пудра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pudra/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 13:04:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пудра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pudra/ 32 32 Пропадна „Авон“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/propadna-avon/ Wed, 14 Aug 2024 13:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=806520

Козметичката компанија „Авон“ (Avon Products) поднесе барање за стечај во САД во обид да се спаси од напливот на тужби од оштетени корисници поради производи кои содржат талк кој предизвикува рак.

Компанијата во постапката наведе дека ќе има обврски по отштети од најмалку 1 милијарда долари и не повеќе од 10 милијарди долари.

Матичната група на козметичката компанија, Avon Products, соопшти дека поднела барање за стечај во САД, но дека меѓународните организации ќе останат отворени. Брендот Авон во САД моментално е во сопственост на LG Household & Health Care Ltd, а исто така не е дел од стечајот.

„Авон“ е втора козметика компанија која поднесе барање за стечај за да се справи со тужбите кои произлегуваат од производите од талк. Џонсон и Џонсон, исто така, неколку пати се обиде да ги реши судските спорови користејќи банкрот, но обидите му пропаднаа.

The post Пропадна „Авон“ appeared first on Република.

]]>

Козметичката компанија „Авон“ (Avon Products) поднесе барање за стечај во САД во обид да се спаси од напливот на тужби од оштетени корисници поради производи кои содржат талк кој предизвикува рак. Компанијата во постапката наведе дека ќе има обврски по отштети од најмалку 1 милијарда долари и не повеќе од 10 милијарди долари. Матичната група на козметичката компанија, Avon Products, соопшти дека поднела барање за стечај во САД, но дека меѓународните организации ќе останат отворени. Брендот Авон во САД моментално е во сопственост на LG Household & Health Care Ltd, а исто така не е дел од стечајот. „Авон“ е втора козметика компанија која поднесе барање за стечај за да се справи со тужбите кои произлегуваат од производите од талк. Џонсон и Џонсон, исто така, неколку пати се обиде да ги реши судските спорови користејќи банкрот, но обидите му пропаднаа.

The post Пропадна „Авон“ appeared first on Република.

]]>
СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-go-klasifitsirashe-talkot-kako-verojatno-kantserogen-za-lugeto/ Mon, 08 Jul 2024 12:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=794590

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика.

„Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ.

Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите.

Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак.

„Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology).

Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност.

Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година.

ИАРЦ, исто така, го класифицира акрилонитрилот – хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи – од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка.

The post СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за рак и истражување (ИАРЦ) при Светската здравствена организација го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето, пренесува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Талк или талциум е природен минерал којшто се ископува во многу делови од светот, а потоа се користи како состојка во бебешката пудра или во некои видови козметика. „Одлуката на СЗО е заснована на ограничени докази дека талкот може да предизвика рак на јајниците кај жените, доволно докази дека е поврзан со рак кај стаорци и силни механички докази дека покажува канцерогени знаци во човековите клетки“, соопшти ИАРЦ. Сепак, најважната изложеност на талк се случува при ископувањата на пинералот, преработката или во фабричката изработка на производите. Агенцијата додава дека постојат и бројни други истражувања коишто покажуваат зголемување на стапката на рак на јајниците кај жените кои користат талк во прав, особено во пределот на гениталиите. Но, ИАРЦ нагласува дека не може да се исклучи дека талкот во некои прочучвања бил контаминиран со азбест, што исто така, предизвикува рак. „Причинската улога на талкот не може целосно да се утврди“, според наодите објавени во „Лансет онколоџи“ (The Lancet Oncology). Треба да се има на ум дека студиите биле набљудувачки и затоа не можат да ја докажат причинско-последичната поврзаност. Најавата доаѓа само неколку недели откако американскиот фармацевтски и козметички гигант „Џонсон и Џонсон“ се согласи да плати 700 милиони долари за да ги реши обвинувањата дека ги доведувал корисниците во заблуда околу безбедноста на производите со талк во прав. „Џонсон и Џонсон“ не призна дека прописите се прекршени, иако ги повлече своите производи од северноамериканскиот пазар во 2020 година. ИАРЦ, исто така, го класифицира акрилонитрилот – хемиско соединение што се користи за производство на текстилни полимери, како канцероген за луѓето, со највисоко ниво на предупредување. Полимерите направени од акрилонитрил се користат во широка палета производи – од конците во облеката до теписи, пластика и други производи за широка потрошувачка.

The post СЗО го класифицираше талкот како „веројатно канцероген“ за луѓето appeared first on Република.

]]>
Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-pudrata-shto-predizvikuva-rak-na-jajnitsi-dhonson-i-dhonson-ke-plati-oshteta-teshka-6-5-milijardi-dolari/ Thu, 02 May 2024 09:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=773316

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати 6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници.

Поради овој договор со тужителите, третата подружница на компанијата ќе оди во стечај.

