птичји грип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ptichji-grip/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:22:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png птичји грип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ptichji-grip/ 32 32 Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/avstrija-evtanizirashe-okolu-18-000-zhivotni-tselata-zemja-e-rizichni-poradi-pojava-na-ptichji-grip/ Fri, 08 Nov 2024 11:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=835503

Австриското Министерство за здравство ја прогласи целата земја за ризична област за птичји грип, воведувајќи нови, построги, безбедносни мерки кои стапија на сила денеска.

Новите мерки стапуваат на сила откако пред една недела избувна птичји грип во областа Амштетен, во Долна Австрија, што доведе до првична евтаназија на околу 18.000 животни.

Според извештаите на министерството, околу погодените фарми е поставена заштитна зона во радиус од три километри.

Евроњуз пишува дека австриската армија од денеска започнува мисија за помош во Амштетен, каде ќе ги отстранува мртвите животни и ќе ги деконтаминира камионите и контејнерите во кои се пренесувала заразена живина.

Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која се јавува главно кај живината и дивите водни птици, но пренесувањето на луѓето се уште e ретко.

The post Австрија евтанизираше околу 18.000 животни, целата земја е ризични поради појава на птичји грип appeared first on Република.

]]>

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/registriran-nov-sluchaj-na-ptichji-grip-kaj-uginata-guska-vo-skopsko-zlokukani/ Thu, 31 Oct 2024 13:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=832822

Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) потврди нов случај на болеста високопатогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај една пцовисана дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс „Свети Јован“ во скопско Злокуќани. Направено е лабораториско тестирање на две живи птици (лебеди) кај кои не е утврдено присуство на вирусот. Денес се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот кај кои ќе се врши лабораториско тестирање за утврдување на присуство на болеста, информираат од АХВ.

АХВ, како што појаснуваат, донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување заштитни и контролни мерки со цел спречување ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување затекнати диви птици на локацијата, освен птиците што се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање за утврдување присуство на птичји грип, и наредено е спроведување дезинфекција на одгледувачницата, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувачницата, без одобрение на официјален ветеринар.

Покрај овие мерки, наредено е и затворање на живината/птиците во нивните одгледувачници, земање мостри од пцовисани птици за утврдување присуство на вирусот, забрана за одржување саеми, изложби, пазари и други собири на живина или птици од наведеното епизотиолошко подрачје.

„Задолжително е пријавувањето промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината и дивите птици до надлежен официјален ветеринар, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности во одгледувачницата.

Болеста најчесто се шири преку птиците преселници, кои се сметаат за нејзин резервоар. Се работи за зооноза, од која првенствено заболуваат птиците, но и луѓето, и затоа АХВ апелира на внимателност и преземање заштитни мерки за категориите лица што се изложени на ризик (близок контакт со заразени птици или во висококонтаминирана средина).

АХВ донесе решение и за воведување заштитни мерки во однос на болеста син јазик кај говеда, овци и кози на целата територија на земјав, по лабораториска потврда на присуство на болеста во две одгледувачници во Демир Капија. Таму од 190 животни, пцовисанисе 7, а десеттина се со клиничка слика карактеристична за оваа болест и со зголемена телесна температура.

Станува збор за болеста која задолжително се пријавува. Луѓето не заболуваат. Болеста син јазик е неконтагиозно вирусно заболување кај домашните и дивите преживари. Претежно се јавува кај овците, но заболуваат и говедата, козите, биволите, кај антилопите, елените, срните и камилите. Се пренесува преку инсекти (комарци) од видот Culicoides. Болеста не се пренесува од животно на животно. Векторите се заразуваат со вирусот по цицање крв од инфицирано животно.

До донесеното решение забрането е движење на сите преживни животи во и од одгледувачницата најмалку 30 дена по последниот случај на болеста, спроведување епидемиолошко испитување во заразената одгледувачница за утврдување на можниот извор на инфекцијата, местата на присутност и распространетост на векторот (преносителот), преземање мерки за спроведување редовна дезинсекција на заразените одгледувачници најмалку еднаш неделно, како и третман на животните со репеленти. Хумано убивање на заболените животни со тешка клиничка слика ќе се врши по налог на официјален ветеринар по претходно мислење од доктор по ветеринарна медицина од надлежното ветеринарно друштво.

Задолжително е пријавување на секој сомнеж на болеста и пцовисување на животните до овластените ветеринарни друштва, односно до официјалниот ветеринар. Сточарите имаат обврска за поставување мрежи за заштита од инсекти на прозорците на фармите, секојдневно чистење на одгледувачниците и заштита со најлонска фолија на исчистеното ѓубре и простирката, отстранување на местата на кои има заостаната вода, а кои се подобни за размножување на векторите, како и забрана за напасување на добитокот во временски период од 17 до 9 часот наутро кога нивната активност е најголема“, се потенцира во информацијата од Агенцијата.

Во информацијата се дополнува дека на целата територија на земјава се забранува движење на сите преживари – говеда, овци и кози во и од одгледувалиште, освен ако животните се упатуваат во кланица, а се забранува и работа на добиточните пазари, изложби или друг вид настани за сите видови преживари.

The post Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани appeared first on Република.

