ПССЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psse/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 12:56:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПССЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/psse/ 32 32 ПССЕ ќе ги следи предвремените парламентарни избори во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/psse-ke-gi-sledi-predvremenite-parlamentarni-izbori-vo-bugarija/ Mon, 03 Jun 2024 12:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=784414

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Олексеј Гончаренко од Украина, од 7 до 10 јуни ќе ја посети Бугарија за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 9 јуни, соопшти прес-службата на ПССЕ.

Делегацијата ќе се сретне со тим од експерти за избори од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, лидери или претставници на политички партии и коалиции, со претседателот и членовите на Централната изборна комисија, како и со претставници на невладините организации и медиумите, пред да го набљудуваат изборниот процес на 9 јуни.

Член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка за време на посетата организирана од Изборниот оддел на ПССЕ.

Деветчлената делегација ќе се изјасни ден по изборите, понеделник, 10 јуни, јави БТА.

The post ПССЕ ќе ги следи предвремените парламентарни избори во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Олексеј Гончаренко од Украина, од 7 до 10 јуни ќе ја посети Бугарија за да ги набљудува предвремените парламентарни избори на 9 јуни, соопшти прес-службата на ПССЕ. Делегацијата ќе се сретне со тим од експерти за избори од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права, лидери или претставници на политички партии и коалиции, со претседателот и членовите на Централната изборна комисија, како и со претставници на невладините организации и медиумите, пред да го набљудуваат изборниот процес на 9 јуни. Член на Венецијанската комисија ќе обезбеди правна поддршка за време на посетата организирана од Изборниот оддел на ПССЕ. Деветчлената делегација ќе се изјасни ден по изборите, понеделник, 10 јуни, јави БТА.

The post ПССЕ ќе ги следи предвремените парламентарни избори во Бугарија appeared first on Република.

]]>
ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/psse-kje-rasprava-za-poddrshkata-na-evropskite-perspektivi-na-zapaden-balkan/ Mon, 10 Oct 2022 06:31:01 +0000 https://republika.mk/?p=559216

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, јави дописникот на МИА.

Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен премиер Јоргос Папандреу. ПССЕ покрај тоа, исто така, ќе расправа за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација и за последиците од Брегзит за човековите права во Ирска. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија.

Беа побарани дебати за тековни прашања за „Европа шест месеци по почетокот на руската агресивна војна против Украина“, „Безбедноста на храната во Европа: извоз на жито од украинските пристаништа“ и „Воени непријателства меѓу Ерменија и Азербејџан“.

Томас Бирн, државен секретар за европски прашања на Ирска, ќе ја претстави комуникацијата на Комитетот на министри во рамките на ирското претседавање со Советот на Европа. Генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ ќе ја одржи вообичаената сесија за прашања и одговори со членовите на ПССЕ.

Планирани се и дебати за злоупотреба на Шенгенскиот информациски систем од страна на државите за воведување политички мотивирани санкции, дискриминација на жените во спортот, безбедни трети земји за барателите на азил, мерки за управување со илегалната миграција за депортации на море и копно, како и за преглед на работничките права.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа преку видеоконференција, а говори ќе одржат и претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, како и премиерот на Албанија, Еди Рама.

На специјална церемонија ќе биде доделена Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2022 година, која ги признава извонредните активности на граѓанското општество во одбрана на човековите права, при што победникот ќе биде избран меѓу тројца кандидати од потесниот круг.тг/сд/

The post ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, јави дописникот на МИА. Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен премиер Јоргос Папандреу. ПССЕ покрај тоа, исто така, ќе расправа за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација и за последиците од Брегзит за човековите права во Ирска. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија. Беа побарани дебати за тековни прашања за „Европа шест месеци по почетокот на руската агресивна војна против Украина“, „Безбедноста на храната во Европа: извоз на жито од украинските пристаништа“ и „Воени непријателства меѓу Ерменија и Азербејџан“. Томас Бирн, државен секретар за европски прашања на Ирска, ќе ја претстави комуникацијата на Комитетот на министри во рамките на ирското претседавање со Советот на Европа. Генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ ќе ја одржи вообичаената сесија за прашања и одговори со членовите на ПССЕ. Планирани се и дебати за злоупотреба на Шенгенскиот информациски систем од страна на државите за воведување политички мотивирани санкции, дискриминација на жените во спортот, безбедни трети земји за барателите на азил, мерки за управување со илегалната миграција за депортации на море и копно, како и за преглед на работничките права. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да се обрати пред Парламентарното собрание на Советот на Европа преку видеоконференција, а говори ќе одржат и претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Игнацио Касис, како и премиерот на Албанија, Еди Рама. На специјална церемонија ќе биде доделена Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2022 година, која ги признава извонредните активности на граѓанското општество во одбрана на човековите права, при што победникот ќе биде избран меѓу тројца кандидати од потесниот круг.тг/сд/

The post ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>