар 9 мм, со 10 куршуми во рамката, кој го поседувал без дозвола, го репетирал и го вперил кон оштетениот. Еден од другите присутни полициски службеници му ја оттурнал раката, при што осомничениот испукал еден проектил во воздух, а веднаш потоа бил совладан од присутните полицајци, соопшти државното Јавно обвинителство.

Обвинителство наведува дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност да избега, да влијае врз сведоците или да го повтори делото

The post Одреден притвор за 28-годишникот кој пукаше во Чаир appeared first on Република.

]]>

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за мерка притвор за 28-годишник осомничен за кривични дела: Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и за Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Основното јавно обвинителство нареди истражна постапка против осомничениот кој на 23 мај пред угостителски објект на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, нападнал и телесно повредил полициски службеник – началник на ЕВР Чаир, кој постапувал и вршел контрола на службите на терен во врска со кампањата „Безбедна матурска прослава“.
Осомничениот најпрвин вербално му се заканил на полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со бокс во пределот на раката. Осомничениот извадил и огнено оружје – пиштол марка „Сиг Сауер“ со калибар 9 мм, со 10 куршуми во рамката, кој го поседувал без дозвола, го репетирал и го вперил кон оштетениот. Еден од другите присутни полициски службеници му ја оттурнал раката, при што осомничениот испукал еден проектил во воздух, а веднаш потоа бил совладан од присутните полицајци, соопшти државното Јавно обвинителство.
Обвинителство наведува дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност да избега, да влијае врз сведоците или да го повтори делото

The post Одреден притвор за 28-годишникот кој пукаше во Чаир appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ за пукањето во Чаир: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vmro-dpmne-za-pukanjeto-vo-chair-dali-mvr-premolchuva-vmeshanost-na-arif-asani-vo-pukanje-vo-chair-zaradi-koalicijata-so-dui/ Wed, 25 May 2022 09:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=506703

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје!, истакна на денешнат прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ?

МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали и дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот – директор на БЈБ? И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема френквентност од луѓе?

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?

МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ?

МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, нивни началници партиски војници се фаќани како учествуваат во нелегална трговија и транспорт на дрога, нивни партиски пулени во полициска униформа влегуваат во престрелки со полиција при шверц на акцизни стоки, МВР на СДСМ/ДУИ е во сите светски извештаи како извор на пасоши за белосветски криминалци.

Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива. Премногу е!, рече Стоилковски.

The post ВМРО-ДПМНЕ за пукањето во Чаир: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ? appeared first on Република.

]]>

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје!, истакна на денешнат прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ?
МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали и дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот – директор на БЈБ? И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема френквентност од луѓе? Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!? МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ?  
МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, нивни началници партиски војници се фаќани како учествуваат во нелегална трговија и транспорт на дрога, нивни партиски пулени во полициска униформа влегуваат во престрелки со полиција при шверц на акцизни стоки, МВР на СДСМ/ДУИ е во сите светски извештаи како извор на пасоши за белосветски криминалци. Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива. Премногу е!, рече Стоилковски.

The post ВМРО-ДПМНЕ за пукањето во Чаир: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ? appeared first on Република.

]]>
AА: Инцидентот во Чаир е најдобар доказ ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-incidentot-vo-chair-e-najdobar-dokaz-dui-gi-napravi-albanskite-naselbi-najopasni-mesta-za-ziveenje/ Tue, 24 May 2022 20:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=506519

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта. Тие кои треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто, се вели во денешната реакција на Алијанса за Албанците.
„ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците.
Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик-министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!?
Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но претходно мора да ги отстраниме од власт тие кои го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата“, бараат од Алијансата за Албанците.

Синоќа е пријавено дека полицаец од Чаир во близина на ресторан на улицата „Македонско-косовска бригада” во Скопје запрел возило „митсубиши” кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. Пристигнале и други полицајци кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полицајците и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.

Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. избегал. За него била распишана потерница, но тој денеска сам се пријавил во полициска станица.

Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post AА: Инцидентот во Чаир е најдобар доказ ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење appeared first on Република.