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/negativen-e-rezultatot-na-zhenata-posetitel-na-zoo-testirana-za-ptichji-grip/ Tue, 22 Oct 2024 15:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=829961

Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип, потврди попладнево за МИА, доктор Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје. Жена била родена 1958 година.

Досега нема пријавено друго лице за тестирање за птичји грип. Само тие што беа двајцата вработени и жената што дојде по нејзино убедување и ја тестиравме. Штом вработените се негативни, не сметаме дека има било каков ризик за посетителите, бидејќи навистина треба да има многу близок контакт за нешто да се случи, нагласи Андоновска за МИА.

The post Негативен е резултатот на жената посетител на ЗОО тестирана за птичји грип appeared first on Република.

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/posetitelka-vo-zooloshkata-gradina-pobarala-da-se-testira-za-ptichji-grip/ Tue, 22 Oct 2024 11:37:28 +0000 https://republika.mk/?p=829798

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните.

Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип.

Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

The post Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип appeared first on Република.

]]>

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот. Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот. Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

The post Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ijz-so-preporaki-za-zashtita-po-pojavata-na-ptichji-grip-vo-zooloshkata-gradina/ Tue, 22 Oct 2024 07:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=829623

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна комора, повикуваат на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, порачувајќи дека “нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата“

Од Ветеринарната комора, вчера информираа дека „во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани“ и нагласуваат дека „процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози - болести што од животни преминуваат на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат“.

Повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јав

- Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштение од Ветеринарната комора.

Од Ветеринарната комора, исто така, потенцираат дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија.

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните – за заштита се препорачува да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.

- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици.

- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

- Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з

Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина. Две лица, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип.

- На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1

The post ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>

Негативни се резултатите за птичји грип на двајцата вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, информираа од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и препорачуваат да се избегнува контакт со болни или мртви животни, и со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Од Ветеринарна комора, повикуваат на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јавното здравје и здравјето на животните, порачувајќи дека “нужно е да се преземат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата“ Од Ветеринарната комора, вчера информираа дека „во целост ги поддржува сите активности и мерки преземени од надлежните органи во врска со последните настани“ и нагласуваат дека „процедурите и мерките во случаи на појава на заразни болести зооантропонози - болести што од животни преминуваат на луѓе се утврдени од меѓународни институции и треба доследно да се спроведуваат“. Повикуваме на смиреност и општествена одговорност на сите чинители во општеството, без создавање на клима на недоверба и попречување на активностите на институциите задолжени да го чуваат јав
- Во целост разбирајќи ја сензитивноста на поединци и групи во врска со третманот и благосостојбата на животните за кои искрено и принципиелно се залагаме и се дел од нашата професионална етика и пракса, укажуваме до јавноста дека ветеринарно-здравствениот систем има примарна цел да ги заштити здравјето на луѓето, животните и економијата во државата. Следствено, во услови на појава на особено опасни заразни болести со голем потенцијал да го загрозат јавното здравје, како што е во случајот авијарната инфлуенца, нужно е да се преземаат драстични мерки за елиминирање на изворот и ширење на заразата, се наведува во соопштение од Ветеринарната комора.
Од Ветеринарната комора, исто така, потенцираат дека некои соеви на вирусот на авијарна инфлуенца се нотирани од светската наука, како причинители на заразни болести со најголем потенцијал за нова светска пандемија. Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција. По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните – за заштита се препорачува да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. Чиле го регистрираше првиот случај на птичји грип кај човек, соопшти Министерството за здравство.
- Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.
Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици.
- Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.
Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни. - Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ. ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега з Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина. Две лица, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип. - На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението. Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот. По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1

The post ИЈЗ со препораки за заштита по појавата на птичји грип во Зоолошката градина appeared first on Република.

]]>
Вработените во ЗОО Скопје немаат птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-zoo-skopje-nemaat-ptichji-grip/ Mon, 21 Oct 2024 13:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=829487

Институтот за јавно здравје денеска извести дека направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, а кај никого не е пронајдне вирусот на птичји грип.

Денеска, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.

Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.

Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип, информираа од ИЈЗ Скопје.

Инаку, пред два дена, ЗОО СКопје беше затворена и следните 21 ден ќе остане затвореан, по појавата на птичји грип, откако на просторот на зоолошката била најдена угината дива птица, која го имала вирусот на птичји грип.

Агенцијата за храна и ветеринарство влезе во ЗОО Скопје, при што беа убиени триесетина птици кои живееја таму, а зоолошката беше евакуирана од посетители и вработени.

The post Вработените во ЗОО Скопје немаат птичји грип appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје денеска извести дека направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, а кај никого не е пронајдне вирусот на птичји грип.
Денеска, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.
Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.
Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип, информираа од ИЈЗ Скопје.
Инаку, пред два дена, ЗОО СКопје беше затворена и следните 21 ден ќе остане затвореан, по појавата на птичји грип, откако на просторот на зоолошката била најдена угината дива птица, која го имала вирусот на птичји грип. Агенцијата за храна и ветеринарство влезе во ЗОО Скопје, при што беа убиени триесетина птици кои живееја таму, а зоолошката беше евакуирана од посетители и вработени.  