Компанијата, според предложениот договор, е обврзана за 3 месеци да ги подмири сите побарувања на оштетените кои тврдат дека имаат рак на јајници. Компанијата треба да подмири до 100.000 барања за рак на јајници.

„J&J“, и покрај ова, тврди дека нејзините производи се безбедни, но се согласи на спогодба поддржана од многу од адвокатите на тужителите.

Предложената спогодба ги проширува претходните барања што ги опфаќаат случаите на мезотелиом и државните барања.

„J&J“ издвои 11 милијарди долари за решавање на случаите со „канцерогената детска пудра“.

Компанијата сега се соочува и со нова научна анализа на производите која е пред судот.

Иако компанијата добила 95% од случаите, на некои оштетени им биле доделени големи суми пари.

Компанијата престана да го продава талкот на основа на бебешката пудра поради тужбите и проблемите со јавното мислење.

The post Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J) се согласи да исплати 6,48 милијарди долари отштета на корисници кои водат судски процес во кој тврдат дека азбестот во нејзините производи во прав предизвикува рак на јајници. Поради овој договор со тужителите, третата подружница на компанијата ќе оди во стечај. Компанијата, според предложениот договор, е обврзана за 3 месеци да ги подмири сите побарувања на оштетените кои тврдат дека имаат рак на јајници. Компанијата треба да подмири до 100.000 барања за рак на јајници. „J&J“, и покрај ова, тврди дека нејзините производи се безбедни, но се согласи на спогодба поддржана од многу од адвокатите на тужителите. Предложената спогодба ги проширува претходните барања што ги опфаќаат случаите на мезотелиом и државните барања. „J&J“ издвои 11 милијарди долари за решавање на случаите со „канцерогената детска пудра“. Компанијата сега се соочува и со нова научна анализа на производите која е пред судот. Иако компанијата добила 95% од случаите, на некои оштетени им биле доделени големи суми пари. Компанијата престана да го продава талкот на основа на бебешката пудра поради тужбите и проблемите со јавното мислење.

The post Поради пудрата што предизвикува рак на јајници „Џонсон и Џонсон“ ќе плати оштета тешка 6.5 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Германска министерка лани потрошила 300.000 евра државни пари за пудра, шминка и стајлинг! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanska-ministerka-lani-potroshila-300-000-evra-drzhavni-pari-za-pudra-shminka-i-stajling/ Wed, 01 Feb 2023 13:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=603391

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дала огромни суми државни пари во текот на 2022 година за шминка и за фотограф, пишуваат локалните медиуми.

Германската министерка потрошила 136.552 евра за пудра, шминка и за стајлинг, сето тоа на државен трошок, што е рекорд. Германската телевизија НТВ јавува дека Бербок дури вработува и стилист, кој добива 7.500 евра месечно.

Објаснување стигна од Министерството за надворешни работи. Како што пренесуваат германските медиуми, од Министерството велат дека сумата за шминкерот е потребна поради бројните средби и патувања.

Откако се дозна за трошењето на парите на германската министерка, во Германија се крена голема бура, а угледот на министерката Бербок забележа пад. Големо внимание привлече сознанието дека лани биле издвоени 178.765 евра за министерката.

Аналена Бербок предизвика голем дипломатски скандал кога во говорот во Советот на Европа, неколку часа по одлуката за испраќање германски тенкови, пред камерите изјави дека Европа води војна против Русија.

Тоа предизвика гнев кај канцеларот Олаф Шолц, а веќе има бројни барања за нејзино разрешување.

 

The post Германска министерка лани потрошила 300.000 евра државни пари за пудра, шминка и стајлинг! appeared first on Република.

]]>

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дала огромни суми државни пари во текот на 2022 година за шминка и за фотограф, пишуваат локалните медиуми. Германската министерка потрошила 136.552 евра за пудра, шминка и за стајлинг, сето тоа на државен трошок, што е рекорд. Германската телевизија НТВ јавува дека Бербок дури вработува и стилист, кој добива 7.500 евра месечно. Објаснување стигна од Министерството за надворешни работи. Како што пренесуваат германските медиуми, од Министерството велат дека сумата за шминкерот е потребна поради бројните средби и патувања. Откако се дозна за трошењето на парите на германската министерка, во Германија се крена голема бура, а угледот на министерката Бербок забележа пад. Големо внимание привлече сознанието дека лани биле издвоени 178.765 евра за министерката. Аналена Бербок предизвика голем дипломатски скандал кога во говорот во Советот на Европа, неколку часа по одлуката за испраќање германски тенкови, пред камерите изјави дека Европа води војна против Русија. Тоа предизвика гнев кај канцеларот Олаф Шолц, а веќе има бројни барања за нејзино разрешување.  

The post Германска министерка лани потрошила 300.000 евра државни пари за пудра, шминка и стајлинг! appeared first on Република.

]]>