]]>

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа највисоки полициски службеници е најдобар одраз на владеењето на ДУИ. Криминалот на оваа партија ги допре највисоките врвови на власта. Тие кои треба да работат за безбедноста станаа најголемата опасност за Албанците особено и за граѓаните воопшто, се вели во денешната реакција на Алијанса за Албанците. „ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење, тие станаа места каде те убива полицаец и каде се заштитени криминалците. Кога го осудивме заробувањето на правосудниот систем, заменик министерот од ДУИ се пожали дека опозицијата ги навредува албанските функционери. Ги прашуваме поранешниот министер за полиција, актуелниот заменик-министер за полиција и сите функционери на ДУИ, кој синоќа ги навреди и посрамоти Албанците, кој со куршумите на нивните началници ги загрози Албанците и албанските населби ги претвори во гето на криминални картели!? Ветингот во судството, полицијата и другите сфери е повеќе од неопходен, но претходно мора да ги отстраниме од власт тие кои го попречуваат ветингот и го зајакнуваат криминалот и корупцијата“, бараат од Алијансата за Албанците. Синоќа е пријавено дека полицаец од Чаир во близина на ресторан на улицата „Македонско-косовска бригада” во Скопје запрел возило „митсубиши” кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник. Пристигнале и други полицајци кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полицајците и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица. Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. избегал. За него била распишана потерница, но тој денеска сам се пријавил во полициска станица. Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post AА: Инцидентот во Чаир е најдобар доказ ДУИ ги направи албанските населби најопасни места за живеење appeared first on Република.

]]>
МВР со детали: Пукале две лица со автоматско оружје, има и трет повреден со нож https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-detali-pukale-dve-lica-so-avtomatsko-oruzje-ima-i-tret-povreden-so-noz/ Tue, 26 Apr 2022 11:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=493794

Министерството за внатрешни работи излезе со првични детали за вчерашната мафијашка престрелка во Чаир.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-na-bajram-drugiot-na-veligden-vo-mafijashkata-presmetka-vo-chair-ubien-e-bratot-na-kamber-idrizi-koj-beshe-blizok-do-vrvot-na-sdsm/

Едно лице е убиено, а три се повредени откако вчера во угостителски објект на улица „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје две лица пукале со автоматско оружје.  Ј.И.(47) од Скопје бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22:20 часот починал, додека М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди – исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје, велат од МВР.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 21:40 часот.

Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tie-shto-ne-ve-znaeja-vo-dusha-ve-dozivuvaa-poinaku-no-greshea-veli-smilevski-za-ubienite-brakja-od-chair/

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека јавниот обвинител издал наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот.

По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, се наведува во соопштението од Јавното обвинителството.

The post МВР со детали: Пукале две лица со автоматско оружје, има и трет повреден со нож appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи излезе со првични детали за вчерашната мафијашка престрелка во Чаир. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-na-bajram-drugiot-na-veligden-vo-mafijashkata-presmetka-vo-chair-ubien-e-bratot-na-kamber-idrizi-koj-beshe-blizok-do-vrvot-na-sdsm/
Едно лице е убиено, а три се повредени откако вчера во угостителски објект на улица „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје две лица пукале со автоматско оружје.  Ј.И.(47) од Скопје бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22:20 часот починал, додека М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди – исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје, велат од МВР.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 21:40 часот.
Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tie-shto-ne-ve-znaeja-vo-dusha-ve-dozivuvaa-poinaku-no-greshea-veli-smilevski-za-ubienite-brakja-od-chair/ Од Јавното обвинителство денеска информираа дека јавниот обвинител издал наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот.
По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, се наведува во соопштението од Јавното обвинителството.

The post МВР со детали: Пукале две лица со автоматско оружје, има и трет повреден со нож appeared first on Република.

]]>
„Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tie-shto-ne-ve-znaeja-vo-dusha-ve-dozivuvaa-poinaku-no-greshea-veli-smilevski-za-ubienite-brakja-od-chair/ Tue, 26 Apr 2022 11:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=493783

Едно лице загина, а три се повредени во мафијашката престрелка што вчера се случуваше на сред улица во Чаир, пред чајџилница во близина на голем маркет.

Но, за поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, грешна е сликата што јавноста ја има за браќата Јонуз и Камер Идризи, од кои едниот беше застрелан вчера, а другиот убиен на Рамазан Бајрам пред точно една година, исто така во престрелка во Чаир.

Tие што не ве знаеја во душа ве доживуваа поинаку, но грешеа. Почивај во мир другар Јонуз Идризи, вели Смилевски во последниот поздрав на „Фејсбук“.

Лани за убиениот Идризи Смилевски рече се познавале од деца, биле другари, но никогаш не разговарале за бизнис и не го доживувал „како што го зборат“. Идризи работел во Комунална хигиена и му било срам да се жали.

Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, рече тогаш Смилевски за А1он.

https://republika.mk/tvitovi/kamer-vozi-i-mafta-so-pishtolcheto-ama-velimir-ne-go-znae-kako-takov/

The post „Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а три се повредени во мафијашката престрелка што вчера се случуваше на сред улица во Чаир, пред чајџилница во близина на голем маркет. Но, за поранешниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски од СДСМ, грешна е сликата што јавноста ја има за браќата Јонуз и Камер Идризи, од кои едниот беше застрелан вчера, а другиот убиен на Рамазан Бајрам пред точно една година, исто така во престрелка во Чаир.
Tие што не ве знаеја во душа ве доживуваа поинаку, но грешеа. Почивај во мир другар Јонуз Идризи, вели Смилевски во последниот поздрав на „Фејсбук“.
Лани за убиениот Идризи Смилевски рече се познавале од деца, биле другари, но никогаш не разговарале за бизнис и не го доживувал „како што го зборат“. Идризи работел во Комунална хигиена и му било срам да се жали.
Тој ми е комшија, кој што е две години помал од мене. Со брат му сум генерација, заедно учевме во основно училиште, се дружевме. Така што, некои работи не можеш да ги бираш. Тоа е тоа. Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел. Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, рече тогаш Смилевски за А1он.
https://republika.mk/tvitovi/kamer-vozi-i-mafta-so-pishtolcheto-ama-velimir-ne-go-znae-kako-takov/

The post „Tие што не ве знаеја во душа, ве доживуваа поинаку, но грешеа“, вели Смилевски за убиените браќа од Чаир appeared first on Република.

]]>
JO: Се прегледуваат снимките од видео-надзорот, се бараат сторителите за убиството во Чаир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jo-se-pregleduvaat-snimkite-od-video-nadzorot-se-baraat-storitelite-za-ubistvoto-vo-chair/ Tue, 26 Apr 2022 09:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=493695

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени, информираат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, се наведува во соопштението од Обвинителството.​​

The post JO: Се прегледуваат снимките од видео-надзорот, се бараат сторителите за убиството во Чаир appeared first on Република.

Едниот на Бајрам, другиот на Велигден: Во мафијашката пресметка во Чаир убиен е братот на Камбер Идризи, кој беше близок до врвот на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/edniot-na-bajram-drugiot-na-veligden-vo-mafijashkata-presmetka-vo-chair-ubien-e-bratot-na-kamber-idrizi-koj-beshe-blizok-do-vrvot-na-sdsm/ Tue, 26 Apr 2022 07:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=493609

Во вчерашаната мафијашка претсрелка во чајџилница во Чаир убиен е еден, а повредени се три лица. Се чекаат детали по завршениот полициски увид пред чајџилницата во близина на супермаркетот „Принц“ на ул. „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје, каде вчеравечер се одвиваше сцената од Дивиот запад.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukanje-vo-chair-eden-zaginat/

Според информациите на ТВ Шења, убиен е скопјанецот Јонуз Идризи, најстариот брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен во пукотници пред една година.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-albumot-na-kamber-idrizi-fotografii-so-pendarovski-zekiri-gradonachalnikot-na-butel/

Камбер беше убиен на 13 мај лани на Рамазан Бајрам. Тој беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Босна и Херцеговина“.

Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-crn-dzip-bile-ispukani-90-kurshumi-no-motivite-zoshto-se-ubieni-na-bajram-zasega-se-nepoznati/

The post Едниот на Бајрам, другиот на Велигден: Во мафијашката пресметка во Чаир убиен е братот на Камбер Идризи, кој беше близок до врвот на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Во вчерашаната мафијашка претсрелка во чајџилница во Чаир убиен е еден, а повредени се три лица. Се чекаат детали по завршениот полициски увид пред чајџилницата во близина на супермаркетот „Принц“ на ул. „Браќа Реџепагиќ“ во Скопје, каде вчеравечер се одвиваше сцената од Дивиот запад. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukanje-vo-chair-eden-zaginat/ Според информациите на ТВ Шења, убиен е скопјанецот Јонуз Идризи, најстариот брат на Камбер Идризи, кој исто така беше убиен во пукотници пред една година. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-albumot-na-kamber-idrizi-fotografii-so-pendarovski-zekiri-gradonachalnikot-na-butel/ Камбер беше убиен на 13 мај лани на Рамазан Бајрам. Тој беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Босна и Херцеговина“. Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-crn-dzip-bile-ispukani-90-kurshumi-no-motivite-zoshto-se-ubieni-na-bajram-zasega-se-nepoznati/

The post Едниот на Бајрам, другиот на Велигден: Во мафијашката пресметка во Чаир убиен е братот на Камбер Идризи, кој беше близок до врвот на СДСМ appeared first on Република.

]]>