The post Вработените во ЗОО Скопје немаат птичји грип appeared first on Република.

]]>
По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-pojavata-na-ptichji-grup-ijz-so-preporaki-do-graganite/ Mon, 21 Oct 2024 12:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=829472

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција.

По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ.

Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.

Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.

Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ.

Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.

Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.

Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.

Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1.

Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

The post По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните appeared first on Република.

]]>

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција. По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ.
Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ.
Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт.
Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ.
Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни.
Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ.
Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни.
Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ.
По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип.

The post По појавата на птичји груп, ИЈЗ со препораки до граѓаните appeared first on Република.

]]>
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-opasnost-za-posetitelite-na-zoo-skopje-dokolku-nemale-direkten-kontakt-so-zaboleni-ptitsi-od-ptichji-grip/ Mon, 21 Oct 2024 06:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=829238

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Поради појава на „птичји грип“ Зоолошката градина во Скопје е затворена трет ден. Здравствените власти и експерите уверуваат дека и покрај појавата на „птичји грип“ нема потреба од паника меѓу граѓаните.

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска вчера изјави дека здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали вработените кои биле во контакт со птиците ќе пројават каков било симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип.

Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави Андоновска.

Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип. Ова лице денеска ќе биде тестирано, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање.

Нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип

За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска, која смета дека надлежните институции имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи.

Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава Андоновска дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови.

Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, вчера соопшти дека ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно 14 октомври, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно  Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), и прекршувајќи ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15 октомври. На 18 октомври, како што посочија од АХВ, добиен е наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска.

Скопје, 3 јули 2020

И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин, односно постапила спротивно на член 4 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца бр 161/2016, односно секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до АХВ, се наведува во соопштението.

Од АХВ нагласија дека ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија, ја спроведува Државнa ветеринарна служба во соработка со други органи и институции, преку Агенцијата, директорот и референтна лабораторија која работи за потребите на Агенцијата врз основа на договор. Во саботата надлежниот официјален ветеринар од АХВ заедно со Раководителот на СЗЗБЖ овластен од страна на ВД Директорот д-р Оливер Миланов извршил вонреден инспекциски надзор во ЗОО Скопје.

Притоа, во одгледувалиштето на ЗОО Скопје официјалниот ветеринар донесе забрана за влез на посетители, забрана на пристап до езерцето во кое била пронајдена угинатата птица со исклучок на тројца вработени кои со полна заштитна опрема вршеа убивање и манипулација со птиците. Земање, пакување и испраќање на примероци за лабораториски тестирања согласно дијагностичкиот протокол од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца. Чистење и дезинфекција на просторот околу езерцето во која зона се движат овој вид на птици.  Забрана за движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето. Се задолжи надлежната ветеринарна служба задолжително да врши пријавување на промени на здравствената состојба на живината и дивите птици до надлежниот официјален ветеринар и примена на биосигурностните мерки при спроведување на сите активности, соопштија од АХВ.

Дополнително, се посочува во соопштението, официјалниот ветеринар при вршењето на своите задачи може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи.

За жал побарана е асистенција поради присуство на лице кое се претставило дека е вработен во градската администрација и истото ја попречуваше работата на инспекциските служби и за кое дело МВР има записник. Но, мора да се заблогадариме на вработените лица во ЗОО Скопје кои несебично ни дадоа полна поддршка и земаа активно учество во спроведување на наредените мерки, соопштија од АХВ.

Затворањето на Зоолошката градина во Скопје вчера стана предмет и на политички препукувања.

The post Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип appeared first on Република.

]]>

Од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина за кои веќе е завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за четворица денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Поради појава на „птичји грип“ Зоолошката градина во Скопје е затворена трет ден. Здравствените власти и експерите уверуваат дека и покрај појавата на „птичји грип“ нема потреба од паника меѓу граѓаните. Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска вчера изјави дека здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали вработените кои биле во контакт со птиците ќе пројават каков било симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Тие секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози од ИЈЗ и ќе се следи нивната здравствена состојба, изјави Андоновска. Епидемиозлозите, како што рече, ја информирале дека еден од четирите лица за кои е завршена епидемиолошката анкета, на 18 октомври имал симтоми со температура и дијареја кои траеле еден ден што, како што рече, не значи дека укажува дека тоа лице има птичји грип. Ова лице денеска ќе биде тестирано, бидејќи препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите се дека по појавата на првите симптоми во рок од пет дена треба да има тестирање.

Нема опасност за посетителите кои биле во Зоолошката градина доколку немале директен контакт со заболените птици од птичји грип

За да се пренесе птичји грип треба да има близок контакт со заболено или мртво животно или да има близок контакт со некој од секретите, измет или слично од овие заболени или мртви животни. Тоа значи дека ризикот е мал доколку посетителите немале близок контакт, потенцира Андоновска, која смета дека надлежните институции имале брза и навремена реакција согласно законските прописи и протоколи.
Лабораторијата на ИЈЗ е референтна и меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца или грип од хумано и анимално потекло и дека во моментов има тестови за птичји грип, но додава Андоновска дека не знае колкава ќе биде потребата и дали ќе треба да се набавуваат нови. Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, вчера соопшти дека ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно 14 октомври, не постапила по законски процедури каде што се должни секој сомнеж на заразна болест задолжително да го пријават до надлежниот официјален ветеринар согласно  Член 50 на (Закон за ветеринарно здравство бр.113/2007; бр.24/11; 136/11; 123/12;154/15 и 53/16), и прекршувајќи ги законските обврски, самостојно доставиле примерок до Факултетот за ветеринарна медицина кој е примен на обработка на 15 октомври. На 18 октомври, како што посочија од АХВ, добиен е наод со кој е потврден случај на присуство на вирусот на авијарна инфлуенца – птичји грип, сој H5N1 кај гуска. Скопје, 3 јули 2020
И покрај ваквата информација, повторно ЗОО Скопје не почитувајќи ги законските прописи не ја извести АХВ на законски пропишаниот начин, односно постапила спротивно на член 4 од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца бр 161/2016, односно секое присуство или сомнеж на авијарна инфлуенца се пријавува веднаш, односно во што е можно пократок рок до АХВ, се наведува во соопштението.
Од АХВ нагласија дека ветеринарната дејност од јавен интерес на територијата на Република Македонија, ја спроведува Државнa ветеринарна служба во соработка со други органи и институции, преку Агенцијата, директорот и референтна лабораторија која работи за потребите на Агенцијата врз основа на договор. Во саботата надлежниот официјален ветеринар од АХВ заедно со Раководителот на СЗЗБЖ овластен од страна на ВД Директорот д-р Оливер Миланов извршил вонреден инспекциски надзор во ЗОО Скопје.
Притоа, во одгледувалиштето на ЗОО Скопје официјалниот ветеринар донесе забрана за влез на посетители, забрана на пристап до езерцето во кое била пронајдена угинатата птица со исклучок на тројца вработени кои со полна заштитна опрема вршеа убивање и манипулација со птиците. Земање, пакување и испраќање на примероци за лабораториски тестирања согласно дијагностичкиот протокол од Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста авијарна инфлуенца. Чистење и дезинфекција на просторот околу езерцето во која зона се движат овој вид на птици.  Забрана за движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето. Се задолжи надлежната ветеринарна служба задолжително да врши пријавување на промени на здравствената состојба на живината и дивите птици до надлежниот официјален ветеринар и примена на биосигурностните мерки при спроведување на сите активности, соопштија од АХВ.
Дополнително, се посочува во соопштението, официјалниот ветеринар при вршењето на своите задачи може да побара асистенција од овластено лице од Министерството за внатрешни работи.
За жал побарана е асистенција поради присуство на лице кое се претставило дека е вработен во градската администрација и истото ја попречуваше работата на инспекциските служби и за кое дело МВР има записник. Но, мора да се заблогадариме на вработените лица во ЗОО Скопје кои несебично ни дадоа полна поддршка и земаа активно учество во спроведување на наредените мерки, соопштија од АХВ.
Затворањето на Зоолошката градина во Скопје вчера стана предмет и на политички препукувања.

The post Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболени птици од птичји грип appeared first on Република.

]]>
Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kirkov-nesposobnata-arsovska-beshe-na-prag-da-predizvika-epidemija-od-ptichji-grip/ Sun, 20 Oct 2024 10:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=829054

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>

Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип. Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец, изјави Стефан Кирков, советник во Советот на Град Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=Wn6A3ParI80&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип appeared first on Република.

]]>
Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/anima-mundi-ptichji-grip-ne-se-prevenira-so-krshene-vratovi-frlane-zhivi-vo-kanta-i-strelane-so-pushki/ Sun, 20 Oct 2024 07:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=828983

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје.

Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.

Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право?

Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема?

Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во правож

Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот.

Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар.

Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназија.

Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

The post Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита на животни Анима Мунди денеска испрати соопштение во кое се вели дека иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност по здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје. Според нив, што е видливо и на грозоморните видеа, најсурово – со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре – се ликвидирани 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.
Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право? Кои се шансите во ЗОО Скопје, каде не е извршен увоз на ниту една птица периодов; да се пријави птичји грип, а никаде во државава да го нема? Прашуваме, дали птичји грип фаќаат само небитни живи битија, небитни животи кои немаат економска вредност – гуски, патки, чавки, кокошки – или фаќаат и орли, мршојади, ара папагали , птици кои се заштитени со закон, ретки видови птици пред истребување? Како тоагаш тие во ова лудило спасиле жива глава, или е во прашање страв од јавноста, домашна и странска која како никогаш до сега е во шок и ова најостро го осудува! Не само тоа, страв од сериозна правна, кривична одговорност во случај кога вака би ликвидирале со закон заштитени птици! Бараме ова лудило да запре, бараме комплетна транспарентност, документи на увид, имиња и презимиња/ евиденција за тоа кој констатирал и докажал птичји грип и најстрога одговорност доколку се докаже дека не се во правож Ние во ова не веруваме додека не се излезе јавно со сериозни докази, а и доколку е точно за овој терор оправдување немажДоколку требаше да се преземат одредени мерки за спречување на евентуално ширење на птичјиот грип, тоа би можело да се реши со ставање под карантин на околината која е потенцијален ризик на изворот на вирусот. Несфатливо е, ако треба да се изврши евтаназија, живината претходно да не биде зашеметена со евтини гасовити анестетици како што е хлороформот, кој му е познат на секој ветеринар. Наместо тоа, бездушно е извршена болна ликвидација на питома живина со истиснување на нивните вратови и пукање со огнено оружје, што, за уште поголем срам на цела Македонија, утре ќе се нарече хумана евтаназија. Повикуваме на разум, ако некој ја има и итен прекин на ова лудилож АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запреж Бараме одговорност за сите кои наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните“, велат од Анима Мунди.

The post Анима Мунди: Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки appeared first on Република.

]]>
Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prof-danailovski-za-opasnosta-od-ptichji-grip-bidete-spokojni/ Sun, 20 Oct 2024 07:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=828974

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог.

Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша:

По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:

Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“.

Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), .

Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици.

Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување!

Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина.

Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални.

Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина.

Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо.

Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ.

Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена.

Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади).

Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен.

Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали.

Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот стрес и за граѓаните и за животните од Зоолошката градина во Скопје, кој резултираше со затворање и убивање на скоро 40 птици, свое објаснување даде професорот Драган Данаиловски, епидемиолог. Тој во објава на својот Фејсбук профил напиша: По една денешна, според мене, мошне „несреќна“ објава на социјалната мрежа Фејсбук, дека во Зоолошката градина во Скопје е најдена „смртоносна бактерија птичји грип“, дека „зоолошката градина е затворена“, а „посетителите биле евакуирани“, „инспекторите влезени“… за да заврши со замолница „посетителите и колегите да се провереле“, секој обичен граѓанин не би можел да остане рамнодушен, напиша тој и додаде:
Масло на огнот долеа соопштението на менаџментот на „Зоолошката градина“, во кое, меѓу другото, стои дека „инспектори и лица со оружје без налог упаднале и извршиле масакр врз птиците!“ Па се продолжува со обвинение дека се работело за „секташка политика“ чија цел е да „се предизвика нов измислен проблем и да се обезбеди алиби за затворање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот“. И дека за тоа ќе поднеле „кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“! Сево ова, без официјална информација дека е изолиран вирус од надлежните органи..„Чуму им беше тоа потребно?“. Кога станува збор за потенцијална опасност по јавното здравје, (а сепак не е, како што ќе образложам понатаму), сите ние како поединци, (особено оние кои биле на раководни позиции, како авторот на несреќната објава на Фејсбук) и организации (во случајов „Зоолошката градина“) – се очекува да покажеме внимателност и елементарна свест, совест и „сенс“ за можните реперкусии во јавноста од јавно искажаниот збор! Како што тоа секогаш бидува, порталите едвај дочекаа да ја објават „пикантната“ вест! Со што ја кренаа „топката“ уште повисоко! Што ли беше тоа професионална етика? На крајот, се огласи и Агенцијата за храна и лекови (АХВ). Соопшти дека, по вчерашното лабораториско тестирање на угинатата птица на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, потврдено е присуство на виосокопатогениот сој на вирусот на птичји грип A(H5N1), . Мутации кај вирусот се случуваат кога циркулира меѓу големи популации на животни (во случајов птици), со што може да ја зголеми патогеноста. Но, една угината птица од која е изолиран вирусот не мора да значи дека цела зоолошка градина и цел парк се со заразени птици. Мерките што АХВ ги има преземено денес (колку и да изгледаат отстрана драматично) – и што ќе ги презема наредните денови, се легитимни и легални. АХВ го превенира ширењето со ригорозни мерки, без толеранција, согласно Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца! Тоа е за поздравување! Кој е под ризик да се зарази? Практично, исклучиво птиците! Ако не се спречи ширењето меѓу нив, можни се големи загуби во живинарските фарми и последици врз увозот и извозот на живина. Нема овде многу работа за Институтот за јавно здравје, ниту за Центрите за јавно здравје, освен здравствен надзор над граѓаните што ја посетиле Зоолошката градина. Сепак, за нивно заразување ризиците се минимални. Како може човек да се зарази? Само ако дојде во контакт со секрети и екскрети, крв и месо на заразена птица, ако допре површина контаминирана со вирусот, а потоа ги допре очите, носот или устата. Вирусот може да биде вдишан и преку капки или прашина во воздухот. Од ова е јасно дека под ризик се само луѓе кои професионално работат со живина. Не постои ризик од заразување од месо и јајца од заразена живина ако тие добро термички се обработат (сварат, испржат, испечат). Секако, треба добро да се измијат рацете по манипулација со свежо месо. Преносот од човек на човек е многу редок. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе, иако повеќе години циркулира меѓу птиците во земјите од ЕУ. Периодот на инкубација се движи просечно од 2 до 5 дена, па и до 17 дена. Знаците и симптомите на птичјиот грип кај луѓе може да вклучуваат висока температура, кашлица, воспалено грло, болки во мускулите, пневмонија, отежнато дишење, акутен респираторен дистрес, респираторна инсуфициенција, гадење, абдоминална болка, дијареа, повраќање и понекогаш невролошки промени (изменет ментален статус, епилептични напади). Стапката на смртност од инфекција со A(H5N1) кај луѓето е релативно висока, проценета на околу 50%, што го прави еден од најсмртоносните познати видови на грип. Оттаму, навремениот медицински третман, вклучително и антивирусни лекови (oseltamivir (Tamiflu), baloxavir (Xofluza) и zanamivir (Relenza) е клучен. Наспроти сѐ, место за страв не треба да има, зашто, ризиците за заразување навистина се занемарливо мали. Бидете си спокојни!

The post Проф. Данаиловски за опасноста од птичји грип: Бидете спокојни! appeared first on Република.

]]>
Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lazarov-site-vraboteni-vo-zoo-zaedno-so-ovie-struchnatsive-u-skafander-bez-maska-da-idat-u-izolatsija/ Sat, 19 Oct 2024 18:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=828903

Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација а некој треба и да одговара зошто веднаш не е вклучен и Институт за јавно здравје со епидемиолошки тим, смета д-р Ненад Лазаров.
„Ова е паралелно можеби и првенствено задача на експерти од ИЈЗ и никој друг. Апелирам да се размисли за укинување на АХВ и нејзино враќање под ИЈЗ“, напиша тој на фејсбук.

The post Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација appeared first on Република.

]]>

Сега по секоја медицинска логика треба сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација а некој треба и да одговара зошто веднаш не е вклучен и Институт за јавно здравје со епидемиолошки тим, смета д-р Ненад Лазаров. „Ова е паралелно можеби и првенствено задача на експерти од ИЈЗ и никој друг. Апелирам да се размисли за укинување на АХВ и нејзино враќање под ИЈЗ“, напиша тој на фејсбук.

The post Лазаров: Сите вработени во ЗОО заедно со овие стручњациве у скафандер без маска да идат у изолација appeared first on Република.

]]>
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска во скопската Зоолошка, убиени се 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во градината https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ahv-potvrden-ptichji-grip-kaj-uginata-guska-vo-skopskata-zooloshka-ubieni-se-24-patki-6-guski-5-kokoshki-i-edna-chavka-koi-bile-vo-gradinata/ Sat, 19 Oct 2024 14:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=828845

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца ( Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/

Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина, ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. Последните случаеви на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош, велат од АХВ.

Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина. Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.

Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација во земјите од ЕУ.

The post АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска во скопската Зоолошка, убиени се 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во градината appeared first on Република.

]]>

По угинување на една гуска лоцирана во езерцето во Зоолошка градина Скопје и поставен сомнеж за болеста Авијарна инфлуенца ( Птичји грип), по лабораториско тестирање на угинатата птица, со лабораториски резултат од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, од 18.10.2024 година, потврден случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на Птичји грип H5N1. Во текот на денешниот ден, од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата.Наредени се мерки согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство. https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/ Забранет е влез и излез на животни од зоолошката градина, ограничено е движењето на луѓе (посетители) во зоолошката градина, наредени се мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во зоолошката градина за присуство на вирусот на птичји грип, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и спречување на нејзино ширења надвор од зоолошката градина кај животните и кај луѓето.
Мерките ќе бидат на сила 21 ден почнувајќи од денес за кој временски период и зоолошката градина ќе биде затворена за посетители. Последните случаеви на појава на високопатогена авијарна инфлуенца беа во 2022 година, во населените места Градец, Лески и Виница, место Селце во општина Штип и во близина на Злокуќани, општина Карпош, велат од АХВ.
Авијарната инфлуенца или птички грип е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија и ограничувања во увозот и извозот на живи птици и производи од живина. Дивите птици се познати како резервоари за вируси на птичји грип, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на птичји грип кај дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест. Високопатогените соеви вирусот се патогени за живината, но како зооноза болеста може да се пренесе и на луѓето. Досега не е докажан случај на пренос на овој високопатоген сој од живина на луѓе иако е повеќе години во циркулација во земјите од ЕУ.

The post АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска во скопската Зоолошка, убиени се 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во градината appeared first on Република.

]]>
Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskata-zooloshka-gradina-so-rechnikot-na-arsovska-se-oglasi-po-informatsite-za-ptichji-grip/ Sat, 19 Oct 2024 13:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=828830

Од скопската Зоолошка градина се огласија со соопштение по нејзиното затворање откако во јавноста излегоа информации за појава на „птичји грип“.

Во соопштението од Зоо Скопје велат дека од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднале во ЗОО Скопје и извршиле масакр врз птиците.

Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје, се наведува во соопштението.

Она што привлече внимание во соопштението е фактот што истото е препратено до медиумите, а не испратено, од електронската адреса на Зоолошката. Ова отвора сомнеж дали креаторот на соопштението е токму градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ако се земе во превид дека во соопштението се користени зборови, кои таа самата ги употреби пред два дена во статус на нејзината Фејсбук страна.

https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/

The post Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ appeared first on Република.

]]>

Од скопската Зоолошка градина се огласија со соопштение по нејзиното затворање откако во јавноста излегоа информации за појава на „птичји грип“. Во соопштението од Зоо Скопје велат дека од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднале во ЗОО Скопје и извршиле масакр врз птиците.
Без образложение, овие лица по наредба на диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк. Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје, се наведува во соопштението.
Она што привлече внимание во соопштението е фактот што истото е препратено до медиумите, а не испратено, од електронската адреса на Зоолошката. Ова отвора сомнеж дали креаторот на соопштението е токму градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ако се земе во превид дека во соопштението се користени зборови, кои таа самата ги употреби пред два дена во статус на нејзината Фејсбук страна. https://republika.mk/vesti/skopje/zooloshkata-gradina-vo-skopje-zatvorena-poradi-ptichji-grip/

The post Скопската Зоолошка градина со речникот на Арсовска се огласи по информаците за „птичји грип“ appeared first on Република.

]]>
Унгарија и Италија пријавија појава на птичји грип https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-i-italija-prijavija-pojava-na-ptichji-grip/ Wed, 02 Oct 2024 19:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=821927

Унгарија и Италија пријавија појава на случаи на вирусот на птичји грип Х5Н1, објави Светската организација за здравје на животните.

Од организацијата прецизираа дека во Унгарија, птичјиот грип се појавил на фарма на истокот од земјата, додека италијанската епидемија се случила на фарма на североисток.

Птичјиот грип е заразна болест на птиците предизвикана од одредени видови на вирусот на грип А.

The post Унгарија и Италија пријавија појава на птичји грип appeared first on Република.

]]>

Унгарија и Италија пријавија појава на случаи на вирусот на птичји грип Х5Н1, објави Светската организација за здравје на животните. Од организацијата прецизираа дека во Унгарија, птичјиот грип се појавил на фарма на истокот од земјата, додека италијанската епидемија се случила на фарма на североисток. Птичјиот грип е заразна болест на птиците предизвикана од одредени видови на вирусот на грип А.

The post Унгарија и Италија пријавија појава на птичји грип appeared first on Република.

]]>
СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-potvrdena-infektsija-so-nov-vid-na-ptichji-grip-kaj-lugeto/ Thu, 06 Jun 2024 07:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=785119

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип.

СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.

Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни, се наведува во соопштението на СЗО.

Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

The post СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип. СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми.
Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и прва инфекција со вирусот H5 кај пациент во Мексико. Жртвата немала историја на изложеност на живина или други животни, се наведува во соопштението на СЗО.
Случаи на подтип на птичји грип А(Х5Н2) претходно биле пријавени кај живина во Мексико.

The post СЗО: Потврдена инфекција со нов вид на птичји грип кај луѓето appeared first on Република.

]]>
СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-zgolemen-e-rizikot-za-prenos-na-ptichji-grip-vrz-luge-mnogu-sme-zagrizheni/ Thu, 18 Apr 2024 18:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=767710

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето.
Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.

„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.

Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици.

Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој.

Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.

Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%.

Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.

Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.

Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“

Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето. Избувнувањето што започнало во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.
„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН, Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.
Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 крда во шест држави се заразени по изложување на диви птици. Варијантата A(H5N1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни“, рече Фарар. „Се разбира, постои голема загриженост за инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе и на цицачи. Тој вирус сега се развива и развива способност да зарази луѓе, а потоа и критична способност да премине од човек на човек“, додаде тој. Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот. Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, со стапка на смртност од 52%. Неодамнешниот случај на човечка инфекција во САД по контакт со заразен цицач го нагласува зголемениот ризик.
Кога ќе „влезете во популација на цицачи, тогаш ќе се приближите до луѓето“, рече Фарар, предупредувајќи дека „овој вирус само бара нови, понови домаќини“.
Фарар повика на зголемен мониторинг, велејќи дека „многу е важно да се разбере колку човечки инфекции се случуваат бидејќи таму ќе се случи адаптацијата на вирусот“. „Трагично е да се каже ова, но ако заболам од Х5Н1 и умрам, тоа е крајот на тоа.“ Тој исто така рече дека во тек се напори за развој на вакцина и терапија за Х5Н1 и ја истакна потребата да се осигура дека регионалните и националните здравствени власти ширум светот имаат капацитет да го дијагностицираат вирусот. На тој начин, вели тој, „ако H5N1 дојде до луѓето, со пренос од човек на човек“, светот би бил „во позиција веднаш да реагира“.

The post СЗО: Зголемен е ризикот за пренос на птичји грип врз луѓе, многу сме загрижени appeared first on Република.

]]>
Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-kazahstan-od-ptichji-grip-uginale-700-lebedi/ Tue, 09 Jan 2024 20:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=731305

Околу 700 угинати лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има и ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.

Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина.

Лебедите угинале од птичји грип и испратени се експерти да се обидат да помогнат, а секој ден се пронаоѓаат десетици мртви птици.

Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област во западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето.

The post Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди appeared first on Република.

]]>

Околу 700 угинати лебеди се откриени во природен резерват во Казахстан, каде има и ретки и загрозени видови, соопштија денеска локалните власти.
Од 21 декември до 8 јануари, вкупно 675 мртви лебеди беа откриени на езерото Каракол, природен резерват во близина на Каспиското Море во западен Казахстан, соопшти Министерството за животна средина.
Лебедите угинале од птичји грип и испратени се експерти да се обидат да помогнат, а секој ден се пронаоѓаат десетици мртви птици. Во минатото, еколошките активисти постојано изразуваа загриженост за еколошките проблеми во таа област во западен Казахстан, вклучувајќи го и загадувањето на воздухот и водата, како и опустинувањето.  

The post Во Казахстан од птичји грип угинале 700 лебеди appeared first on Република.

]]>
Птичјиот грип се шири во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ptichjiot-grip-se-shiri-vo-frantsija/ Tue, 28 Nov 2023 10:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=717062

Високо патоген вирус на птичји грип е откриен на фарма за мисирки во северозападна Франција, соопшти француското Министерство за земјоделство.

Во соопштението се наведува дека ширењето на заразата на фармата во Бретања е забележано откако птичјиот грип во последните неколку дена бил откриен кај дивите птици.

Министерството додава дека Франција го подигна нивото на тревога за птичји грип од „незначително“ на „умерено“.

Птичјиот грип, кој доведе до уништување на стотици милиони живина во последниве години, обично почнува да се шири во Европа во текот на есента и зимата.

Инфекцијата неодамна е откриена во неколку земји, меѓу кои Хрватска, Унгарија, Германија, Холандија и Италија.

The post Птичјиот грип се шири во Франција appeared first on Република.

]]>

Високо патоген вирус на птичји грип е откриен на фарма за мисирки во северозападна Франција, соопшти француското Министерство за земјоделство. Во соопштението се наведува дека ширењето на заразата на фармата во Бретања е забележано откако птичјиот грип во последните неколку дена бил откриен кај дивите птици. Министерството додава дека Франција го подигна нивото на тревога за птичји грип од „незначително“ на „умерено“. Птичјиот грип, кој доведе до уништување на стотици милиони живина во последниве години, обично почнува да се шири во Европа во текот на есента и зимата. Инфекцијата неодамна е откриена во неколку земји, меѓу кои Хрватска, Унгарија, Германија, Холандија и Италија.  

The post Птичјиот грип се шири во Франција appeared first on Република.

]]>
Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/machki-vo-polska-imaat-ptichji-grip-ima-rizik-i-za-lugeto-predupreduva-szo/ Mon, 17 Jul 2023 12:08:00 +0000 https://republika.mk/?p=662301

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека десетици мачки во Полска се заразени со птичји грип и има ризик вирусот да се пренесе на луѓето, иако тоа засега не е регистрирано.

Кон крајот на минатиот месец, полските власти ги известија претставниците на СЗО за невообичаената смрт на повеќе од 45 мачки во 13 региони на земјата.

Тестирањето минатата недела покажа дека 29 од тие мачки биле заразени со вирусот Х5Н1.

Во соопштението се наведува дека ова е првпат да се забележат толку голем број заразени мачки на толку голема површина во една земја.

СЗО соопшти дека ризикот луѓето во Полска да бидат заразени со птичји грип е „низок“ до „умерен“ за тие кои биле во контакт со мачките, вклучително и сопствениците на мачки и ветеринарите.

Од минатата година, властите во 10 земји пријавија појава на птичји грип кај цицачи, вклучително и одгледувани куни во Шпанија, фоки во САД и морски лавови во Перу и Чиле.

Од јуни, најновата варијанта на Х5Н1 е пријавена кај птиците и другите животински видови во Азија, Африка, Европа и Америка.

СЗО соопшти дека од 2020 година во светот се пријавени десет случаи на заразување кај луѓето.

Научниците се загрижени дека зголемениот број случаи на Х5Н1, особено кај животните кои имаат контакт со луѓе, може да доведе до мутирана верзија на вирусот што лесно може да се шири меѓу луѓето, предизвикувајќи уште една пандемија.

The post Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека десетици мачки во Полска се заразени со птичји грип и има ризик вирусот да се пренесе на луѓето, иако тоа засега не е регистрирано. Кон крајот на минатиот месец, полските власти ги известија претставниците на СЗО за невообичаената смрт на повеќе од 45 мачки во 13 региони на земјата. Тестирањето минатата недела покажа дека 29 од тие мачки биле заразени со вирусот Х5Н1. Во соопштението се наведува дека ова е првпат да се забележат толку голем број заразени мачки на толку голема површина во една земја. СЗО соопшти дека ризикот луѓето во Полска да бидат заразени со птичји грип е „низок“ до „умерен“ за тие кои биле во контакт со мачките, вклучително и сопствениците на мачки и ветеринарите. Од минатата година, властите во 10 земји пријавија појава на птичји грип кај цицачи, вклучително и одгледувани куни во Шпанија, фоки во САД и морски лавови во Перу и Чиле. Од јуни, најновата варијанта на Х5Н1 е пријавена кај птиците и другите животински видови во Азија, Африка, Европа и Америка. СЗО соопшти дека од 2020 година во светот се пријавени десет случаи на заразување кај луѓето. Научниците се загрижени дека зголемениот број случаи на Х5Н1, особено кај животните кои имаат контакт со луѓе, може да доведе до мутирана верзија на вирусот што лесно може да се шири меѓу луѓето, предизвикувајќи уште една пандемија.  

The post Мачки во Полска имаат птичји грип, има ризик и за луѓето, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>